А и за околината баш ме заболе Сум се рчкала и сум праела и ден денес си правам сама заебанции за тоа колку бев опседната со доење А каков притисок сами на себе можеме да си направиме, не сме свесни
Е ова страшно ме нервира. Исто како и други слични коментари. Како на пример во последно време прашањето ‘Има ли запче?’ ми одѕвонува во уши и кога ќе кажам не, нема следува ‘ааа епа ништо ќе му излезе кај и да е’. Демек гревче е што нема, ама ај ќе му излезе. Има некој правилник што, кога и како треба или?
Lele ova mnogu me nervira. Od toa sto sum opsednata so doenje cicanje nesakam da posegnam po dohrana i zatoa stanuva po 6 7pati nokno vreme. Sakam da kazam nesto so zapcinjata. Sto pokasno izlezat toa pomalku ke se rasipuvaat toa mi go kaza doktor stomatolog. Mene slaba tocka mi e...kolku kila e? Poso mojava e manekenkesta e nema ni mese nema ni nekoj but(miselinki).
Исто! И моето не е крупно бебе и ќе го фати некоја мајка што има покрупно и првиот коментар е тој. Еее па не е многу тежок бе, колку кила е?
Ако ви е убаво на душата да доите, ако помирни ви се ноќите така, ако вие како мајки сте посреќни што доите макар и 2год да не сте спиеле поише од 3ч, никој не може да рече дека лошо му правите на детето или себе со тоа долго доење, ваш живот е тоа, правете си како ви е добро. Ама дека му треба на дете што е доволно големо само да си земе цице (буквално оди и збори, доаѓа те соблака и ти цица), не му треба. Може му е убаво, може му е утеха, ама не дека тие деца што не цицале биле несреќни или неутешни. На крајот од денот, доаѓа момент каде мајката треба да оди на работа, или снемува млеко, или едноставно смачено и е од доење. Имам право и јас да речам нејќам да дојам бе! Ни сопственото дете не може да ме услови дека мора моето тело да му е на изволте. Не значи дека не го сакам, дека нема да го гушнам, дека нема пак да станам ноќеска да го смирам што имало ноќна мора или било болно. Доењето (3 месеца, 3 години или ич) не те прави најмајка на годината ниту немајка. Мајка е многу повеќе од една цицка.
Јас го кажувам, за да не се осетат мајките кои не доеле дека направиле којзнае какво зло на бебињата зошто не ги доеле воошто или ги одбиле на (според некои мислења) прерана возраст.
Не ни одеше муабетот натаму. Мислам дека повеќе беше за овие мајки што мака мачат за спиење, не дали било доено или не и дали некоја мајка треба лошо да се чувствува поради тоа. Иначе, како мајка на поголемо дете можам само да кажам дека тогаш сите работи ни изгледаат страшно важни, времето се влечка и поготово како нови мајки се обвинуваме за сѐ. Ако доиме, ако не доиме, ако не спиело зошто не спиело, ако не јадело пак сме ние криви, односно се осеќаме така. А понатаму тоа веќе толку не е важно... Најважно е самата мајка да е на чисто со себе. Ако не можела да дои океј, дала сѐ од себе не одело и тоа е тоа. Нема зошто понатаму да се обвинува, или кога ќе прочита дека некоја доела да се осеќа лошо. Исто и ако не сакала да дои. Кога си ги знаеш причините и знаеш дека си постапила како што си мислела и чувствувала дека било правилно, тогаш нема да се осеќаш лошо поради туѓи избори. Зошто си знаеш каква била твојата ситуација. Сите добиваме секакви коментари, за сѐ, само човек навикнува да ги игнорира и да не се потресува.
Моево не цица, не цицало никогаш, кратко со молзење пробав, немав доволно млеко и се откажав. Всушност не се ни потрудив за повеќе. Е сега дали ми набиваат вина повеќето околу, тоа Да. Дали жалам, па и не нешто многу. Си јади, пие Ад млеко, здраво, право, си напредува. Единствено што на моменти е тешко успивањето, ќе испие млеко и почнува со плачење, па се мачиме пола час и повеќе да се успие. Може со доење би било полесно. Што не е и некој репер. Зошто моето е дете од 1на година и успивањето со млеко кај и да е треба да го прекинеме. Не дека не сакам да пие млеко, туку да створиме навика, млеко, па чистење запчиња, па заспивање. Млеко и онака не пие многу ама да го поврзува дека мора баш после млекото да спие.
Затоа тебе ти е лесно да се расфрлаш со совети и да праќаш деца на психијатри. Пошто ја немаш видено другата страна од паричката.
Ах ми го зема зборот од уста. и ја така со првото се мавав во гради дека ред сум воспоставила па од 2,5-3м ми ја спиеше цела ноќ.. средното исто порано почна да преспива, ама затоа третовоооо… лелелеле за една недела годинка ќе полни абе една вечер нема сврзано 3саати, а не пак цела ноќ Душата ми ја извади и сеуште ми ја вади, ама тоа е… едно мораше да наплати Така што секој како му одговара нека си прави и помалку осудувања
Се согласувам, еве еден совет од мајка со бебе што се будеше пречесто: повлечете граница откако веќе е со возраст каде јаде 3 оброци и цица убаво дење, на пример од 8 вечер до 5 сабајле ако се разбуди нема цицање, само гушкање нишкање, тешење на друг начин.. еве така функционираме и почна да спие подобро, не влијаеше тоа на доењето, дење си цица и супер ни е на двајцата Има разлика од одбивање целосно и кратење ноќни подои.
19 наполнија. Не преспале ноќ до сега ниеднаш. Ако барем еднаш (од 3, 4, 5, 6) во исто време ако се разбудат е одлична вечер, најчесто е едниот, па таман сум заспала ете го другиот. И едно од будењата обавезно презаспивање трае од 15 мин до 2 часа. Другите од 2, 3, 5 мин цицнување не ги ни бројам, немам гајле со нив. И еве ме уште не сум ги одбила, срце ми се кине од помислата
Аааа да си се утешам бее. Кај мене кратко трае 5мин дали ќе цицне ама мислам на 20-30мин се буди. Ти со близнаци… алал
Јеп, у право си. Затоа престанав да се "замарам" до толку. Не дека го фрлив детево на улица само да си расте ама некако ја прифаќам полесно секоја нејзина промена. А богами од 9 месеци до 2 години цело време е со промени Ако сака да јаде, нека јаде. Ако не, јадењето на маса е -- ко ќе сака тогаш. Битно здрава е. Не спиела веќе преку ден? Јбг, ќе си играме кога треба да спие и ќе легне вечер порано ако и се спие. Ако не, до 8 сакала нејќела ќе влезе во спална па таму до кога ќе се молиме до тогаш Во последно време се повеќе се гледа тоа дека растам мало човече и гледам што повеќе да уживам овој период. Па дури до таму да не се замарам дали ќе јаде или ќе спие Побитно ми е да ја научам повеќе работи, да ја научам како да се понаша оти знае да биде дифтар на пример Фативме некој ред од сабајле и многу сум среќна, нема плачки и лигавења за добро утро. Се додека не го смени редот и не почнеме јово-наново
Значи моето дете цицаше до скоро 11 месеци. Сега е 16 месеци и само 2 пати ја има преспиено цела ноќ. Се буди на 1 на 2 часа. Јас се навикнав. Пие млеко пред спиење и навечер обавезно пие неможам да го одвикнам од тоа. Значи секое дете е своја приказна.
Да се пријавам уште една мајка на манекенка Си јаде три оброци, ама не многу количински. И меѓу оброци само си мезе јаболче, банана, мандарина, лешници, оризови галети итн. Ама не застанува по цел ден и се' што јаде троши. Да се едитирам за парчињата, и мојата јаде парчиња, како нас. Месото и го делам на мали парчиња зошто ми е страв, лебот исто зошто многу големи парчиња сака да јаде, али се' е на парчиња и сама јаде со раце или со лажица ако е супа/манџа. Реално многу е важно да јадат парчиња и да џвакаат за правилен развој на вилицата, а тоа влијае и на дишните патишта и на целото тело. Го слушав Ранко Рајович објаснуваше на некое видео, ама и на други места сум ги сретнала овие информации. Најдобро ќе им објасниш на тие што те замараат со факти.