Периодот додека може да спие дење во количка дефинитивно треба да се искористи за психичкото здравје на родителите . Било каде, дали на патување или низ маало секојдневно.
Гледам многу не има што почнале денес со градинка. И ние успешно го поминавме првиот ден. Бев јас со него внатре 2 саати, одма се заигра и не сакаше да си оди. Ќе видеме утре сам дали ќе е толку опуштен, планот е да е два саата ако издржи, или јас ако издржам За одмор со дете. Најубавиот ми беше минатата година во Никити, со 8 полни месеци. Ни најегзотичните дестинации кои ги посетивме со мм не ми ја исполнија душата како овој. Само гледав и таму редот да му го водам, се пребиравме рано навечер за да спие дома, и супер истеравме. Подршка за тие што планираат да одат ич да не се мисчат ќе уживате и бебе и вие. Е оваа година ќе биде јако, ќе има журки по плажата трчајќи по него. Ама ако, пак ќе биде убаво знам
Точно. Јас и со првото и со ова сега темпирам надвор да ми запсие прва дремка која во количка трае најдолго, дома тешко толку да спие. Пешачам до кафич и седнувам на кафе сама и два саати се исклучувам од цел свет. Тоа ми ги полни скроз батериите. Посебно сега кога ќе е и времево попријатно.
Хелоу наздравје со еден ЛактаМикс, не сум по кафето. Утре прв ден градинка. Wish us luck. Јас нетаман сум што воопшто не ми доаѓаат солзи што ќе тргнува? Бабите го чуваа до сега, која колку може фалабогу не е за маана. Додуша може и да си продолжат со чување, ќе видиме здравје од утре како ќе оди адаптацијата. Многу ме нервираат, ама да се живи и здрави, детето научи многу работи од нив. Утре ќе пишам како минал како за првпат. ........
Пак јас да си се пожалам бебе не спиет ни навечер ни денски, навечер се буди возбуден и некако како навечер да е сега погладен од кога беше помал. Порано некогаш се дешаваше воопшто цела вечер да не се разбудит ниту за јадење а сега се буди. А и кога спие навечер воглавно е немирно со често вртење чешање на лице и вртење на телото како да сака да се преврти на меше, така денски прави доста често. Денски, дремките катастрофа 30 минути траат јас сум растргната дали да го земам в раце да спиет или да не го земам ако го земам да не му напрам таква навика ако не го земам пак после е цело време кемкав и сака во раце. Навистинаа не знам шо му е дали скок во развој регресија заби дали ваѓа макар шо за заби е мал пред една недела направи 4 месеци. И така целата сум хаос како да не знам да му направам ред се осеќам преморено и бескорисно, а во меѓувреме гости се најавени за повојница...
Од се највеќе мразам гости првата година. За 1 саат што ќе седат цел редослед се менува. А на нас највеќе ни се одразува мајките. Јас не канам ептен ако се најави некој ок ако не ќутам траам до роденденот .
Хелоу и од мене. Бебе спие, јас имам време да шкртнам нешто. На тема одмор, прв пат отидовме на нецели 3 месеци, па на 4 пак. Имаше голема разлика од прв до втор одмор, а немаше ни цел месец. Супер си поминавме, она што очекував го добив, истото беше и дома, само барем јас ја променив околината и се беше полесно. Кога си мајка рутината некогаш е страшна, се осеќам како робот кој прави постојано повторувачки работи. Шетаме со неа, фала богу досега нема гајле. Сега пред месец дена бевме во Солун со спиење, прекрасно си поминавме. Она е секаде мирна, освен дома. Сака дете промена. Такада.. мислам дека е секој како ќе си сфати одмор и што очекува од одмор. Мене не ми е мака да пакувам, спремам. Сакам само да сменам, да прошетам и одма добивам сила и трпение кога ќе се вратиме за да можам да ја чувам. Гледаме и секој викенд да сме некаде (викендиве сончеви како што се погодија, сабајле излегуваме, вечер се враќаме) Не сум многу за седење дома, плус мислам дека и за децата е убаво да менуваат. Не сакам да зборам како ќе биде за понатака, сега за сега добро оди шетањето. Убав ден мајки
Вака кога ве читам за шетањето морам да признаам дека сум малку љубоморна. Бебе од раѓање не сака да се вози ни во количка, ни во кола.. а колку сакав да се шетаме па да си заспие во количка цел ден би ја возела. Првите месеци не се ни осмелував сама да излегувам со неа бидејќи знаев дека ќе носам и кенкаво бебе и количка во раце Како што растеше стануваше полесно но еве и ден денес не сака да се вози. На одмор лани среќа по пат добро поминавме, темпиравме да спие а таму си викав и кога е кенкава барем сме на море, а не дома но не беше страшно, сепак убави спомени си имаме секако од првиот одмор Нека се живи и здрави само, другото не е толку битно
Здраво на сите супер мајки Одамна не сум пишала ама затоа редовно ве читам....моите веќе се поголемки деца и мачам слатки маки со школо,ама како викаат слатки маки. Последнава тема што сте почнале да пишувате ме врати назад како ми беше и мене со две мали деца на одмор ( разлика се 18 месеци). Нека не ве плашат дека е лошо, мене ми беше супер,а и ниеднаш не дојдовме до развод со маж ми. Првиот пат кога отидовме со ќеркичката на патување имаше 8 месеци на викенд и поминавме преубаво со ист ред како и дома.Годинка кога имаше бевме неколку дена до Охрид и пак беше исто како дома,полесно и дека веќе јадеше повеќе имаше и избор. Е веќе следната година отидовме во Грција на одмор со дете од 2 години и бебе од 6 ипол месеци иако сите не правеа луди кај ќе одиме,но решени бевме. По пат беше супер иако имаше застој каде што седевме неколку саати во кола и децата беа супер. Веќе на местото кога се сместивме почнавме со навиките како дома.Си носевме едно наше креветче и уште едно ни дадоа од апартманот и така си спиеја без проблем. На плажа беше супер,големото во вода и на песок,малото во количка си гледа,па ќе го ставиме во море и така секој ден.Кога требаше да цица одев во апартман или на плажа ќе му дадев и си заспиваше и баш беше релакс.Вечерта си имавме две колички и си ги шетавме секоја вечер,па дури и си седнувавме во кафанче на музиче.Во кратки црти беше супер иако ме плашеа.После секоја наредна година беше се поубаво и полесно,да си прошета, во кафана да седнеш,они си играат.Вечер ќе заспијат исто како дома и ние малку лабавење со ладно пивце. Нека не ве плаши дека е до разводи и карање,мислам дека сами си правиме непотребни стресови и нервози... На тема трето дете несакам ни да чујам иако ќерка ми бара сестра...Ми помина мене времето на пелени,цицања,станувања навечер, мислам веќе заслужувам и јас да се одморам,реално поголеми се веќе и многууууу е полесно,посамостални се. Поздрав мајки кралици Ќе се потрудам повеќе да пишувам.
Да не речам ти завидувам, јас прв а и после тоа само до врата го дадов на негователката и толку :/ ... неделава паузираме поради настинка и така... ќе биде весело
Денес 2 ден во градинка, подобро од вчера, дури 25 минути издржавме и не плачеше кога ми го вратија. Туку мајка има новости, ми се исполни желбата и добив понуда за работа која што ја посакував. Многу сум возбудена. Е сега друга мисла во глава, таман си бев лабава дека не се брзаме за адаптација, дека има време итн, сега бебе има точно до 31 март како знае да се адаптира во градинка. Ве молам утешете ме и кажете ми дека да, тоа и ќе се случи.
Да те утешам мојот има до петок адаптација. Од понеделник стартува фул Втор ден издржа 1 саат без мене. Дури кога излегував му реков дека ќе се вратам да го земам и не ме побарал воопшто
А не не. Јас едвај чекав мм да се прибере да измислам дека треба до аптека,продавница...ѓубре да фрлам
Нее Само барав изговор да излезам, шо кажа Феникс ѓубре да фрлев одев до долните контењери. А кантата ми е на паркинг