Ништо. И нас пред 5 дена ни се скрши и да ти кажам после 3-4 скршени топломери во мојот живот, овој пат бев нај ноншалантна, тоа што видов по секоја цена го собрав иако си го оштетив паркетот, ама може уште има некое топче што се вртка под масата што не сум го видела или собрала... Првиот пат за малку креветот што не го фрлив, ама затоа преубаво ќебе си фрлив пошто мислев дека ќе испоумреме ако се контаминирало со живата. Наводно не се користи тој дел од живата кој е штетен и е преееееемала количина. Денес воздухот што си го издишала поише штета ќе ти направи него ли живата.
Ахахахаха теписонот го собравме и го ставивме запечатен надвор ако ти се верува. Среќа па доктор ни кажа дека не е страшно.
Мајки ,само овде можам искрено да си кажам што ме мачи без осудување. Пред 5 дена, кога добив ,ми олесна. Знаете пишував дека правиме муабет за второ дете а не се осеќам спремна. Епа да се пријавам дека месецов пак ке почниме да работиме на случајот. Нормално ли е да се осеќам вака ? Не замислував дека до волку нема да сум спремна ! Сакам Нормално второ ама некако ко рано да ми е. Незнам....дали некогаш ке бидам спремна ?
Ако не се осеќаш спремна не мораш да брзаш..и така уште ти е мало и првото. За спремност не знам човек дали некогаш е 100%, јас ни за прво не бев скроз спремна
Ајде да ве поздравам,по зелено светло од педијатар за од понеделник да се вратиме во градинка а мама после некој ден и на работа ... на мисла ми беше да не е црвено грлцето па си реков и така ќе ни треба потврда подобро да го види да знаеме на што сме... Ќе биде весело што ќе мора да го држат повеќе ама што да им правам уште тогаш им кажав одморот лета да зголемуваме ама изгледа не им се чува 1бебе сите други се над годинка ... се надевам се ќе е ок Утешете ме бидејки на работа мора да се вратам (лошо е што одам на смени па на 2ра ќе го зима тато ама покасно накај 16 а јас би накај 14 кога ќе сум прва) Ми "фуфка" не дека не, ама немам намера да се предомислам со градинката,бидејки мајка можеби некогаш ќе улета саат два ќе го причува ама секој ден јок,за тоа сме на иста бранова должина ама градинкава како ќе биде незнам
Зошто почнувате ако не си спремна? Не заборавај дека физички само ти си вклучена во процесот бременост, да не збориме за психичкиот дел. 100% спремна нема да си никогаш, ама да си барем 99%. Зошто викаш дека ти олеснило кога си добила ако почнувате со обиди?
Најдобро знаеш како се осеќаш. Вака од страна мене ми изгледаш збунето и неспремно. Немој да носиш одлука базирана само врз страв од возраста. И јас имам скоро 33, не дека сум во цутот на младоста, ама реално имаме време да родиме уште едно, па и две деца. Слушај си го срцето.
Доколку не си спремна, не брзај. Не се годините мерило. Јас на 33 здравје ќе родам прво, до 40 планот ми е уште едно или две , доколку здраствено сум добро. Еве сега една што ја знам на 41 ќе раѓа трето. Не се оптерерувај дека нешто мораш. Треба да сакаш пред се и да си прихички спремна за тоа.
На 33 родив прво, од една страна сум решена да е само тоа. Немам сила, ни физички, ни психички за уште едно сега. Во толку краток период. Од друга страна си давам фора некаде околу 36, да ја преиспитам одлуката и може да се обидам за уште едно дете. Битно помирена сум сама со себе дека и ова едно, нека е живо, здраво, ми е доволно, па натаму како ќе биде, така. И претходно пишавме, не е грешка и само едно, да имаш. Не е никаква грешка ако си спремна и 5 да родиш. Така да секој со желбите и можностите.
Јас прво родив на 35 години и 7 месеци ала 36 да не речам. Оваа година ќе правам 37 ама искрено не ни помислувам на годините, само едноставно не сум спремна за второ. Му се жалам на маж колку е бесен овој нашиов и дека нема да можам да прднам кога ќе прооди а не нешто друго да направам. И ми вика а да беа две .... Само го погледнав и му реков од тераса ќе се фрлев сигурно Да ми е жив здрав за сега тој ми е доволен, ако се осетам некогаш спремна тогаш ќе мислам. Сега никако не ми минува низ глава второ дете.
Најискрено, ако си свесна дека не си спремна, немој. Дали дека мене децава сега на оваа возраст ми вредат како 5 да ги имам, јас би ти рекла почекај уште една година, барем 3 год да се разлика. И друга искрена работа, секој ден се трудам да ги гледам позитивните работи, а тешките моменти да ги поминувам што поопуштено, се трудам психички да останам здрава ама многу, многу е напорно. Ако имаш помош go for it, не чекај. Една блиска моја раат е, нема шанси да кажеш дека има две деца, викенди кај баба, секое попладне со баба. Јас го немам тоа (нити сакам почесто баба да гледаат од мајка) и затоа го одам потешкиот пат. Од друга страна, ако стварно си сакате две деца тогаш имаш време 9 месеци да се навикнеш на новата ситуација Не дека е невозможно, напротив, се програмираш правилно и шибаш ден за ден ама стварно треба енергија зашто не е само храна, хигиена, прошетка и спиење туку тие деца треба и да се воспитаат, да им се посвети внимание, а тоа си бара време и жртва.
Не се плаши,еве и јас родив на 34,малата сега година ќе прави ние сме во обиди за второ.Не се осеќам баш спремна,ама ди викам подобро сега на оваа мака што ја имам,него покасно кога ќе потпорасни кога ќе биде малку полесно.
Koga sme na tema za vtoro, jas 35 skoro, bebe e 3 meseci. Ciklus nemam, koga da ocekuvam, da pocnam da rabotam na slucajot Maz mi ne e spremen seuste, pa ni jas, ama zdravje godinka da napravi drugarcevo pa bi sakala.
Дали само јас се осеќам вака? Прво па машко. Цел живот името му го зборам ако имам син ќе се вика така. И ете така бидна. Цела бременост се плашев од царски..со царски поминав.. Како одат деновите,како расте еве неколку дена емоции многу..само мислам како еден ден ќе порасне и нема да му требам,нема да ми лежи на мене.. не знам многу ми е сладок и мил и многу ми е тажно дека ќе порасне колку и да звучи смешно кога ќе го прочитам. Не сакам емоцииве да доведат до некоја депресија. Морав да си пишам..
Претешко е мала разлика на деца, значи претешко! Поубаво близнаци него ли разлика под 2 години, две бебиња... хаос беше кај нас на почеток, ама фативме ред со све, после 1 година супер функциониравме, веќе се 2г и 3г, ама мн подруго е сега, кога ќе пораснат е мн полесно, ама додека се мали е навистина мн мн тешко, посебно ако немаш доволно нерви и трпение, а секако и помош!
Не се осеќаш само ти така не се секирај Јас на 1 недела му лијам солзи на глава дека ќе порасне ќе се кара со мене ќе биде дифтар ќе ме лаже за да не го замарам и така нормален тек на животот слатки маки, гушкај бацувај додека не трпат
Јас пак за разлика од вас, во моментов со дете кое проодува само се молам побрзо да порасне и да "одморам". Буквално не ме остава раат ни 5 минути. Само да се движело низ куќа, кај што нема опасност од повреда во секунда ќе ја најде и така. Кога другарка ми ќе рече си доаѓам од работа, му давам боички и боенка на детето и му кажувам мама мора пола час да одмори, мене ми изгледа како сон. Да не речам едвај чекам таков момент. Едит: нејзиното е 3 години постаро од моето.