Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    И секако пред да се каже не за нешто се дава алтернатива: пример сака да фрла со дрвени коцки и му давам меки топчиња, сака да се качи кај телевизорот го преместувам кај каучот итн итн :) кога сме надвор го земам и мењаме активност. Кога сака во кујна со мене да готвиме му давам пластични, лажици, сака да фрла во канта работи и тоа му давам па некогаш и играчки и лажици вадам од неа :D не сакам да го карам ама мора да се научиме дека некои работи што не се безбедни не ги правиме.
    Поздрав до мајките со тодлери во живим опасно фаза и толку од мене.
     
    На le.soleil, MeowMeow, see.emily.play и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Поради мислења во оваа насока го пишав постот, за нервирањето, ништо посебно за тебе @LizzyGrant , слободно можеш да ме прескокнеш и да не ме читаш, а да си пишуваш во темава и цитираш со оние што ти одговора. :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Буквално пиша не се нервирајте што се пентарат, сакаат сѐ да фатат, нема баш допирна точка со мислењава ама ок :D
     
    На atz1995, Fenix05 и RainBow им се допаѓа ова.
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    10.661
    Пол:
    Женски
    Мајка на 2 ипол годишна ѕверка, трудна 6ти месец.
    Истрчана пред ручек, 4 саати надвор, неспиена попладне, ќе си речеш нема енергија детево. Доаѓаме дома......тадададааааааам :party::party::party:.
    Фрла играчки, не фрлај, се гази од смеење.
    Го гризе татко и, не гризи, се гази од смеење.
    Ме мава мене, не мавај, пак се гази од смеење.
    Не се качувај на маса, се качува и се гази од смеење.
    Смири се, ќе ти ги фрлам играчките. Не се смирува, една кукла завршува во канта.
    Вришти 15 секунди, како во хорор филм почнува да се кикоти, доаѓа ми се качува на грб, ме тегне за коса и се дере, ќе ти правам сега кикаааааааааа.
    Станувам за да не ја зашлапам, доаѓа по мене и зашто до газ ми е косата, ме фаќа и ми се беси на коса и се дере кика праваааааааам.
    Ја искубав....дали имаше ефект, немаше?! Дали куклата во канта имаше ефект, немаше?! Дали муабетот со убаво ги боли мама и тато не ги маваај, гризи, штипи, имаше ефект, немаше?!
    Наравоучение, со тодлер не бива ни со добро, ни со лошо, ни со ништо. Дур не им светне во глава дека може постапката да има последица, џабе е се.
    Фала на ислушување на мојот попладневен нервен слом, само да додадам дека едвај чекам да се породам за да можам пак вино да пијам по една чашка, полесно се преживува со 2 ипол годишна ѕверка.
     
    На Sunrise!!!, Zumbulche, Anturium и 30 други им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    24.698
    Пол:
    Женски
    Тек тогаш ќе биди забавата, "одмори" дур не се породена :D
     
    На Мариаа., јolene, CareTee и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    3.782
    Пол:
    Женски
    @Ano Со лесно на сите адаптација, едвај чекам да можам да напишам успешно е седиме цел ден во градинка. Банкет ќе правам!:party:

    Ние не сме болни фала му на бога, ама како оди адаптацијава ќе трае со месеци години жими се. Прв ден 20мин, па 30мин, до петокот стигнавме дури до 45мин. Превише вришти луѓе, ова дури не е ни плачење незнам како да ви објаснам буквално вриштење. А ја земам престанува одма и само липта до дома, она кога прават кога предолго плачеле.

    Одбива да јаде дома два дена ништо не става во уста, она и претходно не јадеше нешто wow ама барем благите каши ми ги јадеше. Сега само што ќе ја види лажицата врти глава во секунда, а сестраи со лижавчето ја брка со уста отворена за да и даде:D. Пробувам да намалам доење, 2часа максимум издржува и почнува да вришти да кенка ништо не и се погодува ако не и дадам да цица ќе не крене во вис сите. Ќе се нацица и рефреш одма добива. Место да намалува млеко јас бетер имам шприца на сите страни.:x

    Ќе видиме неделава како ќе биде. :sweat:
     
    На Mumoftwo30, Bella_Stella, Ano и 4 други им се допаѓа ова.
  7. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    919
    Колку убаво :inlove:

    @1209 @Fenix05 @
    Како ме погоди, и мене ова ме мачи откако станав мајка, не сакам и да претерам со компензирање и да имам разгалено дете.. Целиот текст, убаво кажано :l:

    А Лондон е сон, и да добиеш лото и се вратиш во мк, подобра иднина има детето таму.
     
    На 1209, Fenix05 и RainBow им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    24.698
    Пол:
    Женски
    Колку е само точно :D
    Screenshot_20240311_185000.jpg
     
    На Isabel, Skyler81, le.soleil и 23 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.033
    Допаѓања:
    45.951
    Пол:
    Женски
    Абе он си има британско државјанство, ние и да сме тука он може таму да живее после ако сака, него јас дека имав детство опколено со луѓе, сакам и он така, а свесна сум дека е поубаво таму и да Лондон е сон, најчесто.
     
    На mal.ecka, Carolin. и kozuf им се допаѓа ова.
  10. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    919
    Разбирам...
    Тогаш држам среќа за лотото, кој знае може ќе се случи :inlove:
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  11. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    На мене како да не ми беше доволно напорен животот, па уште си запишав и курс да слушам после работа два/пати три пати неделно. Си викам ајде да се надградувам (како што си имав замисла дека ќе имам време на породилно, ахамм), и уморна сум ама искрено мило ми е што правам нешто за себе. Многу сум му благодарна на мажот ми што е тука да ме поддржи, а сега и тој сака да пак почне да оди на пливање после две години пауза па ќе бидам и јас тука за него да компензирам. А и ние сме во истата фаза на пентарење. Дневната ни е претворена во игрална, масата скроз ја тргнавме со играчки насекаде и пак на неа се друго и е поинтересно. Штитниците на аглите од комодата ги одлепи сите, тие за врати затварање во кујна исто почна да ги вади, среќа не сфатила како да ги отвори скроз вратичките. Ќе ни треба нешто поцврсто да купиме. Пред некој ден додека го следев курсот, ја слушам нешто се кикоти кога се вртам она некако успеала на табуретка да се напентари и се смее дека и е интересно. Прееска пак истото ни го направи, табуретката и е висока над стомачето и она успева некако на колена да се качи и толку беше, маж ми вика ете ни нови столчиња за на тараса и ги кренавме. Се надевам нема без мебел да останеме како што сме тргнале. :wasntme:
     
    На Alishan30, Coco31, Mother of 2boys и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.350
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Жени, мајки, давајте совет, помагајте, ова не се издржува. Значи не знам што деца раѓам аман да не се спиело, не знам што е со бебево, толку да не сака да спие, цело време е будно, цело време е на гради, ако го тргнам вришти урла ненормално , се обидувам а секаков можен начин да го заспијам, со галење, пеење, нишање, не бива, на крај го оставам во креветче зошто ме полудува, вришти урла. Буквално од 5 попладне се обидувам да го заспијам, само еднаш успешно заспа за да стане по 7 минути. Ненормално е ова, ме доведува до нервен слом, преморени сме со маж ми, особено јас, он ќе го земе ама џабе, кога детево заоѓа ако цицката не ја добие. Веќе ми е мрко и доењето, гради ме болат од деноноќно влечење и седење на нив, а влече не зошто е гладен, ни сам не знае зошто влече и само повраќа после тоа. Матичната освен, ако се смириш ти, ќе се смири и он др муабет не знае да каже а како да се смирам јас кога сум изморена и мислам инфаркт ќе добијам на толку срцебиење. Како зомбиња сме со маж ми, почнаа и кавгите, нормално, а поголемото трпи, дури и најминимална негова постапка не вади од такт од што сме преморени и си го влече подебелиот крај. Со денови сум неспиена, неизбањата, гладна со саати, стискам за во вц, психички и физички падната и секоја вечер со плачење од немоќ ми завршува. Значи цел ден му бдеам над глава да пазам и прозорци на будност и спиење и се и џабе. Ако го оставам а да не е во раце, цвили и почнува да помодрува. Дремка едвај 20 мин, да се мислам што попрво. И просторија полузатемнета и тивка и све, и навечер е избањат, стокмен, сува пелена, најаден, се ама џабе. До полноќ ние сме на нозе се менуваме со држење и обид за успивање, секој ден, буквално не држи во заробеништво од 5 попладне до полноќ! Не се издржува ова, кажувајте чаре пред да завршам на психијатар. Доаѓаат баби преку ден да потпомогнат ама си одат на пладне а журката почнува од попладне па ни маж ми мртов уморен не може да одмори, ни мене да ме одмени а поголемиот е страдна душа што само бара некој да седне со него да реди сложувалки или да бои а не доаѓа ич на ред.И он беше ваков ист, модра сум била од плачење и од него и чаре не најдов тогаш, очајна сум, не уживам во бебево ама ич, го сакам ама мизерно ми е секој мочан ден. Скок во развој не е, рано е уште, грчеви сега нема. Што да му правам, каде да барам чаре?
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    919
    Уф баш тешко звучи ова што го опиша, жал ми е. Лош период, ќе помине, ама до тогаш да видиме.
    Колку е старо бебето? Да не му е топло/ладно?
    Веројатно имаш добро воспоставена лактација и има доволно млекце?
    Со цицање не заспива? Да не има подврзано јазиче па да не цица ефективно?
    Ако е малечко под 3м пробај повиено (swaddle), избањато, бел шум (white noice for babies на youtube), темна соба, тивко. Тоа успева кај нас и сега на поголемо бебе што беше плачливо како што опишуваш, само не повиено оти сега веќе се врти. Ама повиено многу полесно е да го спуштиш заспано во креветче без да се разбуди, а и побрзо ми заспиваше.
    При крај на прозорот на будност затемни дома или однеси го во темна тивка соба, пушти бел шум, збори му нежно, гледајте низ прозор, песничка и сл. и истото повторувај го за секое спиење, би требало да научи дека тоа значи дека е на ред да одмори малку. И многу е битен тонот со кој му збориш, барем од моето искуство.
     
    Последна измена: 11 март 2024
    На Mother of 2boys, IRBBB и Fenix05 им се допаѓа ова.
  14. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.350
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    На 17ти прави 1 месец. Напредува супер и повеќе од што треба, млеко имам. Заспива на цицка најчесто ама колку и да мислам дека цврсто заспал, кога ќе се тргнам почнува да урла. Ако не одма тогаш веднаш штом го спуштам вобкреветче или гнездо. Ајде пак јово на ново се ќе правам, цицка, нишање, пеење, зборење и пак џабе, со саати тоа трае. И повиен и не повиен нема што не пробав, и аспиратор, и фен, машина, јутуб, секакви звуци, секаков амбиент, џабе. Ме доведува до крах.
     
  15. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    9.677
    Пол:
    Женски
    Хм дали ова непрестано плачење е секој ден после 17ч? Ако да, тогаш е witching hour почнува од 3та недела. Јас овде си плачев додека не сфатив дека денски се подзаморува а врв на замор му е мм после работа кога ќе го изнаигра изнаизмори пробиен прозор на будност, кратки дремки се тоа резултираше со модреење и губење глас од рикање 4 5ч. И после си се помирив со судбината дека до 4ти скок и регресија ја ќе си нишкам низ цел стан денски дремки. Па така ако спиел 1ч, веќе 45мин буден почнувам да нишкам, ако спиел 45-за 30 нишкам, спиел 30 за 20-25мин буден нишкам и откако ќе заспие не го симнувам 20мин лежи на рака седната јас зошто се буди по 5пати и пренишкувам. Рамењата и зглобовите ми знаат ама нема плачено откако почнав вака, не те лажам вкупно 5мин во ден плаче. За жал пробав сè од гореспоменатото пред да ме мрдне со плачење едноставно не успеав да му го воведам и да разликува за да заспива сам денски, ноќе стацам спие одма (не можам да му затемнам соба немам опција). Спуштањето е уште тешко еве 2+ е па затоа го ставам на спална странично со мене го легнувам па нишкам така па го спуштам скроз после 2 3мин за да не осети дека е спуштен. Тоа е знам дека не е решение, знам имаш уште едно малечко но колку побрзо се помириш дека таа е новата реалност ќе бидеш подобра психички додека не потпорасне некој месец па да може да ги тренираме послободно на самостојно спиење. Јас сеуште му се плашам од зајдувањето па не ризикувам да си се исплаче во креветче сам. Внимавај многу денски бабите да не го преморуваат знам им е мерак да му зборат да го дружат тоа ќе си ќути ќе се смее ќе седи буден само зошто не знае да каже еј ме премори дај да спијам. (Си патев од мм после работа ќе го премори ќе почне да плаче, он нервозен ете мене ме чека да плаче ќе ме остави сама да се справувам а тој ќе си се скрие во друга соба, вц,тераса). Ќе се справиш ти сестре и поголемкото ти додека шшкаш седни на маса нека црта бои па ти додека вртиш кругови со малото ќе доаѓаш до него ќе му збориш ќе учествуваш. Јас откако се помирив дека ќе биде често на раце почнав и да си готвам јадам чистам со него. :smirk:

    А да ќе заборавев моево кога ќе почнеше да тресе вилица, цел црвен и зајдува од плачење го кревав да гледа низ дневна јас го гушкам му зборам како со потпевнување за да се смири, го стацам на подлогата за преоблекување да се олади малце од плачењето прегрева се смирува почнува да гуга таму да си полежи јас го галкам тивко зборам па пробуваме пак да се успиеме и најчесто помага. Исклучиво со шшкање и нишкање горедоледеснолево во исто време.
    Те гушкам за да ти кажам дека ќе помине и ова :hug::l:
     
    Последна измена: 12 март 2024
    На kozuf и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  16. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Мене само марамата за носење ми помогна, дење сѐ во неа спиеше, колку километри сум одела и надвор и по стан, баш така плачеше од 17 до вечер како што викаш, кога го носиш барем ти се слободни рацете да си направиш за јадење или да си шеташ/играш со другото детенце.
    Е за спиење немам совет ама нема да трае долго, ќе издржиш верувај.
     
    На Konstrakta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.350
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Абе побудалувачка е, секој ден а дојде 5 саат мене ми се плаче. За дење е ок ке се успие на цицка, ама од 5 до 12 толку дете да не сака да заспие јас не знам, не го оставам да се премори, не му зборам многу долго, маж ми баш тогаш доаѓа од работа па го оставам да јаде, не го занимава ни он тој период.. не знам, да не може да се мрднело од него до полноќ, а кога модрее и се губи нема шанси да го оставам да го легнам, мора да е на цицка за да се смири, луда куќа ни е дома, јас нервозна, преморена, лазам по земја веќе, сите ги мразам околу мене па и сама себе. Тешка депресија ќе произлезе од ова, ако со првото не завршив на психијатар, со ова најредовна ќе бидам
     
  18. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    9.677
    Пол:
    Женски
    Пробај кенгур, марама нешто. И види денското спиење да не не му е доволно. Мене тој период ми плачеше од ненаспаност дента ама пројде тој период, што викаш а видам саат 17ч веќе почнував да се тресам, нервоза, карање со мм уште невлезен
     
    На Konstrakta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    34.790
    Пол:
    Женски
    А грчевите да не го мачат па и прв скок?Прави му масажичка на мешето,
    Дефинитивно мораш да изброиш до 10и да се смириш да делува невозможно но премногу се осетливи, пробај да го смируваш со допир кожа на кожа немора да е цице, неплачат секогаш за цице иако така ни делува... пуштај му смирувачки звуци и затемнувај просторија кога ќе сакаш да го заспиеш...
     
    На Konstrakta му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    919
    Да пробаш и подолго бањање со пригушени светла и тивка музика, почни уште од 5 ако тогаш му е времето за плачење. И дури е во вода масажа на меше, па од таму во марама и шетај низ дома.
    Знам како е и со нервозата, мене ми помагаше да се потсетам да си кажа на глас дека не плаче за да не нервира нас, не плаче дека така сака, него нешто сака да каже дека не е ок, а нема друг начин освен овој. Кај нас плачењето беше од премореност исто како @Fenix05 кога погодив со заспивањето дојде мир. Земав и поголеми пелени да не стегаат ама не верувам да беше до тоа.
     
    На Konstrakta и Fenix05 им се допаѓа ова.