Најубав спомен ми е тоа. На околку 2-3 месеци имаше една дремка на гради, искрено си дремкаше и цицнуваше и јас одмарав и уживав додека ја гледам како спие. После потпорасна и сама се одби. Така да, ќе се одучи кога ќе му дојде време. Уживај си. И сега она знае да запива во креветче, сама. Ама понекогаш си ја земам во раце и си ја нишкам, за ќеф, мој и нејзин. Се смешка и се гушка. Уживајте си. Оти ќе ни летне времето. Ќе се вратиме на работа. Ќе ни пораснат децата.
Јас уште сум бремена, ама од една особа освен ќе видиш колку е тешко, ќе видиш колку е напорно , ќе видиш ова, ќе видиш она. Се во негативен контекс ми кажува. Друга другарка со две деца, од кое едното и е два месеци, сите најдобри совети ми ги даде. Не кажува дека е совршено да стануваш на 2 саати цела ноќ, не дека е лесно и бебе и тодлер, ама самото кажување дека да имаш дете е толку ужасно како што ми кажува првата особа , па и не и се слагам. Јас, ние со мм , сме свесни дека ќе ни се променат многу работи, ама па ние самите си го сакавме ова дете и се боревме за него 3 години.
А што е со мајките кои се претвораат во 'натпревар' и даваат неповикани совети? Се среќавам со една мајка и велам 'Леле, колку убаво, бебенцето сè ти јаде, ние мака мачиме со јадењево'. А што ми вика не јаде твоето? Викам не баш и на овошје сме повеќе. Ауу моето јаде сè! Што да направам јаде, па зеленчук колку обожава, месо! Е сега и моето повеќе сака овошје ама и ставам во манџичките сол (10 месеци нејзиното, моето 9). Пробај и ти така ми вели. За ова зборувам:
Ехеее колку пати комшии или рандом луѓе на улица ми збореле кај му е ќебенцето а капата кај му е ќе настине.. голема работа Па немој да правиш муабет и да се полниш со негатива, чувај си ги за децата живците. Јас така би направила. Нормално дека не е ужасно. А за коментари од комшии/рандом луѓе на улица "па кај му е ќебенцето, па ќе настине" или "не го учи во раце" ехеее колку сум слушала ама не сум толку нежна па да се замарам
И станувањето на два саати нема да е вечно. Зависи од бебето. Моето од месец ипол спиеше по цела ноќ со само два пати за јадење станување. На два месеци почна само еднаш да станува. Реално првите два месеци се така малку понапорни. Додека поминат грчеви и бебе пркне малку. Ние од нејзините два месеци, веќе се правиме со неа. И шетање и пазарење. И ручек одење и кафиња. Не ни има на кој да ја оставам. Сегде е со мене. Да понекогаш фали да си сам и да имаш повеќе време за себе, ама па кога ќе ти се насмее со тие запчињата од доле, со очи светнати. Кога ќе ти се гушне или додека спие ќе те побара со раче да фати. Едноставно во такви моменти, ти застанува времето и ништо друго не е важно. И ќе се научите со помалку сон да функционирате и организацијата ќе се смени. Тешко е да. Ама вреди.
Никој не рече дека е голема работа, туку поентата беше зошто таква негативност и зошто такви муабети, а дека во едното влегло од другото излегло, тоа да. Аааа рецептче бар да пратиш, ако е нешто поедноставно.
Ич не се замарам. Свесна сум дека нема да ми е се исто, дека ќе имаме дете за кое треба да се грижам, бидејќи јас ќе го родам и тоа од мене зависи. Познавам парови кои не се спремни за бебе и апсолутно тоа ми е во ред. А тоа со стави капа или покриј со кебе, зарем ние ненормални сме или еве ќе бидам, да си разболам дете бре.
@kozuf многу е мало кај мене бебето, нема ни 3 месеци уште. Прво доено бебе ми е и ме фати страв да не си направам проблем. Не треба сите алергрни да се исфрлат, јас паничар сум. @RainBow варен сладок компир(150гр), путер од јатки (2лажици),какао(од око)малку мед и две јајца. Мешаш се и во рерна на 180с -20мин. Јас само вакви брзински во последно време. Се најдувам во кујна како грицкам свашта и сега гледам да имам нешто поздраво направено за да не јадам што стигнам.
Извини не разбрав, ти ја праша дали јаде се бебенцето и таа ти одговорила да јаде се и ти се изнервира?
Ууу не сум слушнала досега ваков рецепт, ама добро звучи. Можам да ја ставам смесата во онакво мало калапче за торта? Во вакво нешто Ептен сум тапа за готвење, ако не следам до детаљ одма отиде во ѓубре. Иако се подобрувам во последно време. Иначе, за нешто здраво, овесни снегулки 250гр, се пропржуваат во тавче на тивко околу 5 мин, блендирам две банани со какао и засладувач по избор, се мешаат со овесните, па ставам во калапчево еден ред од смесата, ред банани и одозгора пак од смесата, се става во фрижидер еден саат да се стегне, може одозгора да се полие со топено чоколадо, или нешто по избор, иако моево така го јаде, најслатко и е.
Немој да се плашиш, умерена, здрава исхрана и ќе биде добро се. Ако приметиш некаква реакција (најчесто грчеви или крв во столица) тогаш ќе исфрлиш од исхраната, ама најчесто децата немаат проблем. Ако пазиме на алергени треба да не јадеме и глутен, јајце, јатки, млеко, риба што и не е баш најздраво.
Не не, се најдовме на гости, нејзиното бебе јадеше во моментот и јас искоментирав колку убаво си јаде со сласт. Рака почна муабетот.
Интересна тема сте отвориле, па да се надоврзам. Зборам со другарка пред некој ден дека летово треба да одиме на 4 дена надвор од Македонија на тим билдинг. Лани ескивирав, ама годинава се очекува од мене да одам. Знае какви се моите планови за доењето, дека планирам до 2 години да го дојам, ама одма ми вика Ау, па ќе треба да го одбиеш, ама онака осудувачки. Викам зошто, правам план да оставам млеко, да се молзам дур сум на пат за да одржам лактација итн итн. Лелее не знам ми вика, знаеш колкав шок ќе му биде што ќе го оставиш. Како јас да не сум свесна, како мене да не ми е тешко прв пат што ќе се делам од него и сега она од целиот муабет мора да влече негативна конотација. Зошто на пример да не ме поддржи и да рече не се секирај, напрај вака и вака (пошто е мајка на две деца и двете доени), ќе успееш итн. Јас сум свесна дека работата е 50-50, може и да се одбие. Ама мора ли бе да сме таква сорта, во сѐ да се гледа негатива, за сѐ да се мрчи. И ја разбирам членката што ја почна темава и сосема е во право. На жена што чека дете и требаат реални очекувања, никој не вика да гледаме низ розови очила, ама нека каже некој и колку е убаво бе. Или па не им е не знам. Обично коментарите доаѓаат од жени, и тоа највеќе ме нервира. Мажите не се ич такви, повеќе се поддржуваат. Ќе кажам пример многу е темпераментен не застанува и место да се искоментира нека е жив и здрав или сеедно, има коментари од типот ееее чекај чекај кога ќе прооди тек тогаш ќе видиш нема да седнеш. Е нема де и што? Од убаво се уморувам и ми е тешко, и пак ќе кажам, нека. Околината нема да ја смениме, тоа мрчење и негатива за жал се всадени во сржта на оваа нација. Тоа е.
Да мајка, даваш совет реален кога ќе те прашаат. Значи кога ќе те прашаат. А не те видат со стомакот до заби што се вели и одма коментари летаат леле уште малку ти нема спиење. Навистина? Леле не сум знаела дека нема да спијам! Не прашуваш ништо и добиваш такви негативности. Ете зошто таков коментар? А не од типот леле уште малку ќе се гушкате со бебуш. Значи сите знеме дека ќе ни се смени животот за 360 степени. Ќе има ноќи и преспиени и непреспиени. Мислам глупо е да мислеш дека ќе ти биде бајка кога едно мало суштество 100 посто зависи од тебе. За прашано, ни јас не се лутам кога ќе ми мавнат шамар со реалноста. Ама на не прашано, не треба такви коментари, тоа е мое мислење.
Ее јас минатата недела започнав со работа после породилно и ми падна неочекувано многу тешко. Ама тешко, зборувам со плачки дур работам. Нејсе, кој стигна ми искоментира дека редно било да се одделам од син ми, да се научиме малце одвоени, ептен сме биле приврзани еден за друг. Син ми нема ни 11 месеци! За кого да е приврзан ако не за мене? Па уште сум го доела, редно било да прекине со доење, голем бил. И уште кога ќе ми речат абе за твое добро е советов демек
Бела да ти споделам позитивно искуство. Брачеда така со првото дете замина на службен пат. Со мисла дека ќе се одбие малата. Таму се молзела да одржи лактација. Со мала надеж дека ке успее да ја дои на враќање дома. Доаѓање дома малата толку и се израдувала што прво почнала да ја тегни за мајцата за да цица. Ти направи се што треба, а другото се спонтано ќе си дојде. А имам чувство дека ќе биде позитивно и твоето искуство
Ааа да за приврзаноста свеки е најзасекирана, многу бил прврзан за мене, како ке се чувало ова дете она не знае А бебе 7месеци има што се вика вчера прогледало и сега е во некој период кај што не дај боже жено да ти паднало на памет до тоалет да одиш без мене ке викам ко да е крај на светот седи кај сите додека ме гледа, или пак скришкум да излезам до тоалет да отидам и пак ако свати дека ме нема одма бучи. Ама еве јас не спомнувам за чување она да го чува или било кој, јас планирам да си го чувам, па здравје после градинка ке оди сигурно нема дома турски серии да гледаат заедно, ама ако она нека мисли како ке се чува и ако го држи она, а он се тегне по мене му вика "е добро де немаш само ти мајка" ама па само јас сум мајка нему нема друга он што да правиме