На тема одмор, се слагам со парови на иста или приближна возраст се оди или евентуално во камповите во Грција, претежно се наши и Срби и сите викаат децата многу се дружат а тука ти се пред очи што се вика. Е сега лани летото да можевме да отидеме на одмор супер ќе беше, веќе син ми на 3г можеше да каже што му се јаде, дека му се мочка, кака, спие, што не му ваља, итн..дури и летово ни е шансата со бебе и 4г дете, ама пасоши јок. Од следна година ќе паузирам 2г од одмор. Тема трето дете : Иако кај и да е ќе почнеме да се колеме со мажот, не сме ја отфрлиле идејата за трето. Барем до пред некој ден не. Кога се роди првото јас веќе не сакав деца, плачев од син ми иако го сакав премногу, по некое време посакав второ, не сакав да го оставам сам и сметав дека 2.5 до 3г разлика р таман. Арно ама два абортуси помеѓу и еве ме со скоро 4г разлика, мислев поубаво ќе ми биде ама тешко ми е признавам, син ми е голем веќе, ме бара да правиме наши активности а јас не можам. Ама еве запролетува па ќе бидеме надвор заедно по цели попладниња. Трето сакаме, ама јас иако знам дека би било претешко и пренапорно, сакам да се со помала разлика, 1ипол маааксимум 2г разлика. Знам дека со тазе проодено бебе и тогаш здравје 5г дете ќе биде напорно, ама познавајќи го син ми што уште сега си има од комшии дечиња за во школски за играње, на 6г веќе и сами ќе си одат до школски со топка, благо речено ќе ме откачи, а од др страна се мислам за помала разлика да не биде како сега што ме затекна да го пркнам и второто и кога ќе дојде бебе дс не можам ништо со него. Вака бар заедно ќе пораснат, со маж ми секако ќе се колнеме ама барем брзо ќе поминат и тие 3г, а и сите ми викаат дур си во г...а иди до крај, бар наеднаш да пројде . Сите ми викаат второто понапредно е од првото зошто учи од првото па и полесно се разбираш со него..а третото..епа тоа само се чувало, хахаха. Не знам може сега вака размислувам, ама знам дека ако веќе пркне вториов син, ќе ми е мака одново со пелени, реквизити бебешки по дома, итн. Може сум и луда што сакам трето и тоа побрзо.. еве не знам, кажете вие
Со првото дете првиот одмор на 7ипол месеца, се беше само не одмор. Не беше она толку лоша колку што јас си го сакам редот. Бебе што на 3 месеца престана да цица ноќе ми стануваше на секој саат на преку 7 месеца, полошо од новороденче. Дома првата ноќ после одморот одма си се врати во ред, легна во 21ч стана во 9 сабајле. Убаво си викав, распоредот е свето нешто, ама ајде греота било детето да не го однесеме на море Следна година, на година ипол во ек на корона бевме само во Охрид, исто ужас, ни јадеш, ни се бањаш, ни се сончаш, само ја бркавме низ дворот на хотелот. Е на 2ипол се преродив. Прекрасен одмор, само наполни базен до лежалка и цел ден тука се шлапаше. На 3ипол два пати бевме на одмор, исто прекрасно. Лани на 4ипол случајно се најдовме со пријатели, 3 деца на иста возраст, дефинитивно многу олесна да има другарчиња. И сега годинава пак со мало бебе... не сум ја ни начнала темата за одмор. Не ми се иде ич, поучена од првото. Можеби би ја пратила со татко и баба да иде ќерката, јас дома да седам со бебето. Евентуално да идеме за Струга, моите имаат кукичка во камп, и ќеркава има некои другарчиња таму од лани. Па ако ми пукне филм да можам да си одам дома одма Мислам дека како ќе си поминеш на одмор најмногу зависи каков одмор сакаш. Старосватовите мои со две деца не се прибрани, секој продолжен викенд и секој попуст искористен, мене ми е тешко на слика само што ги гледам како се акаат, а нив им е прекрасно. Јас само сакам да се наспијам и да се печам како гуштер на одмор, не се ни бањам. Ама оди лежи цел ден со мало дете да те видам. Ајде здравје за 5 години може следно ќе видам убав одмор, битно со раѓање завршив.
Дојдов да се жалам, а вие за одмори сте почнале тема Со првото прв одмор на точно година, милина. Моите беа со нас, ама они беа на одмор, ние дете си гледавме. За среќа ред си имаше и исто како дома и дремки и ноќно спиење. Вториот бевме со другарка која има детенце на негова возраст и пак ок поминавме. Он имаше колку толку друштво, редот од дома си го продолживме. Ама да напоменам и двата беа одмори апартман-плажа. Без скитање и палење кола. Дете за дремки си беше во апартман или двор во количка и супер се тераше. Лани прв пат со две (бебе од 5 месеци и дечко од скоро 6) пак не можам да се пожалам. 3 месеци уште еден истеравме. Не дека е баш одмор, крени нозе на лежалка и книга во рака, ама па и не е толку страшно бар со моиве деца. Мене поголем хорор ми е пакувањето за било каде. Дал биле 2 или 20 дена, јас цела куќа ја пакувам , арно што успеваме да се однесеме иако после зимовањево сфативме дека е време за менување кола. Нашено веќе не е за 4, па згора на се и со моето пакување. Е сега да си се пожалам, мали е станат ѕвер. Ај што сирената и солзите ги пушта за се што не му е по кејф, туку не смее човек да го остави веќе ни секунда, зошто не знаеш каде ќе го најдеш испентарен. До вчера абер немаше да заодува, денес само бара да шета. Менување пелена е борба во мал ринг. Среќа од утре трга во градинка инаку незнам мајка како ќе се снаоѓаше со него. Битно со одран нос и модрица под око ќе тргне, таман да знаат негувателките со кого ќе си имаат работа. Носот се чудевме од што му е, додека сфативме дека го изрендал на мрежата од преносното креветче што ни стои како игрална до дневна. Модрицата си е од што многу му седи мирен газот па се преврте и се ѕвекна во играчка. Реков јас овој ќе ми наплати за првото што беше бајче. А за спиењето да не правиме муабет. Од што е турбо последниов период спие бетер од новороденче. Понекогаш ќе закенка, само ќе го свртам на страна ќе продолжи, ама често додека не го земам на раце ќе станува 5 пати. А кога ќе го земам продолжува во секунда како да не бил буден воопшт. Така да уште некој период нема да има за мене спиење со цела ноќ во хоризонтала. Ајде да си легнам зошто не знам кога ќе стане ѕверов. Мирна ноќ и лесна работна недела
Па ти и на зимовање си била алал да ти е. Јас не би се нафатила зошто веќе кратка сум со нерви, а големиот контра ми оди и не смеам да пцујам зошто е како сунѓер се упива(тоа што не треба нормално). Бебево сегде би го носела зошто е златна на мајка. Големиот толку глупости прави што и од градинка се жалат единствено сестра му си ја сака и ја убива од гушкање што и ја настина до тој степен. За темата одмор ние кога бевме со врсник негов на одмор беше добро ама мажите не нервираа фалеше уште ние чадори да носиме и лежалки и да водиме деца. Мене ако ме прашувате јас би одела без маж толку знаат тензија да направат што од кожа те вадат. А највеќе ме нервира делот со опуштање да се напие ракија,пивце итн ние жените не знаеме само мажите знаат. Еб*те беља.
Штом на одмор е разводот, ич да не тргнувам. Ние и од обично одење на гости " се разведуваме" или од одење низ чаршија. Колку јас сум контрол фрик кога се работи за детето и распоредот, толку тој е лабав. Добро утро, убав ден.
Само што оставив бебе во градинка, срце ми се кине, ќе ја почекам сигурно едвај 15 20 мин ќе издржи прв ден со плачки. Оф ама ми е стресно ова цела ноќ немам спиено. Се молам брзо и лесно да се навикне зошто од плачки ќе ми обеле косава. На тема одмор, првата година со систер бевме, поубав одмор амин.Внуки се големи 10год +, сестрами и они ептен ја играа. Стануваме сабајле преку тараса им ја подававме кај нив јадеше доручек ние на раат утро теравме. Зет ми е кувар а не се бања и секој ден имавме спремен ручек вечера од него.Година ипол имаше тогаш ама она и генерално е мирна немаме проблеми со неа. Минатата година бидејќи немаше малово пасош бевме до Охрид сами, 2 ипол год и бебе 2месеци пак убаво си поминавме. Оваа година сме многу амбициозни со мм сакаме 2 пати да одиме.Едниот веќе уплативме крај на јуни јерисос со сестрами пак, така што верувам убаво ќе поминеме, а септември сакаме пак некаде блиску една недела, сивири го гледав. @Alishan30 Докторка повели со нас ќе биде забавно се женски на плажа. @Ano колкаво е малото? Со среќа почетокот во градинка, се додека не стигнеме до фаза да оди без плачки мислам ќе оболам. Убава работна недела мајки.
Првата година беше 8 месеци во Охрид, 4 ноќи, супер поминавме 2019та, само што влечкав тенџериња, блендер за да правам каши домашни сега со овај памет купечки кашички ќе јади Следна 2020та Корона година пак Охрид, 3 пара, исто 4 ноќи, со братучеда и другарка, преубо поминавме, со 3 машки деца до 3 год Потоа 2 години исто друштво Албанија одевме по 6,7 ноќи, преубо, нашето дете најмирно секаде, беше лошо бебе што не спие, ама потоа многу мирно и послушно дете, уште е таков Мин година никаде јас бремена никаде не одев, неможев да поднесам жештина, сонце не ме виде само дома под клима Годинава здравје пак до Охрид
14месеци е мали. Денес за прв ден добро прошол. Околу пола саат, па дури и си каснал таму . Ќе видиме од утре кога ќе се свести каде оди како ќе биде. Јас со големиот така дека го носев јас, кога ќе слушнев како плаче срце ми се кинеше. Ама па пак тој релативно лесно се адаптираше. Веќе третата недела со спиење остануваше. Се надевам мали со такво темпо да се навикне.
Уф браво поголемки сте вие, ние 8 ипол месеци, немам кој да ги чува и големата исто време почна. Ние како за прв ден 20 мин ок беше јас очекував скроз расплакано дете она не, малку само заплакала и толку, кога ја изнесоа не плачеше. Се надевам вака ќе биде и другиве денови.Ама затоа мајка од градинка до кола се изнаплакав така тешко ми дојде. А па кога ќе почнам на работа и пола ден нема да ги гледам офоф.
Со лесно дечки, брзо навикнување ви посакуваме. И ние денес прв ден, 15мин само. Бебуш е полни 8 месеци за една недела. Си плачеше денес, уште кога го зема воспитувачката почна да кенка, а по 15 мин таков и го врати. Рече се смирувал по малку ама пак си продолжувал да плаче. Е кога ме виде мене уште повеќе почна да се жали и да плаче, душичка. Јас бев храбра за некое чудо, го мислев да, и ми беше малку тажничко, ама не заплакав. Обично кога другиот е тажен и вознемирен (во случајов син ми) јас се ставам во улога на храбра личност и утешувам. Таква сум за се, и со мм. Ако он за нешто е лабав, јас се притресувам и обратно. Туку ете за градинкава, тоа е, утре пак 15мин, да се надеваме брзо ќе се навикнат.
Ма јок,иди си на одмор. Јас до градски да отидам се разведувам во последно Му реков со две коли ќе идеме од сега. Ти со големиот. Јас со бебе. Ме гледаше чудно едно две минути,ама па изгледа му се допадна идејата
Моето бебе имаше неполни 5 месеци кога бевме на летен одмор. Еден од поубавите во нашите 15+ години заедно со маж ми. Не слушај туѓи искуства, особено не негативни. Секој има различна перцепција за одмор со дете. Не е исто како кога си сам дефинитивно и сигурно не е исто кога е бебе и тодлер. Ама јас па не го разбирам тоа мкнење баби и дедовци на одмор за да помагаат. Ако се снаоѓаме сами со татко му дур сме дома, што ќе се смени ако отидеме на одмор без помош не сфаќам.
Да и јас не би носела баби дедовци баш и мајка ми еднаш ми рече ќе го однесеме ние сами ама со вас сигурно не доаѓаме хаха Плус дома го чувам 24/7 сама мм работи доаѓа капнат не му се живее ќе го поигра 1ч и толку е јас еве и овде го нацицувам пелена во количка и шетам сама со него, кафиња, маркети, на ручек си седнувам... знам дека ќе биде може и понераат ама ние доста пензионерски одмори тераме општо, во најтопло си идеме во смештај така да мислам би се прилагодиле на промената, е сега ептен ако не плаче цело време што не гледам зошто
Ние ова зимо бевме на зимување во Боровец, тогаш бебе беше крај на 5ти месец. Планиравме да тргнеме кога е време за дремка, правевме паузи за да му дојде 1ч возење па пауза. Таму си поминавме ептен супер. Инаку не сум тип што многу го носи по кафичи или ресторани, можам да кажам дека скоро ич не беше носен, а тој таму уживаше додека сме некаде. Заспиваше во лоби, во ресторан било каде. Најмногу се бунеше кога сме во соба сакаше да шетаме цело време, а нас ни одговараше тоа. Во собата си спиеше во baby crib од хотелот не правеше никаков проблем. Дефинитивно "положи" да биде носен пак некаде Откако се вративме и мм се опушти за да шетаме повеќе со бебе. До тогаш беше стегнат, јас не бев толку.
Исто и јас. Цел ден го чувам сама, шетаме низ парк, продавници и аптеки , пиеме кафе и слично. Никогаш не направил проблем да плаче надвор, веројатно и до детето си е. Од баби и дедовци немам помош, едните работат, другите не ни се блиску. Маж ми кога доаѓа од работа превзема обврски околу него за јас да работам. Што значи нон стоп сме си двајцата со него, така да не гледам зошто би ги носеле старите со нас. Да се договориме да одиме заедно можеби, ама да ги земам стрикно за дете да ми гледаат сигурно дека нема. Типично балканско понашање ми е тоа, ама нели секој за себе. Ние ептен далеку бевме на одмор, 500км возење и супер поминавме по пат. Поголем дел од патот спиеше, со 2 паузи поминавме. На плажа си уживаше, смештајот ни беше одма позади плажа и се прибиравме во пеколот или за цицање, некогаш и на плажа цицаше. Темпото беше поразлично и подинамично, ама убаво ни беше ептен. Сега здравје да се среди ситуацијата со пасошите, не планираме да правиме свадба без невеста за првиот роденден туку да шетаме низ Европа тројцата и искрено ич не се плашам. Ем ќе биде во фаза на проодување, ако не и прооден. Си имам зацртано дека ќе се снајдеме и ќе уживаме и така ќе биде.
Ти мајка како мене си ентузијаст браво. Јас уште трудна направив план за шетање низ Европа а мм одма аха да да со мало дете количка така се шетало викам е ќе ви докажам на сите дека може прво летни одмори да ги пробаме ваљда ќе се опушти па есенско да си испланирам нешто пред да се вратам на работа. А и решена сум дека сакам на Божиќен базар да одиме годинава во Германија кај пријателите да ги видиме баш ќе пишувам што од ова ќе се реализира
Хај . Еве ме и мене. Бебе заспа, мм глеа фудбал, ја малку овде со кафе. "Заебавме" работа во плодни денови . Од тогаш поминаа 4 дена и имам менструални болки . Таман ја почнав темата за второ дете. Стварно незнам дали сум спремна ... Ако сум веројатно нема ни да имам прашалници ,али бидна. Мама гилт , себично се осеќам али јебига така се осекам . Таман се вратив на работа , влегов у шема ,пијам кафиња и пушам ,пијам мада кафето и цигарата ми се единствен порок во животот,сега си викам океј ,ако БИ ке треба пак све тоа да си го лишам. Себично нели ? Знам ,крива сум.... Тоа е ,ќе чекам наредна недела за тест и што би ,би .
Па не знам, не сакам со таков став да бидам за патувања. Децата се деца и на патување и дома. Подобро да се нервирам ако плаче на некоја туристичка дестинација, отколку дома. Нели?
Првото дете ми "порасна" во количка, многу шетавме од кога се роди. Првиот одмор малку се бунеше за во море но и дома не сакаше да се бања, инаку бубалче беше надвор, на плажа дури си заспиваше. Седум години ќе прави до сега супер дете била секаде. Баби и дедовци не сме носеле, минатото лето беше со мм и неговите бидејќи бев осми месец и не ми се ризикуваше да одам. Бебево сега исто обожава да се шета. Едвај чекаме пасошот да биде готов, веќе имаме резервирано за пролет и лето .
Скроз се сложивам. @Fenix05 со дете на 2г возраст ( шо сите ќе се сложат дека е најза*бана возраст) прошетавме за 1 година во 6 држави, а одењето Мк не го рачунам тоа е башка. Најубаво си поминувавме, кој ја знае Нина од муабети, знае дека е темпераментно дете, беља не видена, па се нафаќавме и луѓе она уживаше исто колку и ние, заспи во количка, ние тогаш ручек. На одмор бевме прв пат кога имаше 8 месеци и поминавме прееубаво, а првата година пошо беше корона и не сме луѓе со маж шо не држи место, низ Мк шетавме со спиење, ни еднаш не направи проблем, си ја научивме од мала дека е нормално да спиеме на друго место, дека во 3ч сабајле мора да стане за аеродром и гајле нема. Еее прв пат имавме проблем оваа година на одмор ама бевме и со бебе (4 месеци), тој одмор ни беше пеколен и тука се пожалив, додуша цел тој период беше она страшна. Во мај/јуни имаме со двете пак екскурзии и единствен проблем сега ми е како големава да не е преуморна, нема шанса на нозе да е цел ден, па опција ми е да купам оние колички шо се за две внатре за џогинг