Ми пратија сега слики од градинката кај што е синко, ми дојде душава на место.Јадел и си играл.Прв ден му е денеска. Одеше октомври ама прекинавме бидејќи бев бремена и ми беше страв од вируси.Моја грешка што не бев поупорна.Можеби требаше.Малку ми е мисла како ќе се снајдеме ама уште поголема мисла ми е со двајцата дома, бебе и тој. Нека заоди, да му биде убаво и да си најде таму другарчиња ,амин господе. Беба спие,јас кафе пијам еве на тераса и ве читкам,да не пропуштам нешто де. Си велам да стане од дремка и ја качувам в количка да шетнеме малце до маркет ништо веќе немам дома. Таман ќе ми текне да направам нешто и гледам ова немам, она немам. Мојата принцеза прави 3 месеци денеска. Ќе и направам пар слики после онака за спомен. Кога си беше мала и безгрижна. Не се свесни дека најубавиот период од животот си го живеат. Ни сметки плаќаат ни на работа одат. Нивно е само да јадат и да какаат. И така почна месецов. Со нови надежи и убави мисли. Нека ни биде убав месец на сите. Останете ми позитивни
Јас си купив ранец од карес, воопшто не е бебешки, но има прегради за шишиња, термос, внатре прегради. Се одлучив за таков бидејќи сакам да го искористам и за онака да не е баш за бебе.
Добар дееен Идам само торта да подадам, ние наполнивме една цела годинка. Нема и јас да зборувам колку не ми се верува кога поминало, колку брзо.. Очигледно нешто необјасниво се случува со времето како концепт откако станеш родител. Повелете фанфети торта, иако не ни беше многу фан со наод на плуќа и урбазон, ама hopefully ќе надокнадиме за скоро. Полека се помирувам дека ќе имам дете нејадач и дете што ќе е прилично болежливо, ама што доаѓа лесно да проаѓа. Ај наздравје.
Зошто не кажете дека толку пеперутки во стомак летаат кога дете преодува? Треперам цела Дојдов само да се испофалам. Дооолго го посакувавме овој момент. Преоди на 17++ месеци. Последните денови се пушташе од маса до кревет, ама денес си го изоди сам цел стан и од дневна си влезе во неговата соба, крекајќи се на глас, и тој не беше свесен што направил Епа повелете на престапулки.
Хелоу мајки... Викендот сфатив колку татко ми ја сака мајка, и се грижи за неа. Се прави дека е добар пред мајка за таа да не се нервира, и и помага за се. Ама мајка знае дека не му е добро, и го остава на раат. Навистина се уште се сакаат! Многу ги сакам и двајцата, и што ќе правам без нив еден ден не знам, а и не сакам да замислам, ама како ми растат децата така ми стареат моите родители, и тешко ми паѓа сето тоа. Ама ајде доста со плачки... И што да кажам попрво? Не сум застаната денес, неам седнато, од работа одма ги земав и надвор отидовме до 17ч негде, бевме пазареме, па дома одма почнав да правам лепчиња, сакале сендвич лепчиња, и ајде иако уморна мајка стана да засука ракави да им меси Баш искочи се фино, и дома сите тројца со пофалби беа Па од ова машиниве и алиштава, има крај некад? Не, а? Едни здипли, други пружи, и се така во круг Зошто збеснаа дома како дојдовме, ајде занимација им измислувам, секој ден по нешто, пола саат трае ама имаме интеракција креативни сме Ми летна неделава, не сум застанала да одморам, ама ако добро ми е за сега, иако уморна некако сум исполнета Сега одам да си легнам, преуморна сум и мислам се распаѓам! Имајте добра ноќ мајки!
Јас имам многу пријателки од овде, дел од нив ми се ептен блиски, дел не се тука нели нормално, по светот, ама со дел се гледам редовно. Јас вежбам 5 пати неделно, додуша од дома, ама бебе за тоа време е со мм и немам грижа на совест. Јадев и лани ќе јадам и годинава јаготки, а планирам и на бебе да дадам, 15м има. Да не се замараш, јас имам пријателка што баш за шетање го остави бебето 4 дена и се врати и си продолжија нормално и еве ги уште се дојат,има 2г полни. 15м има и мене ми коментираат многу, голем е, млекото ти е вода, не е хранливо, немаш млеко, навика е само, тоа млеко за извоз имам и не да е хранливо, молзам мислам густо е како кравјо од тетрапак. Мрсули и кивање не се од на тераса што го изнел, сте донеле нешто дома или закачило бебе. Не му набивај такви грижи на совест, најлошо е кога на родител му набиваш грижа на совест дека детето од другиот брак си го сака повеќе. Не за друго, ќе се изгубите вие како родители, пробај да го разбереш, како што тебе ова ти е родено, така нему и двете му се. Дури лани пројаде пица, тост, сендвич... Ми олесна да ти кажам. Од тогаш 1 месечно нарачуваме и каде каде ми е полесно. Еве се спремаме да го одмориме фрижидерот и ќе треба 3 дена да седи исклучен, па ќе бидеме на готова храна, така да полесно ќе ми биде каде каде. Среќни родендени, среќни чекорчиња каде треба и убав ден мајки! Бејби мој е дечко со кој веќе се разбираме убаво, не одговара секогаш јасно ама знам што сака кога ќе каже на бебешки, знае што му зборувам и многу ми е слатко тоа. Бато почнува мислам да фаќа криза на идентитет, ама готово овој месец е негов и ќе го мазиме него малку, роденден му е за 2 недели. Ми порасна големото, 8 ќе полни, кога?! Ја испратив мајка, животот продолжи исто, малку е напорно признавам, ама се издржува. Наутро е брканицата, додека се спремиме, додека се однесеме, морам да почнам од вечер храна да спремам иако навечер сум како мелена низ машина за месо, ама што да правам. Така бар и бејби ќе поспива, јас нема да станувам во 6, тато ќе поспива исто, а најубаво ќе биде да го научам да спие без да сум до него, ама нема, спијам ли до него до 9 ќе спие, станам ли за 3мин е буден. Доста беше мајки, одам да доработам, денес почнав рано рано па пауза сега правев да ве прочитам.
Леле оваа изјава нема кој ми ја нема речено а само што сс породив. Или уште бремена бев. А како тоа ние ги учиме не разбирам? Јас мислам дека до детето е. Секое дете различно е. Имам примери у фамилија каде младите сами живеат децата по цел ден се со мајката(мајката дечар невиден). И пак децава не се лепенка за мајката. Седат со сите без проблем, не плачат по мама и слично. Дури и не се нешто гушкала да сакаат нон стоп да се гњават со мама. Еве мојава не е никад сама со мене. И лепенка е за мене. Плус јас никогаш не сум била дечар, а малава толку многу сака да ме гушка да ме гњави. Иако секогаш има луѓе околу неа пак ќе рече мама мама и ќе дојде кај мене. Знае и да прошета и со други. Ама со никој не се гуши, они ја гушат на сила. Она нив не. И не знам зошто на сите тоа како да им пречи, аман више остави ја мајка ти и такви други коментари у тој стил. Мене искрено не ми смета што е толку приврзана за мене, да некогаш може се жалам и тешко ми е. Ама истовремено и најубаво чувство на свет ми е. Кога ме гледа заљубено и ми се радува. Не разбирам па со кого треба да е поврзана ако не со мене? Ќе порасне нема никого да ферма, а брзо растат веќе 2 години ќе прави а како вчера да ја родив. Сега уживаме на лулашки кога идеме, знам и со бивши колешки или со другарки да испијам кафе. Ама повеќе шетаме со ќерка ми и поубаво ми е така. Брзо ќе порасне а овие моменти не се враќаат. После ќе сака се сама да прави и толку веќе од овие денови. Од старт ми е со карактер и мака мачиме со спиењето ама се навикнува човек , некогаш ме фаќа депресија кога слушам дека на некои децата им спијат ама се ќе помине сечиви ќе пораснат и ќе спијат сами без гушкање без нишкање, се е период само треба да се издржи. Најмногу ми паѓало тешко некогаш ќе се пожалиш дека не спиеш пошто мојава на почеток знаеше само 2 часа да дремне и да седиме будни цела ноќ. И коментари одма еее па ти што мислеше па само твоето мислиш не спие. Мајка што сакаш бла бла. А верувам дека сите деца не се исти , има деца и што поспивуваат повеќе ама ајде да не должам на темата. Чекам да стане ќерче од спиење , да јадеме и идеме чао. Поздрав мајки
Поздрав мамасити. Убав ден да си имате и да уживате и чувате деца вие како си сакате. Коментари од страна од едно уво влегло од друго излегло,зошто секогаш ќе ги има!
HTML: https://ananas.mk/proizvod/violeta-set-peleni-1-1-maxi-pack-6-junior-16kg-74-1/1356547?utm_source=facebook&utm_medium=paidsocial&utm_campaign=performance_pageviews_catalog_1p&utm_content=performance_pageviews_catalog_peleni&utm_term=performance&utm_id=120206611459420658&fbclid=PAAaZmTjYmmmUSToZszzyClVMVnZclAzSnS7JL9BibPMut2Ull_qQtjgTlOyw_aem_AWmHe0V2aGGtuJ_EG737chZ6iYobNh7Op54BunKJ5HfBP00Rj3wygDem61POf7vChT-VrVw1M-4U24DrpqAAPKlf Не знаев соодветна тема.. Само да ви кажам.
Не знам дали вака некоја се чувствувала ама јас да си кажам дека немам на кој, пред да се породам со мајка ми имав сосема добар однос секој ден и да сум била на работа ќе сме се слушнале како поминал денот едно друго зафрканции од како дојдов дома од болница женава се смени.И кога ќе отидам кај неа на гости дај ми јас пелена ќе сменам, иди јади јас ќе го шетам, сега кафе ќе ставам седи ти, а јас одвај чекам да направам јас кафе да зачистам кај неа дека е сама она претерува, леле како така без ракавици бебето викам му сечам нокти нема потреба од ракавици.Еднаш дојде кај мене јас сама бебе седи на хранилка јас јадам леле па како така бебе ме гледало како јадам него не сум му дала ( а прво он јаде па јас) па цело време сум го оставала пред тв ( за да измијам садови и пуштам машина) а сама дома сигурно нема да го носам со мене а работата треба да се заврши.ИСкрено ми се одмили женава кога ќе ме викне кај неа да се видиме ми се лоши искрено.Не знам како да и објаснам дека сум сама маж ми е претежно 12ки на работа а не е како порано кога живееле 3 фамилии во една куќа па пушти децата надвор ќе се заиграат и еден нели е секогаш тука да ги пази.Исто и како ќе го праќаш во градинка на 9 месеци мало е ќе го тепаат еднаш се случи да бидам од 6 на работа морав кај неа да го оставам па да идам на раб па она да го однесе во градинка од 7 па ми се јави па ти немаш душа детето се утепа плачејќи ( ова додека беше адаптација сега сам бара да иде) ми идеше да оставам и работа да идам во пензија таму ги тепаат викам иди уште утре во пензија детето ќе си иде градинка нема со тебе манџи да прави и да пазари во маркети со комшиите.И така сега сме на строго официјален разговор