Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.882
    Пол:
    Женски
    5 месеци има. Само 5. Тоа се очекувања од околината, требало бебето само да заспива, требало ова, требало она, само создаваат притисок врз мајките, ништо друго.
    Немаш што да решаваш зошто нема проблем за решавање, бебе е од 5 месеци. Нормално е да плаче, тоа му е единствено средство за комуникација, инстинкт, тоа му е сѐ што знае и може.

    Не се секирај, нема да е цел живот таков, еве го моево, најлепенка во свет, на мене спиеше додека имаше дневна дремка, сега е чао мама, отидов кај другарките, гајле нема. Не се мисли воопшто за такви работи, не слушај другите што дрндаат, позадинска врева. Гушкај бебе, слушај си го твојот инстинкт мајчински и ќе си биде сѐ во ред.
     
    На Zumbulche, Erika.greeneyes, Coco31 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    3.190
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најголем проблем ми стануваат коментарите што ги добивам од други лица. За време на бременоста добивав страшни коментари од типот на: “сега веќе нема да спиете”, “маж ти нема ништо да ти помага” и сите останати коментари што и некако ги игнорирав и не се замарав. Често пати си помислував аман луѓе па дајте малку поддршка во стилот “браво луѓе најубавиот период ве чека, ќе имате бебе и слично. Еден немаше со убав коментар.
    Бебе веќе месец дена и ги добивам повторно коментарите “ не во раце го разгалуваш, дали го доиш, спиете ли??”
    Толкава нервоза ме фаќа, што веќе почнувам и дрско да враќам на тоа што пак се сведува демек се моите хормони…

    не бев свесна колку коментарите можат да влијаат и во бременост и после додека имаме новороденче. Мислам дека ни е потребен едукативна програма за какви коментари треба да почнеме да даваме и дека потребна е голема поддршка за сите мајки :l:

    затоа би сакала да ја почнам промената од себе си, имате преубаво суштество до себе и вие сте посебни. Ја правите најубавата работа во светот, и колку и да е тешко сетете се дека тоа ве има вас како заштита. секоја чест за секоја мајка :hug:
     
    На Zumbulche, Ano, Coco31 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.520
    Допаѓања:
    33.094
    Пол:
    Женски
    Мајка, рано е на 5 месеци да мислиш дали нема другарчиња да има :D
    Ај ожени го ако не па :D

    Иначе да, ќе сврти на подобро. Па на полошо, па после уште подобро. Уживај си додека е малечко, гушкај, бацувај, ќе се сменат работите :*
     
    На Ano, Erika.greeneyes, Anaroz1 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Јес да сме повеќето мајки overthinking, ама премногу далеку одиш со мислите. Не си поставувај нереални прашања и цели на кои во моментот не им е време.
    Заспивањето во раце на таа возраст е сосема нормално и очекувано, поголем дел од бебињата заспиваат така. Тоа што на секое заспивање плаче и дремките не траат повеќе од 40 мин може да се должи на несоодветен тајминг. Можеби е престимулирано или недоволно изморено за да спие. Следи прозори на будност за возраста и пред се знаци кои самото бебе си ги дава дека му се спие. На првиот ваков знак веднаш носи го на спиење, зошто после е борба. Тоа што ти е тешко исто така сите сме го поминале. Реално животот ти е сменет за 360 степени и нормално е да се осеќаш така. Ете сега ќе се запролети, излегувајте почесто на прошетки и ќе видиш како ќе ти се смени расположението.
     
    На Carolin., IRBBB, Mother of 2boys и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    А најтрагично од се такви коментари се добиваат од мајки кои минале низ тоа ама многу брзо заборавиле.
     
    На Carolin., Sun&Moon, TammiB5 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Да, ова ме потсети пред да се породам со првото, друга мајка со веќе 6/7 мес бебе ми вика, аууу спремајте се сега, отприлика 3 месеци ќе бидите како зомби, нема спиење. :^) Ама јас се научив да не им докажувам на луѓето иако знам дека не се секогаш во право, само велам ахам да да, така е.
     
    На Carolin., kozuf и Ceneva им се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    10.814
    Пол:
    Женски
    Епа значи мајки не знаете некои што сакате, ем сакате совет за со бебе како ќе е, ем не прифаќате кога ќе ви кажат каква ќе е реалноста!
    Со бебе ти се менува животот, и тоа е навистина така, ништо поубаво и потешко нема од тоа да си мајка! Најтешката и најубава улога истовремено, и да не се лажеме дека се е како под конец, дека нема да се грижите, дека ќе спиете (аха, како да не), дека ќе си плачете, дека нема да знаете кај терате, се ќе ви е ново, ама на крајот од денот го имате тоа мало душиче што од вас зависи, што не одбрало само да дојде на овој свет, што сте му вие се!
    Детето за мајката е нешто неописливо, се знае дека нема поголема љубов од дете, ама ве молам бидете секогаш реални во видикот, не сакам кога некој ме лаже за да ми го олесни патот, кажете искрено колку значи и што значи да си мајка, не ќутете, кажете гласно која е вашата жртва, што значи вашето дете за вас, кажете колкава љубов ви донесе, колку ноќи неспани, итн итн. Кажете се, само не се лажете себеси и другите дека е лесно да се биде родител!
     
    На Zumbulche, Ano, Leanne и 7 други им се допаѓа ова.
  8. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    Да и јас не сфатив што им пречи, некои коментари се онака колку да се најдат во муабет луѓе, како на пример леле спијте сега за неколку месеци нема спиење :D
     
  9. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    4.145
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :f:

    Да се надоврзам на претходните коментари.

    Реалноста на животот со бебе за секој е различна. Има бебиња бубачиња и родители што се жалат, има бебиња врескалчиња и родители што немаат друга опција освен да го преживеат тој период. Ова се два екстрема со уште еден куп варијанти измеѓу.
    Реалноста не е еднаква на токсични коментари, "ќе видиш сега ти кога...". Никој не може да спори дека е претешко, ама зошто прво идеме со негативното искуство.
    Живи стравови јадев како грчевите ќе ги поминеме на старт и ниту едно дете ги немаше.
    Големи се шансите да не спијат, та ако им кажеш ќе земат power bank и ќе складираат спиење. А може и ќе се погоди бебето па и ќе спијат. Зошто унапред да се јаде стрес и негативна емоција заради некое туѓо искуство. Што може ќе го доживееш може и не.

    Зошто да не се даде поддршка и совет од позитивен аспект.
    Да уживаат најмногу што можат.
    Да се сликаат и снимаат зошто времето лета.
    Да читаат и да се едуцираат што е можно повеќе, околу доење, исхрана и развој на бебето. Само така доволно самодоверба ќе имаат за да го намалат стресот.
    Да не претрупуваат гардероба.
    Да си го слушаат својот инстинкт. Има толку многу работи што можат и треба да се споделат без да се прави негативно сценарио како животот заврши. Заврши безгрижноста да, ама почна целосно нов свет да се гради. Од нова улога, до нова одговорност и до нова неоткрена најчиста форма на љубов.

    Одам да гушкам два света љубов. :l::l:

    Ве поздравувам :sun:
     
    На Zumbulche, Ano, Coco31 и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.829
    Допаѓања:
    9.681
    Пол:
    Женски
    А каде кажа членката дека сака совет како е со бебе? :D
    Еве пример мене ама баш не ме занимаа туѓи искуства со бебе и како се (не)справиле. Иритираат луѓе со нивните коментари кои никој не ги побарал. Секоја мајка била свесна дека е промена,ново нешто, дека детето ќе плаче, нема да спие па ќе сака во раце па ќе се нервира дека не може до вц да отиде па кај некоја било подобро кај некоја полошо од што очекувала ама сигурно ни на една не и бил од корист коментарот "ауу не се жали дека си уморна чекај да видиш кога ќе ти се роди дете" леле зарем?! Еве не знаевме дека е напорно да израснеш дете (facepalm)
    А вие,што ве погоди коментарот, ми личите дека делите од најпаметниве совети на свет па затоа ви засмета:wasntme:

    Ајде пример да смениме нешто и да кажеме
    -Мајка ќе се прашуваш дали си добра мајка, дали грешиш но на прав пат си, го можеш ова одлично ти оди
    - Не секогаш ќе имаш разбирање и помош од мажот но сети се зошто си го одбрала и дека 90% се во ист калап правени па треба да ги гурнеш да тргнат
    - Јас со моето дете вака направив и мислам погрешив па мој совет ти е да одбереш друг начин и сл.



    И да мајчинството е во исто време најтешка но и најубава работа на свет и јас давам рака дека секоја една девојка,жена која рекла "сакам дете" била свесна и го знаела ова.



    :l:
     
    На Ano, Coco31, Slonce91 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    920
    Многу деликатна тема, ме погаѓаат и двете страни. Мене многу ми помогнаа искрено споделените маки од блиски мајки, психички да сум спремна за што ме чека, затоа што да, знаев дека е тешко ама не дека е толку многу тешко како што е на моменти :D А советите уживај супер е ќе ти се роди инстинкт кога ќе дојде бебето, и бебето се раѓа плаче а инстинкт нема што да правам да го смирам... :worried: Од друга страна па исто се осеќав дека сите ти викаат чекај да видиш колку ќе е е полошо после, си викав кажете и нешто убаво луѓе. И така, баланс некој најдобро е веројатно. :D

    Едит: имам и другарка што викаше сакам дете, ама само ќе заспива и ќе спие цела ноќ, нема да го учам на раце, ќе си терам со животот како ништо од одма. Бебето се роди и неверојатно тешко и падна реалноста. Така да не баш секоја е спремна дека ќе е тешко.
     
    На Ano, strelec231992, Mom's_life и 4 други им се допаѓа ова.
  12. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    3.190
    Пол:
    Женски
    Јас добивав совети како нема да спиеме, ќе бидеме уморни и напнати… тоа не се случи да не сме наспани но не е нешто толку неиздржливо, бебето е бубалче глас не му се слуша, сите ми збореа како ќе сум сама во се ова но не е така имам преголема поддршка и помош од мм ми и мајка ми дури и свекрва ми. Секој има различно искуство. Да, точно, на бебе му е потребно поголемо внимание да му посветиш но зар тоа не е поентата кога стануваме родители? Зар кога стануваме родител не сме свесни дека ќе дојде нов член?? Јас барем со свесна глава и планирана бременост влегов во ова и со нетрпение го чекав.
    Немора секогаш акцентот да го ставаме на негативните работи, во овој процес има неверојатно позитивни моменти што па никој не ги спомнал.. за жал, опседнати сме со жалење и негативност

    никој не кажа колку ќе биде прекрасно додека цица кога ќе те погледне, насмевне, гуга самото бебе или пак првото бањање… и милион други работи
     
    На .baby.love., Ano, Ceneva и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.404
    Пол:
    Женски
    Морген момстерс :sun:

    Многу сакам да пишувам во темава, ама не можам да постасам со време. :doh: Почнав пред 3 дена, може конечно ќе го завршам постов денеска. А тука сум специјално за еден момент. За нешто што никогаш не не спремаат пред да станеме родители. За нешто што никој никогаш не збори отворено!! Не, не. Не мислам на никаков досаден поетично патетичен момент, од типот децата ќе пораснат и куќата ќе биде чиста, уживајте дур се мали бла бла бла, не! Има еден предизвик што е најтешкото нешто во родителствувањето, губам редовно на тој фронт. Како родител можеш да се прилагодиш моментално на конкретно настаната ситуација со децата, да си им потпора и столб, да се грижиш за нив кога се болни, да преземеш се што треба кога и да треба, чак и да си мултитаскиг дур ги чуваш и да мочаш и меил да пишуваш и неделен план за ручек да праиш во глава и бебе да думкаш и на другото да му збориш во исто време.
    ❗️Ама оди да те видам биди сериозен кога праат некоја глупост. :x Оди не се дупни од смеење кога ќе одлепат некоја будалаштина и живи ќе останат!! Вадафак?? Ват да екшуал фак луѓе?! :drunk:

    И тоа сум приметила дека кога сум сама со нив, побрзо ми ги трошат дневните нерви за толерирање секакви шајзиња, па чим ги губам нели можам полесно да останам кул, отколку да се насмеам. Ама затоа додека сме со маж заедно, не дриблаат малце нему, па малце мене, и додека се на него фокусирани, моите нерви можат малце да се обноват. И кога ќе се погледнеме со него после некое нивно одлепување, можам да се заколнам дека се подмочнувам од смеење. :tmi: За воља на вистината, не знам дали некогаш претходно сум се смеела така искрено и од срце. Се по убедена сум дека овие моменти постојат за да не рехабилитираат од целиот стрес што иначе го кркаме од нив. Кога ќе паднат или се повредат оти се неверојатно несмасни, или оној момент пред да паднат кога ќе се задржат, ама ти секако си имал мал срцев удар или кога се болни.
    И така тоа…. :emo:

    Кажувајте ако некоја нашла техника на кипинг хр кул во вакви ситуации, оти јас сакам само да се смеам и да праам будалаштини со нив. :$
     
    На Zumbulche, Ano, Coco31 и 18 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.439
    Пол:
    Женски
    Бебе до некои 4м, мене тоа ми е пресвртот не знам зошто, е само бебе и не знае поинаку освен да плаче, да спие, да кака, да виси на цицка или добие шишенце и така натаму. До нас е како тоа ќе го прифатиме и како ќе го креираме животот понатака. Кога ќе ми текне дека со големото сум се жалела, од ова треба тогаш 21 директ за Бардовци да фатам ама некако тешко е али па убаво е. Синоќа го гушкам заспан, успан увелико, го бацувам и во сон ми вика Мамиии... Нема поубаво! Големиот беше мирен та премирен, дури од оваа гледна точка може и ми фалело тогаш вакви бурни денови па да го заспиеш од мерак да го гушнеш. И двете ќе пораснат и ќе биде полесно, а мене само ќе ми се множат белите влакна на косата.

    Само едно научете, да ги игнорирате негативните коментари, за ваше здравје, да не се нервирате, не за друго!

    Мајка ми кај мене е мрачало, она е таа што вика, ама не му давај да истура, не му давај да праи бељи, не му давај да фрла... Е како ќе научи тоа дете дека не смее така ако не се полие, ако не напраи беља... Па што ако исшкрта и испрља? Ене го не му е интересно веќе. Големиот стварно претерува, го скрши дури и креветот веќе од скокање и џиткање, ама па дете е, ај да му дадам да везе ако не па. И со тоа Многу играчки имаат, на глава ми стои веќе, и само собира прибира. Во недела си оди, многу ми беше од помош. ама искрено ми треба веќе одмор.

    Убав ден мамаситас!
     
    На Zumbulche, Ano, hello-kitty.90 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Коментари слушам постојано и тоа од најблиските ,што веќе исчувале деца како сум ја научила само во раце,тешко мене ќе било, не се учи бебе да биде толку приврзано со тебе… Да напоменам два месеци сме. Па не знаев дека треба самостална да ја правам од раѓање,каква немајка. Само климам со глава на вакви работи и терам, има потешки денови и полесни ,почнав се да правам со нејзе низ дома дури и ручек во кенгур ,заедно готвиме. Верувам дека ќе дојде период да ја интересираат и цртани и играчки да се занимава подолго сама сега е прерано и немам намера да си создавампритисок ни себеси а ни нејзе да ја малтретирам. Најтешко ми паѓа што сум огромен дел од денот сама,бабите работат, маж е долги саати на работа па знам психички да паднам малце некогаш. Си најдов деновиве издувен вентил оставам дете кога ќе дојде маж ми и пиам кафе сама во паркот пред зграда. Може делува малце налудничаво ама се ресетирам некако. Ноќите ми се барем полесни си спие убаво, се надевам тој ред нема да ми го смени. Точно било тоа: Нема ништо поубаво и потешко да си мајка…
     
    На warrior, Zumbulche, Ano и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    10.814
    Пол:
    Женски
    Е добро и што ако кажале? Значи се замарате за глупави коментари, ако не ве засегаат кажете им да престанат да делат совети со вас!
    Толку е едноставно де.

    Некогаш и коментари со најдобра намера ги сфаќаме како најголемиот непријател да ни ги кажал, мислам дека се претерува навистина. И совет да даде човек одна погрешно го сфаќаат некои.
     
    На lackygirl и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  17. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    @Mumoftwo30 па не е баш секогаш најдобронамерно. Во крвта ни е да го кажуваме секогаш негативното. Си се омажила? Леле готовоо сегаа обврски колку ќе имашш леле се се менува тешко е многуу… бремена си? Леле сега се ќе се смени претешко е не спиење готово огромни обврски,ќе немаш време за себе нема да се бањаш со недели ми викаа.Еве чисто утеха за идни мајки откако сум породена секој ден се бањам па и коса пеглам некогаш, не мувлосав само затоа што станав мајка. Свекрва ми кога и кажав дека сум трудна првите три месеци ми збореше како најтешкото допрва доаѓа . Не најубавото, најтешкото. Што треба да се постигне со тие коментари? Само се создава непотребен страв и анксиозност кај мајките уште од старт а реалноста е дека ништо не е претерано страшно само е ново и кај сите е различно па бараш механизми како да се носиш со новото секојдневие. Сите другарки ми се со малце поголеми деца и многу ми значи кога ќе ми споделат искуство како да си олеснам што им помогнало нив, како да се носиш со некои работи,а критики и паники никому не му требаат.
     
    На Ano, Coco31, LadyD и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    10.814
    Пол:
    Женски
    E добро, тоа што за некој е тешко, можеби за тебе е лесно и обратно.
    Јас споделувам ако ме прашаат, и добри и помалце добри страни, зошто треба да сфатиме дека не е се розево во животот, и да го прифатиме таков каков што е.
    Јас сум реалистична секогаш, ако на некој не му се допаѓа нека не ме прашува, и решен проблем.
    Не планирам никого да тапшам по рамо, кажувам добри и помалце добри совети и лични искуства.
    И јас пеглам коса, се шминкам, се бањам, на раат јадам и сл. Наоѓам време за се, и секогаш сум средена, ама ете можеби некој нема да може да го постигне моето, зошто да се разочара и да мисли дека не може да постигне се поради тоа што е мајка?
    Некогаш и тие позитивни совети може да дадат контра ефект кај некои мајки.

    Сите сме различни впрочем.
     
    На LizzyGrant и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  19. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    Јас да споделам дека ми се смири душата, трета недела во градинка на адаптација одиме без солзи, го земам весел, таму не плачел и си играл. Јаде и почна да дремнува таму. Здрав е досега.
    Викендов 25 степени, ќе уживаме и ќе шетаме на воздух :sun:
     
    На Ano, Coco31, Slonce91 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. sandza

    sandza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2019
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да поминат работните денови за да уживаме сите 4ца за викенд. Мене искрено ми е претешко од социјален аспект. Немам никој во близина за да си уживаме со бебињата на вакви денови:sun:. Не дека сакам секој ден да сум со луѓе ама искрено ми фали целово породилно уште некоја мамичка со мене.
     
    На Coco31, Jana7, Leanne и 5 други им се допаѓа ова.