1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    4.765
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас. Пример Ана (не е кај нас тоа) па има Анушка, Ане, Ани итн

    Од други муабети, полека се спремаме за Велигден. Многу денови ќе сме дома, без работа/градинка, па да смислиме куп активности.
     
    На Erika.greeneyes и Fenix05 им се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    12.372
    Пол:
    Женски
    Јас сама на децата тоа им го направив. Ќерката пократко име, и го продолжив со -че, синот со долго име, му го кратам со типичниот надимак. Така ми дојде. А и општо од секогаш повеќе сум сакала подолги имиња на деца, а да ги викам по надимак.
     
    На lackygirl и Skyler81 им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Им се допаѓа инат ли да тераат?
     
    На Erika.greeneyes и Fenix05 им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.375
    Допаѓања:
    171.093
    Пол:
    Женски
    Нашите се генерација. Еве и моево за една недела 22 месеца. Нема врска твоето тинтрање ако ти не ја тинтраш кој? И кога? Сега е нивно време за тинтрање. И нема врска тинтрањето, еве ги двајца ги имам, исто ги тинтрам па пак се различни небо и земја. Ќерка ми од прв ден беше многу независна и ниту плачка генерално, а не па по мене. Син ми уште во родилиште не можеа да му направат тест за слух за да си одиме дома оти не сакаше да спие без мене. Некои деца се едноставно такви. Потребно им е да се чувствуваат сигурно и го бараат тоа во нас. Што е најнормално.
    Тој си игра, јас пијам кафе и ќе дојде ќе ми ја крене раката да го гушнам и ќе се стутка во мене. И ќе си кроти. Некои се такви. Сакаат да се потсетуваат дека се безбедни. Набрзо ќе дојде тоа време кога ќе ми рече дека кога ќе биде со друштво и ќе се сретнеме на улица не се познаваме… па нека му. Док год му треба. :)

    Тоа што се осеќаш дека потфрлаш и имаш совест не е погрешно. Туку е многу свесно и зрело. Сфаќаш дека негде не е потаман. Тамам работа да мислиш дека си совршена и дека не грешиш нигде оти тоа ништо добро не носи. Ниту е нормално, ниту реално. Факт е дека сите грешиме и ќе грешиме. Така знаеш каде треба да поправаш. Не е добро ако само се обвинуваме дека не сме добри, а ништо не преземаме околу тоа. А некогаш е доволно и само да си свесен дека сега е така и нема да биде така засекогаш. И така си помагаш на себе си.
     
    На see.emily.play, Zumbulche, Ano и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    16.930
    Пол:
    Женски

    Кога те читам ме лечиш искрено, браво за секој совет и мислење :hug::l:
    На почеток мислам само плачев мм дури ми викаше на лекар да одиме, јас првите 2 месеци си го гледав и плачев бебево ама знаев дека е фаза дека хормони се средуваат, сум се сменила за 360° свесна бев. Многу не се замарав кој што збори, зошо реално никој не ми требаше за бебо, се сама си правев. Ама кога ке се најдеше некој да ми дели памет како треба и што треба од ракт ме вадеа, посебно луѓе што немале деца, а они сезнајни или мајка ми што гледала деца пред скоро 30години и одтогаш бебе во раце не зела, а не па да чува. И како ме убедуваше дека ми е гладно детето на 4месеци требало да јаде леб, она мене манџа ми дала грав на 3ипол месеци сум спиела замислете 5 саааати, маж ми требал да има приватен живот после работа, да се одморел (под приватен живот да седи на телефон додека јас гледам дете и не сум ставила залак во уста цел ден), што сум мислела јас како се станувало мајка. Си викам фала ти господе што не им попуштив и си терав по мое, а и мм секогаш беше тука за мене кога бил дома, колку можел, знаел и умеел се снаоѓал тогаш, да излезам да свртам круг, да испијам кафе 15мин на раат, макар и во вц да се изнаплачам и да излезам ко нова. За сега не збориме пошо стануваат пуштаат ТВ двајцата и гледаат том и џери, и јас викааам :devil:

    Отидов од темата, само сакав да ти кажам БРАВО и ФАЛА. :l:
     
    На Coco31, CarrieBradshow, Kikikikiri0405 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.648
    Допаѓања:
    99.551
    Пол:
    Женски
    Јас моите па нагалено секако си ги викам, и по име ама претежно нагалено, Мако, Маки, Маренце, Маривче... Мене ми е мило така и така си терам, а фала богу си знаат како се викаат, дури и она малово си вика Мајо (Марио). Секој како му одговара, али да, мора да се почитува зборот на мајката.
     
    На Skyler81 и Carolin. им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    40.430
    Пол:
    Женски
    Моево го викаат на цело име рековме дека сакаме така и така го викаат, јас по име ретко го викам, цело време ми е мама мама, сине, сонце:D
    Некогаш некој му додава че на крај демек за милост ама ретко, а и не ми смета.
    Знам дека во иднина ќе го викаат скратено некако сигурно, ако не така, сигурно ќе го викаат на прекар имаат генерациски прекар од колено на колено, кој сите го користат и сите ги знаат така, некои луѓе дури не ни знаеа како се вика мм, мислеа тоа му е име. Кој знае.
     
    На mal.ecka, Skyler81, Cloverrrr и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    18.728
    Пол:
    Женски
    Мене моите ме опоменуваат ко ќе кажам "Софче" |(
    Она нема како не е наречена :D Софија се вика само ко ќе напраи беља мислам :D
     
    На Mucika, Dennings, Ano и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    19.001
    Пол:
    Женски
    Затоа ставивме кратко и јасно име и до сега никој не се обидел да го скрати и смени, освен што додаваат “че”, ама тоа е од милост и нека ги. Јас имам долго име и скоро и никој да не ме вика со цело име, освен моите кога е нешто сериозно во прашање. :D Е јас и татко му го викаме секако, освен епитети како маче, зајко, топче и што ли не :D и именцето му го менуваме на смешка. Сите “нови” имиња почнуваат на неговата буква и му викаме така чисто од забава. Секако дека најчесто е викан со неговото име и на него си се одзива, кога сака. :D Имам против менување на нечие име со надимаци кога е од инат и газење по зборот на родителите, а има такви луѓе ехеее.
     
    На MeowMeow, Anaroz1, Ano и 7 други им се допаѓа ова.
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    5.158
    Ние почнавме да ги викаме со имињата што сами си ги дадоа кога се викаат меѓу себе што патем немаат допирна точка со нивните вистински имиња и поима немам како си ги избраа :D
     
    На see.emily.play, Ano, CareTee и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.919
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :sun:

    За имиња последно сте коментирале. Двете деца имаат имиња што не се кратат, дури и нагалено не може че да се додаде, сакаат нејќат мора со цело име да ги викаат.
    Затоа јас цел живот со кратенка на името. Многу официјално се осеќам кога треба да го кажам целосно :D
    Бебе заспа, мажите се надвор, што значи дека ќе имам време да спремам за велигденскиот базар во градинка. :party:
    Сакам да се плеткам со такви handmade работи, а никако да најдам време да отидам во книжара да си купам материјали. Буквално што се нашло по дома тоа користам. Од некое време залихи кога сум правела :D
    После празнициве се спремаме за крштевка. После првото ослабев инстант 20 и кусур кила, подобро у живот не сум изгледала. Сега уште сум ко 5 месец трудна иако сум помалку во килажа од пред бременост. Каков фустан да најдам да ми стои ми е на мисла. Ама ќе најдам, битен е чинот, мајка секако ќе блеска од среќа ;)

    Тодлерот полека преминува во ТРИнејџер фаза. До пладне се кара сам со себе после пладне и со нас. За какви баналности има проблеми не знаеш дали да плачеш или да се смееш. Закони на физиката и гравитацијата треба да менуваме за да му биде потаман.:emo:
    Морам да извојам дел додека ми се тазе.
    Плачеше зошто на сечена кришка леб има дупче и фали парчето за да е цело. :tmi:
    Плачеше зошто не може во ракета да лета како на цртан.
    Плачеше зошто мала пластична кука не може да ги држи сите 30 коцки наредени.
    Плачеше по водата што се истури на тепих (каде отишла?)
    Со еден збор, оцет. :devil:
    Арно пред лудилово да го фати второто го склопивме иначе немаше шанси. :shake:
    А за бебе што да речам освен да се фалам. Иако длабоко во себе знам дека истото ме чека. :bandit:

    Да се само здрави, животот ни го бојат во сите нијанси. :l:

    Ве поздравувам :f:
     
    На Zumbulche, Coco31, Leanne и 20 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    40.430
    Пол:
    Женски
    Моето е во фаза мама, мама и само мама, мм прееска стои со него во кујна за да зготвам ручек само да е до мене, а он ме тегли за мајцата и урла мислиш во Африка сум отишла.
    Страшни болки имам во рамото, синоќа цела ноќ не спиев од болка, мора да одам да видам да не сум заебала нешто, не минува се повеќе боли.

    Јас шизнав оваа недела, многу напорно ми дојде, вчера го пратив мм да се шетаат и 4 саата ги немаше, генералка успеав наеднаш да направам, а не секој ден по една соба и бургери правев дури.
    А денес го оставив 2 саата на мајќа ми и бев на пиво со другарка, морав да се излофтирам.
    Јас нокти и депилација никогаш не сум практикувала па нема како да избегам, може ќе почнам ради раат. Отсекогаш сама се средувам(сега не се ни средувам читај) а нокти не сум сакала никогаш долги, а и секогаш беа ишлакани со бои па нема поента да се средени.
    Сега само исечени и толку. Ама порано на масажи одев и еднаш месечно на фарбање, сега и тоа не.

    @Jolene сестро златна се лажеш дека помал простор подобро ќе е:D
    Кај мене е дневна, и во неа иаме преградено спална и кујна, тоа што треба да е гарсоњера уствари е направено цел спрат, знаеш колку е тесно и буквално хаос станува за еден саат, некогаш нема дека да се разминам. Немавме место за креветче па беше у дневна, па бебе оти спие со мене го собравме, па плакар у дневна ставивме оти тој у спална е 150 и одвај нас не собира, а не и дете. Значи хаос е постојано. Толку сакам голема спална што ја плачев кога се селевме од Лондон, таму беше преубава.
    Пази молим те, татко ми е мајстор, јас сум дизајнер на ентериери, свекрвата е архитект, а ние живееме во затка8)
     
    На Ano, Zumbulche, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    44.544
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, како сте денес?:)

    Имам нешто на ум во последно време.. јас сум таква што нападни и напорни луѓе не можам да поднесам.
    А замислете сега па и со син ми кога е некој таков, му прави непријатно, па ајде дојди дојди, дете се трга, ајде мора да се научиш и кај други луѓе, ако плаче, ќе се навикне, ќе не запознае, ајде да одиш, па го исправуваат да одел демек, тој се витка, не сака..итн. Бебе кенка, се жали, не му е убаво. Јас не сум ни да речам нешто, за жал фамилија се од кај мм страна, а ако речам културно, џабе, они знаат најдобро... еве не знам, еве го бе, сака, ќе научи.
    Секој пат кога ќе отидеме на гости, по пат за назад се караме со мм. Т.е. јас споделувам фрустрции, и го потсетувам зошто го носам само еднаш месечно колку да го видат, а ни толку не би.
    Се осеќам како да не ме почитуваат како мајка на тоа дете, пример ќе речам немој така, не сака, и или ќе ме изигнорираат или ќе речат ништо ќе се научи/или еее како не сака.
    Жими се не знам како да се справам. Немаат лоша душа, не доаѓа тоа од лошо место, но мене страшно ме фрустрира и исцрпува. Кога одам таму се осеќам како во борба со лавови.
    Мм се обидува културно да посочи, или да го земе ако гледа дека на бебе му е непријатно, ама и тој е како безгласна буква, не го рецкаат генерално многу.
    Од збор не се разбираат, очигледно треба да се изреагира посериозно и подрско, ама тогаш ќе се навредат нели па ништо не сме направиле. Наједноставно ми е да не го носиме бебе кога одиме таму, ама одма реакции, па ич не го носите, ќе умрам а нема да го видам, траги-комедии.

    Имате ли вие вакви луѓе во околина, како се справувате?

    Се испожалив, да ми олесни малку на душа, не е лесно да си мајка, ова меѓу другото. :wasntme:
     
    На Ano, Coco31, .baby.love. и 10 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.023
    Допаѓања:
    66.564
    Пол:
    Женски
    „Фазава“ не знам кога завршува. :D Мама, мама, мама, мама, мама, и ми зборува ја гледам и пак, а мама, а мама, мама, мама:drunk:Не е утеха, да се навикнеш само.:wasntme:
    Мислам дека секаде има вакви луѓе. Па го тегнат од раце, ама дај јас ќе видиш, а бебето не сака. Јас не ја давав. Кога ќе се навикне на ситуацијата, ќе ги разгледа другите од безбедноста на рацете на мама, само ќе се опушти. А на сила ништо не бидува, станува нервозно, мајка нервозна и толку е. Стој си цврсто на своето, кажи им да се навикне, му треба време, и не попуштај едноставно.
    Кога ќе видиш дека полесно ти е да биде како што ти си рекла и знаеш дека треба да биде ќе станеш построга кон другите. Ќе си речеш, што па и јас и бебе да се нервираме за туѓ ќеф? Зошто буквално е таква ситуацијата.

    Добро утро, потсетник кафето кај сте го оставиле да си го допиете.:coffee:
     
    На Coco31, mal.ecka, .baby.love. и 12 други им се допаѓа ова.
  15. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    4.404
    Пол:
    Женски
    Истa ситуација имав баш вчера, мислев да пишам ама ме мрзеше :D
    На гости бевме , исто роднини од кај мм.
    На бебе му се спие го гледам трие очи се гребе дури, башка по времето си знам. Им викам му се спие, легни го, на ти цуцла успиј го, штом веќе сакаш да го држиш. Ми вика кај виде дека е кенкав и дека му се спие, зашто со сила сакаш да го успиеш? Па викам мое дете е, си го знам (мислам duuuh). Они демек не гледале на тоа, бебе ако му се спие ке си заспие само |( А секогаш ми го преморуваат и после вечерта јас го јадам.

    Па како сме го чувале многу во тишина затоа се штрекал. Они со нивните не правеле така дрн дрн. А дома сами сме, кој да галами? Да урлам намерно ако не. Тв е нонстоп уклучен. На секоја моја реплика се гледаат се потсмеваат на глас, и очи превртуваат.
    После, за бацување во лице (и рачиња). Па 100пати кажав не сакам и крај и они упорни. Пак , они со нивните ништо од тоа не гледале и пазеле. И ми се смеат како јас ненормална да сум (и мм воедно на двајцата). Дури се подналутија за ова.

    Дури имав коментар дали му ги чистам ушите? Прљави му биле. Мислиш 15год имам па не знам основна хигиена. Секој ден и со пешкир и со стапчиња со граничник го чистам, и имаше една ронка буквално што ми промакнала и со лупа едвај се гледа.

    Маж ми ќе ги отераше одамна, јас бев таа што смирува и балансира пошто реално фамилија прво колено. Ама веќе напорно ми е. Може не е ништо со лоша намера, ама секое идење јас се правдам зашто како правам со моето бебе.
    Не сакав да ескалираат работите па кратко седевме и си отидовме.

    Следно ќе им кажам јас не ви се мешав кога ги растевте вашите, ве молам не се мешајте во воспитување и чување на нашето. И така секое гледање станува со сила веќе...

    @RainBow еве го топлам во микро :D На здравје кафе на сите. Убав неделен ден :f:
     
    На Ano, Zumbulche, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    12.372
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ти помине тебе непријатното да им го земеш детето од раце без пардон, полесно ќе ти биде. Ќе те зборат дека не го даваш, ама барем нема да се нервираш.
    Секојпат кога имаш такви ситуации каде гледаш дека не му е удобно на детето, одиш го земаш со отсечно "дај ми го". И си го држиш во раце или ставаш на земја. Ќе ти речат абе еве јас ќе го подржам, дај ќе го земам, дојди малце да те гушнам... и пак отсечно "нема потреба, нека го". Нема што да објаснуваш зошто. Твојот збор е последен и готово. Од искуство ти кажувам дека на другите понезгодно им е да противречат отколку тебе што ќе ти биде непријатно да се однесуваш така. Со луѓе без осет и ти не треба да имаш осет.

    Јас не сум го бранела детето на никој, ама имав конкретно ваква ситуација на свадбата на брат ми. Немавме бебето кај да го оставиме тогаш, она беше 4мес а цела фамилија на свадба. Во ресторанот ја држи свекрва ми во раце, и јас и реков на никој да не ја дава зошто на 300 гости ако еден ја земе ќе си ја подаваат како штафета. Ама дошла една братучетка, и ја земала на свекрва ми од раце (жената викаше немав време ни да речам дека мајката ми рече да не ја давам, а и таква е мека секако немало да се расправа), па ја дала на сестра и, па на мајка и. Јас доаѓам, кај е бебето, свекрва ми вика го земаа оние девојчиња, јас одам натака дирекно гледајки во бебето, ја земам од рацете на вујна ми, само реков "дај ми ја" (нема што да објаснувам зошто), и се свртев и се вратив назад на нашата маса. Ја ставам кај свекрва ми во раце, и на нејзе и викам "од твои раце да не ја видам да искочи". Сите беа длабоко увредени како не го давам детето |( мене мува не ме лазеше. Мое дете, мои правила. Сакав да уживам во свадбата, ама ако се повтореше ситуацијава, ќе си ја поминев свадбата со детето во раце зошто ако не ми се почитува зборот, немам намера да го оставам детето на некој друг.

    Така да за онака идење по гости, кога и онака не си поминуваш убаво очигледно, седи си со детето и не мора воопшто да оди во туѓи раце. Гледај си како тебе и него ви е убаво, а не за кејфот на роднините.
     
    На Ano, Coco31, LiquidLuna и 11 други им се допаѓа ова.
  17. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    1.560
    Многу пати посакав да го напишам овде истото да ми олесни ете. Ама па бришев ај викам. Фа не праам лошо...
    И јас сум иста се вознемирувам ... ми иди дс речам остајте детето на мир и седете како нормлани луѓе а не како прв пат дете да гледат... и пак е исто секој пат.. нема разбирачка....
     
    На LiquidLuna, Carolin., MinnieM и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Сите со своите проблеми. Јас и да сакав, немаше на кој од раце да му го земам своето бебе. И да сакам, немам на кој да му се лутам затоа што го размазува. И да сакам, нема кој да ми коментира. И да сакам, немам за што да се нервирам ако некој сака глупости да дава за јадење.

    Јас сум хронично уморна, без време за себе и без време за маж ми. Се би дала некоја баба да дојде барем еден ден да позанимава дете. Што сака нека му прави. Нека го размазува, става чоколадо во уста, на глава нека ми се качи зошто вака правам, зошто не правам онака. Нека ми кажува како деца пораснала, нека ми кажува дека ништо не знам.

    Очајно ми треба одмор. Очајно ми треба сопствено време. Нека дојде нечива свекрва ако сака, картите на мој трошок ќе бидат.

    Наивно се отселивме и мислевме дека лесно ќе се справиме. Се справуваме, но и двајцата сме претрошени. Не знам ни дали ќе можам да размислувам за второ дете, сакам, но сама не можам.

    Затоа бидете среќни што имате некој на глава да ви скока, барем можете да ги оставите некаде децата и да смените монотонија и рутина.

    Кога нештото ќе го немаш, сфаќаш колку значи.
     
    На Ano, Dennings, Coco31 и 29 други им се допаѓа ова.
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    44.544
    Пол:
    Женски
    @ArabellaStarfall да се надоврзам, потполно разбирам бидејќи го имам и тоа осетено, до 6м на бебе живеевме надвор од Мк, и иако свекрва ми беше на 10мин, не изрази никаква желба за помош, кога највеќе ни требаше. Дефинитивно и тоа си има свои недостатоци и не е ни малку лесно, кој не осетил не може да знае.
    Праќам поддршка и гушки:hug:

    Луѓево за кои што пишувам погоре, не верувам дека некогаш би им оставила дете, можеби кога ќе е поголем, но бебе никако. Едноставно имаме различни сфаќања за тоа како треба да се расте бебе, и нема шанси да сум мирна ако син ми е со нив.
    Среќа имам на кого да го оставам да ми го почува ако треба некогаш, но не знам, да не тврдам сепак, не знам како би било кога би немала избор.

    Во секој случај, коцките ни се поклопија па испадна да се вратиме тука, ама во вакви моменти и те како ми фали тоа што бевме далеку од сите. Не беше лесно ни малку, ама уживав во мирот и во балончето во кое што живеевме ние 3ца, без глупости од надвор. Ма да неизбежно е ова, пак кога ќе доаѓавме, ќе мораше да ги посетуваме сите, па пак истото ќе беше.

    Тоа е што е, се си има своја тежина, тешко е и сам да растеш дете, а тешко е и да ти се мешаат и да даваат совети неповикани.
    Велат треба да си го избереш "своето тешко", но некои ситуации како овие се навистина неизбежни.
     
    На Ano, Coco31, .baby.love. и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    7.135
    Пол:
    Женски
    Викенд хаос. Поголем здравје.... Тажен и неубав. Си ја испратив баба ми што ме исчува. Вчера сабајле тргнавме за да стигнеме на време за погребот. Стигање на граница колона во недоглед. Синко збесна. Цел саат чекање, за на крај кога дојдовме на ред царинарникот му вели на сопругот, ај да не ти пишам пријава ако има кој друг да вози нека продолжат, а ти врати се, личната карта ти истекла пред 10 дена. Леле,ваква бев :@. Имав среќа што свекорот и свекрвата ги земавме со нас за да го чуваат детето. Па ние продолживме. А мојот изгубен господин се врати стопер дома ( ако му е :lol: )
    Не знам, по неодговорна особа за документи немам видено. Од сега се треба да проверувам три пати за да не се случи пак некоја таква глупост.
    Како и да е ние стигнавме на време. Синко беше добар таму. Со баба му се чуваа. На внука ми и се прерадува, многу ја сака. Внукот помал од синко, па овој мојот сака да го фати, ама не го оставам, ми е страв да не го зграби и повреди. Уште е мал и тој, нема осет сеуште колку треба да стисни кога фаќа некој. Една вечер таму и ајде пак назад. Малтретирање беше големо за синко. Ама мислам ако не појдев да се испратам со баба ми, ќе ми тежеше тоа на душата цел живот.
    Сега ние да сме живи здрави, таа нејзиното си го иживеа убаво.
    Би пишувала уште, ама ова пишам со така последни сили, премор голем осекам и сега дур спие синко ( испореметено овие два дена) да легнам и јас. Се читаме мамасити
     
    На Ano, Coco31, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.