Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    4.910
    Било 1 саат да ви го причуваат, да го оставите некаде, па уште и да може на друго место да преспие, или па дома да ти дојде на поседок баба или дедо, таа можност рачунајте си ја како благослов. И се од ова е помош, 1 саат, 1 ден, 1 недела, 1 ручек, се е тоа помош. Не викајте јас и маж ми све сами, а свекрвата и мајката ви носат повремено ручек или ви шетаат и причувуваат деца, на викенди си одите на ручек и они ги чуваат, а да не зборам да го оставиш а да не е дома. Додека ја имаш помошта не знаеш како е без нејзе. Кога легнавме ние болни со корона колку и да е одвратно јас олеснување добив што не хоспитализираа, си реков леле помош ќе добијам, е до толку е. Така да, не се работи за неинволвирани партнери или мрзливи мајки, не им ги знаете можностите и потребите на луѓето какви се. Помош е секогаш добредојдена. Другарките што немаат никој повеќето дадоа отказ, другите имаат баби на располагање. Ние па среќа покачување добивме и си купивме помош. Тоа е, живот.
     
    На IRBBB, Coco31, hello-kitty.90 и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    Ако сакам јас со сопругот да искочам мора да дојде некоја од бабите за да ги причува, некогаш и да ги успие.
    А и одиме некогаш во недела на ручек, и што има лошо ако направат ручек?

    Кога првото дете ќе ти бара исто внимание кога ќе го имаш и бебето, а сопругот ќе ти е на работа по 12 часа без да му дадат одмор, и кога ќе не знаеш кај ти е главата од грчевите на малото, и од тантрумите на големото, кога нема да можеш да се измочаш и исчешлаш, кога ќе те стегне јака постпородилна депресија и немаш децата на кого да ги оставиш и онлајн да отидеш барем на разговор со психолог, тогаш може да пишеме дека не ни треба помош.

    Затоа не знаете како е, не судете пред време ве молам, секогаш треба да се ставите на местото на другиот, не знаете кој што све поминува во животот, и најлесно е да се осуди.
     
    На Lizi, LadyD, hello-kitty.90 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.162
    Незнам зошто така се препукувате, сите сме различни и со различни мислења и потреби.

    Секој си знае за себе, ако некој рече дека сами со маж си чуваат и така ни е поубаво незнам зошто го сваќате тоа вие што имате помош дека помалку сте мајки или било што.
    Јас еве искрено за мене не се осеќам убаво свекрвата да ми се меша или мајка ми.
    Ние живеевме во заедница, ама сите во различни спратови.
    Кога јас отидов снаа видов како свекрва ми ги чуваше децата на јатрвата.
    Таа беше во улога на мајка, па влегување сабајле во 6часот во спална кај нив да види како е бебето.
    Правење ручек и се околу детето.
    Таа ги бањаше, бидејќи јатрвата била со царски и неможела и тоа и после 5-6 месеци.
    По цел ден седење кај нив и само кумандување.
    На 30 степена внатре децата преоблечени, завиткани во кебиња.
    Јас не сакав ништо од тоа и затоа одбив се од неа кога се породив и ручеци и свашта само да имам мир.
    Сега од друга перспектива гледам дека така и одговарало на јатрвата и ден денес децата се цело време со баба ни и дедо, бабата пишува со нив домашно абе исто како таа да е мајката.
    Што мене ме иритира, ама секој си одлучува што и како сака.
    Е, сега можам да кажам дека на прсти се брои нашето излегување во град и по кафани.
    Ама и кога одевме, дете беше со нас секогаш.:)

    Друга случка блиска моја што се породи имаше поспородилна депресија што неможеше да си го земе бебето мислејќи дека ќе го повреди.
    И секако дека тука треба помош и поддршка од најблиските.

    Јас да бев навикната нонстоп на помош сега во странство ќе ми беше 100 пати потешко, бидејќи скроз сме сами.
    И не дека е лесно, ама се мора.
    Може јас сум некој таков прото тип:D
    Ама еве и сега кога треба да ни дојдат на гости на една недела за прв пат.
    Јас уште сега се спремам психички:lol:
    Може ете проблемот е до мене, ама таква сум си го сакам мирот и мојот простор само за нас.

    Е сега здравје во Септември може ќе пишувам други статуси тука кога ќе дојде и бебе број 2 :D
     
    На IRBBB, macka91, Coco31 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Кога бев на породилно не ми требаше никаква помош, двајцата си правевме сѐ. Доаѓаше мајка ми повремено да ми направи муабет, да пиеме кафе зашто беше зима загадено, се осеќаш многу изолирано во друг свет како да си. И некој ручек-два ми направи првата недела. Друго сѐ сами.
    Откако појдов на работа ми беше потребна помош. Да градинка постои ама првата година повеќе се дома додека им се развие имунитетот (освен ако не ги праќате болни). Некои работодавци не се во допир со реалноста дека мали деца се разболуваат често. Да не работев и мене немаше да ми треба помош, дури прелесно ќе ми беше, ама со двајца родители што работат и те како треба или баби дедовци, или жена за чување ќе беше ако ги немав моите. Зашто не живееме во Шведска нели.
     
    На macka91, Coco31, hello-kitty.90 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.162
    Ама во ред тоа е нормално, неможеш сигурно сами да ги оставиш мали деца да се чуваат додека вие сте на работа двајцата.
    Секако во тој случај си требаат баби и дедовци.

    Јас зборувам за луѓе кои скроз своите деца ги препуштаа на баба и дедо иако се дома и едноставно така ни одговара.
    Јас го кажав мојот пример погоре, бев сведок на таква ситуација.
    Дури јас и правев јадење и ја раскренував масата по неа, дека таа е уморна.
    Да не навлегувам ептен до детали, ама јас бев решена дека не сакам да бидам таква мајка.
    Не е само да ги родиш, па друг нека води ред од нив.

    Ова со Шведска ти го сваќам двосмислено, па незнам на што точно мислеше.
    И во Шведска треба да работат двата родитела за да имате услови за живеење, и тука се разболуваат децата незнам што толку полесно е од Мк.
    Освен што во Мк ти се достапни родителите, а тука не.
    Па сега и кога треба да одам на контроли во болница дали за крв, ехо јас морам и детето со мене да го водам иаку таму ќе плаче и ќе се треска од земја.
    И јас радо би го оставила со баба и дедо да не влече трауми.
     
    На IRBBB, macka91, Fenix05 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Ајде да ви го претставам и моето гледиште на тоа, имам помош од свекрва, пензионирана веќе две години, свекор немам, мајка ми и татко ми имаат уште време за до пензија. Си користам помош, со секако прво прашање дали можат, а не да им ја тупнам големата, пошто малово е мало сеуште сум на породилно. За големата кога се роди мајками ми направи една мусака, сами да си ја потпечиме. Еднаш беше то и толку, ама мм ја има згрешено професијата, требаше да биди кувар, едноставно чоеко го бива во кујна,си сака, а јас па не го обожавам готвењето, али си имаме ние наш ред во тоа. Големата ја оставаме на спиење во викенд кај моите, значи и таа сака, а и моите се јавуваат, прашуваат за да оди. Значи можи да се погоди два викенди во месецот, можи да се погоди да не оди ни два месеци да спие. Свекрва ми сама се јавува, ајде вика донесетеја има деца на улица. И сеа јас треба да се чукам по гради и да велам јас ќе ја чувам, или да ја пуштам да се изнатрча, да се изнатроши енергија. Ние живееме преблиску и со моите и со свекрва ми, така да дали ние ќе ја однесиме, дали тие ќе ја подземат исто ни е. Е сеа пример за комшивка млада прилично, невработена, комшии сме со мајка и, јас мислам дека поќе ги гледам децата нејзини отколку таа, АМА јас можам само да си прокоментирам, нејзино право си е колку мајка и ќе и ги чува децата, лани на пример помалото дете го оставија со бабата, тие заминаа Турција, авионски со поголемото дете, као малово да не се тегнело по авиони (facepalm) па жештини, па клими итн, јас искрено тоа не би го направила никогаш, ама нивна работа, како сакаат нека си прават.
    А имам другарка па на мојава помош на секое ми коментира, "ние со мм сами си ги гледаме, ти си во своја фирма секако можиш" а не знаат колку боледувања земаат пошо се во државно :^)
    Ептен се дружиме, ама еве мислењата ни се ептен спротивставени, а јас баш напротив оти сум во своја фирма, останувам колку што треба и не треба на раб итн. али да не должам.
    Пред да останам трудна со второто, имаше период ептен ни се излегуваше по кафани, кафичи итн, па два пати месечно ја остававме големата кај моите, значи раат да излезиш, и да пивниш нешто, да не треба дете да гледаш, т.е. да те гледа :$ и другиот ден си одевме кај моите на ручек. Така ни одговарало, така сме правеле, моите се кеф да спие кај нив внуката, кеф се да им одиме на ручек, ние исто така.
    Како сакате правете, не им кажувајте на некој што мисли спротивно од вас дека не е во право.
     
    На Slonce91, macka91, Coco31 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Тоа ми беше во смисла дека породилното отсуство е подолго, можеш да земаш боледување за дете без да се плашиш да изгубиш работно место итн.. условите за чување деца се подобри отколку во земјава
     
    На Carolin. и Marsi* им се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    10.661
    Пол:
    Женски
    Ми ги срочи мислите во постов, да не куцам :D.
    Мене ми е поубаво се сами да си правиме фамилијарно. Си ја носиме и по кафани и на пазарење.
    Тоа ми беше целта на муабетот на кого како му чини. Некој не му смета да му се плеткаат дома, мене ми смета.
    Исто не ми смета што во 2 ипол години, вкупно 3 пати сме излегле заедно со маж навечер, зашто до 30 год се отепавме од искачања. Некој сака да си има поактивен социјален живот и после деца. Јас немам таква потреба.
    Имам потреба 10те години дури ме рецкаат децата, да ги инволвирам во секој аспект од нашиот живот, вклучувајќи социјален.
    Иначе и ние сме вработени двајцата, ќерка ми оди во градинка од 10 мес, 6 месеци беше пепел со разболување ама се снаоѓавме. Боледување, одмор, помагаше и тоа што маж ми е во смени.
    Ама секако не ми беше муабетот за болно дете кој да чува, или деца да не гледаат баби и дедови ама па женски форум е сепак, си има тенденција на извртување на муабетите и терање во крајност :D.
     
    На Slonce91, IRBBB, Zumbulche и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    Вие прво едно пишувате, па не после друго ви бил муабетот, пишете убаво што мислите, за да не ве сфатиме погрешно.
    И не нема да носам дете по кафани, посебно не после 21 часот кога треба да спие. Во игротека и на пазарење ги носиме, ама во кафана кај што не им е место на децата, нема што да ги носам, ако нема кој да ги чува нема да одиме во кафана, и тоа е тоа.

    Сигурно нема да ги влечкам кај што не им е место, за мене е подобра опција да ги успијам и некоја баба да ги причува па да одам во кафана, а не со мене да ги носам. Сметам дека кафаните не се место за деца.
    Има секакви места за игра со деца, игротеки или сл.

    И да важи 10 год ќе ги влечкам децата и со мене на фризер и секаде, значи не знам што си мислите кога пишувате, ама ај.

    И да се разбереме, 1 дете и 2 или 3 деца не е исто да носиш со тебе кај ќе ти текне.
     
    На macka91, Coco31, no name5 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека имаат дупло помалку одмор од колку кај нас во земјава, така?

    И не е баш така лесно да земеш боледување, таму не ти даваат боледивање за секое разболување на детето.
     
  11. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Мене ни тука не ми даваат за секое разболување, а во Шведска имаат барем 480 дена родителско отсуство што е доста подолго од кај нас. Google вика 25 дена одмор, не знам од кај тој податок. Врски сигурно не фаќаат за од градинка па до средно како кај нас, hence многу полесно таму се гледаат деца од тука.
     
    На Dennings му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Законскиот одмор е 25 дена, а најчесто е 30. За до 5 дена боловање не ти треба белешка од доктор, за над 5 дена мора. Имаш законски 130 денови за боловање на дете.
    Чисто информативно.;)
     
    На IRBBB, Mother of 2boys и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    Неплатени се, не им се сите денови платени.
    И во Германија можеш породично отсуство да си земеш до 3 год ама не ти е целосно платено.
    А врски не фаќаат зошто висока е сумата за во градинка, и зошто да фаќаат врски кога се си има ред, и како тоа полесно се гледаат децата таму?
     
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ајде сеа, пошто си слушнала, не си дослушнала, како се неплатени?
    Секој ден од "грижата за болно дете" ти е платен на 80% од платата. Исто и породилното, сите денови ти се платени.
    За градинка сумата не е воопшто висока, туку е скалирана според примањата на родителот, така што апсолутно секој може да си дозволи. Плус месечно за секое дете добиваш околу 120 еур додаток, кој ти ја покрива градинката.
    Работодавецот не смее да ти забрани да земеш боловање, ниту па смее да ти забрани да земеш породилно, само треба да го најавиш 2 месеци унапред.

    Овој систем прави апсолутно возможно сам да се грижиш за детето, без помош од баба сервис.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    Се извинувам, за Швајцарија пишував, сум се помешала. Таму имаме пријатели.:rofl:
     
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Јас сум една од ретките која има каде да го остави детето во било кој момент. Моите родители и неговите никогаш не не одбиле. Ниту тетка ми. Ама никогаш не сме злоупотребиле тоа што можеме да го оставиме.

    Додека беше помал, а е корона бебе, никаде не го носев без потреба, особено не во затворени простории како продавници молови и сл.
    Ама секогаш сме ги планирале шетањата во природа, на отворено, да може и син ми да ужива.
    По слави, ако нема деца, ни ден денес не оди.

    Незамисливо ми е да одам на одмор а детево дома да дреме. За негови 4 и пол години прошета неколку држави, по државава не ни зборам дека оди секаде. Знае како да се однесува во гужва, на кафе, со деца и возрасни.

    Тотално промашена поента.

    Членката не кажа дека оди на фризер со деца. Кога жената е на фризер, мажот ги чува и обратно. Ако жената е на кафе со другарки, мажот е со децата и обратно.

    Муабетот е дека со маж кој е вклучен во семеен живот, а не е тука за да "помага" можеш лесно да организираш се.

    И не, жена која сака децата ди ги вклучи активно во сите социјални активности, не мислеше на кафани по 21 часот. Сигурна сум дека се однесуваше на ресторани во дневна организација.
     
    На Zumbulche, Coco31, LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
  17. .baby.love.

    .baby.love. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите да се приклучам и јас во тимот како новопечени мајка на 2 неделно бебенце, тоа е супер , малку сега почнавме со грчеви да се мачиме но добри сме , јас сум супер , мислам дека одлично се снаоѓам. Долго време се спремав за периодот што следи. Друг проблем имам... имам помош од свекрвата ама мн негативна личност е и голем паничам, многи му се радува на бебето , пресреќна е за првата внука ама за мене е мн напорна. Знам дека неможам да ја сменам па гледам да не се замарам мн со неа. Фокусот ми е само бебенце да ми биде добро тоа ми е приоритет, но бабата мн сака да го држи во раце , а тоа е мн мало и ништо не разбира , само спие и цица и менуваме памперс цело времето тоа се едно исто, а таа не може да дочека да стане по 100 пати оди да види дали е станало за да го земе, или нжедвај чека да заврши со цицање , ми виси над глава додека цица. И кажав неколку пати и јас и маж ми дека не сакаме во раце да ја учиме , јас сум сама додека они се на работа. Ама пак безуспешно. Синоќа поостро и реков после бањање нема држење, дека бебето треба да спие.
    Кога ќе и кажам што сакам со моето бебе се лути, се лути дека мн спие....
    Нели е нормално за 2 неделно бебе само да цица и да спие ??
    Си кажав што ми лежи ...ајде може ќе ми олесни , иако де трудам да не ја мн мн регистрирам :D
     
    На Coco31, LiquidLuna, Leanne и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    10.661
    Пол:
    Женски
    Не не стрикно на Сани, Џони Лајв и Боби Павловски ја носиме ќерка ми на 2 ипол год. И стрикно после 22, нек се учи дете од сега :headbang::headbang::headbang:.
    Мислам муабетов еј, одење во крајност до даска.
     
    На IRBBB, Dennings, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.891
    Пол:
    Женски
    Не, не, речи и дојди откако ќе стане и ќе ти испее песничка.:D
    Како ви трпат нервите вака, ќе земам низ прозор ќе ја џитнам да ми стои над глава бебе додека цица, се знае тоа, моменти на мир и бондинг меѓу мајка и бебе. Стави ја на место со време, зошто после поголеми маки ќе си имаш.

    Иначе, за муабетов погоре со баби, чување оставање деца... Детето треба да си поминува време и со баба и дедо, да си ги има во животот, дел од поширокото семејство, ама не сум за оставање секој ден да го чуваат, односно, зависи од бабата и дедото, ако го шетаат, анимираат, океј, ако гледа со нив барабар турски серии, зјапнато у мобилен цел ден, тогаш не. Или да го раснат баба и дедо, а родителите да немаат остварено конекција со детето, исто не.
    За оставање ноќе, јас да ја заспијам, па да си седат додека спие, ние да си излеземе, зошто да не. Ама, не ми се излегува воопшто.:D
    Со маж сме пензионерски настроени, по дома може нешто да си пивнеме, си гледаме нешто, си го истеравме нашето до пред дете, толку излегување, пијанчење по цели ноќи, доста ми е, помина тоа.
    Испомешав, не знам ни што мислев да кажам. Старост.:worried:
     
    На Coco31, .baby.love., Dennings и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    Еве маж ми е вклучен во сите активности околу децата откако се родени, ама мене ми требаше пал помош зошто бев сама по 12 часа со деца, мораше да оди на работа, не секој може да си земе одмор колку сака и кога сака.
    За мене кафана не е место за мали деца, за било кое време од денот.
     
    На Skyler81 му/ѝ се допаѓа ова.