1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.732
    Допаѓања:
    19.198
    Пол:
    Женски
    И јас ништо не сум купила, прва го видов. :tmi: Три месеци како купувам еве, сто работи се купија ама ко за инат ништо не е бело да речам дека е за забот. :rofl: Супер ти е идејата иначе, одлично за девојченца. :sun:
     
    На Carolin., LiquidLuna, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    6.083
    Пол:
    Женски
    IMG_0319.jpeg Сте разврзале тема за забче па јас не знам дали ви се пофалив тука колку убаво ми испаднаа. И тортата и колачите сама си ги правев. Пред неколку месеци беше ама еве за идеја, од али порачав и формата и калпчиња за букви, како печат се. Тортата е во срце калп правена, два тенки пандишпана испеков, внатре со бел шлаг и мармалад. Со фондан ептен лесно е. А му купив 5 бели бодиња во пакет, практична сум :D
     
    На Anaroz1, 1209, Ano и 28 други им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.124
    Допаѓања:
    50.408
    Пол:
    Женски
    Дома частивме и со пријатели и роднини што нај живееме.
     
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.596
    Допаѓања:
    22.723
    Пол:
    Женски
    Браво преубави се.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    6.022
    Пол:
    Женски
    Браво :clap:
    Јас нарачав торта и 32 запчиња :wasntme: и ептен 'дебело' ми испадна .:D
    Ама пусти мерак ,мајка :inlove:
     
    На mal.ecka, princess5, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Женски
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    4.869
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки, лошо време денес, цела ноќ пак спиење на рати, едвај станав сабајле, еве сега си пијам кафенце на работа прво да се одморам малку.Двете деца спијат со мене, едното цица по 100 пати големово клоца, се лепи до мене, толку се приврзани и двете деца за мене како да не ме гледаат со месеци, а ке се вратам од работа се лепат за мене и двете и така е буквално додека не тргнам пак на работа.Нокеска едно време бебето се разбуди и сака да се игра, почна да си брбори нешто, ми вика мама и ме гали, јас молчам демек спијам да презаспие, се вртка, си збори нешто па му текна се сврте па стана ме бакна во образ, абе срце ми се стопи, ме бакнува и денски ама обично ке му кажам ај бакни ја мама или ја ако го бакнувам ме бакнува и он, ама нокеска сам, абе срцето ми го стопи, еве пијам кафе и се смешкам цело утро иако се ме боли како воз да ме згазил.Колку малце треба за среќа некогаш,морав да го споделам ова чуство, ви посакувам убав ден мајки, уживајте секоја секунда со вашите малечки, овие моменти се непроценливи и вредат за секоја мака.
     
    На Zumbulche, Sunrise!!!, Kikikikiri0405 и 31 други им се допаѓа ова.
  8. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.049
    Добар ден мајки, како сте?:hai:

    Веќе некое време секој ден ми е исти.
    Стани среди дете, пиј кафе па доручек, па мисли за ручек и едвај чекање да дојде маж од работа и пак врти се натаму, наваму и дошло време за спиење.
    Преку викенд ако се собереме со пријатели и така некој безврска период.
    Времето ладно, во еден ден ги имаме сите годишни времиња.|(

    Премногу размислувам што и како ќе биде, ноќе сонувам милион работи и луѓе што не сум ги ни спомнала па се чудам после.
    Онаа вечер сонувам дека имам крварење и го губам бебето:sweat:
    Ноќеска сонувам имам бебе и се учиме да го дојам имам млеко, а одеднаш целата пупка ми е крвава;(
    Како знам за себе овие соништа ме уништуваат.|(

    Преку ден само мислам како ќе се снајдам во оваа туѓа држава, како ќе се пораѓам тука луѓе?
    Имам страв, знам Англиски ама не толку добро:|
    Немам комуницирано многу и затоа е така.
    Маж ми ништо незнаеше, па сега еве супер е- се тешам.
    Ама пак велам треба во болница цело бебе да родам:(
    Тука малку ми е и чуден системот многу малку прегледи има, јас примам клексани со мутации сум и на нив ни е чудно неможам да се објаснам како што треба.
    Само Господ нека не чува!

    Како што реков здравје само, ама уште сега мислам за синчето кој ќе го чува кога ќе дојде време за раѓање.
    Не сакам да тагува, уште сега срцето ми се кине кога ќе помислам.
    Терминот ми е Септември, одоколу спомнав на мајка ми, таа ми рече е да многу лош период се фаќа јас тогаш почнувам со работа:@
    Си премолчев и ништо не реков, мислам можеше да рече не се секирај ако треба на 3 дена ќе дојдам или да рече има време ќе видиме до тогаш.
    После тоа убаво си поплакав, па си велам мајка е можеше поубаво нешто да каже.
    Не сакам помош околу децата, туку барем 2 дена да биде со синот да знам дека некој го чува и нема многу да тагува.:(
    Многу го сакаат и чуваат, ама некогаш се чудни.
    Или кога ќе кажам некоја ситуација со детето и веднаш оди коментар е да видите како се чуваат деца, не е лесно.:^)

    Цел пост ми е каша-попара... ама си кажав.

    Убав ден на сите.:f:
     
    На annamommy98, Zumbulche, CarrieBradshow и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.540
    Допаѓања:
    172.875
    Пол:
    Женски
    Еве и јас ќе ти кажам дека ќе помине. :)
    Истото го поминав. Ќерка ми е “тешко” дете господ ми е сведок, ама на 5ти ден ме пуштија од болница, на 7ми имавме термин на педијатар и од таму педијатарката ни рече ајде сеа на шетање и ние си ја послушавме и си отидовме на фроузен јогурт покрај море. Таа си сакаше во количка и кола и се изнашетавме со неа. Од тој аспект беше многу полесна.
    Е вториот пат… вториот пат се беше многу потешко. Потешка бременост. Прво дете во најјаки тантруми, тежок и комплициран пораѓај. Тешко опоравување. Си велев, ајде бар во количка ќе го шетам на воздух па ќе се освежувам и јас. Аха да. Да нејќе ни количка, уште помалку во кола. Само кај мене во раце и ништо друго. А големо бебе. Првите месеци мислев дека ќе полудам. Не излагав надвор со недели. А тазе преселени немав појма каде се наоѓам. Па не задесија дополнителни проблеми со првото и нејзиното прилагодување на бебето и на сите промени што ни се случија. Не бев јадена како човек ниту бев отидена во вц како човек. Имав ужасна констипација. Не можев од бебе раат да се испразнам ми требаше време, а тој не седеше без мене. И ден денеска зајдува до онесвестување ако се налути и нешто не е по негово. Останува без воздух, посинува за 5 секунди и се губи. Морав со него во скут во вц и да завршам што побрзо оти не сакаше ниту да стои во место, па така заработив анални пукнатини и с*рев крв и во болки со месеци. Сериозно бев убедена дека сум закачила некој канцер. Ама помина. Немав никој да ми се најде. Сами во нова земја. Мајка ми и другарка ми беа кога малиот имаше 6-7 месеци на 2 недели и толку се трудев да не приметат дека психички тонам оти знаев дека ќе ме мислат, а не можат да ми помогнат. Свекрва ми веќе имаше доволно проблеми околу свекор ми, немавме опција за помош, бевме буквално сами со мм.
    И видов не видов си побарав стручна помош, што за мене што за деца и се опраив за неколку месеци. Мислев дека никогаш нема да излезам од тој зачаран депресивен круг и бесконечно долг напад на анксиозност. Се надоврзав на твојот пост, ама сакав само да ти кажам дека стварно се во животот е фаза. И ќе помине.


    И најголемата иронија е што треба да се пазиш да не ги повредиш чувствата на оние што немаат деца, а истовремено паметуваат по темиве како да знаат повеќе од тебе. И боже пази, они се навредени, а не сфаќаат дека ти кажуваат нешто што ти го живееш. Господ на сите да им се насмее па да си видат и самите колку не е исто. И никој не им вика дека немаат право на мислење, туку дека некои мислења се скроз нерелевантни, особено ако немаш искуство. Како што јас имам право на мислење за пломба на забар, ама моето е нерелевантно пошто ја не сум забар.
    IMG_1338.jpeg

    Патем, жив и здрав нека е. :)
     
    На Kom.pot, Zumbulche, H.VAGA и 45 други им се допаѓа ова.
  10. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    2.913
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано. Од збор до збор.
     
    На 1209, DELFINA81, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    12.843
    Пол:
    Женски
    Фала ти за секој збор. Ја осеќам тежината која си ја имала во секоја реченица, верувам и полошо од мене си поминала заради немањето помош. Мене помошта ме прави да се осеќам уште полошо, кај сама не сум способна да се носам со се, па уште и со помош од сите страни пак ми е тешко. Со првото не ни сакав помош, реално не ми ни требаше нешто посебно. Сега не само што морав да прифатам помош, туку и уште повеќе се депримирав откако ми е пружена. И си викам ако вака ми е со сите овие луѓе околу мене, што ли ќе правев сама. Не можам да престанам да мислам дека сум неспособна иако ништо не останало незавршено. Ако сум сама со двете деца, зошто ми е хаотичен денот, ако баби или маж ми ги чуваат, зошто морам да зависам од некој за да го истерам денот...
    И на крај не е до детето што плаче или растурената дневна. До мене е. Само си викам секое сабајле купи ден, продај ден, ќе биде подобро.
     
    На Zumbulche, H.VAGA, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.540
    Допаѓања:
    172.875
    Пол:
    Женски
    Те разбирам и се соживувам во се што опишуваш. Со помош или без исто ќе се осеќаш.
    Мајка ми е тип на човек што никогаш не ми дала некоја пофалба. Прв пат кога беше овде значи лани, на мои 34 години прв пат ми рече дека е горда на мене и после тоа рикав како мало дете. Зошто деца намирени, ја и маж и куќа средени се потаман. Од една страна си велам стварно, а од друга во суштина психички се распаѓав и исто мислев дека потфрлам на сите страни. Затоа без разлика, посети си стручњак. Ќе ти помогне да го соџвакаш она што веќе го знаеш. Да ги испроцесираш полесно сите чувства. Сега ти се случува она што се вика overwhelmed и престимулираност. И до се е и до ништо не е. Ниту си неспособна, ниту лоша, ниту потфрлаш, верувај ми ниту веруваш во тоа, туку си мајка што го прави најдоброто само си престимулирана. И е фаза која трае подолго. Ама ќе помине. Иначе да, така е буквално, купи ден, помини и нема да сетиш кога поминало. :)

    едит. Знам дека ова се ти звучи далечно во моментов, ама работите ќе се сменат а нема ни да приметиш. Ќе те чекам да ме тагнеш, кога оваа фаза ќе стане розева, па да ја отвориме следната. :D :f:
     
    Последна измена: 24 април 2024
    На Zumbulche, H.VAGA, Lizi и 29 други им се допаѓа ова.
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.115
    Допаѓања:
    7.644
    Пол:
    Женски
    Мојата за неколку дена ќе прави 21 месец а сеуште е ваква. Плус прво дете ми е.
    Не сум скроз сама со неа по цел ден но сепак поголемиот дел од денот да. Иако ете има и други околу неа она е лепенка за мене. Мене не ми смета тоа. Ама ми смета што буквално се со плачење и е. Алишта облекување, памперс, се што не и е по кеиф и за најбаналните работи, комшиите фали уште социјално да ми викнат.
    Иако оди, секој ден има моменти кога сака кај мене во рака да биде ама да бидам станата не седната ако ја спуштам или јас седнам сп неа заоѓа и се лупа од земја.
    Јас нон стоп и готвам, јас ја ранам, само со мене заспива.
    Сеуште цица и не знам како да ја одбијам, премногу ја жалам и тинтрам и затоа вака ми прави.
    Се осеќам дека потфрлив.
    Од старт беше неспијач, и сеуште си станува ноќе 2,3 пати и измеѓу што спие немирно се буди па морам да ја гушнам да презаспие.
    Спие буквално залепена во мене и со рачињата ме држи за лице.
    Премногу е цврста, темпераментна и активна. Позахтевно дете. И заморот си го прави своето често сум нервозна кога доаѓа време за спиење пошто кај нас заспивањето е секогаш со саати. Кога сум нервозна ич не уживам во детево. Криво ми е што има и вакви моменти. После осеќам некоја грижа на совест, дека не сум добра мајка. Дека не заслужувам да бидам мајка.
    Затоа и се плашам за второ дете да имам, а сакам да имам второ дете само не сега. Ама сепак искуството со првово ме плаши, ако биде и тоа вакво ќе завршам у лудница.

    Инаку цел пост ти е точен, и убаво напишан од збор до збор.
     
    Последна измена: 24 април 2024
    На mjay.yyy, Coco31, Yowannty и 11 други им се допаѓа ова.
  14. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    4.869
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да те утешам, имам две вакви едното има 6 години малото 19 месеци.Малово е страшно, буквално чичак е , се лепи за мене и не пушта, не се игра сам, не оди никаде сам, не дава никој да го земе или да го причува, големото барем не правеше такви проблеми, можеше некој да го причува, секаде можев сама да го носам, седеше и во седиште во кола и во количка и точак, а мислев дека е тешко дете, сега малово да го седнеш во седиште во кола е мисловна именка, мора во раце да е кај мене дури и ако возам, иначе не се трпи, помодрува од плачење, во количка не седнува, да седне сам да си игра нема шанси, да го причува некој друг освен маж ми е научна фантастика. Па покрај него и големово од љубомора уште повеќе се прилепи до мене.Со двете спијам , одам во вц,си играм, буквално малово не се одлепува оди по мене и плаче ако не го земам во раце, а ноке спие залепен за мене цел.Со маж ми веке и немаме скоро љубовен живот, нема кога.Веќе не памтам кога имам поасално исчистено дома, освен одењето на работа немам ни 10 секунди за себе, и цело време имам чуство дека правам нешто погрешно.Сите ми велат да го одбијам од додење дека можеби ке се се осамостои малце ама па мене жал ми е, ем ми се напорни ама од друга страна си велам нема да трае ова вецно. ке пораснат после нема да им требам, и цело време сум контрадикторна.И кога ке видам други околу мене како се снаоѓаат со деца на иста возраст како моите ме гриже совест дека се што правам е погрешно.
     
    На Zumbulche, Coco31, Ano и 7 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.159
    Пол:
    Женски
    Ќе биде се во ред, и јас бев до истите мисли како ќе поминам пораѓај у општо бременост во странство, секогаш бев со ставот дека нема шанса, ама се случи и помина и беше многу едноставно. Некогаш си преувеличуваме самите без потреба, не сме ни први ни последни што родиле во странска земја, за тоа ич да не му ја мислиш, фокусирај се на уживање во бременоста(колку што може да се ужива)
    А за коментарите од мајка, иста е и мојта, јас се жалам колку да се олеснам оти на неа осеќам дека можам да се пожалам дека мајка, она ќе даде некој ваков коментар што ми се иде у колено да си пукам, ич нема осет на јазик и мојата. За јадењето пример ќе се пожалам дека не јаде и она, не јаде сине, ништо не јаде, мора нешто да превземеш, нема да расне, како јас мислиш не јаде и го оставам така, како. да не готвам и фрлам со нервоза 100 оброци неделно.
    А свекрвата пак ќе рече не се сеќирај, си цица, ќе јаде натаму, ќе порасне супер си е и одма ќе ми олекне.
    Или ќе сакам да излезам со другарките, ќе се пожалам дека не сум излегувала одамна, дека ми треба мир и она одма тука е нема мир веќе, нема излегување, така е со дете и јас шо да речам после на тоа ќе си преќутам и со 100 мисли ќе и речам некогаш кога треба да го чува за да излезам.
    А го чува и ептен е радосна и не сака и се тоа, многу добра мајка и баба е ама некако подршката кон мене на зборови барем и е многу слаба, криво ми е некогаш ама таква е она, прожртвуваност максимум за сите до толку што резултирало со негрижа за себе, анксиозност и паники. Јас не сакам така.

    Како јас да сум пишала за моето, скорз исто, само што е малце помало и многу многу лошо се осеќам на моменти дека многу потфрлив и дека попуштам и многу зависно дете создавам. Од друга страна како и @Spidy се осеќам мнгоу неубаво кога ќе го оставам на некој, како неспособна да сум да постигнам се.
    И сето ова резултира со запуштеност на себе и на мм. Што да кажам кога со него немаме излезено со месеци, еден ручек ако јадеме заедно, се се врти околу детето, не спиеме заедно и сексот и интимноста е скоро непостојачка, среќа што он е трперлив ама се осеќам како да си ги уништувам бракот.

    И така, ништо посебно нема да кажам само сакав да се надоврзам на муабетите.
     
    На Zumbulche, annamommy98, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. your-girl.-.friend

    your-girl.-.friend Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.496
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Ме тепа мене сеуште постпородилната депресија. Малото во сабота прај 8 недели. Одвај функционирам. Имам помош не велам не ама золва ми одлучи да се разведе 10 дена пред да се породам. Имаме проблем со детето нејзино. Моево не можи рајат да функционира од него, ни да спија ни па рајат можам млеко да му дам. Го тепа а золва ми воопшто не реагира. Под кирија не сака да си оди, со мм редовно се расправаме, неќи тој да си одиме ние под кирија, не сме биле тие шо треба да си заминиме. Ако го искарам детето таа се лути а шо да прам да го остам да го тепа да го штипи? Релаксаторот му го расипа, за малку ке го турнеше од количка. Играчките шо му ги донесоја ги кријам оти до сега две коли му искрши. Решена сум да си одам кај мојте ако не се тргни оваа на страна. Му кажав и на мм, детето мое не е должно уште од сега да трпи ќотек. Уф не знам шо да прам поќе..
    Битно ми олесна колку толку шо ви раскажав.
    Имајте убав ден
     
    На CarrieBradshow и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.159
    Пол:
    Женски
    И да одиш, не сте должни ни двете да трпите, како тоа дозволува да тепа мало бебе, ужас. Да она е кај мајка и татко и има право на тоа, ама одет малце и вие сте дома. Не може сите на куп да живеете, ако не сака маж ти ти сама со детето кај твоите па он нека седи со мајка и сестра. Знам дека не е темава за совети ама не оставај вака.
     
    На Isabel, MeowMeow, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  18. your-girl.-.friend

    your-girl.-.friend Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.496
    Пол:
    Женски
    Заради то шо е детето преразгалено дојде до развод. Претходната недела го прештипа на уше дури крв му протече на бебево
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.159
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на твое место јас ќе го воспитам ако она не сака.
     
    На MinnieM, Carolin., Marsi* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    19.583
    Пол:
    Женски
    Епа да не дојде до ваш развод, средете си ги работиве со време..
     
    На MeowMeow, MinnieM, Carolin. и 6 други им се допаѓа ова.