Леле кај го видов ова баш вечерва. Баш ми дојде да си плачам. Некогаш ми доаѓа да пукнам. Значи ем нон стоп и одам по газот лепенка е за мене. Се гледам на време да биде и најадена и пресоблечена и заспана. Секогаш неа да ја средам прво па јас додека дојдам на ред. Некогаш немам време ни да јадам. Цел ден трчам по неа се пентари и качува кај ќе стигне. Прави многу бељи. И многу драми безпотребно плаче, вришти урла поголемиот дел од денот. Па само кај мене во раце да е, па се смирува. Така има некои фикс идеи кога и правам јадење баш јас да ја држам во рака и да мешам, наместо да си седи кај мм. Кога сум во вц или се бањам да лупа по врата се додека не излезам. Некогаш викам абе само 5 минути мир ми требаат Заморот си го прави своето, (знам и за осудување сум) па многу ја карам кога прави бељи, и се тркала по тепих пошто не е по нејзино.или кога си игра со мене мајтап кога ја заспивам. Тоа ми е најтешкиот дел. Едноставно не е еден ден. А со овие захтевниве деца не е лесно да излезеш на крај. Во моментот многу се нервирам и ќе ја испокарам, а после осеќам грижа на совест каква мајка сум се прашувам. Ама ме полудува некогаш. Значи се осеќам и декс не можам ни раат да јадам нон стоп ми доаѓа во скут, па и не спијам како што треба ,освен што станува за цицање па и перницата моја ми ја зема, се искривив цела не е тоа спиење, мм се шири она залепена у мене ја пола надвор. Креветче не сака да смисли... И ете така јас се испожалив.
Ве читам последните страни и скоро горе долу сите бебиња исто ни се понашаат, а сите ние исто се осеќаме и колку и да е мачно, убаво е вака да прочиташ дека уствари не си сам, дека на секој агол од светот има по некоја мајка што токму во тој момент минува низ скроз истото. И знам дека некогаш се осеќаме сите осамено и како да никој не не разбира, оти мажите дефинитивно не не разбираат, ама некаде, некоја мајка разбира, телепатски и велам фала. Како се запролетува и мене ми се мени малце расположението, искрено не знам како постасувам се и како би постасала се и да почнам со работа, ама сакам да почнам…вака ме убиваат грижи дека не печалиме доволно, дека нема да ни стасаат пари, недеј боже да неаме за дете, не дека реално е така ама трауми од детството ми се ова, бевме ептен сиромашни и сега уствари сфаќам колку им бил тежок животот на моите оти работеа ден и ноќ, а некогаш буквално немаа ни 5 денари. Се сеќавам еднаш на мајка ми и барав 2 денари ми фалеа за нешто, буквално заедно баравме низ дома, немаше луѓе, немаше 2 ден. Тежок беше животот, а не дека не работеа, се убиваа од работа ама пост распад на Југославија, така се живееше кај сите изгледа. Ама ете ме боли срцево што нив можам да замислам како ги болело кога сме барале нешто, а тие не можеле да ни дадат. И фала им вака што испаднавме, ама ќе дојдам до муабетов што уствари сакав да го кажам, ние сме таа генерација Милениумци кои растевме без присутни родители, без се што ќе посакаме, со баби и дедовци и родители кои се надевале дека прават се како што треба. За жал тоа резултирало со трауми еден куп и сега се трудиме од петни жили да не грешиме со нашите, ептен заштитнички настроени, со чуство на вина ако ги оставиме некој друг да ги чува, со трудење да постасаме се и да спечалиме доволно да не им фали ништо, а притоа се трудиме да го излечеме и детето во себе од трауми, да иаме подобар брак од нашите што имале и генерално премногу очекуваме од себе, а си даваме премалку вредност. Плус па и пазиме да не ги навредиме родителите со неслушање на нивните совети и да не ги обвиниме дека уствари иако правеле најдобро што знаат, не правеле како што треба и тоа што велат они што ви фали на вас што вака или онака правевме, дека не се свесни колку уствари ни фали и физички и психички. И така. Друг муабет, ми фали Лондон многу, за брзо и ќе се вратиме веројатно ама многу ми е страв дали ќе издржиме финансиски и многу ми е жал што бебево ќе го разделам од баби/дедовци и од друштво. Знам дека оно не разбира многу, ама јас разбирам и го гледам колку е среќен кога ќе види некој деуг во денот освен мене и татко му, особено мајка ми. Срце ми се крши дека ќе го разделам од неа, а тек нејзе како и е можам да замислам. Вечно сака подобар живот за нас, ама вечно ќе го колни странството мислам и вечно ќе се јаде што не успеала тука да ни обезбедни добар живот па моравме да избегаме. Потајно играм лото и се молам да ми падне оти тоа ќе ми ги реши сите проблеми, не само мене туку на сите околу мене, освен желбата да сме сите живи и здрави, ова ми е втора најголема Неповрзани работи, ама ваков ми е мајндсетот последно време, сакам да се искажам за многу работи, а немам или со кој или кога. Сега бебе спие до мене сеуште, а јас не можам да спијам и го чекам да стане и да се гушкаме, ми фали
Ај што ме наежи @1209, па и ме расплака зошто тоа е тоа...тој е тој живот што сме го живееле, ме врати на жртвите на моите родители, кога во 12 по полноќ го чекав татко ми да се врати од 3та работа целиот капнат, во прашина но со насмевка кога ќе ме видеше на скалите пред врата во пижамки 4 броја поголеми од некоја роднина. Како јадевме леб и мармалад 3 оброци зошто тоа имавме од баби дедовци "зимница". Паметам дека од 14год почнав да заработувам некое денарче за да не барам од моите да не се осеќаат лошо кога ќе речат немаме.. и 2 месеци ми е бебево но ден не проаѓа да не му речам "Мама нема да дозволи ништо да ти фали, сè ќе имаш сè ќе направам за тебе " зошто тоа го правеле и моите за мене, но сакам ова дете да не го осети тој товар на душа. И се форсирам, се карам сама со себе кога нема да успеам во нешто, кога ќе излезе некој непланиран трошок дури на моменти си викав да прекинам породилно и да се вратам на работа за бонуси, плус пари... Туку со денови ми стои на маса апликацијата за градинка и никако да ја однесам, ваљда зошто со мм сме со различен став јас не сакам да го чува свекрва ми можеби бидејќи гледам се што ќе кажам околу воспитувањето се прави спротивно.. мислам дека треба да се учи со врсници, не турски серии, женски муабети ..ваљда ми е траума што сум гледала машки дечиња на другаркиве што се однесуваат како тетки со муабетите ама од друга страна ми е страв од настинки и болести... Малце повесела тема, вчера цел ден шетавме, бутици па едно кафе па ручек одамна не ми било толку убаво, бебе се изнаспа во количка јас психички малце се вратив во нормала. Се спремаме за свадба кај блиски пријатели, бебе прв пат ќе биде без мене 11ч кај моите, срцево ми е грашок не како тој ќе издржи без мене колку како јас ќе издржам без него. Толку од веселите теми, одам да пеглам..
Исто растени и ние со брат ми, куќа правеа мајка ми и татко ми. Затоа за децава колку можиме надоместуваме за се што сме сакале а сме немале. Ние сме со мм со минимални плати. Ама неможи се да му се дозволи, првото дете го научивме дека неможи се што ќе посака да купи од продавница, од мало ќе влезевме во продавница за играчки или веро и само 1 количе ќе купевме до 200 ден, или во продавница, смоки и чоколадо пример, а да не да ми се влечка и да рика по продавници, нешто што најмалку сум мразела да гледам. И така се научи 5 год е и е многу скромен, сега еднаш месечно се случува да купиме некое количе (тоа сака) дури не е ни 1 месечно. За бебево ништо немам купено, се носи од брат му, се е ново, од повојница што носеа има над 20 комплетчиња што стојат нови неиспрани, не дошол редот за нив пајнчиња, лајчиња, лигувчиња ништо не купив, само од алиекспрес порачав прибор. Имаше едно видео на тик ток Мамо не му треба на бебето уште еден сладок аутфит тебе ти треба нов градник овај пат со бебе многу поприземна, за мене си купувам колку можам да си дозволам
Добро утро, @Anturium јас се надевав бар на 5 дена . Добро, ама пишав кај нас не беше од градинка, домашна ни беше бактеријата. Инаку да не е исто едно и две болни деца, за среќа лошата фаза им се разминуваше, прво едниот па другиот со температура, ама за мене тоа е во континуитет да не речам скоро 10дена без нормален сон. Големиот кога има температура и не е арен клоца и удира во сон се буди во плачки и не турка, а не е ни свесен. Малово па дека полно со мрсули, се засркнува, па знае и да поврати, па кенка и бара во раце да спие. И имаш слика во саплна мм што хрчи, па големиот во средина што се расклоцува, па јас или јас со малото во раце што спие. Веќе повеќе од година удобен сон цела ноќ во лежечка позиција не сум видела. Прво во бременост беше стомакот и хрчењето, па спиев во невозможни пози, па се роди бебе со цицањето почна нова фаза. Кога се одби се порадував дека како големиот ќе почне одма да врзува цела ноќ конечно да се наспијам, ама не тој влезе во турбо фаза на учење и е невозможен, само кенка и додека не го земам од креветче е урнебес. Кога беше помал бар полесно беше, не беше грлат и не стануваше. Сега се исправа на креветче и вика додека не го земам . До некаде разбирливо ми е, во моментов турбо лази, научи да се пентари па се качува на гарнитура до горе за на прозор да се гледа, а плус сфати дека има нозе па сега пробува и учи и да оди. Згора на се градинка, сега ова што е болен плус 4ки го мачат веќе подолго време. Ептен ни е забавно. Едвај чекам да прооди да му дадам усисивачот па нека чисти . Сега само за беља е работава . И да дефиниривно времето во кое сме растени има оставено длабоки траги во однос како ние ги воспитуваме децата. И кај нас имало падови и подеми, ама немаштијата во периоди остава трага и страв да не се повторува за нашите деца. И не само во тој поглед, немаштијата не има направено потчинети на работа од страв да не остане човек без егзистенција и слични други трауми, за разлика од поновиве генерации кај кои дел не виделе мака и мислат дека одма треба да седнат во директорска фотелја и ако е поинаку одма од незадоволство напуштаат. Не дека нашето или нивното е правилно, нема пишани правило за ова. Само ја доловувам споредбата од разликата во растење. Многу тешки теми за неделно утро. Одам да играм децава и нормално да сеедам куќата. Имајте убав неделен ден мајки
Вака кога пишувате се пентари насекаде, љубопитно е, сака се да види... Замислете само да седи и да зјапа во една точка. И да не покажува интерес за ништо, кај го оставите таму да го најдете. Подобро ви е? Не? Нормално. Направете им безбеден простор на децата за да не трчате по нив и само да им викате не. Не сме ние научени да правиме бејби пруфинг, све ни е оставено така и се исцрпуваме само викајќи не, не таму, пазииии, пази, зошто одиш таму, зошто ваму, пазиме да не се удрат од ќошот на масата на кој сме можеле да ставиме нешто да го заштитиме, па можеме да го остаиме да трча околу без страв дека ќе се акне и ќе ја дупне главата. Фала богу што го правиме ова, зошто инаку кругот само ќе се врти. Па се надевам нашите деца ќе ги земат нашите грешки и тие ќе ги исправат и ќе бидат уште подобри родители. Тешко е, ама нема алтернатива кога веќе сме свесни за ова. Инаку, од аспект на мајка со поголемо дете сакам да ви кажам дека вреди секој вложен труд, секоја бессона ноќ, секој момент кога не сум можела да издржам повеќе зошто била лепенка за мене, секое мое вложување во градење на нашиот однос. Ги гледам резултатите и затоа ќе продолжам да се трудам колку што можам да си ја задржиме близината, да имаме отворен однос и секогаш да може да рече мамо, ми треба помош, мама направив грешка, не знам што да правам, тоа е целта, за мене барем. Дете кое ќе знае дека мајка му е секогаш тука за него, безусловно.
Добро утро мајкички Ве читам со тодлериве, и си мислам седи женче, уживај уште малце, после била вистинската журка , ова сега е загревање Овој фластер мајкин ќе биде, еве го на спална со мене од два месеци, до мене залепен, а мм се шири, ама неее oн мора да се пикне во мене, во врат стуткан ми заспива. Не дека се жалам де, кога ќе ги замота рачињата на врат, топење Мм многу ме напиња некад, многу сакам и јас да прошетаме на ручек и на кафе, ама опседнат е да не се разболе дете, мал бил, викам bubble boy ли ќе го правиме и така низ маало шетаме само, среќа има фини паркчиња па ме вади тоа. Ми е жал за дете само, не сакам да го "учи" на неговите правила. Имаме расправии на таа тема, ама здравје , one day at a time. За она како сме пораснале, очигледно горе доле сите исто, распад Југославија, фабрики под стечај, безработица, тешко било на нашите родители. Среќа јас прво дете па брат ми имаше к'смет моите алишта да ги носи Затоа сега трошам како да нема утре Некад сум во mood да штедам, некад си велам па еден живот, почасти се Гледам серии, кафе, бебе спие. Да работам не смеам, ако тропнам скока одма. Се надевам понатака дневните дремки ќе му се поцврсти, пошо куќава ќе прооди уште малце Убав лесен ден мајкички мили
Мојов пак нон стоп е у паб со бебево Има еден ирски паб кај што работеше мм тука кога бевме, нема многу гужви и кога го носи таму секое попладне без исклучок, дете е штафетка, од еден во друг, на шанк, на маси, абе не можам да ти опишам колку е среќен, едено време се лутев дека вируси, ама размаанав. И така од прв ден во Лондон беше по пабови и гужви, нека се челичи.
Јас таман се израдував за градинката нели, наредна недела по 2 часа беше планот да седи, и секако, вчера завршивме во Козле. Бебе е со ларингит. Имавме прилично тешка ноќ, ова е прв пат бебуш да е вака болен, па срцето ме боли. Искрено мислев дека подобро ќе се снаоѓам, јас од вчера паничам, се кочам нешто, отсутна сум, не знам како да кажам, ми доаѓаат оние моменти каде што си се прашувам дали сум доволно добра мајка. Ајде ваљда ќе отрпнам малку со тек на време па барем ќе бидам поблиску до "знам што правам". Чувајте се
Е така де. И јас сум за тоа. Не дека го пуштам во Козле да лази. Ама оди разбери се. А да имавме поголемо дете дома, што оди во градинка и е подвижен вирус? Така му викам. И вели: ама немаме @Luminary срце ќе не боли ама мора имунитет некако да стекнат. Јас во градинка и забавиште не сум одела, баба ме чувала, па во 1 одделение во Козле лежев поише него дома. Само побрзо и полесно да проаѓа
Секогаш кога ќе ми стане тешко си ги повторувам твоиве први реченици во глава и одма е сѐ многу полесно. Нека ни се живи и здрави, тоа им е работа. Да се темпераментни, да истражуваат, да лудуваат. Нема поубаво од детска смеа и хаос од играчки. Браво за муабетов!
Каков бејби пруфинг жити сѐ кога се качува на кревет и од невнимание ќе се фрли надоле со глава, пак мора да си до него цело време.. или и столови да тргнам во друга соба и сѐ? Или да ми оди во други колички да брца надвор или ѓубре да земе од земја? На suicide watch сум цел ден, нормално дека ќе се жалам Ќошињата и штекерите секако ама не можеш сѐ да тргнеш сепак, мора да си 100% присутен со тодлер и тоа како изморува
Слободно може да се жалите, и јас сум се жалела, зошто да, напорно е. Поентата е тоа жалење да не премине во константна нервоза и дерење не ваму, не таму, па зошто е детево вакво, да се третира ко некој проблем, а детето е само дете и го прави она што треба да го прави, ништо повеќе. Наше е да си го олесниме ова со обезбедување на просторот колку можеме и сами да си олесниме, ќе се намали нервозата ако не сме само на не, не, не. На крајот, да, мали се, ништо не разбираат, на нив тоа им е работа, на нас е да прифатиме дека е тоа така, дека периодот ќе е таков, дека не прават намерно така за да нѐ побудалат, ако си ги прилагодиме очекувањата полесно е.
Какво дерење, каков проблем, најголема убавина се. Многу без врска ваков заклучок да се донесе. Како демек да ок е да се жалите ама не е ок и дека ништо не разбираат мало сутра, разбираат па и граници тестираат.
Јас сфаќам што сака Рејн да каже, и да некогаш и јас се дерам, пример некни 3 пати ја бутна сушарата и два пати на глава падна качуваајќи се на неа, подвикнав не дека не, се изнервирав дури и ја разглобив у нервоза, ама потоа си реков диши, на детето ми е интересна, гледа дека јас правам нешто на неа и тоа ме имитира, не разбира, не е криво оно што сака да фати оти се му е ново и интересно и уште сто пати не да кажам, он пак ќе оди на неа. Јас сум таа која треба да најде место за неа дека е безбедно од неа. А тоа дека разбираат, да точно е ама не додека се мали, не се согласувам дека не тестираат, едноставно имаат емоции кои не знаат уште да ги совладаат и тоа е во ред, не, не нервираат намерно, туку оти не знаат подобро. Ама да кога ќе престанеме са викаме не, не таму, остави тоа, не фаќај тоа, дојди тука, дефинитивно полесно е. Исто како и со помирувањето дека сега си мајка и дека некое време нема да имаш време на раат да седиш може со денови, ама колку побрзо се прифати тој факт толку е полесно.
Ааа епа твоето може не те разбира и тестира уште, за мојот знам точно што ме разбира одамна и знае дека не треба со вратата да си игра и со штекер, доаѓа до нив и врти глава или се качува на кревет/тропа по парното и ме чека да реагирам, значи тестира, чека реакција.. не се сите деца исти.. алишта внатре не се пружени на сушара откако лази или сите цвеќиња се кренати горе итн итн Почекај да прооди убаво, да трча надвор, да почне да се качува, да ти покажува, и цело време нешто да му истекнува па ќе пишуваш Кај мене нема дерење инаку доволно е да направам фаца, точно се сфаќаме убав ден одиме ние да пешачиме и да си играме
Ова само твоето го прави, ние другите не сме го поминале. Поентата е дека е нормално сето тоа да го прави и за тоа не треба да се нервираме. Штекерите ќе ги заштитиш, вратата не знам што е спорна... Баш е убаво што цело време нешто му текнува и што е љубопитно дете, такви треба да бидат. Прочитај ме пак погоре дали ќе ти беше поубаво да седи и зјапа во една точка и да не чепка ништо и нигде. Не знам што точно те тригерна и мислам не се разбираме нешто.
Не се тригернав многу неубав е коментарот дека детето ми било проблем или да прифатам дека нема да седам на раат божем јас мислам со тодлерот кафе ќе си пиеме. Фала богу дека нема во една точка да гледа. Јас само пишав дека се нервирам што сум во таква фаза што викам не таму не ваму. Дома има безбеден простор да си игра и да истражува ама ние доста сме надвор и затоа некогаш ми здосадува не да викам не може таму да одиме, не може ова не она. за вратата, ја отвара затвара и пика прсти и може да си ги фати или кога е отворена таа за терасата цел се фрла на тоа мрежата. Искрено не знам зошто се објаснувам уствари и што барам да пишувам тука