Леле, бебо со на од мм сестра му девојчето се пола година разлика, колку и се радува не можам да ви опипам, ама она луѓе никако не сака да го пипне, он оди шири рачиња да ја гушне само и се смее, таа бега, грб му врти. И од назад кога ке ја гушне жив радосен е. Ама општо бебо такво си е гушкалче, по деца најмногу, сите деца ги гушка
Не мора да значи дека ќе биде љубоморно, зошто мислиш така. Еве синко, 6ипол години поголем од бебе, ич не е љубоморен, може да се рече обратно. Мене ми се падна вришталче бебе второ, ама животот не можам да си го замислам без него, како љубовта дома да ни порасна некако, како повеќе да се сакаме сите 4ца, уживаме во животот. Има лоши моменти, не викам не, тешко е, ама па кога ќе се гушнеме на спална сите 4ца и се смееме на глупостите на бебе, ми иде да си летнам од кожата. Види не те убедувам да родиш второ, само сакам да ти кажам дека и со вришталче се функционира и не сите братчиња и сестричиња се љубоморни. За бегање, кај нас почна многу рано и нема заршено, едно соблакање нема без да ја шлапне во гомцата ногата, без да се фати за ку*ето неизбришан, без да ми бега гол газ, без да се превртува... Права забава, за него. Ни дистракција помага ни ништо. Ме теши што му сметаат каките и бара да се преслече кога е какан, па да затопли ќе слакаме пелени, ама ќе видиме како ќе биде.
@Ceneva Јас уплашена од првото немав никаква желба за 2ро добри 3 години плус морав и жолчка да извадам пред друга бременост. Разлика се 4 год и 8 месеци, досега се снаоѓаме добро, да не велам супер, има љубомора ама не е страшно, очекував и повеќе. Има и многу топење, љубов во денот многу ми е мило што си родив уште едно, овај пат поинаку ми е, уживам не 100% туку 1000% опуштено, лабаво... Кај нас па интересно е што малово му плачи ако го тормози големиот, вика, писка ко да сака да му речи Остај ме мене ми е пресмешен. Има прекрасни моменти секој ден. Секој си знае за себе, нема да се убедуваме тука само сакав и јас да споделам позитивно искуство Ова е љубов што неможе да се каже само да се доживее
Кога се роди бебе шетавме нонстоп беше лето. Другарчиња на поголемото дете и деца единци на пријатели веднаш си "побараа" братче/сестриче. Сега еден куп бремени мајки слушам има .Повеќето деца си бараат кога ќе потпораснат. И моево не е љубоморно, можеби и поголемата разлика има влијание. Сепак секој си знае за себе. Го споделив нашето позитивно влијание .
Јас уште не се одкажувам од желбата за 3 деца, прашајте ме после 2-3год. пак. Како сте мајки? Јас и бебо се чуваме по дома, малку паничам за се нешто одкако имаше температура дури и мм ми рече ти ваква не беше, што ти стана. Излезе дека е нафрлан од алергија од не знам што ни јас, или пак нешто го полазило, 2 пати му дадов летизен и скоро и да ги нема точките и тоа ми беше страв по 5мл толкав шприц да му дадам синоќа па му дадов 3мл, и сабајле уште 3. Сега се бориме со спиењево преку ден, никако не сака да спие не знам што му е, мислам знам 5ти скок е, у црвена фаза. На друга страна договараме шетања за годинава со мм, а ништо не ми се планира искрено, зошо се што испланиравме со бебо по вода ни отиде, де еден болен, де друг. Де нешто ке се случи, а пријатели што ни се едни па запнале одмор да сме резервирале јас искрено не ни знам каде сакам да одам, ја разгледав турска (они за таму се запнати) 7дена нема шанси одење, под 10 не тргам ич. Цените изгор скапи и за 7дена, а не па за повеќе. Гледа мм па повеќе е за Грција, не сме биле од пред корона на одмор Грција и вика некако ми фали да одам, мене не ми смета ама сигурно ке одиме Септември така да здравје до тогаш, да сме живи и здрави, па ке се договараме понатака. Сега нешто набрзо испланиравме, па да видиме. Бебе настрана од скокот е срцка, си лапка, доручек, ручек сега воведуваме. Месо ке му дадам да си проба само да ни поминат алергииве. Гушкало мало е, и смешко. Ред на се имаме, се дружиме двајцата, уживаам искрено во секој момент Имајте убав ден
@AngelOfArh @lackygirl @sandza Секое дете своја звезда и своја среќа, не велам не. Како помлада секогаш велев јас ќе имам три деца. Ама јас и со првото закаснав многу, а не три да родам хаха. Прво со 35 години полни. Сега за сега сум со тој ум од стравот и стресот што го јадам сеуште поради пораѓајот. Не велам никогаш никогаш, да не биде да си се плукнам самата. Можеби по една година поинаку ќе мислам не велам не. Ама сега во овој момент нека ми е здрав и жив синко, повеќе од доволен ми е. Се измачивме за да го добиеме, и затоа тој ми е најсветлата точка во животот и уживам со него 1000 посто. Ајде во меѓувреме нека дава бог кај што нема а може јас ќе се премислам
Седнав на лаптоп да поработам час-два имам мала обврска околу работата, иако сум на породилно. Ставив слушалки пуштив музика да не ги слушам бебуш и баба од дневна соба. за момент потонав како да сум повторно на работа (зошто работев од дома) и се исклучив од реалноста. Детската соба уште е пола канцеларија со наместено биро, а другата половина со креветче и фиокар за бебе. Многу сакам целата да му ја ослободам, а од каде ќе работам? Еве уште март и април останаа од 2ри мај треба да се вратам на работа Бебе си расте, нема проблем седи со сите. Со една баба па со друга баба, се менуваат двете секој ден зошто мм работи до 22ч, доаѓаат да го бањаме, да поседат, да излезам на кафе, да пазарам. Многу ми помагаат секојдневно, за викенд сме претежно јас мм и бебе. Он е срце, кој како дојде се радува веднаш оди во раце кај било кој. По еднаш веќе го оставивме и кај двете баби по 2,3 часа да поседи воопшто не правел проблем. Се заигрува и по 40мин во игралната на земја. Кога нешто не му направиш по ќеф веднаш 'ржи. Буквално 'ржи. Го сака далинското, судокремата, марамиците, сите забранети предмети Тежок е на заспивање, но преспива по цела ноќ со 2 млекца. Денски уште се заспиваме во количка, но му правам шеми кога веќе е зашеметен скроз го местам во креветче да се рашири обавезно се врти на страна по ново и си заспива. Насабајле го наоѓам секако искривен во креветчето. 100% сум сигурна дека му е мало. Голем е се удира по страните. Се распишував, заборавив што сакав да кажам, кога седнам вака на лаптоп или кога излезам сама, за момент како да излезам од реалноста како да не ми се сменил животот 360 степени. Всушност, се е сменето, скроз. Имам другарче за цел живот. Неќна и сама кафе во кафич си пиев со него. Си викам ќе седнам сама, а уствари не сум сама со него сум
Јас бев една од убедените дека ќе сум со едно заради тешко поминат царски, здраствени и на времето и финансиски причини. После 10 години и на полни 35 со бебе, се ми е одново како прво да ми е и малце ми е мака што не си го родив порано. Кога потпорасна големиот сватив дека сум малце себична ако го оставам сам. Ќе си има на кого да се потпре цел живот. Не те убедувам само да слушнеш уште една приказна од вистински живот
Од една страна си викам да не е ќерка сама, од друга страна не знам ни дали за некоја година со близу 40 ќе сум спремна за повторно да поминувам низ сето ова. Некако не ми е исто прво дете во 20ти и второ во 30ти години. И две мали деца на 35-40 годишна возраст. Може и сум грешка. За сега воопшто не сум спремна, ни физички, ни психички со уште едно бебе, а пак ни финансиски. Колку и да е она познатото еве се имате од првото, само ние си знаеме месечни трошоци, памперси, млеко, друга храна сега, па витамини вакви или такви, гардероба и се останато. Нека е здрава и жива ќерка, не го затворам сеуште прашањето за второ дете комплетно ама и само ова едно да е, не ми е проблем. Што би се рекло каде нема, нека дава Бог.
Јас па да ви кажам една обратна приказна, од познаничка што условно речено "зажали" што роди второ дете. Првото бајче, помило дете нема да најдеш. Второто, да е живо и здраво само. Толку е доволно да се каже. Во меѓувреме, некои огромни животни промени направија ама неспремни за "вакво" дете, многу лошо се снаоѓаа и двајцата. На крај меѓусебни расправии "заради" детето, многу лоши кажани зборови, ене ги пред развод се. Секој со своја среќа бе *Ние сме уште потпишани на нотар дека второ нема да преживееме психички* И овој живот што го водиме моментално, со ненормално работно време и на двајцата, што се гледаме раат 2 дена неделно, не фала. Не можам да се расцепам на секаде, нешто ќе страда свесни сме Мајка ми иначе сабајлево ме поддржуваше ама и пак ме убедуваше да си родам второ, ама не сега. За некоја година А колешката нејзина па ич не се израдувала од ќерка и дека е трудна со второ. Замислете и рекла "па нели ви е доволно ова". Мислам свашта, ко да е она факторот дали некој ќе роди второ. Ќерка и годинава 30 ќе направи, има едно детуле од 3 години, и наместо да се израдува дека пак ќе стане баба, оваа глупости треска по народот.
Тоа дали имаш брат или сестра ама баш не е гаранција дека имаш некого за цел живот. Имам брат не сме скарани ама не сме ни блиски. А тоа второ да родиш на 35 и прво ама баш и не ми е исто. Ако родам второ треба да биде што брзо за да не помине 40 ка, а да бидам искрена физички нема да го издржам тоа. Со едно немам енергија. Можеби делува себично ама само сум искрена. Ама пак ќе кажам да си молчам, може па и ќе се одлучам. Живи здрави само.
Скроз е така ова со познаничката твоја што го поминува. Јас и мм стално се смееме кога не се разведовме заради првото дете, никогаш за ништо нема да се разведеме. Кој имал захтевно дете, знае.
Мене ми се сака уште едно. Е сега што сме сами и немам ни трошка помош, а нема ни да имам, што ќе се селиме и работи ќе менуваме и што 40 ќе полнам годинава е друг муабет .
Еве да ве поздрави мајкава, со извинење, од шоља, крадејќи малку време за себе. Три пати пробувам да идам во вц, три пати се враќам зошто урла, се дере, помодрува, отекува цел... Онаа црвена фаза што беше после 5ти скок, никад не заврши кај нас, никад. Сега па откако тргна у градинка, бетер е. Урла, мислам дека до Влае се слуша. И иди заврши работа у вц ако си без душа, ќе станам пак и после мрзливи црева, епа не мрзливи, арно работат со моето јадење на 2 на 3 и трчање по дете. Најстрашно е што никој не може да го смири освен јас. И да ви кажам ако се фати трето не планирам абортус, ќе си го родам, е за понатака спирала ќе игра или пак таблети. Ниту можам финансиски повеќе од 3 ниту сакам, а веројатноста дека ќе бидам близу или преку 40 е голема, ама јас не се осеќам неспособно за тоа, ниту пак дека ќе ми е многу, јас мислам дека јас лично сум сега во најдобрите години. Имам сила, енергија и воља ко на 25, тогаш бев полетаргична, имам колку толку финансии, имам желба и соработка од спротивниот пол, ништо друго не ми треба. Ама тоа сум јас, не значи дека и вие треба исто да мислите. Ај да фаќам магла, ка*а*е во следниот живот, големо чудо
Ангел со такво дете и немаш некој избор каква ќе бидеш, мораш да си енергична Подмладуваат таквите деца.
Вечните дилеми, број на деца vs години/трошоци/нерви/желба Мајка ми како второ дете ме има родено на 41 година. Голема разлика сме со брат ми и покрај тоа што се сакаме и сме си поддршка за што и да треба, во се друго сме во временски раскорак. Немаме заеднички теми и погледи кон животот. Од денешен аспект мајка ми вика да бев помлада трето ќе родев сигурно. Со второто го осеќаш целиот благодет на мајчинството. Со првото си пресреќен ама толку изгубен што не знаеш кај тераш од страв. И потполно се согласувам со неа. Поготово ако после прво многу захтевно ти се погоди второ дете мирно. Лесно е да се навикне човек на подобро. Крајно животот не е натпревар, барем не во однос на бројката на деца. А дека после деца ептен немаш време да се оставиш со маж, дефинитивно е така Колку и да е посветен ќе направи некоја глупост од такт да те извади. Секако поврзано со децата. Во добрите денови му викам, батали ги децата мене глеј ме јас ќе ти останам доживотно Е во лошите можно е на тераса да спие по маица на плочки. Само да се пофалам дека утре искачаме со другарки. После 21ч. опасно живееме Заспа бебушка конечно сега да раздигам малку низ дневна па да фаќам кревет и јас. Мажите нека се журкаат. Уште имав за пишување ама ни јас нема да се препрочитам камо ли друг. Ве поздравувам
Мајки дали е нормално да не се осеќам спремна за второ дете ? Малата има 15 месеци . Не сум спремна ич ,незнам зашто ,а од друга страна имам грижа на совест што не сум спремна . Као ,како не смееш да си спремна? Жена си . Ќе раѓаш Ем сакам ,ем не сум спремна и не сум ,незнам зашто вака се осеќам....нормално ли е?
Желба за второ имаме многу голема, не можам заради системот во кој живееме. Дете носам на матична денес што вчера се преплака и знам дека го боли нешто, вика воспалено грло, направи му крвна слика и брисеви. Праќам крвна слика ми пишува 5-6 саати покасно само високи леукоцити, ни објаснување што да правиме, дијагноза терапија.. детето ми го прегледа за 5 мин од кои два пати си зборуваше на телефон приватно јас да и слушам муабети за на гости договарање додека детето ми плаче од нервоза и болка. Однесовме на приватно, да го искористиме приватното осигурување и испаѓа дека ушињата се воспалени (нашата матична не му ги ни виде, бидејќи плачеше ми рече стисни му ги дома види дали ќе плаче).. секако ќе ја смениме, се надевам за подобро. Кога си родител уште повеќе болат неправди, не знам дали можам да издржам уште една слаба точка да имам. Тука контра аргумент ми е дека добрите луѓе како нас треба да имаат деца, само така светот ќе биде подобар. Може избегав од темата, важно дете е подобро одма штом почнавме со терапија, се бркавме по дома, се смеевме и си игравме најголемо злато ни е. Сега и мајкава да одмори, ви посакувам мирна ноќ на сите