Му тече носот, кашла како стар дедо. Матичната е 99% сигурна дека е алергија. На плуќа нема ништо, крвна слика супер. Жален е и не јаде плус од горните кецови, мислам дека и од нив носот толку ми тече, и очињата сабајле како повеќе да му имаа дрлички, го изнамачија обелени му се никако да излезат. Дури и ноќе станува плаче и го гриза ќебенцето. Му даваж блокмакс пред спиење ама кога боли боли.. мора да помине тоа е.
@Lavender13 , немам повеќе деца, не би се нафатила лично ради себе на ептен мала разлика. Во моментов со едногодишник и да сум повторно бремена мислам јас ќе паднам психички. Не сум во таа ситуација ама ете од Х причини такво мислење имам. Може некои 3-4 години, би било поидеално. @Skyler , се знае ли веќе пол? Немам воопшто време во трудничките теми да читам.
немам второ, имам едно ама вредно иии голема желба за второ мислам искрено дека помала разлика е може потешко за нас родителите, а поубаво за децата и капа им симнувам на тие шо се нафаќаат, под помала разлика мислам на оние кои децата им се 2 години или 2 ипол години разлика... многу е деликатно и индивидуално, зависи која вораст си, кариерно, финански кај се наоѓаш, псхички дали си спремен инт итн и искрено мислам најмногу од се колку имаш помош. имам другарки шо родија едно по друго, ама имаат и помош, за разлика од нив јас скоро и да немам никаква помош, освен од маж ми.. моите се починати, брат, сестра немам, неговите едноставно имаат став дека баба и дедо не се за чување деца( нивното си го завршиле), не можам да кажам дека не ми се наоѓаат, ама за саат- два ептен кога имам обврски да ја почуваат, поише од тоа не, маж ми работи две работи, работи за викенди, недели, празници... така да искрено имам голема желба и се надевам дека ќе се решам да родам второ, ама некогаш ми е многу тешко и ми е многу страв дали ќе се справам со две, често сум сама со неа, сама ја шетам, ја носам насекаде со мене, не можам да замислам да го правам тоа со две, особено не со тодлер и бебе, не можам да замислам да излезам сама од дома. сега со неа тешко ми е, ама пак едно е, како расте полесно ми станува, 2 годинки и 4 месеци има сега, како другарки сме си, ми раскажува ми збори, мн сме приврзани. да не ја развлекувам темата, докај 4 години мислам дека е океј разлика, над тоа мислам дека е многу, сега не иде секогаш кај сите се по планот нели, ама ако би планирала, ја би планирала во таа временска рамка од 4 години разлика најмногу да ми се
И јас истово го читав, но еве од мое искуство, јас сум нешто повеќе од 2 години разлика со брат ми, и освен во тинејџерските години ( и фактот дека сме брат и сестра, мислам дека доколку бевме сестри можеби ќе беше поинаку ), во сите останати периоди од животот бевме прилично блиски. Посебно во детството, се заигрувавме со исти работи, делевме играчки, заедно игравме надвор, имавме заеднички пријатели. Мислам дека и на нашите родители им беше прилично едноставно во тој поглед, не мораа да се замараат со планирање различни активности, туку се правевме заедно. Си мислам доколку разликата е 4 години, тогаш веќе имаш бебе и дете со прилично различни полиња на интерес, пример кога на поголемото му е интересно да оди на базен, помалото не ни може реално.
И јас со брат ми иста разлика и сè како што опиша и ние така функциониравме. Ама не знам, за толку мала разлика навистина треба помош додека се мали, после верувам дека е поедноставно. А ако се 4 години разлика, големото во секој случај ќе биде посамостојно, ќе помага дури ми се чини и тоа е плус. Мислам нема едно генерално правило за ова - зависи од ситуацијата и условите на семејството и како ќе се погодат децата.
јас се извинувам ако вознемирам луѓе ама ова е мнг битно. Би сакала општо познато да е фактот дека новороденчиња не се бацуваат, не се гушкаат и повеќе да се почитуваат мајките кои го бараат тоа а не да се доживуваат дека претеруваат или дека премнг се однесуваат заштинички Видеово ми го скрши срцето а искрено не сум знаела за опасностите Не можев да го догледам.....мислам дека приказната е 2 недели откако е родено, некој со херпес го бацил детево во уста (плус сигурно не се гледал херпесот туку бил во почетна фаза на растење, сите ние кога ни се појавува херпес знаеме дека првин чуствуваме пецкање на устата благо скоро не приметно е , ја цел живот сум си со херпес на устава особено кога ми се ослабува имунитетот ) Spoiler
Добро утро, едно убаво чувтсво рано по сабајле. Веќе мајка на две деца едно бебе, еден дечко. Колку се плашев како ќе се снаоѓам ама ете убавини ми е. Овој пат без "помош" од баба, многу помирно чувство. Уживаме со новиот член на семејството и јас и татко и батко.
Не ни пишувам Треба за една недела пак да одам ама на претходниот преглед како да ѕиркаше куре така да, јас веќе рачунам дека е машко
Добар ден мајки! Преубав ден, бебе прва дремка тера јас си одмарам, маж на работа јас спакував деци и кај мајка на одмор! Ми фалат вакви денови да наполнам батерии. Еве јас да ви кажам од мое искуство, разлика се 2г и 3м, првово е душа од дете, буквално никакви проблеми немам со неа, ни љубомора ништо. Баш напротив се ми помага, ја игра и дава играчки ја сака многу малата. Ама бебево да е живо и здраво маста ни ја вади. Вреди за 3 деца. Среќа што првото ми е мирно инаку ни ќе се нафатев да раѓам а богами и ќе скренев до сега. Бебе веќе месец ипол адаптација во градинка едвај 2часа седи. Настина, железото хорор ми се вришти од немоќност веќе. И беше 5,5 па 4,1 сега со настинкава 1,8. А пиеме малтофер веќе 2 месеци. Се осеќам дека потфрлам. Ништо не јаде луѓе, едвај цеееел ден ако и се собере 100 200гр. Изигравам и кловн и телефон пуштам и телевизор ма не. Сите можни стандарди си ги подгазив за чување со надеж да јаде ама не и не. Да не зборам дека ни пие вода сок ништоо само цице и крај. И така нервно оболев од неа. Денов е прекрасен, да стане беба одиме во парк! Уживајте мајки!
Моето бебе утре има прв роденден. Бебето кое мислев дека никогаш нема да доживеам да го имам порасна и ќе полни цела една годинка. Ако верувате дури не можам ни да склопам неколку реченици за да опишам како се чувствувам. Не знаев дека може да постои ваква љубов... Толку чиста, толку голема и силна! Изминатава година беше баш динамична. Огромна промена во нашите животи, ама преубава, незаменлива.. Уште сто пати да се родам пак ќе ги одберам непроспиените ноќи, пак ќе ги преживеам милионите несигурности на почеток.. Колку и на моменти да е тешко и да сум пред физички, а може и пред психички крах.. има едни очиња... Е тие очиња кога ќе ги видам добивам крила, ама буквално. Тогаш можам се, за него можам ама баш се! Имам едно премило бебенце, мало виножитце што ми го обои светот во најубавите бои што постојат! Засекогаш ќе бидам благодарна што ги живеам овие денови, посреќна не сум била! Повелете на торта.
Здраво мами. Денес убав ден, слободни и конечно да завршам нешто по дома и на средено сѐ, бебе (за мене уште бебе) подмирено, навремено без плачки заспано, да можам да одморам и да легнам на раат. Гледам сте пишувале веќе на темава, и јас сум во мисла кога второ. Секогаш си замислував 3 години разлика дека е идеална, уште кога се роди првото така си и разговаравме дека после втор роденден ќе почнеме да се одбиваме за второ. Но како иде времето, јас не знам дали сакам упте едно дете. Мислам, сакам две деца, ама не можам да си замислам *друго* дете дома. Ваква љубов како за нејзе дали може уште еднаш да се осети, како би посветувала повеќе внимание на *друго* дете, а на нејзе помалце. Може вака се чувствувам бидејќи скоро и да не ја гледам, 3 саати во денот само пред да заспие, во кои ручаме, играме, се бањаме, спремаме вечера, се успиваме - квалитетно време 0. Како минува времето се повеќе и повеќе се премислувам. А несакам да ја оставам без брат/сестра. Вие што имате две, како се решивте, имавте слични дилеми?
@pamelche Да не ти кажувам сега љубовта не се дели, се множи бла бла….Ќе ти кажам само исто ме нервираат и исто ги сакам Ги имав тие дилеми дали ќе го сакам второто дете како првото ама моментот кога се споија двајцата не можам да ти го опишам, тоа треба да се види и осети. Сега се partners in crime, сите други аутсајдери, а јас сум прегазена од умор и исполнета.
Исто и јас. Оваа братска љубов, комуникацијата помеѓу нив двајца ме топи како се гледаат, љубов најчиста, најискрена. Кога беше на болница големиот, вечерта после операцијата побарал брат му да го види, не мене, и рекол на мајка ми да се јавиме да си го видам братчето, да му го видам вратчето солзи ми потекоа. Од ко е роден малиот , кога влегува в дневна прво оди кај брат му да го гушни, да го бацни мене кој ме шиша Пишав и погоре од оваа гледна точка идеална разлика 4 год. (моиве се 4 год и 8 месеци)
Yup Boy mom ќе бидам изгледа ама тоа си мислев, сега залепени се за мене напорно ми е ама за некоја година сигурно за татко им ќе се залепат, машки муабети, машки дружби, па ќе бидам слободна
Awwwww може Да не банкротирам Внука ми ја преплавувам со фустани, со џиџи миџи, ми се лутат веќе родителите ама пусти мерак
Уф интересно прашање, јас еве трудна сум со второ веќе накај 8ми месец а син ми е 2год и 8 месеци... Да не те излажам , како што сум во поодмината бременост хормоните ми се плафон, за се само се нервирам па и тантрумите на син ми хорор, ме тепа , вреска па после се смирува и ме гушка, ептен води инат и не слуша... не знам како ќе биде кога ќе се породам, ќе видам допрва здравје ќе биде 2 год и 10 месеци.. уште од почетокот знае дека ќе си добие сестра, и се радува и ми го гали стомачето, некогаш знае и да се нервира зависи од ситуацијата Тешко за сите мајки ама супер за децата , се додека не пркне малку второто ќе си играат заедно и ќе се занимаваат...
Јас па знам случај за забременување каде што за првото пробувале над 1 година, а за второто останаа бремени кога малото имаше 6 месеци. Исто и за мене беше, за првото, не дека пробувавме долго време, ама планиравме овулации и сл А за второто рековме време е, па првиот обид ми заврши во биохемиска ама вториот се фати Имам многу слушано дека после првото сме повеќе 'плодни' Инаку ние се одлучивме да се разлика 2 ипол години, почнавме со обиди кога малото беше година ипол, иако не уморија сите тие скокови, сите тантруми од првото, сакаме деца, имам и претходно пишано, еве второто уште не родено, сигурни сме дека ќе имаме и трето. Можам да кажам дека имаме само мала помош од мајка ми, родителите на маж ми се во друг град, а на татко ми му е страв сам да го чува. (разведени се моите) Сега го чекаме новиот член, веќе сум 9 месец, секој ден се повеќе паничам, најмногу дека малото ќе го преферира повеќе тато отколку мене, како што е моментално.. Јасно ми е, повеќе си играат, повеќе си трчаат заедно, јас не можам ни да го пазам, ни да го кревам, ни да трчам по него Знам дека ќе се снајдеме во врска со бебуш, имаме сепак искуство, ама срце ме боли кога ќе помислам од една страна дека на второто нема да можам да му посветам толку време како што на првото, а од друга страна дека со првото нема да биде веќе се исто