Да се надоврзам на муабетот за парчињата. Внук ми е на блв од 7 месеци, сега има 23 месеци и зборува многу. Веќе почна и по 3 збора во реченица да сврзува. Може ова не е поради парчињата, ама чистото и многу разбирливо изговарање на зборовите и те како е.
Најјаки ми се до јадењево. Му пасирам не му давам блендирано да јаде. Додуша он пробува ама јаболко, круша, морков, компир се обарено и испасирано врти низ уста и голта, ептен ако нешо му дојде поголемко парченце знае да го поврати. Премногу читав за блв и сакам така да почнеме здравје со оброк, сега пробуваме. И свекрва ми одма почнува зошо не му блендирам, па ќерка до 9 месеци блендрала, требал течно да јаде да се најаде детето вака детето ке се задавело, тоа стрес е. Ми здосади веќе да се објаснувам и ја прашав со каков блендер она на мм му блендирала не добив одговор ама ни солење памет веќе
Немој те молам, мене ми ја покажаа цедилката низ која се "блендирало" за мм до годинадена со напомена дека они немале блендер па преживеале, дека мене ми се расипа блендерот и сакав нов, па ми покажаа како требало. Иначе они вареле да убијат живот во јадењето и проаѓале низ обична цедалка и тоа како пире станувало и така давале.
Ден мајки. Конечно можам да кажам дека сите оздравеа, па сега може да се почне со подготовките за роденден. Школарци почнаа па ќерче со радост стана и отиде сабајле во школо.. се спремаме деновиве за фотосесија да му правиме на бејби (не дека планирав, ама за двајцата правев за 1ви роденден, па ајде и за ова да не го отфрлам, па кога ќе порасне да не ми каже да не сме го посвоиле зошо он нема слики Ми порасна и најмалото значи, си лета времево И додека сум тука да ве почастам виртуелни постапалки, бебе почна да се пушта и си прави по некое чекорче Убав ден да си имате
Ај и оваа мајка да части! Не примија во градинка, од 1ви може да почнеме. Уф некако ми е нереално, ама се дешава. Леле колку ќе бидеме редовни во градинка на пеење, ова не е бато бубалче мирно. Љуби га мајка исто така прооде, се очовечи, стана детенце, се надевам дека тешката фаза од првата годинка ќе заврши и ќе имам лесен тодлер, ама се надевам само. Да го догураме скокот во развој сега па ќе видиме. Неодолив е, пресладок е, ама многу тежок.
Да го скршам ледот да шкртнам и јас нешто тука за првпат Ако по понеделник се познава неделата ќе биде напорна и тешка... Чекам породилно (кое пак касни) а и повик од градинка за да знам што да ги известам на работа... Некако се чудам како летна времето Ај да не се жалам многу ко за првпат
Еее здраво, добредојде. Како тоа да не се жалиш, извини? Па за шо постои темава Јас тука ако не се испукам, нема кај
Се изнасмеав, и картичката исто почна да ми се смее.. Јануари колку денови е? 100? Стигнавме до 70тиот? Јануари и финансии мразам затоа што газда дава плата у декември и за јануари а ова бесконечност. Како сте? Денес последна шанса за фрлање пелени, ако и денес не и засметаат мочаните гаќи ќе паузираме. Се знае да каже, со сите знае да се скара, ама пред да кака -- џиш, тоа не се кажува. Свашта прави од инат Да допишам ова и треба да се ставам турбо, кујната ќе ми прооди. Го фати некој друг толкава мрза деновиве? Не ми се функционираше, си трупав садчиња. Маж мораше сабајле да излезе, гарант влегол у кујна и ги видел садовите па "има работа". Трескам глупости, нека праи пари Немам идеја веќе шо да правам за јадење исто Вечна мака.. Порачано веќе неколку пати ми утнаа, од различни места Да си свиткам опаш и да си зготвам исто... Тешки маки домаќински. Па и на работа сум. Барем споро е хихи Вчера гледав ефективен скрин тајм 4 саати и нешто. МожиТ Ај убав вторник
Поминат роденден, куп прослави, стварно со сите овие давачки јануари долго трае- во превод следна плата излегува дека е многу далеку. Бебе, не е повеќе бебе, треба да се навикнам да викам дете, се поактивно, абер нема од одење ама лази без прекин, едвај чека врата од соба отворена и да фати правец кон други соби. Врати, фиоки од кујна главна играчка. Со скокот си се научи да е лепенка за мене, од успивање, до игри, до се можно и неможно. И торта да се послужите Првава година помина релативно мирно, сега ќе видиме какви предизвици не чекаат следно.
И јас решив така, понеделнички, на 4ти. Морам да го ставам во ред зошто мајка ми ништо не ме послуша за 6м што е тука, апсолутно ништо. Се на своја рака си прави и на овој начин никаде не одиме. Фала и многу ама вака не иде, јас да се мавам од земја после што ќе правам, не бива. Големото сама го чував, тешко беше уби боже, и се молзев и работев се низ дома, од мм упола помош од сега имав, па редот еднаш не му се поремети, ова ме се знае кога спие кога јаде, ништо. Само ми мрчи и ми наоѓа замерки. Не бива вака, мора чаре да се најде. 12ч е, малото уште не е заспано пошто госпоѓата сакала да пегла и го заспала во 11 саат и станал за 1ипол саат, нормално, и презаспа во 7 до кај 8ипол и јас свечено заебана излегов. Пукам по шавови, за 6ч треба да станам, да спремам 4 оброка, да се однесам до работа и да изгурам уште еден работен ден, тешко мене утре.
Да чкртнам нешто дур спие лепотанов мој! Што ме извади од памет сношти. Се разбуди со врескање хистерично, и тргање со цело тело на назад кога го земав. Едвај го смирив. И потоа се будеше уште неколку пати пак со плачење. Си велам да не му набив некој страв што пробав со аспиратот да му го чистам носот. Па во сонот да го преживуваше моментот. Ич не сакам на сила да му правам такви работи, ама за негово добро мора. Инаку соба приспособена за него, преубава игротека излезе Сега по цел ден ќе си играме на земја и ќе учиме да се држиме за кревет и како да паѓаме безбедно А ми се чини дека и времето е потопло денес па може и да се прошетаме малку ако нема ветре. Убав ден мамасити
Аспиратор за нос, инхалација и сечење нокти, не може да е без трауми, не познавам таков процес. Може да се навикне евентуално ако редовно го правиш тоа, ама не дека ќе му е без траума. И да не те разочарам, ама паѓањето безбедно не се учи, учи го да лази ако сака да лази, само така деца учат сами да паѓаат. На другарка ми малата 1м помала од моево не лази, директ на паткање и стоење, паѓа ласта, моево лази од 6м и паѓањето му е ептен ама ептен усовршено, во година дена дали 3 пати има незгодно паднато. Паѓа или на гз или на раце. Исто и големите ни се генерација, и тие исто, моето лазеше нејзиното не, она има фобија од бебе на земја легнато, гнасно било, ладно било, не било безбедно и ги држеше во раце, во креветче, во игрална или во дубак, големото е шиено 6 пати досега мислам, нема што нема дупнато. Учи да лази, па он сам ќе научи да се исправа после. Е можеш да го научиш да се симнува од кревет, да не иде со глава надоле туку со газето и ноџињата, тоа можеш. Многу ми треба совет, подршка, па макар и искрени да сте и да ми кажете дали претерувам. Големото го чував сама, скоро па скроз сама, излезе дете за мерак, со ред со дисциплина со се, малово од 8ипол месеци го чува мајка ми, нема никаков ред, никакви правила не важат. Од давање благо, што не можам да се помирам, сок, што исто не можам да се помирам, млеко во шише без потреба, спиење без ред, јадење без ред на земја, во раце, секаде... Ми се плаче! Од готово си направив вересија. Не е лесно бебе, баш е напорен, ама брзо може да се прилагоди само треба да си упорен. Не сака да го рани во хранилка, во раце и трча со лажицата по него, му дава млеко во шише, као за ужинка беше на почеток на кратко да не му дојде ептен одма кога тргнав на работа шок, од одма да скратиме млекце, ама она продолжи без мое знаење и без моја дозвола, ај као не напредуваше убаво, ама сметам дека тие 150мл млеко ништо не му менуваат него, потоа сок, никад на дете не сум дала сок, она го научи секој ден сок да пие веќе, намерно му дава пробиотик без потреба за да даде сок... Вакви се мал милион примери, и се тоа мене ми ствара страшна фрустрација. Пишман сум 100 пати што ја викнав да го чува, подобро жена или да го дадев во градинка од 8ипол месеци, ама најискрено. Го чува убаво, ја сака многу, ама не можам да си дозволам да си влечам проблеми понатака од тоа што она не сака да прифати ништо. Свекрва да ми беше немаше да се нервирам волку. Последно беше вчера го заспала во 11 уште, прерано, во 7 детево заспа пак и спиеше саатипол, стана и журка до 12, во 12 на сила заспа и се будеше на 1 саат, стана во 6. Сега ќе ми требаат денови да се вратиме на старо, во најмала рака 3 дена да се доведеме во ред. Како да не ми се плаче, ај кажете ми.
@AngelOfArh , дека ќе те утешам, нема многу. Дадов дете во градинка од 9+ месеци. Ајде привикнување таму, па настинки, па бактерии, празници, дали 2 недели во месец сврзува или и толку не. И секое враќање одново со плачки. За храна и во другата тема пишав, оставам и готови каши, и инстант и шмукалчиња кога не е во градинка, со нацртано буквално кое во колку часот. Знаејќи ги моиве оставам шише со вода и дозер за едно шише млеко кое го пие попладне додека си дојдам од работа. Смоки оставив бебешки да и даваат по 1-2 по потреба, почнав секои 2 дена да го наоѓам пакетчето празно. Така да сега буквално на маса оставени 2-3 или 4 смоки во кутивче и од остатокот ни трага ни глас. Делува идиотски, не дека не, ама пак ќе речам, знаејќи со кого имам работа, а не сакам детето да ми живее само на смоки и чоколадо, мора така. Мака мачев да објаснам дека бебе од 11 месеци нема 2 часа прозорец на будност туку може повеќе да седи будно, да не се заспива присилно. Знам дека за 60+ годишни луѓе е напорно да одат по бебе кое сега лази/проодува, ама што викаш ќе заспие во ниедно време и после јас ќе седам до полноќ или подоцна. Бебка ќе си спие другиот ден, утрото што би се рекло, јас зомби на работа. Јас терам со истиот распоред на оброци како во градинка и гледам да се придржуваат до тоа, сега плус минус пола час, така да освен ова со ужинки/смоки не е нешто многу критично. Инаку кај мене не пие сок. Баш при настинки нудев демек за повеќе течности, не сакаше и баталив со купување, така да нема што да даваат.
Ќе се искараш за сите пари, или ќе го чува по твое или нема да го чува. Јас сакав да пратам дете во градинка на 9мес, мајка ми инсистираше да не ја пракам, она имала одмор и ќе ја чувала, и така теравме до 13-14 месеца. Со список сум ја оставала, во коллу саат да легне, во колку да стане, со дозерка колку млеко да пие и со направено јадење колку да јаде. Глупости (благо и сок) не пробала до после годината, ама секако не беше јадач, па ако изеде каша немаше да јаде смоки и чоколадо секако, иако мајка ми ја бркала по дома и киндер за да и бутне кога беше поголема. Едноставно и мајка и свекрва ми имаат страв пошо сум лошотилук невиден, ама со мајка ми поголем проблем имам за да ме послуша. Затоа правам проблеми и скандали и за најмала работа што не ми идат по мојот ред, ако не им одговара нема да им оставам дете.
И моево на газ паѓа од стоечка позиција баш ради тоа што лази. Јас си го пуштам да оди кај сака. Чисто да биде 100% не може никогаш, ама ништо не му е. Исто и за ладното. Во стан сме ама од земја си доаѓа ладно. Облечен е подебело кога е на земја, со елече за да не му е ладно на гради и стомаче и шиба. Оди и на паркет, плочки, не можам да го сопрам зошто интересно му е да лази сегде освен на подлогата и нека. За мајка ти што да ти кажам. Тврд орев. Нема почит кон твојот збор и тоа е огромен проблем. Јас би ја испратила дома, зошто реално повеќе ти одмага него што ти помага . Чим и во градинка ќе тргне бебе не ти треба веќе. Ќе речев да ти помага само околу домашни обврски, ама очигледно она мисли дека е мајка, а не баба. Карактерот нема да и го смениш на 60-70+ години сигурно. Во многу наврати се жалиш од неа. Стај си на вага дали повеќе е помош од товар нејзиното присуство и одлучи. Сепак детето е во фаза кога ствара навики и не е добро она да му ги ствара, така како што не сакаш ти да бидат.