На тема деца, јас искрено малку се разочарав со царски кога ме породоја дека нема да можам да родам 3 одсекогаш на мајка ми и зборев уште едно да роди и никако не се реши, а со татко ми заедно ја убедувавме кога бев средно и и зборев ти ме роди 3 јас ке родам. Дечар сум и си сакам деца. Бременоста не ми беше лесна, ама пак би поминала низ се, само не за брзо сакам да ми пркне бебево, да разбира, да му се изнарадувам сега на него ама ако треба царски и наредно, не знам дали би се решила за 3то страв би ми било искрено, ајде здравје ке му ја мислиме понатака На тема бебо, од вчера е со температура, само главата му гори, сите забите ми велат го мачат. Де има 38.3 де 37.6 спушта ја крева, ноќеска добар беше сабајлево пак иста песна и прееска му дадов блокмакс шуруп, само се мачи и он и јас. Кенкаше до бескрај, мм го прошета му дадов шуруп и сега спие, и јас место да одморам со него јас скролам по телефон, цела ноќ со едно око спијам со друго мерам температура. За се има прв пат, срце ме боли како се мачи, ако е вака за сите забии кај ни е зимата Крштевката супер ни помина, бебо не плачел толку одкако е роден, си пушташе солзи за прв пат у животот, се препотив искрено ама после заспа и 2 саати ги одспа на раат додека ние бевме во кафана, стана весел и расположен за сликање бидна и тоа битно, да не го мислиме Имајте убав ден
Баш поради ова се решивме на второ со мала разлика. Ќерка ми нема да има братучеди за брзо време, и да има нема да се во земјава. Ние имаме пријатели, но немаат деца се уште, а и да имаат не е исто. Јас не се дружам повеќе со децата на моите родители. За во иднина да има со кој да дели и радост и тага, зашто ние нема да сме вечни. Ќе стиснеме заби уште 5 години ама после цел живот ќе си се имаат еден со друг.
Не гледај така на тоа, размисли некој колку проблеми имал со брат сестра да не кажам во нашава земја кој што прави брат и сестра скарани за имот. Некогаш е подобро да си сам одколку да ти биде некој плус товар и само проблеми да ти прави и да гледа да те заебе. Запамти кога некој основа семејство секпј си гледа прво за него, а за другите ако даде господ време. Премногу е се себично станато па затоа и подобро е вака како што си. Чисто за утеха дека немаш пропуштено нешто многу.
Јас имам второ зошто јас сакав да имам две деца, а за маж ми главна причина беше тоа "да не биде сама". Јас имам брат, па толку немаме муабет што може да се рече на папир само ми е брат. Не сме скарани, само не сме блиски. А со снаата пијам кафе малтене секој трет ден. Кога веќе има први братучеди, сакам ќерката да ги познава и да ги дружи, ама еве јас немам (од едниот родител немам воопшто, од другиот немам контакт), па не дека е крај на свет. Самото тоа дека ти се родил брат/сестра не е гаранција за ништо. Мене ми е утре (да не речам веќе денес за 10мин) роденден, со полни 37 недели и 4 дена, како што ми е родена ќерката. Да имам таква ѕвезда да си родам дете на сопствениот роденден ќе биде интересно... ама како проаѓа време и колку се спремав за порано раѓање, све си мислам дека сега ќе ме заебе и ќе терам над 40та...
Среќен нека е роденденот и јас имам брат ама исто како тебе никаква блискост и што дека го имам како да го немам. Како проаѓа време сфаќам дека животов ни малце не е лесен кога размислуваш уште колку има за гурање
Кај мене "да не биде сама" ќе успееше само маж ми ако го кажеше. Си го сакам брат ми, не знам што би правела без него ама некако не ми е доволно за да смениме мислење. А јас реков до 30 раѓам, блиску сум до таму
Здраво мајки Интересна тема сте почнале. Искрено никогаш не сум визуелизирала иднината каква сакам да ми биде. Обично девојчиња сонуваат во каква венчаница ќе се мажат, па волку деца толку деца. Јас и до ден денес не знам дали ми се свиѓаше венчаницата или не Во однос на деца едно до две ми беа сосема ок бројка. Дечарка никогаш не сум била, маж е по таа дејност. Е арно ама сега кога имам второ не можам да си ставам во глава дека готово толку од бебешки работи. Дури и ме нервира кога ќе ми речат си завршивте работа готово. Сега кога знам се за бебе и тодлер у пензија ли да одам. Мислам дека и трето дете ќе улета за некоја година. А може и уште сум занесена од новороденче фазата, па така ми се мота низ глава. Ќе препрочитам тука пак за неколку месеци кога ќе почнат да дрмаат скоковите. Сакам големи семејства, полна маса луѓе и се воодушевувам на семејства со три деца. Не мислам дека ќе бидат најдобри другари цел живот иако се мала разлика. Треба да им се погодат темпераментите и карактерите секако и желбата да бидат блиски. Децата си ги раѓам само ради исполнување на моите желби, а празнење на картицата на маж. Не солам памет на други, не прашувам, не ме ни интересира. Се радувам на сечија бременост и нова улога на родител. Од иронија на животот или Марфи, дете не иде у градинка да не закачи нешто, а две недели се влечкаме со температура и кашлица. Од вчера и маж е со температура па сега имам две деца за гледање и бебе. Битно дома седи да не знам веќе што да измислам да правиме. Го чекам март да тргне во градинка, мислам ќе се преродам у тие три дена додека не закачи нешто. Ве поздравувам
Добра вечер Доаѓам да кажам дека тргнав на работа и “разделбата“ не беше воопшто таква каква што ја замислував. И јас и синко супер се снаоѓаме еден без друг . Мене работата ми годи 110%, а нему бабите и дедовците. Карпа од срце ми падна. И исто сакам да додадам... Тешко било и работа и дете. Ај наздравје за сите мајки пошо се со супермоќи.
Се пронајдов во постот на @DaisyDoo па да се искажам и јас. Почнав и јас на работа на полно работно време. Од 7ипол до 5ипол не сум дома. Искрено премногу ми е. Многу си ја сакам работата, брзо ми минува ептен денот и не го мислам нешто многу бебе таму кога сум, ама а си дојдам дома мене срце ми се стега од грижа на совест. Секоја вечер кога го успивам плачам и му се извинувам гласно што го оставам цел ден без мене. До кога трае ова? Ќе се навикнам? Имам чувство дека бебе побрзо се адаптира на новонастанатата ситуација од мене. Воопшто не прави проблеми, супер си е со баба му, верувам и со градинка ќе е ист. Среќа што многу сум заљубена во работата, да бев уште на старата работа сигурно ќе дадев отказ А да, капа доле на мајките што работите полно работно време со 2+ деца. Јас со едно, сега и со свекрва дома, и пак сум во трка со времето
Последните 10тина бебе се буди како новороденче.. Сабајле мм ме гледа и вика ,,Не знам што "племе" сте вие жените. Како имаш енергија? Стануваш и одма тераш без проблем. Ти се чудам на енергијата." Ете такви сме ние можеме сé. Не знам само како светот останал да го водат мажи
Епа сите што водат нешто по цел ден седат и други им ја вршат работата Верувај полесно е кога се проодени. Мене најмачен пеиод ми било во раце да го држам, кога прооде мераци изнеси го надвор да не му квачиш на глава да го држиш. Не знам зошто ама за мене не спиењето не ми пречи али да држам дете во раце по цел ден е тоа страшно ме иритира.
@DaisyDoo искуствово твое ми дава надеж. Треба да почнам на работа за месец и пол, ми се плаче уште од сеа. А 50% од времето ќе работам од дома, ама сепак не е тоа тоа. Пребрзо ми поминува времето, лута сум!
Да се надоврзам и јас на темата. И јас почнавна работа пред 2 недели. Олеснително е тоа што додека наполни бебе 12 м ќе работам 6.5 часа. Тешка ми беше разделбата, уште потешка затоа што он плачеше и уште знае да заплаче и да не бара по соби Вчера прв пат не плачеше кога стигнав дома. Иначе беше вриштење и морав(сеуште морам) уште цел саат да седам со него на кревет, да цица да дегустира и да се мазиме.Најубавиот дел од денот Искачањето од дома ми годи искрено, но ми фалат и деновите кога си бев по цел ден дома. Да можев да бирам ќе одберев да останам дома уште 2-3 месеци сигурно. @DaisyDoo јас сум од тие со две деца. Имам среќа што првото е многу поголемо,самостојно и многу разбрано. Она не ми е терет воопшто, напротив ми помага. Сега со второ не се замарам многу со други обврски, гледам само да има ручек(лажам и тоа воопшто не ми беше битно до сега). Среќа мм готви, па нешто он спремаше овие две недели, некој ден купивме пица, скара, и така пројдовме. Но мора да се воoзбилам и да почнам да готвам како што треба. Ќе биде
Да шкртнам овде, да не бидам само читател Турбо убав период, со 3-4 часа сон функционираме подолго време, и јас и маж ми. Големата е ок, но малата смена навики, па се буди навечер и се нишкаме дур заспие, и така неколку пати, на смени сме со маж ми, ама мн е тешко. Бидејќи работам од кога малото наполни 7 дена, можам да кажам дека мн е тешко, но ако се организираш и си ги скратиш саатите за твој живот, супер е. Кај нас се поврзано со нас е во втор план, се додека тие две се намирени, се друго за нас може да почека Поминавме настинка во исто време и кај двете, големата крева до 40 темп но пие сирупи, малото до 39 но не пие ништо, па со чепчиња и по дома голи како мајмунчиња шетаа може и забчиња да ја мачат, нервозна е, битно помина, мислам дека сме при крај со настинките, додека не не фати повторно. Чекам за градинка за малото, би требало од 9м да почне, се надевам ќе ја примаат. Блиску ми е градинката, можам да жонглирам, да ја земам, носам, и така. Даде инаку е многу темпераментна па успеа и уста да рассечи на кревет во спална, сега си има линија лузна која ја мачкаме секој денсе надевам ќе исчезне. Малото проблематично за јадење, ко пиленце 100гр јаде од кашите, иако 2 оброци има, помалку си јаде, неможам да форсирам, колку јаде, толку, само нека растат. Убави периоди, користиме за шетање кога е топло, преку ден, лулки да посетат, паркче, плоштад. Доживљај на даде и е, секое одење да уплатиме лото Успат да си одбере грепка за да ја греби. Пилци мили, ги сакам, ги сакам премногу ама веќе сум пред колапс, турбо ми е на работа, маж работи и прва смена и попладне, и јас одам и двократно некои денови, одам и на курс, буквално се менуваме дома и смени држиме со децата. Ауу колку брзо нашкрапав, нема логика, само нафрлани реченици, но нека ме потсети за еден ден да прочитам дека ми бил турбо овој период До следно читање мајки, убав ден/викенд
Izvini so te citirav ama iskreno mi treba nekoj da mi kaze kako ponatamu. Beba do utre 40 dena. Prvite denovi nekako mislam polesno mi bese sega nekako nemozam stavam brkam okolu nea se za mene koga ima vreme togas spijam kolku tolku nekogas ubavo svrzuva son se budi na 3 saati pa imam i za mene vreme za son ama nekako niz den sum mizerna da ne recam nemam sila za nisto koga place me nervira ama mn nekogas i jas so nea si placam nekogas samo a ostavam a jas a gledam i nemozam da reagiram. Soprugot koga si ide kaj 5 6 zavisi mi pomaga kolku tolku sepak cela den e na rabot. Pocnav da vezbam zumba muzika nezznam veke kako da si bidam pak jas. Se poveke i me nervira maz mi veli ne smeis veke, iskreno nezz kako pak. Pretpostavuvam e ppd ama kako da si pomognam samo jas sum ili ima i nekoja druga
Ола амигас Денес дојдов да шкртнам позитивно ќе видиме до крај на постот со што ќе завршам. Бебе нанка, влеговме во шема двајцата сами и можам да кажам дека уживам во секој момент. Си повторувам цело време дека брзо расте брзо проаѓа време па и јас брзам да запамтам сè од овие моменти со него . Од понеделник ќе носам документи во градинка со време се надевам ќе има место зошто сум решена да тргне од 9 месеци во јасли па да видиме како ќе биде. Се радувам на затоплувањето, едвај чекам да шетаме, сабајле му раскажував за викенди во Охрид, одмори и празници во Грција а тој ме гледа фокусирано ми се смее мислиш разбира и ќе ми одговори во вторник 40денови, си закажав Голема молитва во црквата каде се венчавме ама некако со вирусиве, кашлици, температури така ми е немирна душава што се мислам да откажам сè и да си седиме само дома сами двајцата Параноична сум ама читајќи колку може да биде страшно за мало бебе навистина ми е многу страв. Ама татко му работи со 300луѓе во денот се гледа, сакале или не може да не докачи нешто џабе е мојата параноја и треперење кога ќе се доближат родителиве до него поблизу без маска Ок пак тргнав накај негативно. Се препородив бидејќи сум пак старата јас, користам кога е мирен или заспан да средам исперам испеглам зготвам и после си одмарам пред тв а убаво на душата дека станот ми е чист по мои стандарди Малце немам идеи веќе што да зготвам па може денес да нарачам нешто, да стои кујнава чиста. Чекам уште 2 недели да средам тераса да порачам цвеќиња (да откитам гелендер од нова година ) и да си седиме со бебар да пиеме некое какао Па доста е да не ја должам многу. Гушки и праќаме позитива
Ај побарај си стручна помош додека е време Не е срамота, не е греота и не биди јас. 2 години и кусур се инатам сама со себе период е, и ќе помине. Ама не е период, и не поминува. Извини ако те навредам некако, мое мислење е ова