Кога бев трудна само купував алишта за кога ќе се породам како ќе шетам со бебе и количка Освен тренерки и коса во вис, ништо друго не сум облекла.
Па со 2 деца и поќе дур ги облечам и средам нив пишман се прам што излегувам Па и неможам фустан да облечам од пусто доење кај и да одиме мора дводелно и по можност кошула за полесно доење. Со првото за крштевката барав фустан горе на преклоп за да можи да цица бебе 7 месеци беше. И така купив, не ми беше убав ама битно бебе да цица
@Spidy јас поќе од 10 долари ќе ти пратам, со двете деца ептен ми се најде во животов како психолог ми беше, во секое време достапна и полна со совети... Вечно ќе ти сум благодарна, Имаш гратис спиење во Струга кога и да посакаш
Haha,isto i jas .I za bebe kupuvav, cel nejzin plakar e so fustancinja ,skoro site i stojat Promenlivo vreme
Леле мајки, колку и да ме невира и препотува спремањето и одењето надвор со бебе и колчки склопување со една рака, уште повеќе ме нервира кога врне и не можам надвор. Денес врне цел ден кај мене, малку ми фали да ја облечам у скафандер што не пропушта вода и да ја изнесам надвор. Каква што е кисела денес, што од скок, што од заби, готова сум, ме прегоре. Инаку и јас купував облека, па тоа кога се замислував како ќе шетам, па со фустани, да одговараат на количката . Еве ги стојат. Толку многу го романтизирав перидот кога бебе ќе дојде, абе скроз различна реалност. Па си купив и специјални ноќници за доење, па што си мислев не знам. И на крај ти тоа облечеш, за пола саат смрдиш на повраќаница, а по цела ноќ станување и каки имаш. Па и таа бабицата што ми беше србинка, а знаете какви се они повеќето. Она стегнтата, дотерана, намирисана, ја разбушавена и со подочнаци. Абе у депресија паѓав кога доаѓаше. За следно здравје, стварно некоја баба ќе си најдам.
Дали би делувал тренингот на 4годишно дете, што вели книгата, дали е касно? И јас би сакала да ми ја пратиш ако може и доколку има уште надеж. Благодарам
Ме заинтересиравте за книгата. Спиењето ни е доста подобрено сма ете за секој случај да ја имам, ако се подречам На македонски е?
Книгите се до тодлери. На 4 години, препораката би било затвораш врата и не отвараш до сабајле, значи хард кор cry it out, што ни јас не мислам дека ќе има брз или долготраен ефект на 4 години. Друго е со бебињава, книгата опфаќа и плачење, ама има многу други работи што може да се применат што значително го подобрува ноќното спиење дури и ако не сакаш да примениш cry it out. Јас не морав да применам за да стигнам до 12ч спиење ноќе, ама морав после 4от скок, со најлошата регресија, за да се вратиме во нормала. На англиски е, Moms on call се вика.
Да во право си, башка што и он сам доаѓа, станува сам од кревет нели нормално, сепак е веќе големо дете. Ај со другото здравје ќе си фатам се на време…
Мајки како се справувате со нервоза? Дали сте нервозни кога не сака да заспие, кога не можете да го облечете никако зошто премногу мрда? Некогаш ми се случува многу да се изнервирам..
Не некогаш, значи секогаш. Знам дека треба да станам за на работа за 4-5 часа, а ќерка изведува, нервоза до небо и назад. Се врти, превртува низ соба кога се облекуваме. Посебно пак ако има некој друг, читај баба и дедо да и одвлекуваат внимание. Инаку пробувам да и дадам играчка, крем што било во раце, или да пееме песнички, а ми се вреска во моментот, крајно пуштаме цртани и така. За спиење ми е само обезбеден просторот да не може да се повреди, за во случај јас да заспијам од премор. Не дека не сакам да врескам на цел глас ама дишам длабоко и си викам едногодишно дете и да врескам и на глава да застанам нема многу да ме сфати дека тоа што го прави ме нервира мене. @atz1995
Кога плаче 4 5ч без да престане не сака во раце не сака во кревет не сака да цица а не заспива ме фаќа некое неубаво чувство на момент и ќе му викнам зошто не спиеш?! Па сфаќам дека е мал и не знае ни сам и ми е жал. А за пелените само му собирам кога ќе порасне,осеќам ќе јаде по газе зошто не запира не дава да му наместам па протекуваат
Ако е тука мм го оставам и заминувам работам, мијам пајнци за да ми помини нервата Кај што е го оставам и заминувам хахах Се сеќавам со првото исто правев, исто се сеќавам 3 ден на работа ко почнав, се шекнав малку, таму со луѓе работам, ваму неспиена со месеци многу ми дојде, тој цела ноќ беше на цицка, како цуцла, од 4 месеци па натака со цицка в уста спиеше свеки се качи и и го дадов и заминав да плачам в спална викам почувај го малку оти неможам да го гледам Па ми помина и после ми беше криво и грев
Јас гласно муабет си правам и го карам некад, мислиш разбира. Да ме чуе некој ко малоумна шо све му зборам Вечер гости чекам , да заспие па да подсредам низ дома, хаос е. Иначе ич не ми е до гости, ама никако не си. Некако убаво ми е кога сме си сами, си имам ред. Си уживам. Идам да пијам кафе. Убав ден мајки
Ехеее, некогаш? Јас сум таква, избувлива многу и брзо се нервирам ама ете она ме научи на трпение. И многу и зборам, шо кажа Дејзи ја карам демек ќе ме сфати "мама, не може со вакво понашање, не може за се да вриштиш, нема ништо да постигнеш, некои работи се невозможни". Така ко и зборам и користам некои зборови што никад не ги слушнала, можам и внимание да и привлечам да не се дере ко опседната. Некогаш од што ме фаќа нерва, не сакам ни збор да кажам и ја игнорирам. Подобро за нервната состојба на двете е тоа оти се кара со мене ко тинејџерка. Еднаш дури и кажав "со мало прсте не си допрена ама стварно ќе те исплескам, невозможна си" и ми рече Е НЕ, НЕМА. И колку и да си нервна, и ќе те испосмее некогаш А крајно, излегувам од соба ако е дома маж ми. И ќе се изнаплачам онака салам, од нервоза и немоќ и ќе си подвијам опашче и ќе си се вратам после и пак јово наново.
Здраво (чаша чај). И бебо и мама и тате на антибиотик Бебо црп 16, мама 46. Не можеше само да диши, затнато му беше носето само, се накашлуваше ама па викав од тоа што му се слева шлајмот, вчера попладне почна се. Одиме крв за му земат за вакцина ете што бидна. Ко гром од ведро небо ме мавна докторкана со резултатине. Мене ме болеа малку градите ама не да речеш до толку, 3 сумамед имам за пиење. Матичната вика а бре ти треба да лежиш во кревет, браво како се држиш.. Се мислам како и кога се разболевме, фала богу па бебо нема ништо на плуќа. Сега он си спие јас го гледам, таков е жален цело време нема сила за ништо ни да играме, ни да се смее, малку само се поднасмевнува не сака ни да јаде, едвај пола изеде со 300лажги и занимации од мене и мм. И си викам нека не му биде ништо, само нека се палави низ дома. Колку и да ме нервира некогаш со не спиење, со не јадење со ништо што не му е погодено, а се за него се прави, само нека е жив и здрав ништо друго не треба. Ке се снаоѓаме за се Убав ден мајки, и чувајте се
Мене нервоза ме фаќа кога сака сѐ да пипне сѐ да фати и цело време морам да му викам не тоа не ова, не таму на пример надвор кога сме, не сакам цело време да викам не ама што да правам... И дома е така исто сѐ е кренато и сѐ нешто бара да земе, со играчка не знам кога ќе се заигра. Баш ми прави тренинг на живци, само да е жив и здрав. Мајка во 7 наутро: Мајка во 18 навечер: