Јас секое сабајле: добро утроооо, едвај чекав да станеш да се погушкаме Јас секоја вечер: едвај чекам да заспиеееееш
Аиииии ме превари. Идам да пишам Среќен 8 ми Март и оп ти првааа. Да ни е најубав овој ден мислам дека многу заслужуваме. И секој ден заслужуваме ама ајде овој посебен да ни биде
Има ли нешто како terrible two, за едногодишниве? Од бебе кое можев најголем дел од времето да го оставам и да "заборавам" на неа имам едногодишник со кој се бориме да смениме памперс, не дај боже да треба комплетно да се преоблечи, гледа каде има можност за правење бељи. Од сабајле сме само не тоа, не таму, пази, врати се, буквално ништо да не ја интересира. Лажам, ја интересира да ги отвора фиоките, да се качува на маса, ако зачека врата отворена во секунда да избега, било во ходникот, било на балкон. Плус нели да е подраматично сето проследено со врескање. Мислам нема цело лето врати и прозорци да отвораме, да не помисли некој дека егзорцизам вршиме по дома. Од викендашки живот ова. Во реалноста уште малку се спремаме и да ја однесам во парк и игротека, па нека вреска таму колку сака.
Имаше едно видео на инстаграм од една девојка воедно и мајка вика да имам 3 деца и едното врска по цел ден, другото плаче зошто сум му го отворила јогуртот, а не тоа, третото све умачкало и после зошто сум нервозна. Епа да ти кажам 3годишниов тодлер мој по цел ден е ваков како твоево само што во фаца ти се смее и се понаша како синдром да има и зошто тоа го прави? Зошто во градинка имаат такво дете и го имитира него али од страна да го гледа некој ќе си рече дека има проблем. Надвор не се дере али дома за инат се прави. Решение е само игнорирање. Пред некој ден правевме честитки за 8ми март и замисли му кажав да не го фаќа скалперот а е едно мн минијатурно што кога го отвараш ако не го заглавиш се враќа само ја да се посегнам по хамерот тој за мили стотинка успеа да го земе и отвори и му се врати и се исече и тогаш сфати дека не треба зошто го болеше. И така не му текна веќе. Сакам да кажам дека за секое твое НЕ за нив е да и затоа остави го нека осети паднало се удрило нека се удри ако го боли нема пак тоа да го направи, нормално не да се убие да го оставиш.
Кога те читам ко себе си да се читам и не само за ова, се чини ова децава у ист ков ни се правени а богами и со нервите сме тука некаде И моиве понекогаш реагираат на непознати зборови и непрестајно зборење ама некогаш ништо не помага и морам на сила и после тоа се тресам од нервоза. Пошто сте некој месец напред кажувај коа ќе се опраи работата за да се надевам на тоа светло на крајот на тунелот. Па уште кога ќе ми речат, колку мирни деца имаш што се жалиш, па да мирни се 15 мин и со нова средина или личност додека да си задоволат љубопитноста, дој дома да видиш колку се мирни И знам дека уште полошо ќе станува, пошто тек ме чекаат terrible twos
@CareTee , @Luminary , @Anturium лесен почеток во градинка. Нашиот не е баш славен. Мислам не дека дете плачеше, немаше ни време во двата дена по пола саат/саат да заплаче, туку од батко му си закачи бактерија во нос, мрсули до колена и спуштено. Така да еве сега се лечиме со антибиотик и инхалации и многу е забавно зошто и едното и другото идат во пакет со вриштење . Додуша првата вчера ми заспа седејќи во раце па на спиење ја правевме , ама затоа сабајлево беше ринг. Веќе е подобро се надевам зошто еве го сега наместо да спие, се бори со мене, па му дадов несесер со мои кармини (дека ги имам за извоз, ама бар да ги користев) и еве го вади да ги редам и кога ќе ги потроши морам да му ги вратам, за пак да вади еден по еден и да ми ги подава за да ги редам. А да и апетитот му се врати што е добар знак, зошто од дете што со сите седнува да јаде вчера беше на две шмукалчиња и едно чинивче кисело млеко. Незнам дали има, ама еве и јас ти се придружувам за утеха де. Исто само да се испентари, да фрли, да растури нешто. Памперс и пресоблакање се хорор филм. Надвор веќе почна да сфаќа дека има нозе па влегуваме и во фаза, количката ја враќаме празна, а он "оди". Со големиот па друга беља. Седењето дома го изместува и еве сега се молиме цел ден да сработи тоа што пропуштил на часовите кои ги пропушти плус да повежба каде има грешки и да напише домашно. Ама пак од него не можам да се пожалам толку како од малово. Вака така, со малку молење ќе заврши. Едвај чекам тој од понеделник во школо да си тргне, за сите е полесно така. А малово, здравје само да се опорави па ќе почнеме пак градинка. Незнам само како ќе се организираме. Мене ми е турбо на работа и не ми е момент за зимање денови, мм покрива колку може, а татко не е добар па мајка незнам колку ќе може да улета. Изгледа ќе мора да имаме ептен турбо адаптација по можност за една недела да си седи цел ден. Мислам тога уште потешки ќе ми е, зошто мм ќе мора да оди порано на работа за да може да ги собере во 4, што значи јас наутро ќе треба да се борам со двајцата да ги спремам, да ги разнесам школо/градинка, па да се враќам дома да земам точакот и да брзам на работа , ама ќе видиме. Времето ќе покаже како ќе биде. Само да сме сите живи и здрави, па за друго ќе се фати ред. Ај да одам да пазам дете додека не направило некоја беља. Туку се пуштаат ли вашите сеуште на секој машина што бучи. Овој цело време се врти околу усисивач, инхалатор, прочистувач и останати бучни уреди. Убав викенд мајки, гушкајте најмилите.
Мајка вечер ќе шета, ќе се дотера и ќе оди малку да се опушти. Се надевам кога ќе се вратам бебка ќе ме почасти со добар сон ноќеска.
И нашиот почеток неславно заврши. Едвај 4 дена издржа, за 5тиот да останеме дома со мрсули до колена и температура. Ау многу ми е тежок кога е болен, презахтевен е. Само плаче, во раци да е нон стоп, кенка, и во сон исто само во раце ми спие и плаче на секој 15-20 минути се буди. Оф јас со едно не знам кај се наоѓам тие денови, а не пак две болни да ми беа. Ве гушкам вас што минете низ таков пекол. 8ми март ми помина со топломери и сирупи, ама за чудо маж ми синоќа добро се справи со болно дете дома мама малку да излезе со другарки. Не знам и јас од кај најдов сила да се стокмам ама кога излегов сфатив дека многу ми беше потребно тоа. Епа жени, вчера не успеав да пишам ама еве денес ви го честитам 8ми март со по една прегратка до сите. Лавици сте, единствени. На сите по една со мене, да наздравиме за уште една година помината, победивме и во најтешките моменти и непроспиени ноќи
@le.soleil минатиот викенд ја однесов кај сите што ми викаа дека е мирна. И беше немирна. Единствен начин да не трча беше со цртани воедно и да се видиме со луѓето на кои што им отидовме на гости. Лудница беше Има добри денови стварно, како разбираат повеќе и почнуваат да зборат ќе биде некогаш предност тоа некогаш ќе си викаш аман барем можев да те прелажам како мала Мојава е во фаза на имитирање и на "а што е тоа" за се х 100 пати. Ја имитира мачката. Да, убаво прочитавте Се "бањала" она како мачето, се лиже бе луѓе по раце Се карам, објаснувам, некогаш добро некогаш ... Ќе известам како и да е, со среќа Куќна помошничка? Мојава не дава да ја допрам правосмукалката. Она ќе чистела.. ама затоа маса чисти профи. Со влажни марамици. Откако ќе истури све и свашта и ќе се налутам
Здраво мајки Би 8 Март и помина. Уште една честитка од градинка во папката ќе стои. Колку им се радувам на тие честитки не можам да опишам. Ме враќаат низ времето кога јас и подарував честитки на мајка ми, а сега јас сум мајка и ги добивам. На моменти уште не ми е верно. Ајде до старост ваљда ќе измислат машина да може да се вратиме да ги поминеме овие моменти уште еднаш. Кенкањето и не мора баш. Утре на роденден кај мајка. Ќе биде гозба за ручек и домашна торта на мени. Оваа недела свечено враќање направивме во градинка. Два дена плачки од третиот се по старо. За одмор у јуни резервирано, пасоши земено и тоа подмирено на листа. Сега планови си правам кај наредно за викенд да шетнеме низ Македонијава, ако имате некоја препорака дајте слободно. Ми се смешкаат две машини алишта за пеглање ама ќе почекаат до утре. Навечер тотално нефункционална сум. Којзнае зашто. Брзо опоравување на болни дечиња и лесна адаптација во градинка на сите новајлии. Да заблажиме душа. Ве поздравувам
И нашето тргање беше исто со 3дена Сега ќе треба пак од почеток ... Само нека се живи и здрави па се ќе биде
@Ano @Anturium Со лесно дечки, брзо да помине И нас почна да ни се полни носето, но за сега среќа само на тоа сме. Градинка стигнавме на 1 час до сега, ама уште не сака да го преоблекуваат или сам да го остават да лежи пример, мора вниманието да е спрема него насочено цело време, се чувствува несигурно изгледа. Ќе видиме наредна недела како ќе биде. Пуштаме среќа за лесна адаптација за сите