Ајде и јас да се пожалам за мај муж Јас се нервирам што цееел ден сум со неа, ја анимирам, изигравам кловн, и правам 300 активности, он ќе дојде, треба да поседи со неа саат време, 40мин и гледа во телефон и ја остава сама да си игра, она игра 5мин сама и почнува да вришти и он нема гајле, уште со телефончето. Или ќе дојде до мене и ќе почне да ме тегне да ја земам во раце и уствари не ја чува он туку пак јас. Секогаш му викам како не ти е жал, не си ја видел цел ден и демек ја чуваш, а ич не и посветуваш внимание како што треба. После ќе си кажам сама дека он ги нема истите хормони ко јас, ко мајка па као ќе го разберам до следно исто однесување и така во круг. Не ми е тешко да готвам за неа, 100 пати да ја пресоблечам, да играм и се што треба ама сакам и он да и се посвети 100%, а не неговите интереси и комотитет па после детето. Помага, средува, се грижи ама не како што јас сето тоа го правам во врска со неа. Не знам, можеби премногу барам, ама за мене е многу битна татковската фигура и татко ми во мојот живот па мислам дека тие навики, конекција и љубов се градат од кога сме мали. Он секогаш ми вика дека мн се замарам и дека претерувам.
На мажите не им работи исто мозокот како нас. Влага дома во 6 од работа, бебе плачело цел ден, и веќе во 8 ми вика: Леле ама е досаден, зашо плаче толку? И јас му викам леле стварно јас не приметив цел ден дека плаче После ме прашува зошто дента не сум била да купам сјај за машината за садови. Јас пак ваква не знам еве зашо не отидов, можеби дека доручкував во 2ипол дури, не ми текна и во продавница да се спотерам со бебето по сјај. Искрено дури смешно ми е како во неговата глава некои работи воопшто не се појавуваат, не ги размислува пред да ги рече. А секој ден се јавува што да ти донесам, на секое станување ноќе ми вика да не ти треба нешто, сака да биде од помош, ама мислам да му се расплаче додека сум надвор да го прошетам кучето нема да знае кај да тера. А второ дете ни е, не е дека првпат гледа новородено. Јебига, маж ко маж. Ама не го жалам, некна му оставив млеко и отидов со големата на роденден во игротека. Нема како да фати ред освен да го фрлиш во оган. Ќе преживеат дури и да му плаче нон стоп 2 саата.
Се тешев така буквално мм беше поддршка голема да бев сама ќе потфрлев дефинитивно јавно си кажувам. Али на крај се одвоивме после 3м на синко сами живеевме и ќе го оставев да се исплаче зошто знаев дека ништо не му е туку од досада плачеше и ќе преплачеше. Така и сега со бебево кенка во раце ќе ја легнам на кревет ќе почне да зуе ќе види дека не доаѓам се врти сама на страна прст во уста си става шмука и се исклучува. И да спие 30мин не ми пречи знам дека не сум ја нишкала, а еден тој работа сум завршила некогаш разнислувам и за 3то ако вака продолжи ама од друга страна си викам па и јас имам живот доста е
Едно ќе ти кажам ако ти си тип на човек што може да анимира дете цел ден не значи дека и другите се. Треба да оставиш дете и само да знае да се заигра безразлика колкаво е утре ќе почне во градинка мислиш дека ќе ги анимира некој 10 саати? И јас си го сакам детето ама и јас како маж ти доле на под ставена е и си се врти така научи и да се врти сама на 3 и пол месеци од грб на стомак и обратно, сега на 4ри месеци веќе се труди и да лази ама мала е и тежи газето нема координација ама се труди тоа е битно комотно можам да ја оставам 1 саат сама и да не пишти и да кенка.
Деца се развиваат и самостојно и заеднички. И едното и другото е потребно за нив. Такада и двете ги практикувам. Не сум роб на дете, ниту цел ден му висам на глава доколку нема потреба од мене. Само сум посветена и сакам детето да има добар пример и добра средина за растење, а за истата сметам дека придонесуваат двајцата родители. Од тука ми тргнува муабетов.
Ооо се погоди темата за жалби, фала @јolene што ја отвори, да се испукам бар тука. Од синоќа сме на ратна нога, причината иста како овие изминати 10 месеци. Маж ми е маж што е инволвиран, ама не прави ни 1/3 од работите јас што ги правам, а мисли дека сме рамноправни, и уште уста не затвора од фалење. Некогаш си мислам ако не сум тука машинеријава нема како да се движи, има еден куп работи кои ги правам во позадина кои не ги примеќа. Следна недела започнувам на работа, тој превзема породилно. Изминативе две недели истовремено сме на породилно, причината беше да направиме handover, да не му дојде многу шок. Да му го научи ритамот на детето, да знае за јадење што треба и кога треба, да знае да го спреми за излегување, да го заигра дома, такви работи. Знаете колку пати му направи оброк во овие две недели? 0. Дали го научи ритамот на детево? Не. Буквално го зема да го носи за спиење еден сат после дремка. Кога ќе стане сабајле уопште не планира кога и што треба да јаде, јас сериозно не знам како ќе функционираат. За излегување од 5 работи што треба да ги понесе со себе, 6 дома ќе ги заборави. За заигрување да не зборам, 10 мин максимум, после му дава некоја играчка а тој седи на телефон. Значи тв дома не пуштаме, јас седам ко глупача дома без тв 10 месеци, тој пред некоја вечер си пуштил фудбал, си ставил пиво, грицки, му дал на детево играчки да игра на подлога, и си гледа бе. Излагам јас од туширање, тој си грицка семки, си гледа фудбал, детево зркнато во екранот, не мрда ни лево ни десно. Абе ми се споија жичките. Кога готвам па, ко 10 раце да имам, бидејќи готвам и чистам истовремено, во суштина многу работи правам паралелно за да заштедам време. Ама не, мм прави само една работа и таа ја прави ко полжав, значи многу е бавен, не знам некогаш како не осеќа притисок дека ако не ја исчисти кујната веднаш, дека после нема да има ни време коа да ја чисти. Мене мозокот ми е буквално оптимизиран распоред, него мува не го лази. И така
Темава омилена Ние 2г не сме мрднале од ратна нога Од ко му кажав "еее со цртани и јас знам раат да бидам". Како @Bella_Stella со нишкањето де Најактуелно е "шо и е па сеа". Брат, маж, брачен другару мој, ме заебаваш? Тодлер е, не се разбира шо збори, мене ми требаат 3 раб дена за да сфатам дека "шаша" е маса. ОД КАЈ ДА ЗНАМ ШО И Е ПА СЕА, и јас се чудам Се согласувам и со @Brpbrp , дете треба и само да се заигра ама не може бе да вика по тебе 100 саати да дојдеш и да глеаш у телефон "само да допишам". И ќе го фрлам со се телефон кај и да е. Чекај, понуда правам. Чекај, овој за ова ѕвони. Чекај, оној за она ѕвони. И животот на детево пројде чекајќи. Оти јас не сум октопод нели, а она да почека малку тате да се допише. Новото "да допие тате и ќе си идеме". Или минатата недела колегите диспечери не му беа рамни. Абе дома влезе со дете во една рака, со телефон во друга и на успивање после 4 саати мислам со телефонот на уше дека отиде До оставање не е дојдено , ама до гасење на тел по дома и те како
Леле жени абе јас мислев само мојот е таков. Ќе се убијам веќе значи. Не можам да поднесам колку на моменти ми иде да го убијам, со раѓањето на детево во мене се појави некој нов вид на нервоза кон маж ми. Жими се некогаш ми се иде да речам крај, ќе се разведме и терај ти раат живот, јас и онака исто ми е дали си присутен. А знам дека не е така ама у нервоза мојот ум вака го перцепира неговото “помагање” Мојот избиршал социјални мрежи за да не седел толку на мобилен, денес не знам што правеше како правеше цел ден пак беше на него, работеше нешто, ахам. Дете цел ден е оцет. Значи одамна немало ваков ден, а плус како во струја брцнат, пред некој саат мислев на лекар да го носиме оти заврте лазеејќи 30 круга околу маса како полуден, стварно се исплашив не знам што му беше, која брзина ја уклучи и тоа гол! Дали му беше забавно да си ги стружи колената од под не знам. Е сега плачеше страшно за успивање, сто саати го успивав, мм ми се понаша ради мојта енергија бил таков, каква енергија сака човекот кога сум неспиена 11м? Значи бебе нон-стоп на цицка ко новороденче, по цела ноќ, партал ми ги направи. Морам да го одбијам. А мм му зуела главата и фати излезе човекот, а бебе по него одма заспа. Не знам која енергија ја осеќа. Многу сме на ратна нога и ние, осеќам како константно негативни емоции да се собираат дома. Јас барем попладне имам малку раат, обично го шета 2-3 саати ама од тие саати јас за мене 10 мин ако имам, онака да средам се што треба и пак не одморам. Денска дремка од кога не сум имала сама, ми фали да легнам баш кога ќе ми се дреме.
Хахаха е не можам колку се сите како во ист калап кроени бе! Мојот пред 5-6 месеци избриша социјални мрежи, многу седел на телефон дистракција му биле, сакал детето да си го гледа. Првата недела стварно доаѓаше од работа и мислиш друг човек, не фаќа телефон ужива со нас, присутен во секој момент. Втората недела почнале да го прашуваат зошто нема инста и фб мислиш некој инфлуенсер тежок е па им фали. Третата недела почна пак да седи и да гледа шортс на јутјуб, четвртата недела почна да пробува да си ги врати акаунтите како полуден зошто заборавил пасворди. Ииии после ДУРИ 4 недели се врати на мастер рисет среќен како тинејџер што прв пат прави профили. И ете го како опседнат, стално некои глупости гледа. Генерално е срцка и знае да подфати по дома, ама знае и да се прави мутав дур не спи*дам, па мора да стане.
И мене преееемногу ме нервира тоа влечкање, за пола саат можам јас да направам за јадење за сите тројца и после за 15 мин да досредам кујна додека чувам дете а на него саат ипол да му треба за истото, без дете. Плус дека работам од дома, се знае кој е задолжен за адаптација во градинка и комуницирање со нив, за земање од градинка, за носење на матичен, за 7363647 други работи. Нема никогаш да сфати колку сум растргната на сите страни и не се ни замарам да му објаснувам веќе. Затоа за викенд во 6 саат зима детето и му прави доручек јас си лежам уште саат-два. Место да се објаснувам само давам команди од сега. Инаку кога не спиеше бебе цела ноќ (негде до 11 месеци се будеше повеќе пати) си фантазирав дека ако се разведеме ќе го оставам со него 1 ден неделно и ќе се наспијам тој ден, до толку беше.
Мојот гарант вчера ме прочитал тука, па еве ме сега наспиена од дневната кафе пијам, варам просо и чекам да станат. Малата е на шише. Па можно е по цела ноќ да ја превземе. Ама и вчера морав да му дешифрирам, и се јаде. Накакакана е. Сака млеко. Сака ужинка. Сака надвор ...значи она исто мрмка, ама јас можам да разберам што сака, он не може. Иако се труди..ама ете..
Со се маж ти и мене ми доаѓа исто со мојот, кога ќе ја пушти таа играта ми иде он и телефонот низ прозор
Тоа е неспорно се согласувам со тебе треба и он да е инволвиран во се. Јас мојот му одржав лекција и го научив и јас бев чисти средувај пери готви. И на крај ми прекипе почна дома да нема ручек, да не е иапрана облеката за на фудбал, кујната како бомба да паднала, садови еден тон и почна после работа да фаќа да средува штом ќе дојде не е само нозе измиј јади и толку. Сега сме 50:50 мислам дека највеќе го погоди делот со облеката за фудбал да не му е испрана
Ние се разведуваме од ко останав трудна. Веројатно сите се така и нормално е Мојов ја чува,искача со неа , станува ноќе, ама кога ќе речам ај смени и пелена ,знае да ми каже "сабајле и сменив " и тогаш ми се иде да извадам пелената со гомна и под перница да му ја стаам . Дома средувам,за 10 минути е наопаку станот. Некогаш си мислам ,да имаше станов тркала ќе го бутнев и ај у три лепе. Таман завршило едно ,почнало друго,стасало трето и помина пола живот у кујна и со машини за алишта. Да не зборам дека секое одење надвор од Скопје ,кај моите или неговите не ми е одмор туку ми е ужас . Пола стан го носам со мене. Вечер ќе се вратиме и додека се средам ,господ да ми е на помош. ПА и кога ќе ми рече "брачни обврски " ми се иде да му го фрлам на мачките Единствено што барам од него и да си дипли алишта и после работа да ги остава код кај што ги зел. Ама пошто тоа не го прави ,сега алиштата веќе не му ги средувам . Кај паднало таму нека си стои.
Чеки и јас да се пожалам од мм А само месец ипол прошло откако се породив што ли ќе пишам за до годинка.. Во бременост топ ме исчува максимално Навечер имаме "рутина" јас го дојам он да го ждригне и пресоблече, пошто јас цел ден со него он на раб нели. Го будам сеа ми вика и си продужуе ај у почетокот викам греота на раб иде а ја не сум греота кога ќе ми вришти по цел ден да не можам да каснам едно залче Еднаш го будам викам стани понишкај го да дремнам малку.. се сврте на дрта страна и се ниша целиот и вика ајде тате шш шш дали да плачам или да се смеам. Или па кога ќе ми рече дај ми мин да се расонам и хрчи ми иде на клоци да го кренам а кога ќе се испонашам пошо преку глава ми е што не стаанува одма се лути нафуран Или му го давам јас до дневна 5мин доаѓам и ми вика ај земи го да одам јас да пушам една и го гледам и ми вика може?