Исто. Со првото јас потешко поминував во секоја смисла на зборот иако повеќе имав помош од маж и баби, со второво иако по ок бебе имам, имам депресии тешко, па зошто ваква разлика во години, зошто не можам да му се посветам на големиот целосно, па зошто ова, зошто она.. првиот месец ептен западнав во депресија, како почна да се потсмирува и бебето, и цицањето на 2 до 3 часа и како големиот почна полека да легнува на брашното (не р сеуште адаптиран скроз на новава ситуација) така си доаѓам при себе. Ама секогаш мислам дека нешто не доволно сум направила или за едното или за другото, или за себе. Веројатно е период што ќе помине.
Со првото се породив во ковидот и немаше многу излегувања, односно јас не сакав да одам на места со многу гужви, а другарките излегуваа, и ме викаа, ама немаа разбирање првично дека не можам или не сакам да дојдам и дека поубаво ми е они да дојдат дома, оти на тоа едвај 3 часовно спиење во 24 часа, не ми се излегуваше по кафичи како зомби, а немав сила да се избањам не па да се нашминкам и одвлечкам. Со тек на време почнаа повеќе да ме разбираат и да се прилагодуваат чат пат на мене а не јас на нив. Животот на тие без деца не е нималку ист како на оние со деца. По одредено време, некаде скоро пред годината на синот, кога веќе имаше и оброци и дохрана и се, почнавме да излегуваме и ние со мм (еден ден од викенд он со друштво, еден јас, за едниот дома дс чува дете) и почнавме да се осеќаме како луѓе конечно, по годината на мали, сме излегувале и преку недела и за викрнд, почесто малку. Ќе видиш, ќе ти дојде и овој период . Траеше тоа 1г па и на двајцата ни скисна и тоа, па и сакавме малце да не заборават хахаах. Едноставно ни се седеше дома, сами, уживавме и со детето и сами, откако ќе заспиеше детето. Ќе си пиштевме филм/серија и си јадевме пуцки , особено во зима. Сега се осеќаш така зошто се ти е ново, не си спиена, кој што прави ти само гради вадиш, дете да цица, се бањаш со брзина на светлината, секоја минута за да спиеш ти е битна, јадеш , не џвакаш туку голташ, се пресоблекуваш 5 пати на ден зошто си повратена. Немаш време заби да измиеш не па крема на лице да стаиш, веѓи да исчупаш што се вика. Се ти се врти околу домот и бебето и нормално е да ги имаш овие периоди. Ќе помине, ќе се нормализира се, дај му време на времето. Ќе почнат луѓето да се прилагодуваат кон тебе, дај им време, иде лето, па има да ти доаѓаат на кафиња, ехеее. Јас сум пиела кафе и на лулашки пред зграда со другарки, дете да игра за јас да испојам кафе, се снаоѓаш, ако им одговара ок, ако не, па ич не ги ни молам. Флексибилноста треба да е од нивна страна.
Што не му рече на гостот да ја причува само 24ч немора повеќе. Од страна лесно е да се коментира. Па да ме види мене што јас нон стоп сум со ќере и нон стоп ми тренира живци. Ќе ми викне социјално.
Мамиии, "дојдов" само да се пофалам синко има забче... Е сега колачиња планирам да порачам, но да не има некое "правило" да почекам убаво да излезе или?
Да се редат бели и здрави. Правила нема, како си сакаш така. Јас нарачав кога го осетив дека грепка и го видов.
Мами извинете вака, што правите со колачињата за прво запче? Домашните се частите или се даваат по луѓе, што е традицијата не сум запознаена?
Порано се даваше сутлијаш на домашните, сега со колачињава воглавном се објавуваат слики по социјалните мрежи
Јас си дадов на моите, на другарки шо се најдоа дома тој период. Едно она, ние по едно и толку. Јас 10тина порачав додуша, 5 со запче 5 со ноџе пошто прооди во исти ден
Колачињата никој не ги јади За првото дете јас му направив дома запчиња, постапалки замислете немаше За второво нз нема уште запче 8 месеци е, можи пак ќе направам за да не е покусо.
Jas znam toj sto ke go vidi prv zabceto treba da mu kupi nesto belo na bebeto. A mama si pravi sutlias i si jadete po doma ili ako nekoj dojde na gosti, isto i kolacinja plus moze.
Јас утре ќе нарачам за најблиските само ќе им однесе мм Ми рекоа нешто бело да му купам бидејки јас го видов , моево на 10ипол денес
Запчето прва јас го видов. И оттогаш навака, еве неколку месеци и купувам нешто и никако да и купам. На крај одлучив ќе и купам ланче со бисерче, или филигран некој со бисер, па ќе почека додека го најдам вистинското. Знам дека се зема само симболично, ама стара мајка, мерак голем, нека и остане за спомен од мене. Колачињата сама ги правев, ги смачкавме сите дома..и сутлијаш си варевме. За убаво да е само .
Здраво мајки, како сте? Ме нема да пишам нешто од поодамна, па ете сега начекав момент. Син ми направи 9 полни месеци, не ми се верува дека скоро па и годинка ќе биде. Почнавме да бараме место за славење, да спремаме список, па секако драмите се неизбежни. Јас почнав на работа, за сега е супер. Синко во градинка седи цел ден веќе и е пресреќен меѓу дечиња. Заби нема сеуште, ама како да го мачат. Последниве неколку ноќи сум жива ненаспана. Наеднаш почнува да плаче во спиење, и тоа по едно 5-10 пати во ноќ, навистина не знам што друго би можело да е. Инаку мислам дека веќе се разбира, и се топам кога ме гледа заљубено со очињата додека зборувам нешто. Друго не знам што сакав да спомнам. Ќе ми текне подоцна.
За рецепт не памтам пред 5 год беше, на интернет го најдов мислам, а формите тогаш ги правев со срце и сечев долу една линија и малку разделував и идеше заб, ама има и форма заб по пазарчиња да побараш ќе најдиш сиг макар што и вака е исто заб иди. Му ставав бони топ за очиња и така едноставни печени беа.
Јас направив сутлијаш, ја запазив ‘традицијата’, а домашните кога дојдоа донесоа целуфки. Демек бело благо се јаде за да се бели и здрави запчињата.