Мали ви се бебињата? Нормална фаза е тоа, а може и некои блу мајнд мисли, понатака ќе сакате да е посамостслно, да си играте со него, да си разгиварате и сл. Дете секогаш ќе сака и бара мајка, без разлика на се. Не си правете непотребни грижи само. @KikiKviki
Скроз. Сега ми е дури и поубав период, си збориме Многу малку ми фали бебешкиот иако пребрзо некако помина. @Fenix05 мојава е дифтар ама денес крена тт и да видиш гушкалче. Е јбг, ретко се дешава вака. Ама пак си бараат мама
Колку што јас сум дифтар, толку мојава е гушкалче. На сред игра и текнува да подаде раце да се гушнеме. Или ако се заигра некоја минута сама, обавезно ќе дојде со лазење до мене и ќе се залепи за моите нозе. Се топам во тие моменти, не дека не, ама пак едвај чекам да порасне.
Леле јас морам да признаам дека детево е мини-ми. И ме плаши Она си е дифтар од раѓање, јасно ми е од кај е тоа. И други работи, инаетот, па и со очи превртува исто
И моево е мини ме. Што би рекол маж ми: нигде и ништо не ви е погодено. Ако биде како мене... тешко мене Маж ми баш е лабав, мува не го лази. Ај валда второто ќе биде на него.
Јас не сум таков тип да сакам да остане бебе. Мм знае често да рече сакам да остане бебе да го носам вака да го гушкам. Јас едвај чекам да видам како се исправа, како проодува, како зборува.. прв роденден се радувам што расте секој ден и јас си го гледам
И поголемиот мој е дифтар, ама со нас дома мн се гали, јас сум дифтар и ретко човек да ми се погоди За мене е супер период сега, си разговарам со двајцата, кажуваат ако нешто ги боли, што им се јаде, и сл. Имаме мн мн активности, нон стоп наоѓаме занимација, полни се со идеи, уште поубав период е.
Во врска со циклусот, со двете деца добив на 3 месеци, а двете само на доење. А имам пријателка доби дури по година и повеќе. Така да нема генерални правила.
Со првото добив после 3 месеци, а со второто после 8 месеци. Раат си бев тогаш. И со двете природно породена. Помалиот цицаше. Трето нема шанси. Немам веќе нерви. А и на 37 не планирам да раѓам. Маж ми ме зафркава - Би одел на трето, ама пак ќе биде машко. Јас само машки деца правам.
На муабетот погоре, моето е галениче на мене, на татко му ич. Татко му е прав дифтар Карактер вадење на мене 100% дури страв ме фаќа. Темпераментот, инатот, упорност мој го има. Дефинитивно мајкин син. Ама тешко мене ќе биде. Се гледа уште сега. Само господ мене трпение да ми дава друго што да речам. А мм ќе загази ако биде на мене и во тоа тоа што ќе науми да мора да се сработи одма или сега
Многу значи, многу. Кога малото е со татко му или во градинка, а јас и поголемиот сами дома обавезно си игра нешто сам, си бои, си лепи колаж, можам комотно и да дремнам, ручек да направам, било што. До продавница сум била, а он дома, кај ќе го оставам таму го наоѓам. Ама кога се двајцата дома тоа е лудило, натпревар кој повеќе глупости ќе направи. Дефинитивно после 3год е друг животот.
Па што знам, не би рекла баш со тодлер 4 год и бебе 4 месеци Секој си бара посебно внимание, посебно поголемото ако нешто не му се исполни во секунда одма вриштење, разлигавен е 100ка.. пред тоа беше помирен зависи од детето на кој како ќе му се потрефи
Така ќе биде додека порасне малку бебето. На 4год разбира сигурно само од љубомора не попушта. Кога ќе почне да го гледа бебето како другар/ка подруго ќе биде, сега мора нервозите да ги изедеш Мојот беше 2 ипол кога се породив со второто, ај што не се искачаше на крај, па и вриштење, лутење, многу беше тешко. Сега веќе си играат, се имитираат, се поддржуваат, друго е.
И јас тоа си викам да потпорасне малце ќе си се дружат, играат заедно. Амаа сега ми е најтешко, како што сум 90% сама мислам ќе полудам Вака не покажува љубомора цело време му збори, му кажува дека многу го сака, го гушка. Чека само да излезам од соба одма кај бебето оди, се гледа дека го сака.
Да се пожалам... Бебе ми е на антибиотик од неделата, саботата ноќта се преполни со шлајм неможеше да диши, носен на итна вечерта саботата немаше ништо на плуќа и на грло. Нз како ја поминавме ноќта, цела ноќ дишеше како на трчање да е, кратко, брзо. Сабајлето неделата во 6:30 пак на итна, пак нема ништо, ни дадоја салбутамол инхалација, инхалира, исто пак, ајде во 14ч кај матичната дома, слуша и таа нема ништо, пак инхалација, си одиме дома крева тт, одиме Бт на болница, го прегледаа, му извадија секрет и крвна слика 19 леукоцитите, алмацин му дадоја. Зошто ви дале салбутамол не прашаја, од кај да знам, нема потреба од тоа бидејќи е чиста плуќата, само со физиолошки ќе инхалира. Најтрагично во цела ситуација е што во 18ч неделата требаше да заминам Скопје на болница со големиот за операција за прием, малово ќе го чуваа мајка и свекрва. Торба спремна, млеко мозев 4 недели, замрзнато во фрижидер да има за 3 дена, 5 до 12 ни се изврти се, се смени планот, ајде се спрема мајка ми за Скопје, заминаа, операција вчера на синко помина се во ред фала богу, покрај спуштање на тестис испадна дека имал и кила и дека тие го повлекле тестисот, го средиле и тоа. Синко е добар, се гледавме цел ден, олку плачено немам цел живот колку за овое 2 дена, душава ме боли дека не сум таму од др страна немаше како да го оставам бебево со баби оти е со цицање, цел ден и цела ноќ цицаше, еве го уште е полн шлајм, тт нема ама си кашла. Големиот утре ќе го пуштат од болница, веќе неможи да седи, ме барал малку вчера, се нажалил Нека помини уште еден ден и да си дојдат здрави живи. Најтрагично е што цела година одложивме заради бременоста и бебе мало, чекавме да почни да јади за да го оставам дома, за да бидам јас на болница со големиот и на крај последниот час се смени се, пак не бев јас таму... Ми олесна дека помина операцијата сепак беше товар огромен ама дур не си дојди дома срцево стегнато.
Јас мајка одложувам операција добри 5г, што од ковид, што од бременост, што од бебе, сега ми кажаа мора веќе, нема каде. Сега одложувам ради доење.