Само јас сум про гости персона изгледа. Многу сакам гости, а мм ич, да не му спомнеш. И не сум пазела на гости ич со деца, нит вируси нит ништо не сме пазеле, секогаш било кај нас слободно. Не знам, мислам дека дете дома само чувано не е здраво дете и затоа така сум одлучила. Фала богу повеќе од бронхит не сме фатиле, што се решава со инхалации и антибитотик само. Еве одат во градинка, школо, се дружат, не можам да го сопрам. Големиот ми е понежен, вчера си дојде од школо и одма се вцрве, лом, цел осип, ајде на лекар, а уште не бевме појдени за увото на контрола што се вика. И пак, нема да го сопирам од дружење. Јас сум растена со луѓе, мм не, па затоа сакам да им всадам љубов за дружба на децава, зошто гледам дека кај мм тоа недостига.
Да не ме разбере некој погрешно, сакам и јас луѓе и дружење, но не кај мене дома може ресторан, парк, кафич, плажа, викенд во друга држава, друг град секој нека се осеќа како гостин, нека не' служат други. Еднаш еден пријател предложи ајде да изнајмиме вила за викенд и таму да сме си правеле ние скара, јадење не знам што. Извини викам ако сакаш во хотел може, а јас да бидам домакинка и на друго место не фала. Доволно ми е дома, кога ќе се релаксирам јас, ако и за викенд отидам и сечкам салати само во друга кујна.
А оти само ти да се релаксираш? Не одиш само ти да си домаќинка. Кога сме така на куп со пријатели, мада се поретко се дешава бидејќи заминаа по белиот свет, си делиме обврски вообичаено. И волкот сит и овците на број.
И ја ич не сум за собиранки по дома, повеќе сум за надвор, како: парк, на планина, на Водно, Кучково, ЗОО, итн.. Децата ни се сите по мах.1 година разлика, значи најстарото нема ни 4, и е хаос кога ќе се спојат,а надвор си играат, си трчаат, плус на воздух, милина, такви дружења и собиранки сакам, од дома ми е преку глава.
Па тие другите мажи немаат ли жени? Башка ако сте на релаксација сите се на релаксација, купуваш спремно, готово и тоа е. Ние најчесто кога одиме надвор од дома, јас припремам, мм пече скара, после заедно прибираме и заедно средуваме. Ако сме сами зборам у викендица. Ако сме со друштво, најчесто мажите средуваат скара, простор за седење, ако треба да се коси, да се чисти, тоа они.
На тема гости...ама ИЧ не сум за гости . Нит да одам ,нит да ми доаѓаат. По природа сум човек што ужива во самотија. Е сега, не е тоа претерано ,секако,одиме и ни доаѓаат ама не сум нешто фан. Па посебно сега со дете , после не можам два дена да се средам.
Здраво мајки Гости сакам, дури повеќе сакам да ми дојдат него да одам. За тоа сме погодени со маж. Сега и со деца мали ептен ми е ќејф кога се дружат. Станот од наопаку ќе го свртат ама ако, така живее и куќата, не е музеј. Јака им душа на комшиите под нас. Еднаш не ни пререкле или на криво да те погледат. Ама и они три деца имаат, не заборавиле очигледно како е. Секоја среда нова болест лечиме со големиот батко. Претходната имаше температура 37 дечкото точно до прием во градинка. Само што помина 8.30 магично се му помина. Оваа среда конјуктивитис лечиме. Само нека е вака лесно и со помин. Бебушкарка милина е. И забранивме со татко и толку брзо да расте. Со првото си викав ова дете кога ли ќе порасне, сега со второто, те молам не расти така брзо. И последните работи од новороденче со тешко срце ги спакував денес. Не знам ни ја за што ќе ги чувам ама ајде. Маж вика трето дете ако имаме ќе треба да се разведеме. Јас велам развод нема шанси ама убиство сигурно. Денес уште една прекрасна вест за ново бебе во друштво. Како поминуваат годините сфаќам дека другарките ми се најверната фамилија. Роднините не ми се така блиски како они. Се радувам за успехот на секоја една од нив. Секоја е силна жена на свој начин. Инспирација црпам на различни полиња од нивните примери. И секако горда сум што ни опстојува другарството 15+ години. Се распишував како дома да не е бомба во секоја соба, да станам да расчистам малку Ве поздравувам
Дали само со мене нешто не е во ред кога темава ја читам за релаксирање и забава?!?! Заглавивме ние на 1 час адаптација во градинка 3 недела. Превише плаче луѓе, очекував дека ќе е тешко ама до волку инает да тера не. Се разочарав ептен и од кс, железото уште пониско и отишло а пие веќе малтофер. Сега зголемивме макс доза плус вит ц па да видам дали ќе има подобрување. Со спиењето конечно веќе успевам и да ја легнам и денски, и одкако сме на 2 дремки ми е многу полесно да орагнизирам денот. Прозор на будност и е мах 3 3,5 часа. Уште градинкава да се среди и да здивнам малку. Наредна недела се враќам на работа, колку не ми се оди неможам да ви опишам. Вака дома милина ем деца средени, топол ручек секој ден, среден дом колку толку. А сега хаос ќе биде, кога ќе ми текне дека ќе морам да чекам да ги успијам 9/10 часот за да направам ручек за утредента.
Иста сум и јас. Со маж ми често се расправаме околу оваа тема. Он е многу друштвен тип. Сака да му идат гости и да иде по гости. Јас Поубаво ми е кога сум сама. Или со маж ми и со децата. А и овде нема одење по гости. Кафе пиење во кафиќ. Нема собиранки по дома. Уште поубаво.
Колкаво е малото? Обично ако мн плачат, воспитувачкиве и не им се замараат баш, па ајде одма бараат некој да го земе. Не се откажувај, и што помалку нека знаат дека има кој да ја земе било кога. Тоа за на работа, охооо итоа како подобро ќе ти дојде на работа, малце да се релаксираш Со две деца, на работа е одмор Хаос е на почеток, после фаќаш рутина и ти станува навика, боже пази да ми речат дома да седам, а да не одам на работа
Мајки помош...незнаев каде да пишам. Ми се скрши топломер. Се распрска живата во мали парчиња кругови на паркетот. Многу сум во паника. Први усисавав, не се собра се. После полека со четка и хартија ја собравме. Жива се изедов...што може да се случи ? А што ако сум голтнала јас или бебе ( иако знам мали се шансите).
Стар, баш стар ви е топломерот? Оти сега, години наназад иако налик живин, тие топломери се со галиум, налик исто како живин. Иако, да, се продаваат и со жива. Прочитај одназад на она што останало од топломерот.
Ништо страшно. И мојот беше од Зегин живин ист таков ја собрав живата и тоа е тоа. Овие топломери содржат жива точно но не е таква туку е елементарна жива која е безопасна по здравјето .
@AngelOfArh ти го прочитав твојот пост во вистинскиот момент, фала ти, ме освести! Да си кажам и јас. Бебе болно втора недела. 7 дена е со температура Станот не сакате да знаете како изгледа, да го видев ваков никогаш немаше да се вселам во него. Едвај чекав бебе да заспие за да исчистам. Ама ја прочитав ангел и вашите други коментари за мажите и со седам на фемина саат ипол Немам снага веќе, се распагам. Кај од не спиење, кај од грижи за дете. И ќе чистев додека мм прави трајни отпечатоци на троседот. Епа како па да не! Ќе си лежам и јас додека бебе стане После ќе спремам бебе и ќе испратам со маж на шетање низ маало, тогаш ќе си исчистам раат. Го менувате светот жени, ви велам јас. Истата енергија како тука, да ја шириме и низ главата на нашите деца!