1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    2.968
    Пол:
    Женски
    Јајца офарбани,бебе заспано, турско во шоља се лади 8-|
    На тема напорни луѓе мислам дека и јас се соочувам со ист проблем. Кога се породив никој освен мајка ми не се вложи многу да помогне, буквално свекрва ми со денови не доаѓаше да ја види малата, слики ни бараше да и пуштиме:) Не се налутив ,бебето е само моја обврска и на мм така да секој има право да ја гледа колку си милува. Пројдоа тие 40 дена најтешките, свекрва ми почна малце поактивно да се вклучува по своја желба ама има еден проблем никако не сака да ме послуша што малата сака/ нејќе. Детето е премногу врзано со мене ,маж ми по 10 саати е искочен од дома буквално ако не сум и пред очи она плаче и не сака кај никого друг освен мајка ми. Само она се снаоѓа со неа и кај нејзе се смирува ваљда и го препознава мирисот и топлината. Родителите на мм кога и да ја земат она вришти, се трудам да им објаснам како сака да ја држат , они упорно сеуште како новороденче ја држат легната а таа вришти на цел глас. Мајка ми и збори и прави гримаси малата се смее ,си игра до нејзе, свеки ја држи и ќути и стои во едно место и зошто плачела:wasntme: Детево мое сака внимание јас глумам мајмун по цели денови да ја занимавам тоа е таква е . Потруди се да и го научиш ритамот а не да се контраш со неа. Минатиот викенд бевме на гости кај роднина на мм и свеки прво уште не истоварани од кола ја грабна и почна со неа да трча нагоре по скали она да ја внела,ок преќутев,влагам после нејзе малата вришти!!!!!! Нормално непознато место непознати луѓе мене ме нема. Земав ја смирив. Одма ми ја земаа од раце ,Па почнаа да си ја подаваат една тетка една вујна една братучедка а детево нервозно кенкаво плачливо. Јас чурам! Почнаа коментари а да не ти е гладна? Не викам пред пола саат цицаше. А да не не е дојадена? Не викам јадена е. Не не на детево како да му се цица:doh::@:@ Јас ќе тргнам накај нејзе они не не седи ти одмори мези си. Да баш мислев да мезам кога детево ми плаче. Врвот беше кога свеќи проба да ја успие и и ја набута цуцлата во уста и ја држи со една рака да ќутела. Како не ја убив сеуште се прашувам, само станав буквално се развикав дајте ми го детето друг пат ќе се учите, и за минута во мене се смири. Секако добив коментари многу сум ја врзувала за мене требала да се учи на луѓе.8) Страшно е љубоморна на моментот дека малото седи со мајка ми, и наместо да даде се од себе да ја гледа почесто да и збори да ја запознае како функционира она од врата ми ја грабнува и кога и да се видиме денот се претвара во плачки . И се лути на три месечно бебе како не ја сакало она немала игли на рацете:D:D:D
    Толку за мудроста на старите лица, некогаш се подеца од децата.
     
    На MeowMeow, Coco31, LivingGlam и 22 други им се допаѓа ова.
  2. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Мајки ве читам и се чудам зошто мкнете мали бебиња по гости. Зошто има таква потреба?
    Јас никаде не сум го однела моето освен кај двете баби, една братучетка што ми е многу блиска и брат му на мм. Толку. Го шетам по паркови, мол, парк пред зграда. Дојделе неколку луѓе на гости да го видат и тоа стриктно во време што ќе кажеме ние и најмногу 4ца за да не се ствара гужва.
     
    На Carolin., Anyshka, ArabellaStarfall и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.329
    Допаѓања:
    18.450
    Пол:
    Женски
    Едно не можам да разберам. Како дозволувате да ви земат ваше дете од раце и да прават со него што сакаат. Од многу ќутење и пазење да не се згреши нема фајде. Некои луѓе немаат осет и не очекувајте на 60+ години да одимаат. Никој никогаш не се дрзнал да дојде и да ми го земе од раце без дозвола, а камоли детето да ми кенка и плаче, а јас да не си го земам за да го смирам. Баш напротив дур беше толку мал секогаш прашуваа дури и најблиските дали може да го земат. И што е тоа носење по стринки и тетки на гости на 3 месеци? Поставете си граници. Никој не вика да сте асоцијални, ама што бара толку мало бебе кај далечни роднини јас не можам да сфатам, не знам. Па уште и да ми го префрлаат како штафетка од еден во друг. За љубомора и ривалство меѓу бабите разбирливо е да постои, особено ако едната го гледа многу повеќе од другата. Ама тоа не е твој проблем, ти очигледно даваш прилика и двете да се подеднакво присутни, на нив е да се прилагодат. Со мало бебе околината се прилагодува на вашето секојдневие, а не вие на нејзиното. Едноставно е.
     
    На anggell, LivingGlam, Carolin. и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    2.968
    Пол:
    Женски
    Да не се ствара гужва не се гледаш со роднини, а го носиш во мол? :D
     
    На Bebce1, TheSecret, MinnieM и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    2.968
    Пол:
    Женски
    Јас сум виновна што ќутам за тоа си во право. Не знам да пресечам на прво трпам и после се карам и тоа ми е лоша тактика. Морам да најдам начин од старт да ги сечам за да ми е полесно и повеќе да го почитуваат мојот збор во врска со детето. Вака само ќе дојдеме до момент да ги изолирам од нас и се поретко да ја гледаат зашто веќе сум тенка со нервите.
    Инаку не зборам за далечни роднини зборам за прва линија фамилија на мм, што не гледам ништо лошо да се дружиме и бебе да го носам со себе. Тоа што не ги познава и пишав непознати мислев непознати за ќерка ми што е буквално секој освен јас,татко и и мајка ми.
     
    На LivingGlam, Carolin., kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.329
    Допаѓања:
    18.450
    Пол:
    Женски
    И прва линија да е, премало е бебето, а уште е период на вируси итн. Ама ти си знаеш најдобро. За останатото, научи се да поставуваш правила и граници, а околината нека се научи да ги почитува. Ако од сега им дозволиш премногу, тоа што си го дозволуваат моментално само ќе се интензивира со тек на време.
     
    На Carolin., Mother of 2boys, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Во мол никој не пробува да го држи во раце и да му збори над глава
     
    На Carolin., Anyshka и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  8. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    199
    Само да ти кажам дека ми олесна што има уште некој што мисли како мене, мојата е веќе поголема и баш зимата беше најмалечка и најранлива во најголемата вирусна сезона, а сите ми велеа дека сум луда и ја чувам во стаклено звоно, еден куп незгодни ситуации сме имале и имаме уште од истите причини.
     
    На Carolin., DaisyDream, Giiirl23 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    5.120
    Пол:
    Женски
    Не се секирај не си сама. Еве сеуште никој ни нема дојдено на повојница (4 месеци е бебко) зошто се лути 90% од роднини и пријатели :D не се устручавав да кажам дека ќе примаме гости кога ќе затопли и пројдат вируси. Подобро да се пресрамиш по еднаш со сите отколку бебе од 1 2 месеци да се испоразболи и да заврши во болница ради тетки стринки. И не, не е стаклено ѕвоно туку здрав разум соодветен на возраста! :!:
    Неспорно е дека ќе се разболува и во одредени ситуации е неизбежно дека ќе настрада од некој вирус, ама со сила да носиш потенцијални болештини кај новороденче No,no,no!!
     
    На Ano, Carolin., Zumbulche и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.329
    Допаѓања:
    18.450
    Пол:
    Женски
    Да не бидам сфатена грешка. Далеку сме од изолирање ние. Лани пролетта кога се роди одма почнавме да шетаме, ама седевме стално на отворено и најчесто сами или со другари што уште немаат деца. Ама! Дома не дојде никој во првите 5-6 месеци освен најблиските. Се дрзнаа едни стринки, братучетки на свекрва ми, да дојдат точно на 40 дена, тогаш уште живеевме со нив. Јас бебето не го изнесов од соба, дојдоа буквално го ѕирнаа од врата и толку. Кој нема разбирање за нашите ставови не ми ни треба да доаѓа. Имаме другари со поголеми деца, кога дојдоа не ги донесоа зошто мајката сама рече не ги носам кај бебиња бидејќи одат на градинка/школо, иако син ми имаше веќе 6-7 месеци. Нема секој осет, ама на тој што нема му го покажуваш местото.
     
    На Ano, Carolin., Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  11. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    199
    Да, баш исто, шетаме надвор се гледаме. Ама кога реков стринките да не доаѓаат на 40 дена имаше лутење и расправање. И дојдоа, и било срам на свекрвата да пренесе (она организираше а не живееме ни блиску, а не па заедно). И морав да пречекувам гости со бебето во рака, со по едно сиктер кафе ама сепак вриев:doh: И си имала среќа другарка ти што била свесна и не ги носела децата. Нашите блиски пријатели ни дојдоа со растечени носиња на децата како да е тоа нешто најнормално. Може и е, за поголеми деца во градинка, ама за кај бебе 3 месечно така да се појавиш, според мене не, големо не. Сите се такви околу нас, сите, дојдов до степен да се преиспитувам јас дали грешам нешто оти стварно никој не ме разбира, се најдов во многу ситуации да сум лоша и несфатена.
    Затоа ми дојде убаво што те прочитав дека не е до мене сепак.
     
    На Ano, Carolin., Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    199
    Да! Здрав разум е, а не стаклено ѕвоно! Фала и тебе и на @Bella_Stella се осетив понормално дека не сум сама на светот :l:
    Има уште неколку бебиња на слична возраст во поширока фамилија и нон стоп се со луѓе и стринките по дома, па споредбите додатно не помагаат ;(
     
    Последна измена: 2 мај 2024
    На Carolin., Anyshka, DaisyDream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Јас па не разбирам како не ви фали дружење со луѓе. Не знам еве ние немавме такви мисли дека треба да редуцираме кој да ни доаѓа дома и кај да одиме ние. Уште по првиот месец (почекавме толку за да фатиме некои ритам, заради мене а не заради бебето) веднаш почнавме да се дружиме во домашна атмосфера и со цел кееф го носев секаде со нас. Е сега се смени тоа што не седевме повеќе од 8 за да не рушиме ред за спиење на бебе, ама не се отстранувавме од луѓе никако. Баш се радував на секоја средба зашто рутината ме убиваше, колку и да уживав со бебе дома сепак ми фалеше да си направам муабет со некој а да не е на “бебешки”. Ја осудивте членката што однела таму 3 месечно бебе, а што да прави ако нема на кој да го остави? Да е кај другарка не е проблем, а кај фамилија на мажот не смее, проблем е.
    Тоа дека премногу дозволила во право сте. Веќе сме мајки и дозволено ни е да бидеме строги кога се работи за безбедноста на бебето. За држење и јас многу не дозволував тогаш, ама ни јас не го дежев многу у раци. На сите им велев стај го на кревет/транспортер/релаксатор и занимавај го, и на тој начин ќе те засака не мора само во раце. Секаде на гости си го носев транспортерот, постилав под него тетра на кревет и ајде зборувајте му пеејте ми, а не да го стискаат во раце кој како стигне и да се чудиме зошто бебе е нервозно.
     
    На AngelOfArh, Sunrise!!!, Dennings и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.329
    Допаѓања:
    18.450
    Пол:
    Женски
    За мене лично кажав дека се дружиме со луѓе од сам старт. Почнавме со дружби кога малиот имаше 2 недели, седевме на кафиња на отворено дур он си спиеше во количка буквално секој ден кога беше убаво времето. Јас па не сфаќам зошто на преубаво време да се бутам внатре и да одам по гости или некој да ми доаѓа. Кога потпорасна нормално дека почнаа да доаѓаат луѓе за да го видат поубаво, ама исто и он не е држен во раце, си седеше во релаксатор кога некој доаѓаше. Членката може да си го носи кај сака, нејзино право си е тоа. Муабетот почна од таму дека им отишла на гости па и го грабаат од раце дур е кенкаво и она не реагира. Не се потресувам и јас толку, ама стојам до тоа дека треба да се внимава, особено кога се толку мали. Секој со својот став.
     
    На Carolin., Anturium, Giiirl23 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    3.577
    Пол:
    Женски
    Еве да се придружам на тимот "никој освен прво колено фамилија не ни бил на гости".
    Мене другарки повеќе ми се лутеа зашто не ги викам дома.
    Ама сфатија сега и тоа е тоа.
    Надвор се гледаме, на отворено, па и мене поубаво ми е место дома да варам кафиња и да седам во тренерки.
    Вака, ќе се дотерам, наочарите и бебо со мене, уживам и јас.
     
    На Coco31, Carolin., Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    8.203
    Пол:
    Женски
    Ama go dise vozduhot zastoen poln so bakterii i virusi od iljadnici ljugje sto disele. Znaeme deka ne se luftira, cisti itn. Na primer mene vo Citi moll koga ke vlezam taka gadno mi mirisa na zastoeno, nema svez vozduh.
     
    На Mumoftwo30, Dennings и Fenix05 им се допаѓа ова.
  17. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Нормално. И мене не ми е пријатно да шетам многу во мол. Сепак кога времето не е баш убаво го користам за саат два да не сме дома и тоа ретко.. ништо повеќе
     
    На Carolin. и TheSecret им се допаѓа ова.
  18. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    3.698
    Пол:
    Женски
    За прво дете тепачки беше уште пред 40 дена да дојдат гости, роднини, пријатели. Во време на корона :!: Па љутки имаше, па едвај да се објасниш зошто нејќеме никој први 40 дена, нејсе помина. Сите угостени дочекани со сите салтанати кога требаше.

    За второ на прсти се брои кој се дошол на повојница. Еуфоријата спласна, пола роднини нигде ги нема. Ама нека е, битно да ми е здрава и жива. И тие што се најавија дека ќе дојдат ги нема. :?:
     
    На Kikikikiri0405, Carolin., IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Женски
    Зимата кога одеше во градинка, се разболуваше нон стоп. Но, тука други се сфаќањата. Болни, не болни, ги праќаат во градинка. Со сипаници без проблем ги носат. Само листови лепат на врата, која болест е актуелна моментално, да внимаваме на симптоми. Може да дадеш парацетамол ако има температура и да си продолжи во градинка. Што навистина ми има логика, дали дома седело или во градинка, исто е, само се менува местоположбата.

    Инаку нема кој да ни помогне. Јас исто така сум скоро па на ново работно место и не можам да земам боловање или одмор веднаш, т.е можам, ама баш од истата причина ми беше глупаво. Маж ми седеше повеќе со детето, кога беше најкритично. Од кога разговарав со едни родители исто иселеници, некако и јас се опуштив на идејата дека болно-неболно во градинка се оди. Сега не е така страшно како што беше, ама знае да се мрсулави и да кашла. Си оди без проблем. Кога ќе одам во градинка, нема некое здраво, на сите им течат носињата. Нема дете кое нема да се разболи. Мора низ тоа да се пројде.

    Не е дали ти е правилна одлуката за одењето во градинка. Ти секогаш ќе чувствуваш грижа на совест ако многу отсуствуваш, т.е повеќе ќе ти биде страв отказ да не добиеш или продолжат договор. Прифати дека децата мораат да бидат болни, за да бидат здрави возрасни. Не знам дали си во МК, како што гледам построго е во однос на болести, ама ако си надвор, може и да си размислиш на таа опција. Бидејќи ако чекаш да престане да се разболува, пиши едно 4-5 години на неработење. Знам дека не ти доаѓа природно да се оддалечуваш кога сопственото дете ти е болно, но и ние како народ сме премногу припотресени. Сакам да ти кажам, не секое разболување е сериозно, не за секое мора дома да седиш. Парацетамол и живот продолжува понатаму.
     
    На Kikikikiri0405, 1209, DaisyDream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Е баш вакво мислење ми требаше. Не сум во мк, и овде е исто, примаат секакви во градинка. Баш и од ова причина наидов на проблем на работата, затоа што сметаат дека своеволно одлучувам да сум дома кога е болен, а можам да го носам во градинка. Ама како емотивно да го прифатам тоа? Тешко ми е да го однесам раскенкам со температура, премногу ми е жал. Верувам дека и тебе ти било исто додека да се навикнеш. Проблемот стана многу голем и ми потврдија дека нема да ми го продолжат договорот, едноставно ја претпоставив целата ситуација кога пишав.
    Го носиш и кога има температура така? Изгледа ќе мора да размислам убаво за оваа варијанта и да си ги смалам малку емоциите ако сакам да задржам било која работа
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.