Пишав во другата тема да видам како поминавте. Ајде сега пушти срце, поминало. Како велат старите лошите работи некогаш идат во пар. Битно да минува. И ако си се исплакала, па не си камен мајка. Ве гушкам
Немој да се плашиш и одложуваш, на детска хирургија се сите професионалци. Сега гледав баш емисија на телма, докторот вика колку побрзо толку подобро, ако не е воопшто спуштен ако е така родено, после 2рата година секоја година за 10% се оштетувале сперматозоидите. Кај синко не беше вродено туку со тек на време заглави го канал, сега кажаа дека причина биле килата, тие го држеле горе. Еве на youtube секој што има мака нека го гледа видеово ќе му се разјасни. Денес е супер синко, како ништо да не било правено, оди, се движи, седи. Поголем е резот само од килата, тој е под папок десно, другото долу ништо нема, само 2 мали реза. Кај нас сега проблем е далечината, многу сме далеку од Скопје, да бев таму ќе оставев и бебе дома ќе беше мм дома бар, вака и мм остана Скопје ноќта и затоа морав дома јас. Уште ми е мака... Фала мајки на сите за поддршка помина и ова чудо само стресот и нервите за навек.
Не за дете, за себе одложувам операција. Закажана на 16ти март, на 14ти прогласуваат епидемија Ковид и толку беше.
Аха е ок не сватив, како и да е и за тебе не одложувај. Јас жолчка така одложив ради ковид, ко беа јаките напади 10 февруари 2020 тогаш се се затвори па после година и пол ја извадив. Па потоа планирав 2ра бременост, заради тоа морав да одложам бременост. Со помин само да е....
@lackygirl баш ми е драго што те прочитав дека се поминало како што треба. Малиот твој со мојот беше во соба, бар претпоставувам по приказната. Ние си отидовме пред да го качат од recovery горе. Многу мило детенце, со лесно оправувањето
Сигурно сме ние, со баба му беше Л колку е мала Македонија. Добар е денес се прошетале низ ходник, јадел, вчера имаа кризи за јадење ама се помина фала богу, поздрав и гушки до вас и до К
Е јас ради ова нема да ја одложувам на синко операцијата. Хирургот ако смета дека треба на 18 месеци тогаш нека биде. Синко така е роден. И двата тестиси не се спуштени кај него. Само кажи ми како поднесе анестезија? Венска каква му дадоа?
Колку побрзо подобро за детето нема да памти башка од здравствена страна што мора. Општа, целосна, тој сетил кога му ја ставале тубата, прашал оти в уста црево ми пикаја ваму му даваат прво сирупче за да го смири и зашемети, па ги земаат и припремаат за да немаат трауми од ставање канила, инфузија. Потоа брзо се освестил, вчера беше успан, споро зборуваше, што е нормално, се како што треба помина, си знаат тие, секој ден прават по неколку операции. Нека порасти и средете проблем
Да здрави живи, на зимо се фака, евентуално пролет. Инаку денес полни 10 месеци во 11 Леле кога порасна волку
Бебе 7++..какви промени овој месец wow. Почна да вика дадада,дедедеде,тетете нонстоп додека си игра. Почна да лази. Денес допрев врвче на заб, прв му е. Овој месец до сега најмногу се осети како брзо расте
Добро утро мајки Потсетете ме, ве молам, што се правеше во слободно време? Денес бебе во градинка, сопруг на работа, јас сама дома. Пречудно ми е. Ќе си направам убав појадок, ќе си ги прередувам шминките и козметиката, и ќе си одмарам, така нешто ќе биде. Имајте убав ден!
Јас би пуштила серија/игран филм и ќе лежам . Првото дете кога тргна во градинка прозори бришев, сега никако тоа.
Мене уште не ми доаѓа умот. Ден одмор користам за чистење низ дома. Кога е дете во градинка тоа. Не за да одморам. Не губам надеж дека кај и да е ќе ми дојде умот на оваа тема.
Сам себе убил ти е тоа. Иста сум, не дека до сега ме оставиле сама да го земат бебево во овие скоро 3 месеци да се разбереме туку кога ќе заспие место да легнам јас фаќам си наоѓам работа колку и да е средено испеглано јас ќе земам и ќе прередуван плакари. еве сега се мислам спалната да ја прередам доле (не сум ја фатила 3години) Абе еден стап - па удри. @Luminary да си направиш кафенце и прво на тераса малце подиши си воздух помирисај пролет па една топла купка да си замирисаш на цветови и ти
@lackygirl те гушкам Лаки. Ќе се чувате сега дома сите заедно. Браво за храбриот батко. Иначе на темава ,јас не знам како да се понашам во слободно време веќе Со првото викав што правев со толку слободно време. Сега со две викам што правев кога имав едно дете?! Отидов да прередувам зимски ствари во плакар. И така е крш времево.
Јас повеќе работи правам детево ко е дома отколку кога не е Се праи со мене. Овие денови како не е у градинка, конечно ја испразнивме корпата со алишта А иначе кога не е дома, до пладне сум цвеќе. Вегетирам, не постојам. На пладне се пуштам на 3ка и се правам наеднаш
5 месеци и уште без некој напредок во спиењетп денски, 30 минути дремка 45 максимум. Секое заспивање во раце со плачење, некогаш си велам како е можно јас мајка сум му и не можам да го смирам. Некогаш тешко ми паѓат сето ова, шо не можам да му создадам навика за сам да си запиват в креветче без да плачит. Исто плаче од непознати не знам тоа како да го решам, не плаче од мене, татко му и бабите. И тоа тешко ми паѓа си велам дека цел живот зарем ќе е таков ќе нема другарчиња? Тежок период ми е ова, воопшто не помислував дека толку тешко ќе ми е породилното, се осеќам осамено со огромен товар на мене. Си велам можеби ќе сврти на подобро...
Се ова е само привремено, како расте бебе спиењето ќе се подобрува. Тоа што плаче од непознати исто мислам е фаза. И кај нас беше така, бебе се смени магично преку ноќ. Како да почна да разбира сам кога е изморен. Заспиваше со нишкање во раце до 5/6 месеци, додека еднаш го нишкам, плаче бебе не се смирува, а му се спие. Толку бев на раб и го легнав во креветче, и го гледам не се буни, почна да си се врти и за некоја минута заспа сам. Така да без грижи, потсетувај се дека е привремено, ќе помине, тежок период се првите месеци, барем за мене беа.