@Bella_Stella еве ти ја нашата судбина погоре. Брадавиците на работа таман ќе ми заздрават дома пак ги напаѓа.
За некој може смешен ќе биде муабетов ама мене срам ме фаќа. Мојов е 1год и 10месеци. Цица како новороденче, ма и бетер. Не бира време, место, луѓе. Дури и си потпевнува онака ,,цицееееее, дааај цицеееее,,. Цица од двете страни, цицето дава,, баго меко( благо млеко),, какво задоволство покажува, па тоа превртување со очи, стисткање на градата, мисли повеќе ќе тече, чудо едно е. И најново, завршува работа и јас не смеам да покријам ништо. Голи да бидат он да ги галел и да ги гледал. Прав манијак Маж вика не дај Боже да појдеме на плажа, има сите да видат каква ц***а имаш
Урлам, извини Комшивчето мало од кај моите цицаше бааги време, и памтам дека мајка и кога си идеше од работа, девојчево трчаше на улица и се дереше "иде цицооооооо" 20 години подоцна, цело маало го памти тоа
И како што е редот, да ве почастам сега и виртуелна торта за моето колаче И со ова ја напуштаме темата бебе Емоции секакви, вчера негде прочитав нешо као “неговите први чекори, ќе бидат за мене последни” и така ме погоди тоа… првата насмевка, првото гугање… еххх си лета времево не чека Гушкајте беблиња најсилно. Се одјавувам од тема бебе засекогаш
Ела мајка са се гушнемеисти сме, и по возраст и по цицање, да може 24/7 на цицка ќе виси. У стред ноќ бара маку цице, па маку длуга стлана еј па бира ѓубренце мало, a во меѓувреме цела нок го држи цицето па гмечи гребе. ..ме пукна веќе. И сите ме напнуваат одбиј го па одбијго, и јас сакам ама никако да се решам...
Не се ни трудам да пробувам за одбивање затоа што ќе му биде траума голема, а и на мене. Нека се запролети, повеќе ќе шетаме надвор, ќе се кратат подои и ќе се одбиеме.
И јас така се тешам Среќа идам на работа па одмори цицето минатиот продолжен викенд рани ми направи, али од друга страна си викам ќе цица уште малку нека го нека ужива
Ми прооде детево На 10 месеци. Многу се радува, ние уште повеќе. Колку само радост ни донесе ова бебуле не можам да опишам со зборови, ќе ми пукне срцето од љубов
Си го разбудив бебо со "иде цицоо" Здраво мајки, како сте? Јас и бебо се чуваме низ дома, поточно јас го чувам да не се мавне негде, многу брзо ми порасна бебево. Сака да се движи, да седи, се тегне вика, испушта некој звуци па ваљда од што му е интересно да се слуша уште толку вика Ни расте излеа заб, има бела точка на десниот кец и затоа се будиме 41627363 пати ноќе или пак од што пробува да лази и кај и да е ќе успее па виси на цице на 25мин, не знам што тегли на 25мин, ама му е убаво очигледно и така се смирува, во креветче се врти ко стрелките на саатот. "Животна желба - да спијам измеѓу мама и тато. Ама мама е упорна да спијам во креветче и затоа е не наспана" Го земам насабајле кај 6 да си поспие со нас, многу среќен е Имам страв брат ми до 4год спиеше со моите и тоа буквално во среде на спална(мислам дека заради ова не сме 3 деца а ја пукнав мајка ми за 3то до мои 17год.) после тоа го прелажаа да спие со мене па до 7години во мојот кревет спиеше, не дека не ни беше убаво ама сепак спиевме како кифли сметам дека место му е во креветче и здравје после во своја соба и кревет, ке збориме за година дена пак за ова Од убави работи утре бебо ке се крштева, едвај чекам. Си сошив фустан, штикли најдени, сабајле во 7 сум на фризер, а бебо ке спие со тате да видиме како ке поминат прв пат на спиење ке го оставам. Сум го оставала дур е буден и за спиење сум си доаѓала ама немаат гајле баба, дедо се тука ке се занимаваат ако стане, што не би требало ама марфи работи нели Имајте убаав викенд мајки
Прво кафе дури сега Откако почнавме со вкусови т.е. да јаде по малку, луѓе јас денот го минувам менејќи памперс жалче мешето му се учи на новата храна, но со секое прдкање го валка памперсот и пак менуваме. Едвај го менувам веќе колку мрда и се врти некогаш си дозволувам да пуштам и тв само за да го завршам побрзо и да не ми поврне од толку обрќање Ноќеска два пати стануваше за млеко и какаше. Се расони скроз, па не сака во скут да го нишкам се тегле сака да се врти и мене ме фати инатот. Го ставив во креветче во детската затемнето скроз, седнав до него на фотелја и почнав да тапкам по душекот. Не знам кој го спомна тапкањето ама од тука го прочитав. Се вртеше се мачеше и за 30мин заспа вториот пат кога се разбуди пак истото се испокака и си реков пак ќе го ставам во креветче, иста шема му требаше пак пола час да заспие и спиеше до 9 30 сабајле. Изгледа време е да се учиме да заспива сам, вечер пробувам пак . Убав викенд мајки
Моето се потсмири и не ме гризе откако му излезе заб. Ама затоа па сега добив и се мава од градата, се тегне, плаче и јаде. Сѐ нешто си има значи.
Фала ти. Добро беше, бебо поплака малку повеќе. Додуша толку не плачел одкако е роден, мајка ми вика ај му проработеа каналите за солзи. Спиеше на првиот дел додека попот го пееше, па после да го избањаат го разбудивме, кога го извадија од вода му ја кресна песната па после си одспа 2 саати ко ништо во кафана и си беше расположен се на се убаво поминавме
Како сте мами? Ние деновиве тапа, породилно касни бидејки ми згрешиле нешто,сега па и ќе штрајкувале од фзо ок штрајкувај си ама тоа што си згрешил мене кој ќе ми "плати" ? Ај до крај на февруари и ќе се откачам од нив Туку вчера бебо падна малку поплаче (до душа 2та плачевме) и го следев , добар е весел си е, ама грижата на совест ќе ме "изеде" Денес го викнав таткоми да го поигра , па некако брзо помина времево додека мм се прибере... Еве го нанка до мене кај и да е ќе стане ... да си поиграме пред спиење. Постов каша попара ама морав да се "испукам" Пс. @Carolin. Вечно нека е именцето И среќни родендените
Јануари годинава како да трае 90 дена. Толку случувања во само еден месец, уф! Прво јас мастит, трески, температури, врагови. После неспиење од плачки и ‘конечно’ зајко извади едно запче, да не се секираат бабите. Помина таа мака, реши да ме почасти и да добијам баш сега, па бебле почна да се одбива од цицање. На крај почна и да кашла и сега лечиме настинка/вирус/симптоми од заби/што и да е. И да! Утре почнувам со работа! Баш ми е забавно еј!
Во последно време ме обзема огромен страв од задушување. Денес дадов краставица исечена како четвртина стапче. Детево лакомо почна да ја гриза и огромен дел голтна, почна да хрчи. Земав да мавам по грб со сета сила, среќа го голтна. После седнав нешто да читам и да запишувам, па викам дај да прочитам за ,,choking hazards". Меѓу другото, капачиња од пенкала. Го гледам пенкалото, нема капаче. Барај насекаде, којзнае каде е. Утре планирам цел стан да го кренам во воздух. Гледам на Амазон, некакво помагало во екстремни ситуации. Се мислам да го нарачам. Многу ми е страв. Не можам ни на друго да мислам. Кога јаде, се тресам цела. А и маж ми не е подобар. Тој мисли дека јас сум храбрата и ќе знам што се прави во секоја ситуација. Пази да не падне и се убие, пази да не се задуши од храна, пази да не лапне нешто што не е за јадење, пази надвор да не истрча некаде, пази го да не се разболе (100% џабе пазење). Како преживувате секој ден со вакви мисли? Не знам ни срцево како чука уште на тој потрошен адреналин.