1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    20.816
    Пол:
    Женски


    Не си сама мама :l: за тие две очиња се ке наптавиме, знам.
    Јас сум па САМА, САМА буквално дома. Колку те разбирам што кажувааш ах.. мм работи градежништво, одкако се знаеме па и сега, станува во 7 сабајле доаѓа во 7ипол 8. Свесна бев за ова и знаев дека нема да се смени, ама некаде подсвесно се надевав во себе дека ке се смени, дека ке сака барем 2часа порано да си доаѓа дома ама не, нема таква желба. Знам дека е тешко, тешка му е работата сам води се(ова се се изговори, кога се сака се може свесна сум), ама сепак кога ке дојде дома и колку му се радува бебо кога ке го види не знам како ете не сака барем 2часа порано да е дома, да поминат време заедно повеќе од 30минути ако не му се спие и не кенка.
     
    На kozuf, Mother of 2boys, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    4.351
    Пол:
    Женски
    Твојот барем знаеш дека работи тешка работа, мм е дома цел ден и неколку часа само има работа ефективно, не е физички уморен воопшто ама тоа е :( кога ќе им дојде памет доцна ќе е бидејќи времето не се враќа, овие моменти на растење нема да ги видат повеќе
     
    На 1209, Mother of 2boys, Ceneva и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    8.764
    Пол:
    Женски
    Ко да читам за мене. И мм е по цел ден на работа, десна рака на газдата, и за газдара е он тотално не заменлив. Каде да има проблем мм оди. Знае и на терен по две недели да е. Доаѓа мртов уморен, малку ќе си поиграат со синко, а некогаш доаѓа и толку касно кога синко веќе спие. И кога ке му речам добро не можеш малку порано да си дојдеш. Е ај отказ да дадел, таква му била работата и морало така.
    Инаку мм за прв пат го видов да се топи пред некого, а тоа е пред нашето дете. Не е тип што искажува емоции, ама со него е како друг човек да гледам. Кога е дома поминуваат квалитетно време заедно. Тој сака да поминува време со него, ама вели тоа е мора да се работи. Така работи од кога почнавме да се забавуваме и навикната сум ама сега кога добивме дете ми паѓа тешко што губи од неговото детство. Ама тоа е што е, мора од нешто да се живее.
     
    На Leanne, Mom's_life, Giinna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    47.301
    Пол:
    Женски
    Ме немаше подолго време во темава па да напишам по некој збор. :)
    Вчера конечно успеав да отидам на забно, среќа супер си беа забите, па ми падна камен од срце, следен пат наредна година. :D
    Туку, бебе почнува во градинка за 2 недели, на навикнување. И ми се плаче, се навикнав на него и знам дека многу ќе ми фали, ама и од друга страна сум возбудена што ќе имам малку повеќе време за мене па и веројатно ќе почнам со работа. Измешани емоции генерално. :drunk:
    Бебе си расте, како секој ден различно да ме гледа со очињата, како се да разбира веќе.:inlove:
    Си ручка убаво, а кога сме кај тоа, храната во градинка во јасли е сигурно прилагодена и за 8/9 месечно бебенце, така? Мислам пасирано/блендирано. Бидејќи видов во менито попара со двопек, супа од зеленчук, макарони со сирење итн па ме замисли малку, а не стигнав да прашам од возбуда.
    Деновиве сакам да му направам мал шопинг, да му купиме ранче, уште нешто од облека и така.
    Си го гушкам посилно деновиве, осеќам дека многу тешко ќе ми падне разделбата. Навистина е bittersweet ;(:l:
     
    На Калатеа, strelec231992, Dpokahontas и 13 други им се допаѓа ова.
  5. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    34.840
    Пол:
    Женски
    @Luminary , ние малку пред вас ќе тргнеме...
    Кога прашував за менито ми рекоа пасирано дека е...

    Емоциите измешани,се надевам синко ќе сака да оди (до душа и нема баш избор ама пак ...)

    Ме немаше полагав стручен- положив па надокнадував со синко деновиве после тоа (бидејки се чуствував ко да го "запоставив" кога морав да учам)
    Важно камен од срце ми падна за полагањето... па го подновив со тренерчиња за градинка... уште ранче немаме земено некако неможам да најдам тоа што сакам ...
     
    На Leanne, Zumbulche, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    3.511
    Пол:
    Женски
    Абе што не кажете дека волку се плачело кога прибираш мали алишта од бебе? Уште со цел памет и веќе прибраните од новороденче кога беше ги извадив да ги прередам. Се изнаплакав. Кога помина скоро година еве не знам. Не памтам веќе каков ми беше животот пред неа. И убаво ми е. Ненаспана, растрчана, понекогаш нервозничка, ама многу среќна.
    Да е жива и здрава ама бесна е. Пелена мењање е научна фантастика. А и земеш нешто што сака (читај: телефон, даљинско и све што не треба) плаче со крокодилски солзи. Почна да покажува колку е голема со рачињата нагоре, да игра на музика, да реди кругчиња и да става форми во сортер. Преку ноќ. Ништо од ова не правеше, за 2 дена се направи. Затоа и неделава не спие. Или 2 саати е будна и игра и пее, или плаче во сон и дур не ја земам и нишкам не се смирува.
    Ако сега сум ваква емотивна со солзите на трепки, за прв роденден у солзи ќе се давам изгледа.
     
    На 1209, strelec231992, Nala37 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.350
    Допаѓања:
    40.919
    Пол:
    Женски
    И за прв, и за втор ќе се давиш у солзи. Само тоа дојдов да ти кажам. Мислев само на првиот се плачело ама неееееее. За вториот роденден ја гледам и рикам, а дека повеќе почна да разбира дојде и ме тешеше. Леле па тогаш ко почнав да завивам, да ја гушкам, абе мислиш у војна ја праќам а не роденден да и славам (facepalm)

    П.с. и уште си ја гледам сега како станува попаметна, по(не)разбрана, и си квичам :wasntme:
     
    На 1209, le.soleil, strelec231992 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    9.866
    Пол:
    Женски
    Читам со плачките па и јас да си кажам денес таков ми е денот емотивен.
    Многу на психа ми влијаат коментари како тоа јас грешам, не правам убаво, не го учам на убаво детето и слично па после лечам фрустрации врз ова невино душиче...
    Така вчера се утепаа од коментирање баба му и прабаба му како тоа не заспивал сам сакал нишкање на месец и 2 недели и да не ме воспитувале моите би прашала дали тие биле толку совршени и децата не си ги гушкале тешеле успивале еве не знам. Па денес го оставив сам 20мин охх какви солзи беа тоа да не може да се соземе и џабе ете не заспива па го земав и не ме погледна, обично ме гледа во очи се смее па почнав да плачам и да му се извинувам да не ми се лути :rofl:
    Денес некако убаво спие по 1.5ч на секое си се заспиваме 3мин уште 12 го гушкам и после си чистам а тој во кревет:hug:
    Како само го молев во меше да се бори 9месеци да не се предава па пак мрсули му капеа по глава и така си реков сама си го чуваш твој си е ќе си се учите полека вие двајца сами нема што да ти влијаат други кои го гледаат по 1ч :?:
    Лета времето..ќе речеш толку е мал кратко време е со мене а веќе и да не го памтам животот пред него :) :inlove: пак одат солзи си одам пред да почнам да рикам :x
     
    На 1209, MeowMeow, le.soleil и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    20.816
    Пол:
    Женски


    Леле аман не се припотресувај кој што рекол посебно баби и прабаби. Кажи им да си гледаат своја работа. На мм баба му кој ке го види одма го чепка за раце и нозе дали е ладен и не е облечен убаво. Пошо дома ние знаете не топлиме, со монтки седиме, тоа хулахопки, чорапи дебели тренерки се треба и јас и викам "аха важи" и треаш по свое. Да ги слупав ниив бебе бел ден немаше да види до 40дена, а бе прозор немаше да отвориме. Не дека и баба ми е поарна и она ми кажа како тоа не се повивало бебе, па ке го повиеш и ке го оставиш во креветче нема кај да иде, ако плаче ке преплаче и ке прекине. Од едно влага од друго излага.
    Мајка му на мм само ме убедува да го одучам да заспива со доење, не требало така. Еве јас не знам како треба па чекам некој да ми каже. Така ми е убаво така правам. Зарем ја не сакам да ја преспива црла ноќ? Сакам бе, ама нема, па викам фала богу се буди ке поцица и продолжува да спие. Шише фаќа со вода и сок, млеко не сака да види од шише. 100 пати пробавме џабе, тоа е.
    Ама јас сум била врзана дома со детето, не сум можела да излезам. Не можам да одам по кафани и у диско, ама па не но имам желба. За се друго, пазарење, шопинг, ручек, прошетка, кафе со другарки или со мм одиме заедно со бебе. Фала богу не е многу досаден :lol: или темпирам да спие или само што станал па разгледува инетересно му е. Се снаоѓаме.
    Јас свесно детево го направив со мм, знаев што ме чека со него и кој се обврски одат со чување бебе и растење едно дете, знаев дека нема да можам да изигравам тинејџерка секој викенд до 5 сабајле. Ама не можат да сватат дека не се потребни и само одмагаат со коментарите.


    Се распишав :rofl: уживај мајка и чувај бебе ти знаеш најдобро верувај:l:
     
    На 1209, mjay.yyy, Leanne и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    9.866
    Пол:
    Женски
    Богами, јас пред него не одев по кафани дискотеки а камоли сега ни сакам ни ми треба. Баш зошто сама го чувам одбивам помош зошто супер се осеќам и затоа само замерки кога ќе го видат а мм ќути и за сè тие се во право кога јас ќе кажам што ми смета.
    Прошетки кафиња со душа ги чекам со него да си излегуваме не гледам потреба да го оставам зошто ми сметал. Се враќам на работа за 7месеци не дека ќе има избор освен да се одвикне од мене :!:
     
    На Mom's_life и Carolin. им се допаѓа ова.
  11. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.041
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам како расте се повеќе се лигавам.
    Ама стварно.

    Кога се вратив од пораѓај после 8 дена дома,се соблекува големиот (има 4 години) како да не сум го видела 8 години. Висок,голем,му го меркам цело тело,глава,очи.
    Што се случи,реков?
    Кога се случи се ова?

    Рикање на велико.
    И сега после 2 месеци ги собирам 50ки алиштенца,нешто што носел брат и,нешто нејзини знаејќи дека веќе нема да ги перам и вадам пак,рикање вол.2:)

    Нека се живи и здрави,и нека пораснат големи:)
    Ние ќе плачеме..
     
    На 1209, Isabel, strelec231992 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Феникс ништо не правиш погрешно, не дозволувај нечии зборови да прават да се чуствуваш лошо едноставно не перцепирај, замисли да дознаат дека јас моето го нишав во раце до 4,5години а до 5 на нозе кој знае што би рекле :D секаде заспиваше сам ама ете мене ми викаше сакам да ме нишкаш:D ништо не му ускратив бев преморена но тој задоволен, се поминува, ете го сега голем и независен па ме фака носталгија за тије моменти. Уживај колку можеш повеќе со него брзо минува времето а најмалку да се нервираш за такви небитни коментари.
     
    На 1209, strelec231992, mjay.yyy и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Дали ако давам молерс и витамин д + омега на бејбитол е премногу омега за 1 година дете. Го земав молерсот за имунитет па не знам колку е препорачана дневна доза. И дали сте позадоволни од молерс или бимунал?
     
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    40.593
    Пол:
    Женски
    @LiquidLuna материјал за читање :rofl:

    Убаво пладне овој пат. Еве пијам кафе и да шкртнам, нормално ако бебе ме остави.
    Големиот и тато отидоа на карате, па ние двајца се дружиме по дома. Јас да земам малку сила, а мали ровари по цела игрална (читај дневната преградена за да не фати штрафта по другите соби) и си брбља нешто по негово. Како да спиел цел ден има моторче, а тој една дремка од еден час само. Затоа сега ќе вечера и ќе оди на спиење пред 8. Да можам и јас да земам душа малку:D.
    Денес успешно стигнавме до вакцина. Пред две недели го спремав, бевме кај матичната на контрола и по упат за кс, арно ама он сабајлето си стана со температура(facepalm). Па вакцината се одложи. Битно првото разболување не помина страшно. Само обичен вирус со 1,5 ден температура. Ама право жалче беше. За среќа одма се врати во нормала и разјаден мислам се ќе ни изеде. Да не седне некој на маса без него. Моравме да му дадеме и грав и сарма да касне со нас инаку ќе не изедеше:sweat:. А како плаче ако му земеш јадење или не му е доволно, мајко мила солзи и мрсули:worried:.
    Откако се откажа од цицање, спие за нијанса подобро, ама уште не е како брат му цела ноќ да ја врзе. Мислам он не седи буден ноќе, ама се буди и ќе промумља и најчесто само ќе го свратм или со голтка вода и продолжува, ама има и денови кога ќе се исправа во креветче и додека не го земам не продолжува, а кога ќе го земам кај мене, како воопшто да не бил разбуден:devil:. Право ѓаволче е и во бељи правење. Само нешто да сруши и фрли или да се испентари, а од одење абер нема, он само би лазел и секаде стига. Стои убаво и цврсто ако сам се придржува, ама ако го фатиш да стои одма седнува на газот.
    Инаку од зборови сите и се му е мама:^). Па кога на некоја рандом тетка надвор ќе и каже мамо(facepalm).
    Сега нареден предизвик ќе биде старт во градинка за 10тина дена :worried:. Како ли ќе биде кој знае. Вака е прилично самостоен и не зависи од мене, ама тоа не е гаранција дека ќе имаме лесна адаптација, така да уште од сега ме фаќа страв како ќе биде.
    Големиот е друга приказна. Учи и совладува се, само се жалат дека е бавен. А тој па се научил ама ако брзам нема да ми биде уредно напишан(facepalm). Пред скоро од што бил бавен, некое другарче му допишало, ама го фатиле наставничките. И наместо да ни кажат тие оставиле он да ни пренесе. Мислам ок дека треба да каже, ама и вие посочете дека треба да работиме со детето, особено за брзината. А него кога и да го прашаш што правеле во училиште, само за активностите од слободно пладне раскажува. Како играле полицајци и крадци или како правеле куќа за црвите надвор:drunk:. За учењето, само која буква ја учеле и до која бројка стигнале.
    Читав сте пишувале за едно, две , три деца. Јас никогаш не би правела второ дете за првото да не е само. Имам брат, ама поблиска сум со братучетка ми од него. Тоа не е гаранција дека ќе се имаат во иднина. Второ дете имам зошто јас сакав, а не затоа што некој прашал или така рекол. Сакав и трето, ама после втората бременост не фала. Може првото да ми беше на 27, второто на 30 ќе се решев за трето до кај 33та. Ама јас прво на 33, второ на 38, а за еден месц заокружувам 40ка така да, да ми се живи и здрави овие, нека дава господ кај што нема. Јас си имам две големи среќички и ќе се задоволам со нив.

    На работа ми е исполнето. Многу промени не дрмаат и да не си ја сакав работата до сега штрафта ќе фатев. Ама тоа ме одржува да останам и нормално сите бенефити што ги уживам од неа. Сега следи период со нови почетоци, нови проекти, ново докажување, ама ако ќе истерам. 17 години се борам како лав и се прилагодувам на сите промени што не снајдоа и не планирам сега да се откажам.

    Се гледа дека отидов пак со муабетот кога со пладне го почнав постот, а со пријатна вечер ќе го завршам :rofl:.

    Имајте убава вечер и гушкајте најмилите:f::f::f:
     
    На 1209, mal.ecka, Nala37 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    20.816
    Пол:
    Женски

    Не сваќаат дека мене помош за чување бебе сега барем сеуште не ми треба и не ми притребал до сега најискрено.
    Да земе некој алишта да ми спружи, да ми исчисти тоа ми треба :rofl: еден тон алишта за диплење таман сум здиплила ете ти други, мислип војска живее во куќава.
    Свеквра знае со ручек да дојде не можа да речам не, тоа е помошта што ми треба. Ама се снаоѓам, како расте се заигрува сам повеќе, а јас па се помалку се замарам за алиштата у машина, садовите за миење :$:D
     
    На warrior, 1209, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    8.764
    Пол:
    Женски
    @Fenix05
    Мајка и да си го гушкаш, бакнуваш и да си го нишкаш. Бебе е само сега. Ќе порасне после и ќе бриши образ :D
    Еве го 9 месеци уште се нишкаме и се гали сам се бутка и мести како да го успивам. Па, ако боли грб, тој момент не го менувам за ништо на светов. Нека зборат што сакаат, никој не слушам, ниту пак допира до мене. Тие исчувале како мислеле и знаеле. Сега е наш ред така да си правиме, а тие ако сакаат да припомогнат кога нам ни треба, во ред, ако не пак во ред. Не дозволувај такви коментари да влијаат на твојот однос спрема бебе.
    И мене свекрва ми знае да ми рече многу е врзан со тебе. Паааа, кога е 24/7 со мене нормално. Не сакав да и речам, па што не го играш повеќе, само кога ти го оставам јас тогаш. Вака а влезам в дневна со дете, таа оп станува да прави нешто, си отвора работа. Не ми смета тоа воопшто ама немој ни да зборуваш многу дека е само со мене. Ама и тоа ќе си речам остај не преговарај, не си прај нервози без потреба, па дете да ја осеќа твојата нервоза. И така кулирам се што ми смета и си терам како јас си мислам.
     
    На 1209, Leanne, Carolin. и 7 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.754
    Пол:
    Женски
    За брзината ко за големиот мој да пишуваш, исто, а за учењето, мајстор. Вчера се пикна во соба, свиреше праеше на едно мало синтисајзерче и дојде со совршено совладана Олд МекДоналд и тоа со мењање инструменти со мењање тонови, со се. Генијалче! Малото да е живо и здраво.

    Мајка уморна, и се спие, синоќа со таткото у бољи живот бевме и сега ќе зевам. Бев на Бубамара, ми се исполни и таа желба, следно промоцијата на Балашевиќ и стенд апот на Коцев, удривме на бољи живот. Си викам подобро така него ли да се карам со мајка ми дома за глупости. Оти колку и да се трудам пак јас ќе сум лошата.

    Многу си ги сакам децата, многу! Особено откако малово малку се смири, се смирив и јас, ми се наредија работите и мислам дека животот би си го дала за нив. До таму е. Малото е ѓаволче, големото е во свој свет, перфектно се поклапаат. Да ви кажам и мажот некако ко повеќе да го сакам откако го добивме ова малово блесаво. По цел ден дома слушаме музика и играме, собираме играчки и се караме, ама па забавно ни е. Нека помине 8ми март и ќе се спремаме за роденденот на бато, не знаеме каде би славеле па сега ќе бараме простор. Не сакам игротека, он би ама голем е веќе стварно. Прашав во една што има ко за поголеми дечиња, ми кажаа некоја баснословна цена, ако убаво се, ама многу е. 6000 закуп на простор плус 350 од детенце, многу ми е. Да дојдат 20 деца пример, а ќе се соберат сосе домашните, искача 200 и нешто ситно евра само за игротеката, ами треба ли да купиш торта, возрасните што ќе ги чекаат децата да ги почастиш, не иде што не иде. Во игротеката пак е поефтино ама пак 4500 закуп, плус возрасните пијачки, многу ми иде некако. Кај што правевме за малото ми е мала игротеката и е за помали деца. Ќе прашувам во овие за деца што се ко работилници, па ќе видиме. И ЗОО ни е опција или кино.

    Доста разглабав, одам да разбистрам мозок оти заспав. Убав ден!
     
    На 1209, Coco31, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    27.310
    Пол:
    Женски
    Да видиш во игротеката во склоп на Александрија комплексот што е. Братучед ми правеше за малиот таму и препрезадоволни се. Имаш како пакети од 6000,9000 и 12000, каде ти спаѓаат неограничени пијачки, неограничени сокчиња за децата и грицки, цртање по лице. Мислам дека и просторот спаѓаше во таа сума ама не сум сигурна. Мислам рече дека имало две, оваа била поголемата.
     
    На CareTee, AngelOfArh и Fenix05 им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.754
    Пол:
    Женски
    Вечер сме таму на роденден, ќе проверам.
     
  20. SaNjANN

    SaNjANN Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски

    Ама ич да не ти е гајле за такви муабети. И мене ми зборат зошто во раце заспива, зошто во раце спие, па ладно и е, па топло и е. Доктор што ќе каже не важи, пошо нели они изгледале две/три деца и они најдобро знаат. Абе ќе си ја гледам ја како сакам и тоа е. Ако сакаат да ја гледаат ќе се придржуваат на тоа ние како ја раснеме, а не како они мислат. Кај мене и свекор ми знае да се умеша, голо бебево, ладно бебево. Јас си свиркам и си терам. Време брзо поминува и ке си ја гушкам и мазам колку повеќе можам. На крајот на денот пак јас ќе си ги тргам маките со мм, а сите они ќе паметуваат и ќе си свиткаат опашка при прв проблем.
     
    На mjay.yyy, Carolin., Hellokitty93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.