Не знам зошто ме цитира мене, никогаш не беше многу држен во раце мојот. Може грешка ми го сфати мислењето. Уште не оди ама лази и цело време е на земја. И надвор го оставам на трева/песок, не го држам во раце ни во парк. Е сега има за перење еден куп секој ден, ама не ми е проблем тоа. Верувам дека ќе биде уште полесно кога ќе прооди, нема да има толку валање во песок и кал Само терет ми е пазењеѕо да не голтне некој камен, се става во уста. Со јадење песок веќе отрпнав скроз. Колку земја и трева има изедено само неговото стомаче знае
Напорна недела уште понапорен викенд ќе имам ама за арно да е... Од убавини денес земав документи официјално за градинка, ситно броиме за поаѓање... Како ќе биде незнам Сакам да оди искрено, а и немам кој да ми го чува (мајка не се нафаќа за секој ден а и не би да ја форсирам,свекрва нема желба ни за видување а не чување) Од една страна подобро да се социјализира и навикне како мал отколку да ја "мачам" мајка, иако ако треба ќе улетува кога треба Постов каша попара ама дојдов да се пофалам и пожалам
Јас со мојот кога прв пат го пуштив од што беше плачко викам таму главата тапан ќе им биде. И замисли сосема спротивно секое земање тој паѓаше од смеење внатре сите вриштат плачат тој гајле нема верувај подалеку од баби и дедовци еве ние едвај аега се оправаме по дома. Да убаво е помош ама како што ти ќе му дадеш насока они нема.
На тема работа и чување бебе да се пријавам и јас. Почнав пред две недели и првата недела беше баш хаотично. Работам од дома и некој ќе рече еее алал да ти е, цел ден си со бебе. Ама кој работел знае дека не е баш така. Турбо е мал збор за тоа каков ми е денот. Буквално не застанувам откако ќе отворам очи. Се осеќам како октопод на кој што му фалат уште 10 пипки. Ден пред да почнам да работам малиот се разболе, добив циклус после година ипол и крварев како заклана, сменив работна позиција и почнав со обука. Уште некој метеор да ме погодеше и сѐ ќе беше таман. Втората недела почнаа да си легнуваат работите на место. Фатив некој ред, почнав подобро да се организирам и мислам дека ќе се снајдеме. Многу го сакам и стварно сум среќна што ја имам таа можност да работам од дома за да сум уште малку со него по цел ден. Ама искрено го чекам и Септември, тогаш ќе почне да оди на градинка и мислам дека малку подруго ќе биде. Ми треба причина да се спремам за негде, да се дотерам, да заличам на човек. Живеам во три дуксери и два пара хеланки. Многу сум среќна, ама ми треба и малку време за себе зошто станувам мрчатор бидејќи го немам. Маж ми помага со малиот, ама малце е ко со две леви раце. Се понаша како да чува дете што е трето одделение и го остава да е ептен самостоен, а не е баш спремен за тоа. Сѐ треба да се нацрта по сто пати, кога бебе јаде, кога треба пелена да смени. Па изморен е да го игра и му пушта тв и се караме. Ама тоа е, не дека ако баби го чуваа ќе беше нешто поинаку. Како и да е, и покрај сите перипетии, среќна сум. Благодарна сум што ги живееме овие денови и што ги имам тие мали окциња да им се радувам секој ден. Кога ќе ми стане ептен тешко само дишам длабоко и се потсетувам дека некој сака работа, а ја нема и уште поважно некој сака деца, а за жал ги нема. Слатки маки се ова, камо сите вака како нас да се ‘мачат’. Убава недела!
Прво не си сама , сите сме минале низ тоа, првиот месец е тежок, додека се навикнете со бебето, сега мора да размислиш и на себе, бебето кога спие, ти под туш, облечи се,ке зготвиш нешто, ке се чувствуваш подобро, втората дремка легни и ти, можеби нема да спиеш ама одмарај се додека не закрепнеш, инаку тешко е сам со бебе, ама со време се навикнуваш, и се е полесно, храбра си и не се предавај, ние мамичките имаме супер моќи
Свака част шо си се нафатила да работаш од дома со бебе гледајќи го маж како му урламе пред врата, па како ураган се влегуваа на сред состанок,татааа , плачеле иде да помогне. Све е само работа не е хахах Ја сум дома од кога се породив со првото, едвај чекам да помине породилно и да излезам од дома, но иако не работам/в, највеќе сакав да оди она во градинка и ѓмогу ми е криво што мораше да седи со мене 3,5 години
Немав друг избор јас. Опциите беа тие, или работа од дома или да напуштам. Во моментот не сум за да напуштам, доста напредував во фирмата и не сакав сето тоа да падне во вода. Среќа што ми дозволија да работам од дома, инаку ќе требаше да си одам. Хаотично е, не викам не. Ќе заѕвони телефон, он баш тогаш решава да дојде кај биро и да тегне жици од слушалки и слично. Ќе го кренам во раце се кикоти и го гриза микрофонот, а јас разговарам со некого. Којзнае од другата страна што си викаат, оваа у џунгла живее. Ама мора да се работи. Работата го одржува човек во живот, од секој аспект е потребна. Тоа е мој став, а сега откако сум толку време дома само ми се потврди.
Ти имам спомнато дека работиме слично Во петокот на состанок ме тераа да пуштам камера да видат кој "замара" цело време да праи муабет со колегите Се повалаа од смеење, ќерка им збори македонски овие чекаат превод од мене, јас главата не знам кај ми е А маж ми застанал од страна и чека да спискам да ја собере, да не го виделе и него на камера. Абе комедија е со децава и работа од дома
Јас ко нинџа му улетувам некогаш на маж ми од позади за да ја соберам, она за секунда иде му гаси компјутер, само се надевам блурот му е стално пуштен, пошто обично сум бушава и во пижами . Се работи со деца дома, ако има кој да ги чува и имаш засебен офис да се заклучиш, инаку изводливо е ама е тешко. 1 година работев од дома дур беше бебе, ама тогаш беше бубаче, сега нема шанси двајцата да работиме и никој да не ја чува. Додуша ние немаме многу флексибилно работно време и во исто време ни се работните саати. Алал за организацијата женски, не е полесно од обратното, од искуство.
Сум нашла финта! Канцеларијата ми е нејзината идна детска соба па рачунај тука е пола канцеларија, пола игротека. Во превод -- општ хаос ми е Живи срамови сум кога треба состаноци да држам Зборам зборам зборам занесена и наеднаш ќе викнам Софија не таму и колегите додека научија дека работам со неа беа као the fuck woman? Состанок од 15 мин го правам 45
И јас сум од дома, мајка ми го чува малото додека работам, од 2 ипол до 4 сме сами и тогаш е општ хаос ем да го пазам ем нешто да досработам. Денес се качува на гарнитура, јас вриснав од страв да не падне, и трчам да го фатам а он ми се кикоти.. Мене па страв ме фаќа дека уште малку планот е во градинка да појде. Не знам како ќе го пуштам. турбо е вака, еве дури сега правам 'пауза' кога ќе го земе маж ми, ама барем со мирна глава си легнувам дека не ми се разболува.
Работам и кога сум сама со него да. Се заигрува сам, си лази, се исправа. Ама работам по америчко време јас, од 15ч негде почнувам и треба да сум достапна до 22ч. Измеѓу стани седни сум, тоа што не е итно оставам за кога спие или кога ќе се врати татко му од работа. На градинка ќе го пуштиме здравје од Септември зошто сакам да се вратам во канцеларија, со тоа што најверојатно ќе сменам работно време од 10 до 18ч.
Хахха моиве па се чудеа што глас не му се слушало, а јас стално стискам mute кога не треба да зборам. Прееска квикна на сред состанок зошто татко му го спушти на земја а не беше на ќееф и еден од колегите вика aaahaaa I’ve heard him finally.
Уф не можеш мама да одбегнеш разболување. Ете не дома седејќи се разболе пак, тоа си е процес што мора да се пројде. Јас сигурно нема најсјајно да се осеќам кога ќе треба да тргне во градинка, ама од друга страна и јас имам душа. Вака се осеќам како робот, пет минути не наоѓам за себе.
Разболување не се избегнува и на 4г да го пратиш.. е сега не е исто нели. Мене големава ми има за сега многу јак имунитет тера градинка без прекин али за беља закачи на аеродром некој стомачен вирус и пренесе на сите дома, бебево кутро се изнамачи оти сите поминавме со едно апче и како нови, а оно нема доволно кг и со инфузии на болница лежевме. Многу е кратко породилното во Мк и јас да сум таму на 9 месеци ќе се мислам како ќе го пуштам ама на година и пол, оди ќерко и мама има душа. Јас едвај чекам.
Zdravo mamicki me interesira kako gi sterilizirate cuclite na bebinjata posto prvoto ne mi fakase cucla I ne koristevme a sega ke ni treba