На норма сме ставени мислам. Доаѓам од работа и почнува -ајде јадење за бебе,ајде ручек за нас ,ајде машини ,ајде садови ,ало човек остај ме да испијам едно кафе од работа и да се отрујам со 5 цигари оти друго ништо не правам и онака.Не бе не,на норма. И кога ке седнам после се на тераса и ке ми пререче за цигари ,стварно косата ми се крева . Сега ја сфаќам мајка ми кога викаше порано "Одам на работа за да се одморам ".
Е ова ние многу го пазиме Знаеме да повишиме тон ама се сецкаме, ние и онака збориме гласно по дома де. И детево е гласно ама не за дерење. Е кога почнува напната ситуација или ќутиме и двајцата збориме само со детето или извини ќере, јас и тато имаме муабет у спална, цртај малку и хамерот за итни случаи е пред нејзе и си кажуваме шо имаме. А ако е кратко пред нејзиното заспивање, чекаме да заспие па квалитетно си ебеме матер погледнувајќи накај бејбифонот да не се разбуди Да сменам тема, татко ми сабајле ми ги спои жичките скоро исто како маж шо знае. Значи бевме на гости, на девојката и текна сакала надвор а само шо се качивме 5 спрата едвај со неа нагоре и земав да и објаснувам не, на гости сме, само шо дојдовме, да пиеме кафе и ела тантрум и ела деде ќе те изнесе надвор. 4ца возрасни ме гледаат, јас со очите ваква Шо јадам трици јас 15 минути? За да ја изнесе???? Мајка ми само ми рече смири се. Леле ко се вратија Завршив со "ќе паузираш ти малку од неа додека не почнеш да почитуваш шо ќе кажам, а ти мала ко ќе почнеш да ме слушаш" Ќе ги затепав и двајцата. Па и тоа "ко ќе имаш внуче ќе видеш" бла бла.
Како што читам тука, така дојам и не стигам да допишам. Значи денес не да сум на норма, мислам мотор во дупе имам, станав кај ненаспана па и цел ден на рати средував низ дома, он направи јуфки (жими тоа знае), јадевме и дојдоа моите да причуваат бебе ние да испазариме. Се вратив, надоив бебе, средив продукти, он го успа малото, јас правев ручек, чоекот си заспал мува не го лази, големиот растура низ дома ми крева притисок. Направив јадење и стана бебево, ај пак да цица, големиот седна да јаде супа со татко му. Господинов маж, гледа дека нишкам дете а он си пивка ракија си мези салата 2 саати, си буља во телефон. Е не да ми се споија жици, арно не го мавнав со тава по глава. Му викам цел ден не застанав и наместо да јадеш на нога за да јадам и ја, си мериш лезетно чоече, а вчера јас седнав да вечерам во 11, он држеше бебе, ова урла, на пола јадење го слушам дише како вол, ми брои залци и ми вика земи го, дај му цице да се смири. Го земав, чоекот лабаво си отиде во спална, си заспал. Ја до 1 успивав дете и таман седнав да се дојадам ете го малиов гркна. И ја така нервен слом си добив и отидов и го разбудив и му викам станувај, зимај дете да не летаат пердуви. Нервозна се заклучив во детската соба и не излегов дур не слушнав дека заспал дете. Ааа па ми прели жичка више. Тоа само се научил, сака да цица, ма немој.
А најјак момент нели ви е кога мажите се со детето, имате онака 5 мин да здивнете и ете го, доаѓа, “Ај да видиме каде е мама, што прави”.
Најјак момент е сабајле ,кога спремни за на работа и градинка ,ја у вц се доспремувам и он ми довикува " еј ,се покака "
Мажите си се паднати од марс дефинитивно. Маж ми ми вика сега откако имаме дете помири се дека ќе ни биде растурено, јас му викам абе будало јас на тоа веќе се помирив уште откако почнав да живеам со тебе. И јас се пронајдов во се што напишавте до сега, но откако се одвоивме од неговите тој се измени на подобро. Не можам апла да го хејтам затоа што стварно се труди, ама некои навики што му се стекнати тешко се искоренуваат. Тој е научен некој постојано да му оди по газот и да чисти и да средува позади него, јас уште од старт му кажав дека тоа нема да го правам. Отсекогаш работата дома ни била поделена, но откако се роди ќерка ни грижата за нејзе не беше баш еднаква. Се случија други перипетии, направивме неколку сериозни разговори и морам да признаам дека стварно се смени. Но, мене друго нешто што ме иритира дека кога таткото ќе обавува најобични нешта како татко, во смисла да му даде на детето да јаде, да го бања да го успива, сите паѓаат во несвест од восхит колку тој бил добар татко, а од друга страна од мајката се очекува натчовечки напор и пожртвуваност додека постојано е мета на критика, и тоа за најванални работи - што мајка е она не му облекла чорапи, што мајка е она бисквита му дала итн итн... Мајка ми цело време го фали мм, колку бил посветен, колку ја чувал ќерка ни, како МИ помагал... јас и викам тоа е НЕГОВО дете, како што јас имам обврски кон неа така и тој ги има. Она вика пред татко ми дека он ништо не и помагал, и овој и вика па немаше што кога мајка ми ти помагаше. Изгледа ние треба да го скршиме синџирот.
Повеќе нервира со 2 деца искрено зошѕо и он и детето ќе спијат како заклани па ќе се вади дека чува дете итн и ќе бара изговори да излезе надвор демек еве јас детево ќе го шетам правам нешто
Ме изнасмеа, колку е ова само точно. Ќе го причува бебе за јас да направам нешто, го зема во раце и ме следат низ цела куќа. Од маж ми не можам многу да се жалам, навистина ми беше најголема потпора и ми помагаше за се што можеше. Само една работа не можеше да сфати, како на бебето му се спиело ВЕДНАШ (читај: два часа) по станување наутро. Спиел цела ноќ, сега пак ли да спие? "Ама гледаш дека не му се спие, само што стана, со сила ли да го успивам?" Еден ден решив да му докажам, бебе беше мислам во 4ти скок, никако не можевме да го успиеме за дремка и беше долго буден, е тогаш виде што значи преморено бебе, па сега ретко знае да искоментира во врска со тоа. Дури е загрижен ако бебе имал кратка дремка. Да се живи и здрави.
Нервира кога ќе кажат сигурно му се спие на бебе, а станало пред пола саат. Кога беше новороденче беше пак ли спие пак ли цица. Кога потпорасна сигурно и се спие му викам сега стана ќе спие за 2 саати остави ја на земја ќе се тркала абе како да му викаш држи ја во раце 2 саати глупак, а гледа дека не сака се нервира и ако почне да кенка еј и се спие. Само тоа знаат.
Или он си лази рандом, оди кај што не треба, јас работам нешто и он треба да го пази, а него го мрзи да стане да го прибере и имаш “види го кај тебе доаѓа, кај мама ли сакаш ти ај леле”. А нема врска, он ме прошишува со 200.
Јас на темава: Ќе звучи лошо ако кажам дека ми е многу мило шо сите се разведувате на дневна основа, ама правите да се осеќам (по)нормално. Членка наназад спомнала дека како да живееме ист живот. Истите кавги, истите реплики, аргументи, контрааргументи. Ма дури веќе не сакам ни да ми помага бе нека лежи таму нека игра кенди краш оти после едно празнење на машина низ нос ми го вади. Ми ги брои бе луѓе кога памперс сменил, кога шише измил. Абе да ти се одмили. А па кога ќе се погоди свекрвата тука, а тој со крпче в рака... Па леле мајка, па ти многу помагаш, мене никој не ми помагал, па алал. Среќа во несреќа, ми лекна знаејќи дека не има многу вака. На крај на ден пак си ги сакаме и пак би го зела за маж ама загрижувачки многу често ми иде да го зашлакам.
Мојот е на прво место тогаш. Таман ќе седнам на тераса со кафе, ќе извадам цигара и тој им вели : каде е мамаааа, си заминаа аааа, нема мајкаааа, и тројцата излегуваат и плачат по мене
https://vm.tiktok.com/ZMMBNyfhU/ Е а за вакцини и крв земање вакви ли се? Овој мојов ист ко овие мажиња во видеово, го жали кука, а ја ко психопат го држам бебе туш ладна, јер некој мора нели.
Ние сме договорени само јас да влезам, во спротивно на вести ќе не има дека ја истепал сестрата што ги боцка децата. Тие слики од прво боцкање вакцина никогаш нема да ми се избришат од глава. Ама мајка се може да истрпи. Бебка заспа дур тера прва дремка оваа мајка оди на мал шопинг низ населба, возбудена ко у Солун да ќе одам. Имајте убав ден
Јас бебе да плаче немам срце да оставам, не знам, ене го моли за цице, знам дека е премногу тоа цицање преку ден и знам дека не цица реално за да цица туку за да се мази и пак давам кога ќе рече меме. Не знам, не можам. А за врзано за мене, па реално големото не беше толку колку малово, ама до добри 3г ние бевме едини тандем, прв одмор со баба и дедо и тогаш се откачи од мене, али не волку колку бебе. И да си кажам, со мене си спијат и двајцата и не ми е мака ич, поубаво спијам така. Кај мене викендов беше бомба, ама бомба од тие разорните, се беше на сите страни. И синоќа најладнокрвно си седнав да си гледам филм зошто немаше шанси да земам да раскренам. Натерав голем батко да раскрене дур се туширам, бар дел од играчките, тате ако не му сметаат не мора ич да фати, не ми смета ни мене. На времето знаеше да каже Ти средив кујна, ти испразнив машина, ти собрав алишта... Откако почнав со ист камен по негова глава се повлече. Тоа е, мора така и само така, нема како другачие. Дури бев се на нога и нон стоп нешто правев, порастурено ми беше дома, сега кампањски, така повеќе ценат.