Одамна на сум пишала овде. Ве читам работа од дома, браво за вас мамички што успевате во тоа, да не ве цитирам, ви симнувам капа најискрено. Јас тоа не би можела. Инаку јас официјално дадов отказ. Уште месец дена и ми прекинува работниот однос. Моментално користам одмор. Ке ми недостига колективот ама тоа е. Да бидеме живи здрави ќе се најде работа. Ама прво ќе поседам извесен период дома ради здравствената состојва која ја има синко и си бара стални контроли за који мислам дека ни еден работодавач не би толерирал кај ново вработен. Можеби грешам не знам,ќе видиме. Моментално ми е тој на прво место. Иако има моменти кога се гушам дека сум стално дома, и кога ќе се погледнам каква сум несредена паѓам во депресија. Со душа чекам да се разубави времето барем ќе шетаме со синко. Тоа фала му на бога сака во количка да се шетаме, ама затоа во кола е борби и нон стоп се дере и лути затоа што е врзан. Како ли ќе доаѓаме за мк планот ни е за овој викенд и самата помисла пот ме облева Инаку синко во последно време ноќе многу често се буди. Сношти беше катстрофа колку пати стана. Цела ноќ ми помина во нишкање, таман легни и задреми ете го, ајде пак нишкање. 6 ти скок помина и се прашувам до што се должи ова. Не можам да функционирам, ми се тресеше снагата за сон сабајле, што на мм му реков носи го да поспијам оти од раце ќе ми падне. И затоа мамасити јас се одјавувам, да легнам, да не се повтори и ова вечер истото сценарио од сношти, зошто сега мм не е тука да помогне, замина на терен. Добра ви ноќ на сите
Зошто само 9 месеци е породилновово Мк? Еднаш се бебиња. Секој изминат ден се трудам максимално да уживаме но времето лета. Со првото дете едвај чекав да се вратам на работа, мислев вечно бебе ќе биде . Сега не знам како ќе тргнам иако има кој да го чува.
Исто ми е, 2ро бебе и последно бебе 6 месеци летнаа уште само 3 сум дома, потоа в градинка, нема кој да го чува сакам бебе поќе време да е одма растат уживам овај пат максимално, многу смирена, ништо не ме нервира, ни стануваање ноќе, ни доење, ништо, уживам во се оти знам дека нема дс се повтори поќе
Мене ми е виножито второво. И јас сум многу смирена сега. Секој ден се заблагодарувам што си родив уште едно.
мене првото ми беше виножито пред него изгубив едно 9та недела, ама бев напната, неспиена, прво бебе, хаос
За прво дете кое од само раѓање е "вриштач" се разбираме . Јас загубив во 39та недела. Никогаш не се заборава, среќа што имаме со кој да се намали болката.
Здраво мајки Бебка спие, батко се врти низ дома јас решив да се испружам малку. Трет месец терам на породилно, од станување до легнување нема седнување. Орден најголем за мајки две деца сами што чуваат. Многу често ги мислам, како постигнуваат се. Имам помош од сите страни и пак у 22 сум скапана Бебка денес на прва вакцина, душа мила глас не испушти, мене срце ме здоболи. Уште една слика во глава што нема да можам да ја заборавам. На мене не е толку храбра сигурно. Мразам боцкање, игли, инекции. Крв од вена кога треба да ми земат 3 дена се туфкам. Носете ме царски нека ме сечат не е проблем само боцкање никако. Утре со баткото на логопед да видиме што ќе речат за говорот. Бевме претходно на една проценка ама некако не ми се допадна пристапот па сега на друго место ќе дадам шанса. Не очекувам чудо преку ноќ дека ќе направат ама нејќам ни да се јадам зошто порано не сме го однеле. Екстра напори се вложени да му се збори, сликовници, слагалици се можно од картици со поими и едвај некое зборче да извлечеш. Затоа со пантомима се ќе раскаже и со прст се ќе покаже. Едвај чекам да затопли со бебе повеќе надвор да си шетаме. Да завршат и овие вируси веќе секој еден е болен. Мозокот си го луфтирав гледав понуди за во јуни на одмор ама и тоа тешка работа. Бебка нема пасош, а ко што е луда државава нема ни до следна година да има. Здравје, ќе видиме како ќе се редат коцките. Секој пат сум со желба да напишам краток пост, ама џабе. Ве поздравам
Нескромно звучам можеби, ама виножитцата се посебни деца. Затоа ви е така лесно. И јас си имам едно дома, и не дека е мое ама стварно е дете со посебна ѕвезда. Има нешто.
Се согласувам. Првото ми беше вриштач,не сакаше да се гали и се знаеше дека ќе прави глупости, додека цуцкава мала ми е љубов ептен се гушка се гали се смее едноставно ме смирува по цел ден ја мирисам како наркоман сум може делува како да ги двојам ама двајцата се различни светови.
Сам се себе убијал мајка синоќа! Спиеше до мене да не го префрлам викам ај после цицање, за малку сеа, па ќе станеме и да го поднаместам, он не сака, ја упорно вртам и го расонив, коа рече муабет праи во 4 сабајле... Ми идеше у колено да се пукнам. Смотана! На крај се гушнавме и сме заспале и двајцата гушнати, љубовен еден мој. Бато веќе не сака да се гушка како порано, се трга. Е кај мене обратно, првото беше мирно ова е вриштач, ама ако е вриштач, овој е мазо невиден, бато беше подив. Овој би да се гали по цел ден, да се гушка, да се мази, да е у раце он само, толкав дечко веќе, а бато иде се гали и фаќа штрафта. И кај мене мислам се приметува ко да ги двојам, а реално и да сакам големово не можам да го галам, голем е, друга е со него љубовта.
Дојдов само да ве поздравам, мамаситас Многу ретко се вклучувам, турбо сме цело време Работам, паралелно учам за да можам да се сертифицирам и да напредувам уште повеќе на работа, а секако тука се секојдневните обврски околу дете и фамилија. Малиот е супер, си расте и ужива па од април планираме да си почне во градинка, се надевам сè ќе помине како што треба и без големи стресови Ќе пробувам да се вклучувам почесто, ми фалите
Добро вечер мајки Јас си го успав девојчево, па си викам да си напишам нешто. 2 ипол години ми летнаа со ѕверката ко 2 ипол минути. Што е разбрано девојче станата, просто неверојатно. Раскрева играчки пред спиење (читај: стои во дневна и од дневна ги фрла во нејзина соба), сама заспива, сама "се бања", сама, сама, се сама сака да прави. Супер што е независна ама напиња некогаш тоа. Помош да не се прифаќало за жива глава, освен ако не и е ден да се пекмези. Пред некој ден и викам донеси тањирот од палентата, не можам тежок е ми вика.... Најголем успех што фрли пелени. Дефинитивно треба да си е спремно детето и да не го гњавиш ако не е. На точно 2 години пробав да и ги тргнам, ми го фрли нокширот од балкон во Грчка. Сега 3 4 пати се измочка во гаќи и толку беше. Баткво што ни е на пат има уште да си поседи внатре. Апсолутно различна бременост во секој поглед. Ај физички ок ама и психички. 6 месец влагам ама да не се осеќало возбуда некоја. Како се ми е тазе, се знам, ни паника ме фаќа, ни ништо. Ми се смееше една трудница со прво што не сум знаела која ндела сум кога ме праша. Ја и викам не знам 5 6 месец, и ме глеа бледо. За првово знаев која недела плус колку дена сум . Чудно ми е многу, чудни мисли ми идат си викам како ќе го сакам јас ова дете како првово, шанси нема.... Ваљда сите имаат вакви моменти Добра ноќ, гушкајте си ги прцулите
Мислев ама само мислев како што расте бебка ќе е полесно, повеќе ќе разбира. Е, пак не. Од сабајле имаме, не фаќај тука, по 3 секунди пак е таму. Не тоа во уста, не во струјата, ако е се заштитено, не фрлај, Не, не не. Мислам нема крај ова, уште до пладне преморена сум. Ајде пак нова надеж, дека за некој месец стварно ќе разбира. На план домаќински обврски, па попладне може и некоја дружба.
Не најдов соодветна тема на форумов па ајде тука да прашам Сакаме да одимe во Косово па да тераме во Приштина Мол или Алби Мол ?
Е душа да ти се стопи. Синко денес фатен за наслон од тросед почна сам да си чекори и држи за наслонот. Целта му беше една шарена перница. Во тоа е на мајка, упорен. Сеуште лази војнички, ама кога го ставам да седи и сака да се спушти на меше, се мести во положба за лазење на коленца и се клати. Тоа му е интересно, и потоа се пушта полека на меше. Баш внимава да не се удри. Само се уште не пробува да се врати да седи. Обично на колку месеци би требало тоа да го прави? Се повеќе си брбља нешто бебешки. Кажува мама, баба, бебе, бубу, дада, ајде, Пробува да каже тата ама успева само те или ти , некогаш погодува та ама ретко. Покажува со рацете нагоре кога ќе го прашам колку ќе пораснеш. Тапша со рачињата за браво и таши таши, и мафта за чао. Многу работи научи во последно време. Сето ова го пишам и ми лета мислата, леле колку брзо порасна. За една недела полни 9 месеци во 10 тиот. Уживам со него секој ден колку и да е некогаш напорен. Си излегуваме со количка, мајка фино испешачува по 6-7км, а тој само си разгледува наоколу и си заспива. Ај да не должам многу да има и за друг пат што да се напише. Добра ви ноќ мамасити
Кога ќе кажат "мајка е тоа" дефинитивно не претеруваат. Сега почнувам да го сфаќам зборот мајка и зошто секогаш се потенцира. И не е само чинот на носење на бебето во бременост, ниту раѓањето, мајка си секој ден, 48часа во денот, 15 дена во неделата, 2 години во година!!! Стани, легни, истрај цел ден со бебе, со домашни обврски, со 300мисли што да направам, како,како да се организирам, како се да биде под конец. Моментот кога ќе слушнам дека почнува да ќенка и да се буди сабајле ми се руши цел свет, ми се спие ми се плаче, викам те молам мама уште пола саат поспиј, си викам зоштооо, ама во секундата кога ке станам и ќе ја земам во раце веќе не ми се спие, не се прашувам зошто, не ми е мачно да го почнам денот а добро знам што се ме чека. Ама затоа на крај на денот кога ќе ја успијам и ќе седнам, се осеќам без емоции, не знам ни дали сум уморна, или тажна, среќна, не осеќам на моменти ништо, и најлошо од се е затоа што се чувствувам САМА. Само јас сум родителот а маж ми го доживувам како помошник во чување дете. Многу жално ама пробав да му укажам дека ова е и негово дете и дека да, не може да и даде да цица он ама после цицање треба да ја земе и да ја успие на пример а не додека цица да се сврти и да си пушти игра на компјутер. Да не чека јас да му кажам дојди земи ја. Да не чека јас да му кажам дека има садови во садоперот, низ работната маса па се до шпоретот и дека не можам да стигнам на сите страни. Работи од дома, неколку саати само, особено откако се роди малата со работа е скроз лабав и секоја секунда ја користи за игри или цигара на тераса. Изговор за тоа му беше морам да искулирам, не ми е механичка работата, 1 час работа ми е ко 3 на некој друг и океј така е, ама малтене истото понашање му е и кога работел 2 часа само. После ручек ми вика остај ги садовите, ќе ги средам јас и еве седам и го гледам како игра игри. Садовите ќе седат најмалце до утре вечер. Или кога ќе ми каже што сакаш да ти помогнам? Па не е работава само моја, ниту домашните обрски ниту детето па да ми помагашш?! Денес има поминато со неа 2 часа додека бев јас излезена да бркам документи, од кои 1 час спиела и не можам никако да сфатам како може да не му фали. Како може да не ја гушка цел ден во секоја слободна минута. Се вратив и уште од врата прво влегов во соба да ја видам, да и се посмеам, да си гугаме заедно, па тек после отидов јакна да соблечам и раце да измијам. Не викам дека секој ден е така, има денови кога поминува повеќе време ама сепак.... Не знам како да се искажам уште ама се осеќам сама со куќна помошничка дома. Сакам да се посветам на здрава исхрана, за да тргнам килограми кои ми се останати, а машала доста се, сакам да барам друга работа, се заколнав не се враќам на старо работно место, сакам да учам нешто за да конкурирам за подобра позиција, се сакам ама тапкам во место. Едноставно не телото само што не ми издржува, туку немам слободно ни 1 час, спијам 3 часа, после 2 часа сме будни и уште 3 часа и до 7 сум турбо. Кога да направам било што друго освен бебето о ручек, садови и дом?