Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.891
    Пол:
    Женски
    На каква кафана мислиш? И во кафана нема во тек на денот певаљка на пример. :D
    На биртија ли мислиш? Иако тие се во текот на ноќта во полн ек, во текот на денот не знам кај би можело да се однесе дете, а да не е соодветно. Освен ако се пуши внатре, за пушење внатре нигде и никогаш.
     
    На IRBBB, Трагедијаупмм, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Ни мене веќе не ми се оди на нив. Општо не ми се излегува. Еднаш месечно ми е повеќе од доволно.
    Некогаш сум со другарки, некогаш парови. Иако парови почесто сме со деца, сите ни се приближна возраст.

    За мене ресторан на отворено е одлично место за деца. Особено на ова време, по шетање во парк или зоолошка, обавезно седнуваме некаде во близина. Недела ни е резервирана за во шума со сендвичи и кафе. Баланс мора да има.
    Да напоменам дека секој ден е најмалку 2 часа на шетање или да вози велосипед, зависи од смените мои и на татко му.
    За викенд сме слободни и да се затворам дома не планирам.
    Да напоменам дека сега има 4 и пол и седиме и подолго.
     
    На Zumbulche, Трагедијаупмм, Dennings и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    Еве и јас ќе кажам за мене.
    Бебе давам со душа на моите и срцето ми е мирно зошто знам дека ја чуваат исто како мене.
    Кога свеки треба да чува дете, секогаш еден дел од мене е загрижен. Ме нервира што си тера по нејзино и прави работи од памти век или некој начин кој за мене е спартански и суров за едно бебе од 11 месеци. Гледам да сведам на минимум или на некој саат само. Едноставно така се чувствувам и така правам. Немам доверба, плус ме нервира што не ме почитува како мајка, моето мислење и она што јас го кажувам за моето дете.
    Моите чуваат уште едно внуче + одат на работа и искрено ми е жал да им ја оставам цел ден за јас да одам во кафана, воедно мислам дека и мм го научив на овој начин поубаво да се грижи за неа и да има одговорност.
    Ако имавме помош во секое време, верувам ќе го бираше полесниот пат.
    Враќањето во нормала ми одеше спонтано, враќањето на обврските и моето задоволство надвор од тема дете, околината знае некогаш да те праша: што не го оставиш и да излезеш? Но мислам дека не треба да се поставуваат вакви прашања и да се наметнуваат свои мислења. Секој знае најдобро за себе и своето дете според своите можности.
    Такада.. некогаш е добро да почитуваме избор на другите без да дадеме свое мислење.

    Убав ден мајки :hug:
     
    На IRBBB, Zumbulche, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    19.783
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, пијам кафе бебе спие до мене, денеска има нова фризура го шишавме јас и мм на кец многу е смешен :lol: лижавче право :inlove:

    Со бебе се снаоѓаме како умеме јас и он. Моментално е фокусиран на тоа да се исправа 100 пати падна искрено веќе не се ни припотресувам толку :?: Само вчера кој се закачи во спална кај нас ме стресе, не за други железна ни е спалната плачеше ептен ама нема модрица нема црвено, повеќе јас го исплашив со моето "иииииииии" . И така растеме со многу паѓање и три пати повеќе љубов:inlove:


    На темата што сте ја отвориле, ние моментално живееме заедно со свекор ми и свекрва ми. Луѓе толку не можеме да се усогласиме многу тешко ни е и дури мене незгодно па и на свекрва ми и е, се гледа. Ние живееме сами они беа во странство, и јас и мм еден ред они друг. Дојдоа за короната и не можеа да се врата, свекрва ми во меѓувреме најде работа тука една две смени, свекор ми со мм кога оди кога не оди. И ние уште пред да дојдат со мм што ке правиме друга куќа да се оддаваме пари кога еве ја оваа празна ке седи додека им дојде ним време за пензија до тогаш здравје, а имавме и сеуште имаме планови за старнство да пробаме пошо мм си има живеено. Дојде короната, они останаа, јас трудна, се земавме, бебе се роди направи 2 месеци и свекрва ми вели "јас да ти кажам ке тргнам на работа тебе со детево не ти требам секако, дома двете што ке правиме, здравје ако сакаш ти да одиш на работа јас ке седам со него, ке напуштам не е проблем". Фала и многу на муабетот на понудата, тогаш викав како не дете ке оди во градинка јас на работа.
    Ама па како поминува времето еве го 8 месеци, здравје до кај година ипол планирам да седам дома многу се мислам што да правам, дали градинка дали барем до кај 3 да си поседи дома, ич не знам некогаш со часови се мислам на кантар ставам се што и како.
    Јас од почеток не оставав никој да ми се меша, во ништо буквално и сега е истото една ронка банана да му ја дадат па ме прашуваат дали може. Јас помош имам само за викенд кога е дома, работи 1,2,3 смена и она во нејзината глава не се замара за останатото, одам на работа ти си дома можеш се. Ручек од неа имам кога е втора смена одсабајле ке зготви нешто иначе се со бебо правам, кога спие кога не у раце и у поход, така му велам :rofl: Готвење,чистење, пружаме алишта, собираме, диплиме, пуштаме машини, пазариме заедно тоа е. Јас пак си функционирам како кога бевме со мм сами само плус бебо, само што ете за викенд сме дома сите и повеќе ми е мачно одколку лесно ред немам никаков.

    Кафани и ноќен живот - желба 0. Со мм 10години мислам сите кафани и дискотеки ги отвараме и затвараме, кога сами кога со друштво што беше доста, доста беше :rofl:
    Недела обавезно сме некаде, ако е кафана да тераме цел ден, бираме да е отворено во природа на воздух и ние и бебо. Или одиме некаде покрај вода, на планина скара да се изнауживаме. Така затеравме така ни е убаво.

    За чување кажав не знам во кого и дали би имала доверба да го оставам освен мм. Навистина не знам, сега посебно не планирам. Кога пробуваме јадења, се учиме да јадеме сами. Јас сметам дека сега па до кај 2 години му требам најмногу и ке ме има на располагање, можам да си го дозволам тоа да бидам со него. За понатака здравје. Ова е мое мислење и така сакам јас, не значи дека на сите им одговара или дека мислиме исто.

    Убав ден :f:
     
    На Zumbulche, Coco31, hello-kitty.90 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    8.964
    Ај здраво.

    Дете расте, збори, трча, се крши по 100 пати секој ден.:drunk:
    Пресмешни се кога дрндаат, иако на крај на ден како и сите вас сум скапана ко пипер, ептен слатко проаѓа времето.

    На темава погоре, имаме помош и користиме кога ни треба, фала богу за тоа пошто ни олеснува, не дека не можам да ја мкнам по маркет ама па сеа за сеа нема потреба.
    Ја оставаме кај бабите еднаш месечно (или успиваме или ја успиваат), даваме насоки и се почитува, сеа за сеа.:D

    Не осудувам, ама освен пост породилна депресија, не знам како на некој би му било страв да си го бања детето па вика роднини, и се прашувам дали тој страв и потреба друг да го бања е ради расположливоста на бабите или?:?:
    Ако нема баби нема ли да го бањате детето?:D

    Некако општо сме премногу насочени кон нечија помош, вечно зависни, и јас и мм сме “разлигавени” пошто знаеме дека има некој бекап помош да тркнеме до маркет и слично, језда сме ја носеле неколку пати ама секад завршува со лижење на нешто што не треба, или со кревање цел маркет во вис САКАМ БИБИИИИ, САКАМ СМОКИИИИ.:D

    Ич не укапирав дека толку малку време ќе сме заедно, после работа до заспивање едвај пар саати, малку е, посебно во фаза сега кога се учат, и тоа брзо.:(

    Во вечна дилема за кога е време за второ, мала разлика, голема разлика… ќе чекаме да научи да моча сама.:D
    И така.:bandit:
     
    На Zumbulche, Coco31, hello-kitty.90 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Јас имам помош од свекрва околу домашни работи. Грижата околу дете е 100 посто моја. Го оставам само ако треба да појдам на депилација, фризер такви некој работи. Имам доверба за оставање, почитува тоа што ќе кажам во врска со него. Ќе каже ова во мое време кога чував деца беше вака, ама се се менува, ти одлучуваш. Е за подолго чување не би, не дека нема да го гледа убаво и дека нема да се нафати, ужива да поминува време со него и да си игра. Ама си има жената здравствени проблеми и глупо е да злоупотребувам. Инаку живееме заедно сеуште. И од една страна сакам да си одат веќе во станот и да си фатам свој ред, а од друга страна си велам дека баш ќе сум осамена со детето дома самички. Мм по цел ден на работа, си иди во 6 поручек, некогаш и покасно, некогаш е и на терен со денови. Ќе ми биде тешко знам, ама некако и си сакам да си фатам свој ритам, а не да се прилагодувам. А за помош ако ја сакам пак ќе ја имам.
    Секој нека си прави како си се осеќа. А за тоа ниту ми е гајле зошто некоја го оставила цел ден детето на баба и дедо ( и јас мислам дека не е тоа добро ), ама таа еден ден ќе си сфати колку има изгубено од најубавите моменти ( а можеби и не ), се е индивидуално кој колку е созреан психички и донесува одлуки според тоа. Да не должам повеќе, правете си како ви расудува и ум и срце, кој што кажал да не се замарате, зошто вака или онака секогаш ќе се збора. На нас луѓето погодувачка нема :D. Добра ви ноќ мамасити.
     
    На Zumbulche, Coco31, hello-kitty.90 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    1.110
    Незнам каде живееш но не си во право . Јас живеам во Германија и сум пресно од породилно излезена , ако земеш 1 година породилно зимаш 65% од плата, ако земеш 2 год породилно таа сума се дели значи 30-35%, ако ја земеш и 3 та година не земаш ништо. Цената за градинка во секој дел од Германија е различна и не е според примањата на родителите , еве јас сум во БВ и плаќам 500 е за само 6 часа, целодневната градинка е 750е со доручек од дома а за ручек се плаќа плус . Тој додаток од 120 е е само Баварија не е на ниво на цела држава. Некои чекаат и по неколку години место за во градинка затоа што нема врски. Е кога детето ќе наполни 3год цената на градинката се намалува, овде е 150 е некаде во Германија е и без пари. Немам никаква помош фала богу си го сакам мирот , без паметувања од страна. Секако дека сакам и јас да изл да се дружам тоа го правиме заедно. Баба сервис имам само кога си одам во МК, и сум благодарна многу но повеќе не би сакала да ми се мешаат во воспитувањето на моето дете.
     
    На Zumbulche, hello-kitty.90, Shekjer и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    И јас знам за Германија исто, и за Швајцарија, ама Шведска е друга приказна за овие работи. :D
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Не зборев за Германија воопшто.
     
  10. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Мајки како сте со screen time и телевизор по дома?
     
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    19.783
    Пол:
    Женски

    Кога немам што да му правам веќе и ништо не го интересира пуштам како вчера што врнеше цел ден дома преседавме. Гледам да е најмногу 30мин во цел ден. Му пуштам една две песнички и гаснам. Некогаш колку да јадам. Некогаш се дешава 3-4 дена да не види ТВ како минатата недела топло кога беше надвор преседавме, за спиење само во соба бевме.
    Како налага ситуацијата така :tmi:
     
    На lackygirl, Ceneva и atz1995 им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    14.747
    Пол:
    Женски
    Има таблет со Kids Mode, со тајмер од 1 саат. Тоа и е за цел ден, обично го пушта за време на ручек и вечера. На тв не и пуштам ништо, зошто таму знам да изгубам осет колку време гледа, вака си знам дека е максимум 1 саат во денот.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.830
    Допаѓања:
    9.683
    Пол:
    Женски
    Не да не уби времето вчера мислам побудалевме двајцата. него веќе ништо не го анимираше јас снемав идеи и енергија, веќе мм кога се прибра во 7 јас пеев измислена песна со ритам од "Павле ми пие" :x
    Тв за сега гледам да не пуштам еве 3 ипол месеци гледам да се занимаваме заедно. Кога пеглам мијам садови,готвам го ставам до мене и му зборам покажувам интересно му е. Тв за сечење нокти и инхалации за сега. Овие 9месеци сакам да му ги посветам 100% на него.
     
    На Sun&Moon, Viveki, Ceneva и 3 други им се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.521
    Допаѓања:
    33.103
    Пол:
    Женски
    Тв врти цело време, колку да врти нешто. На потивко е пуштен, ама не го рецка многу. Ко ќе се загледа ептен многу, гасам скроз и наоѓам друга занимација.
    А ако не се наоѓа друга занимација или баш морам нешто да направам, има 2-3 цртани што ги сака, и ги пуштам тие по 20тина минути и толку.

    2г и 4мес е. Докај 1,5-2 години не го гледаше баш баш, а мм па едвај чека да си станеле во недела сабајле и цртани да гледаат ( не разбра дека треба уште 7-8 години до таму ) па купи ТОЛКАВ тв, ем очињата да не ја болеле :rofl:
     
    На hello-kitty.90, Tea SK, Viveki и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Кај нас нон стоп е уклучен телевизорот. Свекорот е зависен од тв. Синко си игра и рецка не му става. Ама кога и да има интересна реклама се врти и гледа. Кога јадеме ние тогаш му пуштам песнички на YouTube зошто не сака да седи во хранилка иако има лом играчки пред него. Кога се инхалира тогаш на тв пуштено е babytv. Такво време е дојдено не можеш да го изолираш од технологијата. Ама пак за сега се има добра контрола. Кога ќе порасне нема да е така лесно.
     
    На Viveki, MinnieM, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    19.783
    Пол:
    Женски

    Јас му немав пуштено до кај 5-6 месеци ама после тоа веќе не се трпеше леб не можев да јадам. Го ставам во хранилка врти нешто низ раце и гледа додека јадам, кога јаде сам јадеме заедно ама тоа е обично ручек и 2-3 пати неделно. Во тоалет одиме веќе заедно, порано му пуштав тв и одев сега веќе нема шанси тоа е што е.
    На жижи нема грижи од биби и боби се радува најмногу и едни чупавци српски скока се радува игра сам и толку друго не го интересира. А општо ТВ ко хипнотизиран гледа и затоа седи исклучен.
     
    На lackygirl, LiquidLuna и Fenix05 им се допаѓа ова.
  17. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.927
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома тв е нонстоп уклучен ама ретко кој го рецка, колку само нешто да галами онака мутаво ми е :rofl:
    Син ми поголемиот има 4 години он не е баш заинтересиран за тв може да се загледа 10 мин и толку не му е интересен, ама затоа ми вика пушти ми нешто на телефонот, најчесто го лажам немам батерија или ги избришале цртаните, наоѓаме други занимации и ако тоа не помага пуштам 40 мин максимум, после пак нешто друго пробуваме и така, некогаш е прехистеричен што не се поднесува и оди кај баба му пошто таму се му се угодува :@
    Малото друга приказна, други занимации и така 5 месеци
    Затоа гледам барем преку 1 ден да излегуваме кога е убаво времето
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Зависи од денот, ако е како вчера пример затнат да не е ни за во игротеки внатре ни за надвор нигде, пуштаме почесто.
    Вака стандард преку ден не ни работи, ама во позадина имаме радио или детски песни на звучник пуштено.

    А и да, бидејќи веќе не може да седи мирен за менување пелена ( 2 ипол години е ) , на секоја 'голема' беља пуштаме некоја песничка:D
     
    На sani99 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.521
    Допаѓања:
    33.103
    Пол:
    Женски
    Од рубриката "луѓе што не си го знаат местото" издвојуваме:
    - Вчера добив коментар дека не си го сакам детето и дека маж ми многу повеќе ја сакал од мене :D:D

    Случката поради која што се деси коментарот:
    Софија почнаа да ја фаќаат кризи од 5 саат, со расправање, со одвраќање, со карање абе уште да се степавме. Ништо не и беше погодено.
    Дојде гост накај 5 и пол, она уште толку збесна. И кажав 3 пати да се смири со убаво, 4тиот пат малку погласно, 5тиот пат седнав пред нејзе и почнав луто да и зборам и објаснувам дека не може така да се понаша, ако сака нешто да побара а не да вришти и она почна да плаче.

    И гостинов ми вика јас имам впечаток дека не си го сакаш детето, маж ти изгледа многу помек со нејзе.
    И јас и мм вакви - :^):|

    Викам од кај тој впечаток?
    Не сум била од - "обичните" цуци муци мамички - сум била дивјак.
    Не знаев ни како да изреагирам :rofl:Викам па ваљда како што сме јас и мм различни родители, постојат и различни мајки е*ате беља. Ваљда.

    Немам прашање никакво, сигурна сум си во родителството и не ќе да се мењам ако на некој му изгледам ко дивјак ама муабетоооооов :x:rofl:

    Ај убав ден другарки, одам да правам Тупа Мњам Мњам ( супа на тодлерски лол ) :rofl:
     
    На Zumbulche, Tea SK, MeowMeow и 24 други им се допаѓа ова.
  20. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Ајдеее такви гости зад врата и со клучот затворена, требни тие се дома да ти идат.
     
    На SummerGirl, Ceneva, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.