За Фан тајм зборите? Ако сакаш сподели импресии, ние имаме таму закажано роденден. Вака многу убаво изгледа широко големо и нова е ралативно. И пакетиве со цени им се многу пристапни.
Здраво Мамаситии, Од кога неам пишано.. Нас новата година ни почна катастрофално и едвај чекам уште не почната да заврши! За два месеци психички сум изморена ептееен. Голема кога се враќавме назад, на аеродром закачи некој стомачен вирус, неа лесно и помина, едно апче и ја врати маж од на доктор како нова, туку бебево луѓе.. душа исповрати, свисна, па лежевме на болница, како шо е ситно, уште толку се досмали, со маж не не заобиколи вирусот , така лошо не сум се осеќала. Таман закрепнавме, шлајмови преполни, а големата конечно вторникот извади крајниците. Прво нели јас со бебе на болница, Н. е ненормално приврзана за мене, тоа лудница било, само пиштење дома на вечер, па заради што цица бебе не можев јас да лежам кога праеше сега операција со неа, не ме пуштија со бебе да спијам таму, татко и беше со неа, вечерта пред Оп супер, убедивме некако да отиде, втората вечер морав да си одам од на посета, тоа луѓе се гребала, се кубала, тоа било хорор, од стрес прокрваре, маж живците како ги сочува не знам. Јас не знам ова дете стварнооо.. толку сум бесна на себе шо не давав шише на бебе, викам следноо дете, ма одма Ад ааа нее вака, никој да не можи да го почува, на еден преглед не можам да отидам, а камоли да имам време за себе. Пијавици. Ама ме побудале, едвај чекам пак градинка да се врати, така имаме дома сите ред, а вака како што не смее да излегува сега од дома, ма уште на лустер не е качена.
@Bubish26 Ова за цицањево како јас да сум пишувала. Првата ме мрднуваше буквално на пола саат саат цицаше и пак до 2г и кусур ја доев.За второ бев убедена дека ќе дадам шише и крај. Дојде второво од прв ден цица бомбона млеко еден тон јас жал ми е да не и давам да цица и така заглавив со уште една пијавица како што викаш. Па што малер ќе бев ниту една не фаќа ни цуцла ни никакво шише ништо! Никогаш не била разделена од мене повеќе од 30 мин а за 2 недели почнуваме градинка, ќе биде журка. Ај може за 3то ќе ми дојде памет да учам бебе на шише има надеж. Ја сакам темава редовно ве читам ама многу ме мрзи да пишувам. За 1 месец се враќам на работа бебе во градинка, иако истово го понинав со големата веќе еднаш, душа ме боли што толку мала ќе морам да ја носам ама нема избор без една плата ќе потонеме финансиски мислам. Јас да се прашувам барем до година ипол две ич не би идела на работа ама тоа е што е. Ние се спремаме за 3 роденден на првата принцеза. И така измешани чувства како пребрзо ми минуваат месециве годиниве. И малово веќе не е до толку бебе, почнува да се исправа да лази. Едвај чекам да порасне доволно за да си играат заедно си сака друштво големата. Она па душа од дада е, превнимателна, питома само ја гали пази, само нека потрае подолго оваа фаза. Плачки закачки секако се неизбежни. Убава недела мајки, ние денес конечно лабав ден после долго време. Решив ни да чистам ништо. Од утре натака здравје. Што се смее мм ќе умре магарето на комшијата бидејќи не сум чистела.
Со помин, да не се повтори. Мене ме чека истото, имаме закажано операција за големиот (крипторхизам) за следната недела на 4ти март, моментално кашла и ако не оздрави нема да го прават па пак ќе се одложи, чекавме година и пол термин и не ни се јавија, во 7ми месец летото му барав на докторот да го направат дур не сум породена не откачи и така бременоста моја и раѓањето на бебето ја одложи плус операцијата која требаше тогаш да биде ко видов сама дека едниот тестис не е во кесе. Па сега кај др доктор закажавме. Нејсе, малово е со цицање меѓутоа пие и од шише мое млеко, се учевме деновиве, пие фала Богу, па сега ќе се молзам за да му даваат дур не сум со него, 2 ноќи мислам ќе лежиме. Мислевме свекрва да седи со големиот ама несакам да го оставам тој ќе памти се, многу е е емотивен ќе ме бара знам, а и што се 5 год уште е мал, ако го гледаме ко голем од ко се роди брат му, него сум му поќе потребна во ситуацијава него го ставам приоритет, со малово нз како ќе биди, најмногу 3,4 сати сме биле одделени досега, 6 месеци е, му воведив и втор оброк за да му држи јадењето да не бара многу цицање ама тешко таа работа. Јас во болница со пумпа ќе молзам за да одржам лактација. Ако дозволат да излезам да ми го носат за цицање бар еднаш денот ама нз тоа... Како и да е тоа нема да се сеќава на ништо, ќе го исчуваат мм и свеки, само се да помини во ред, страв ми е од овде до небо постов хаотичен ми е.
Оф брее, прво фала ви женски на ситее Нина ее предобро оти никаков стрес не им направија на болница, нити памти боцкање, па и тоа беше со локална анестеција, нити има болки оти пие капки што ептен им олеснуваат, се е организирано перфектно тука, а и по цел ден беше во игротеката. Стресот и беше заради менее, да бев јас со неа она ќе беше најдобро ама ај де... мене бебево не ми јаде, ни цел оброк нема, тоа додатно ме стресира и не беше опција да ја оставам неа со друг. Преку ден бевме сите со Нина ама drama queen за спиење, дури кога поврати малава шлајм после лежењето во болница зарад вирус, почна Н да плаче и вика, а подобро да немавме бебе, тогаш немаше да одиш никаде. А немате појма колку ја сака на бебка ама пусто мајка хаха Јас многу бев за доење и лесно некако, истај цице и забршенна работа ама после ова, не и не, трето детее само шише.
Dobar den mamicki Dodeka spie bebe da ckrtnam neshto 15h jas tek go pijam prvoto kafe ,vremeto samo za spienje ,no denes sum naspana da ne se zalam .Bebe saka samo vo race,ne saka nitu da sede nitu da lezi,se me boli .Standard sama doma,maz na pat. Majka beshe petok i sabota malku me odmeni no pak sum hronicno umorna.Nedela den za mashini pushtanje i cistenje Cistam i pijam kafe nema vreme kje stane beba i pak vo race. Ubav vrnezliv den da si imate
Мислам дека сум во некоја машина Одмор да се немало Како се организирате за ручек, дали некој ви помага Сега примавме вакцина со рота па ќе почекам уште некој ден и да го вадам бебуш надвор по малце
Зошто, што има врска вакцината со вадење надвор на отворено? Зошто да не го вадиш? Само да се разведри и слободно вади го.
Patiencee мама,нема потреба од толкав стрес,доилка си.Мене поголемиот син ми го оперираа од истава дијагноза,он имаше 3 години тогаш,меѓутоа толку лесно поминавме фала Богу,што не ни памтам стрес од таа операција.Единствениот момент што ме натажи беше кога го носеа во сала и после се беше веќе полесно.Една ноќ само лежевме,утредента скокајќи излезе од болница,никому не му се веруваше дека пред 24h бил опериран. Измолзи се еден ден претходно,за да не ти го носат во болница малово тој ден.Се на се еднс ноќ ќе ви биде тешко,потоа се се заборава.
Срамота е да кажам, но откако се породив (пред 6мес) ручек дали 10тина пати имам правено. Претходно правев секој ден, а сега кога од мојте, кога од свекрва. Доручек често правам зошто тогаш мм е дома, често знам да направам некоја палачинка, сутлијаш блачко... Инаку нема потреба да чекаш да го вадиш надвор. Подобро само да внимаваш да не се меша со деца што одат во градинка или школо.
Ич да не ти е срам. Камо јас да имав од кој да земам нешто зготвено, еден ден да здивнам од кујната. Мислам има ама кој ме шиша мене, немам помош. Само заради децата готвам, инаку смачено ми е од смислување секој ден што за ручек, што за вечера.
Гледам да збрчкам нешто ултра брзо а остатокот од деновите кога немам ни сила ни желба нарачуваме на крај секако не го јадам зошто ручекот му се поклопува со саатите кога плаче а не знае за што и така ми преседнува морам да го утешам и не ни трошам веќе енергија на готвење па чистење после тоа кога не јадам Најчесто правам манџи пикам се во тенџере и само се готви
Izvini sto se ufrlam vo muabetot sakam da prasam koi prvicni simptomi gi imase za problemi so krajnicite nie cekame termin mislam deka slicno ne ocekuva. Brzo ozdravuvanje na Nina
Ај да шкртнам нешто... неделава трга(ме) во градинка, како ќе биде ќе плаче ли ќе се навикне ли , ќе си пукнам од мисла битно ранче купено и испрано...спремен е за поаѓање...
Уф истото би го кажала. Камо да ми готвеше некој барем 3 оброци неделно среќна ќе бев. Мислам дека во последно време живеам во кујна. На крај на денот имам 15 тенџериња извадено, кујната е стандард хаос. Ама тоа е, мора да се јаде. Многу им е полесно на тие жени што друг им готви, тврдам.
Стварно е проблем готвењето Големиот батко кога ќе се врати од школо треба да руча, а беби баш тогаш плаче кенка како знае кога ќе треба да готвам Деновиве кај поладно не го вадам надвор од што ми е кенкав незнам дали е од вакцината До кога се кенкави после првата вакцина со рота Да знам што ме очекува
Дојдов само да си се пожалам додека цица за да не заспијам држејки го. Од вчера во втор скок, ај што кенкаше од 6до9 и едвај заспа,цела ноќ се буди на 1ч и 45мин за цицање и тоа со плачење, срце ми запира кога ќе викне таман сум задремала.... ќе бидат долги 2 недели