Ама зошто дозволуваш дете да ти малтретира некое невоспитано створење. Ау се изнервирав сеа. Спакувај се и фаќај магла, оти ова не е во ред. А маж ти ако мисли дека вашето дете треба да е боксерска вреќа за внукот, онда нека си остане сам. Јас мои се двете па не дозволувам едното на другото да се истура, а камоли туѓо.
Никој не се разведува поради разгалено дете, а и не е убаво така да коментираш да го ставаш детето како виновник за развод. Разводот е меѓу родителите, детето нема ништо со тоа. Заштита на детето е основен мајчински инстинкт, како не ти доаѓа да се спакуваш и да си одиш со маж или без него? Се надевам имаш кај да одиш, јас ова не би го трпела ич. Едно е како братучеди на слична возраст да се закачнат, ова е изживување врз беспомошно бебе што не може да се одбрани и затоа си ти таму.
Заради вакви работи јас никогаш не сум сакала заедница, во иста куќа. И да не е разведена, золва ќе си доаѓа на гости, зошто она си доаѓа кај мама да се одмори, баш и е гајле дали тебе ти се одмара или не ти се слушаат пискотници од деца или дали нејзиното малтретира други деца. Ист проблем имав, го ставив маж ми пред свршен чин, сакал иде сакал не иде, се спакував си заминав. Мое дете и мое ментално здравје се во прашање. Ќе си бидам себична ако треба.. Жал ми е и за неа, нема каде да оди ама барем да си го контролира детето
Не дајбоже да го искарам, после по цел ден фучи низ дома. А не па да го удрам. Скраја да е. Тешко дека ќе средиме, јас веќе се помирувам со фактот дека и ние ќе дојдиме до развод Рок мажми да одлучи шо му е побитно има до роденденот. Уште нецели 3 недели, му кажав дека нашето заминување ќе му биди поклон. По се изгледа дека и така ќе биди. Не го кажав во таа смисла дека детето е виновно туку мајкаму, можеби така изгледа дека реков ама заради претерано дозволување на се шо ќе побара дојде до меѓусебни кавги. Јас најмалку се лутам на детето, така знај така прај. Вината е најпрво во сопругот па после во другите. Имам кај да одам, само како шо кажав погоре чекам до роденденот од мм како краен рок да се среди работата. Од тој жал и јас уште трпам. Ништо не велам, не е вработена нема никакви приходи ние се финансираме, ама не треба и толку жалење. Има можност да работи а не сака, да се одморела . Како во хотел е никој ништо не и вели. Само не е таа крива ништо. Начекала.
На страна сè меѓу возрасните, реагирај на време додека не му нанесе некоја трајна штета на бебето зошто за лошо само малку треба. Нема да го видите ќе му повреди око уво,ќе го препрчи скршеници нешто друго страшно. Жал за сечија несреќа ама на прво место секогаш себе и своето.
Моето имаше тремор, неуролог го виде ама не ни даде никаква терапија. Се изгуби со тек на време. Ама не препрати штитна жлезда да провериме, зошто таков тремор ( во нашиов случај рацете му се тресеа ) можела она да прави. Проверивме и хормони се беше ок. Имаше тремор некаде до 8 и пол месеци.
Здраво мајки, Вака така направивме 2.5 месеци, поради една вовлечена и една рамна брадавица се мачиме и цица и се одмолзувам и и давам, навечер хипче ќе и направам или јас или мм. Некако осеќам тага што не ми е цело време на града, веќе како да се научи на цуцето и кога ја ставам силиконската прво треба да ја наполнам со млекце за да почне да цица. Ја стискам цело време градата за да и тече побрзо пошто ако запре се нервира. Како да не знае да влече, како да нема уште сила. И така и жак ми е што се мачиме ама па од друга страна 5.4 кг е и ок напредува. Од друга страна ради целиот овој стрес околу доењето се дупнав благо јадење и лутам по некој режим/ред на исхрана да се ставам во ред. Бев послаба кога се породив него сега Едвај чекам да се стопло пак па во шетња да се дадеме полесно ми е надвор кога сме отколку дома.
Да пробаш да ги измкнеш со пумпа пред доење брадавиците? А немој воопшто да се чуствуваш така, битно е бебе да напредува и да живо и здраво. Дали со доење дали со АД нема врска тоа, гушкај бебе и уживај. Шетајте колку можете психички ке се оправиш и ти и бебе на свеж воздух, ке ви прија
Мајки ве нервира ли кога домашните ги прекрстуваат вашите деца нагалено , еве некое време од живците мо ги кинат ....сме го крстиле бебето како треба да се вика или можеби јас претерувам Им кажав дека ми смета ама се лутат , па се мислам дали да попуштам или да са бидам упорна во ставот
Ако ти смета да бидеш упорна, твое дете - твои правила. Пред 15+ години, за внукот пробавме да вадиме скратеница од името, мајката се налути, кажа дека преферира да се обраќаме со цело име, за кратко сите и баби, дедовци, тетки итн, легнаа на брашното и до ден денес сите со цело име му се обраќаат. За другиот внук, мајката прва беше што измисли скратеница, мислам дека 10+ години ретко кој се обратил кон детето со правилното име.
До толку што одбрав име кое не може никако да се скрати омилено ми е со години но и ми е многу важно да го користат правилното име па затоа останавме на ова. уште пред да се роди свекрва ми му викаше на мм ааахааа јас ќе смислам нешто некако да го викам, ама среќа на тоа остана кога ја опомена и еве не им текнало да измислуваат ново име Да си стоиш строго за тоа.
Не осеќај ич грижа на совест, моето беше само на формула околу месец ипол, па потоа комбинирано(до тогаш се учеше ама мислев дека не е најаден па давав цело време формула) па на крај исфрлив формула и продолжи да цица и ете година само доење со чар пат формула ако го оставам на чување оти не сакам да се молзам и супер функционираме. Ќе фатиш ред не му на мисли толку, битно да е он најаден, а ти релаксирана.
Мене не би ми сметало. Секако ако не е нешто што звучи старски или да звучи лошо. Порано или покасно некој некако ќе го завика во школо, или на улица, па во средно... итн
Прво дете а? Не сте свесни колку е поинаку со 2ро остајте нека се радуваат на внуците. Верувам дека има секакви карактери и различни луѓе, ама со тек на време ќе сватите дека се од љубов е и дека не секогаш треба да се лути, кара и замерува... Точно.
Верувај дека ќе измислат и најдат кратенка. Јас ќере ја викам по име намерно стаивме кратко име за да не го кратат, тие сега го зголемуваат името.