1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    3.955
    Пол:
    Женски
    На тема болести, кај нас во градинка може и рачки си наоѓаат, да не се носи дете, знаат дека едно 90% од децата бар во групата на ќерка ми има кој да ги чува и често имаме пораки со кашлање да не се носи, со растечен нос да не се носи, со температура не доаѓа во предвид. Додуша и јас лично не би однела дете со температура, а не да ми реагираат од градинка.

    Празнично по дома. Истерани сите адети од утрово, сега уште неколку денови да се подружиме и се враќаме на обврските.

    Во мојов град за Велигден се шета многу така да уште од сега ми е мачно од сето тоа шетање од куќа на куќа.

    И да денес од сопругот, детето на свекрвата што би се рекло, кога е низ дома не знае што побрзо и повеќе да јаде, како да нема видено, за денес после еден куп изедени работи, да констатира дека строг пост било и требало да пазиме што јадеме. :D


    Инаку не знам дали и другите врсници на ќерка се како неа ама таа е по цел ден Ам Ам. Кој и да седне на маса да јаде, јадена, гладна, придружник е на сите. Се повеќе гледам нашите јадења да ги прилагодувам на неа, веќе не се залажува со "бебешка" храна.
     
    На Coco31, Ano, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Женски
    Чувствувам грижа на совест, но од друга страна си велам, мајките што ги оставаат децата болни не е дека не си ги сакаат. Не може сите да не си ги сакаат:). Само прифаќаат дека е нормална работа и дека за да носи леб дома, мора и да работи.

    Дури првиот пат кога се разболе, од градинка ни се јавија, како што е работава, како е ....? Нешто сериозно да не е? Се чудат за една температура ако седи детето дома. Они можат да забележат кога има и ќе те викнат, ти да дадеш парацетамол, за тоа се оградуваат и да си продолжи со дневните активности. Кога имаше сипаници, сите во групата беа исипани, само демек ние загрижени, па маж ми ќе седи дома да чува дете. А што се тие деца поразлични, не знам. Може и мене ми е олеснително што имам опција да не работам 40 часа неделно, евентуално да видиш некоја слична опција за работење. Но, во секој случај, сите иселеници скоро и така функционираат. Од каде помош, ако ја нема. Самата ќе знаеш кога треба дома да се седи, ако е обично разболување, ништо не менува што е дома или градинка. Истото ќе го прави и ваму и таму.
     
    На Carolin. и Anturium им се допаѓа ова.
  3. La-loca

    La-loca Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    ^Камо да имаше такви градинки и кај нас во Мк.
     
    На Carolin., MartinaMM и Fenix05 им се допаѓа ова.
  4. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.848
    So temperatura decata sedat doma i treba da sedat doma i ima pravilnik 24 ili 48 saati treba da e bez temperatura.Isto i za stomacen virus treba da pomine opredelen broj na casovi od poslednite simptomi.Se nosi ako mu tece nos, ako kasla, ako vremeto na inkubacija mu pominala .
     
    На Lizi, Biljarkata и јolene им се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    3.322
    @Anturium заборавив, каде беше? Многу ми е чудно, дури и малце ми мириска на дискриминаторно. Обично по Европа многу се внимава на вакви работи, обично вакви надворешни фактори не им се одлучувачки при продолжување на договори, во суштина се многу претпазливи да не заработат тужба. Имаш нешто унија, државна служба кај што може да се пожалиш?
    И дали имате денови за боловање на дете? Доколку имате таков "државен бенефит", нема зошто да не ти продолжат.
     
  6. TammiB5

    TammiB5 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Е ова ми е постојано во глава :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1287.png
      IMG_1287.png
      Големина на фајлот:
      622,1 KB
      Прегледи:
      122
    На Coco31, princess5, Carolin. и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Швајцарија сум. Овде е далеку од европските норми. Се се врти околу работи и пари, воопшто не е социјална или фамилијарна земја. Те ценат се додека си добра работна сила и воопшто не ги интересира твојот приватен живот. Нега за дете е исто како нега за било кок друг да зимаш. Нормално е макс 6 дена годишно, замисли, а јас ги зедов тие 6 дена уште првата недела кога тргна на градинка. Има посебни програми со деца со хронична болест, ама тоа е друга тема тогаш ти доплаќа осигурувањето а не фирмата.

    Од кога останав бремена наидов на многу препреки овде. Реално сега веќе се плашам за иднина овде се додека да ни пораснат децата.

    Договор не добивам секако, работа тешко дека ќе најдам “се додека детето да ти е 4 години и да го започне редовниот образовен процес”, ваков разговор имав денес. Буквално на секој разговор ме прашуваат за состојбата со син ми каква е. Изгледа ќе морам да прифатам дека ќе се вратам на претходната професија, зашто таму имам преголемо искуство и познавање, а новата ќе треба да ја ставам на пауза додека ја имам “препреката” дете. Фрустрирана сум, ми се познава во постот нели? Епа сите тие што планирате овде да се селите почекајте додека децата ви станат тинејџери и зимајте си со себе баба сервис :@
     
    На azelea, Coco31, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.921
    Допаѓања:
    66.011
    Пол:
    Женски
    Вака кога читам, жал ми паѓа накаде оди светов. Место да се нормализира повеќе време да се посвети на семејство, на воспитување деца, ние одиме кон тоа деца и болни во градинка да се носат.:( Можевме во корона од дома да работиме, за накашлување дома да седиме, сега деца болни во градинка ќе се носат. Зашто родителите мора да одат да работат, па тоа ќе е нормално.
    Јас кога имам температура не сакам да одам на работам, сакам да прилегнам, да се олабавам, да ми даде некој супа, апче, а не па мало дете кое се осеќа ранливо.
    Тоа е.
     
    На MeowMeow, azelea, Coco31 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Женски
    Ќе се оддалечам од темата мајчински совети и би ти рекла да бидеш среќна што не ти продолжиле договор. Фирма која гледа на луѓето како на роботи без фамилии не ти ни треба. Запрашај се себе, дали ти толку сакаш да работиш во фирма која нема разбирање за нешто како боледување.

    Секогаш се прашувам за таквите работодавци. Мајка ги раѓа или овца. Сите доаѓаме на овој свет од мајка која како знае и умее се снаоѓа да го израсне своето дете. Јас имам шеф кој самиот бил татко кој седел дома четири години. Цело време тој ми повторува како најтешката работа на светот е грижата за деца. Така да, не се сите исти. Ќе најдеш на работодавци донесени од штркот, ќе наидеш и на работодавци кои живеат во реалноста и се свесни како функционира мајчинството. По мое, не се откажувај од професијата, односно она што сакаш да го работиш, откажи се од таквите работодавци. Сигурна сум дека се уште постојат разбрани луѓе.
     
    На azelea, Coco31, eliesaab и 18 други им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.110
    Допаѓања:
    4.866
    Пол:
    Женски
    Такво е. Швајцарија и Америка посебно.
    Сите што ги знам во Швајцарија си ги однесоа и родителите, да помагаат за децата. Свекрвите повеќе во Америка се последните две години, него дома.

    Јас до некаде сум среќна дека живеам во земја во која до три години можеш да останеш дома. Ама и тоа не е решение, оти кога тогаш ќе тргне во градинка и ќе почнат болести. Само што овде смееш и имаш доволно денови за болно дете.

    Е сега, не си единствена. Јас напуштив работа која ептен си ја сакав и ме исполнуваше, што заради дете, што заради други планови. Некако свесна бев и ај да речеме се спремив психички дека ќе ставам на пауза, ама реално и искрено, ми фали и тоа многу ми фали.
    Јас сум дома веќе цела година. Лани во јуни ми почна трудничко, па еве веќе е јуни.
    Пре пре среќна и пре благодарна сум за моето сонце, толку многу е чекана и сакана, ама мал дел од мене, посакува повторно да можам да работам и да отргнам мисли од монотоно секојдневие. А ќе останам дома барем уште пола година. Којзнае дали ќе ја земат во градинка годинава.

    Инаку денес кажа мамама. Знам дека нема врска со тоа дека е стварно ме повикува, ама пак што пие кафана :beer:.
     
    На azelea, Coco31, CareTee и 14 други им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Женски
    До некаде се согласувам. Но би дала и друга перспектива. Не е исто ти кога одиш на работа и дете кога оди во градинка. Дете во градинка си игра со играчки, со други дечиња, имаат интересни активности. Ти на работа кога одиш, е од што мораш и треба или умствено или физички да се посветиш на работата. Што дополнително те оптеретува. Сега последно кога цела фамилија се разболевме, детево трчаше по дома, како ништо да не му е, јас и маж ми спремавме тестамент. Малце поинаку ги доживуваме разболувањата. Сакам да кажам, не сите разболувања се толку сериозни колку што ние им се припотресуваме.

    Нормално ако детето не може да функционира, ќе земеш боледување и за тоа сметам дека нема простор за негодување од страна на работодавецот.

    Јас па не можам да разберам за градинките во МК. За да оди во градинка, треба чисти брисеви. Ако не во автоклав да го ставам и стерилизирам. Никогаш ќе нема чист брис, што не значи дека не е здраво. Јас да земам да лижам по површини, да пикам раце во уста, 365 дена ќе земам боледување.

    Се си има предности и недостатоци. Што не значи дека тоа што го мислиш е недостаток, туку различен пристап кон проблематиката. Се е навика. Од друга страна, тука живеат најздравите луѓе, со долг век на живот. Значи нешто сепак прават добро.
     
    На azelea, Carolin., Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.921
    Допаѓања:
    66.011
    Пол:
    Женски
    Тие луѓе што живеат уште, што се стари, се од друго време. Ќе видиме допрва со новиве генерации.
    Дете со температура не треба да оди нигде и тоа е тоа. Не се знае што фатило, колку е заразно, како друго дете што ќе префати ќе го поднесе тоа, или ќе заглави во болница.
    Капитализмот форсира работа и работа и работа, децата се колатерална штета, се гледа за жал по зголеменост на депресија и други нарушувања кај младите. Па еве, сега и со температура, сипаници, ајде у градинка, нема лабаво.
    Не ми е нормално, ниту ќе ми биде, детето е човек, а како и на секој човек кога е болен му треба опуштање, а не да седи во градинка со куп деца, врева, непотребна стимулација.
     
    На MeowMeow, AngelOfArh, azelea и 17 други им се допаѓа ова.
  13. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.848
    Jas nemozam da go razberam odenjeto vo gradinka so temperatura i bas me intersira vo koja zemja se slucuva i toa.
     
    На AngelOfArh и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Женски
    Веќе навлегуваме подлабоко. Значи дека има недостаток на градинки, премногу деца, несоодветно пресметување на бојот на кадар наспроти бројот на деца. Градинките тука функционираат со една наставничка на четири деца. Се прават распореди и однапред мораш да кажеш дали детето ќе седи дома или не, за да пресметаат колку негувателки ќе треба да дојдат на смена за тој ден. Градинките функционираат на принцип мали групи. Ни со врски, ни со пари не можеш да влезеш, ако нема место. Да речеме има вкупно 20 деца во цела градинка, не може да има 21. Ќе чекаш некое дете да замине во училиште, за да дојдеш на ред. Она што сакам да го укажам е дека се посветуваат доволно и имаат можност, како и дома. Нема врева како што велиш, постојано им прават интересни активности. Врева има кај преголем број на деца, оставени да трчаат, без можност на негувателките да се посветат на некое дете.

    Затоа и ја посоветував членката. Различен систем, различно функционирање. Во МК да бев, најверојатно ќе активирав некоја баба.

    Всушност структурата на системот, те прави да функционираш како што функционираш. Што не значи дека е лошо или добро едното, туку секоја нација живее и функционира соодветно на дадените услови. Од овој аспект, нема ни ништо страшно во сипаници. Ние се тресеме. Поминаа најнормално. Се прашувам зошто седеше дома. Возрасен да се зарази со сипаници, малку е потешко. Затоа и не се противат децата да ги праќаш во градинка. Колку порано ги фатат сите, подобро за нив.
     
    На Carolin. и Anturium им се допаѓа ова.
  15. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Напишав веќе, во Швајцарија. Буквално ми е кажано во градинка дека и да има температура ако е расположен можам да го однесам. Минатата недела го однесам веднаш по примање на вакцини. Кога прашав доктор дали да го носам тој ме праша а зошто да не го носам (facepalm)
    Во градинката тој ден качил температура, го преспал пола ден таму со сите деца во цела таа врева и мене никој не ми се јави да го земам порано. Душата ме болеше кога го зедов таков омалаксан и со температура и наредниот ден нормално останавме дома за да од работа ме прашаат зошто со температура од вакцина седиме дома кога било нормално да ја имаат :@

    Ти благодарам за ова, малку ми ја смени перспективата за ова работно место. Државно е инаку, јавно обвинителство. 80% од вработените се Швајцарци и немаат деца, и се ви е јасно
     
    На Leanne, Carolin., Mother of 2boys и 4 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.921
    Допаѓања:
    66.011
    Пол:
    Женски
    Точно, ако системот бара да одиш на работа и да оставиш дете со температура во градинка, ако треба и парацетамол да дадеш веројатно е повисока, тогаш, ќе оставиш дете и ќе одиш на работа.
    Само што дома ќе бидат мама или тато да дадат што треба, да му посветат повеќе внимание, така што за исто може да се тешиме, ама е далеку од исто.
    Тоа е тоа на кое се сведува сѐ на крајот, мора да се работи, детето ќе оди во градинка со температура, ќе пие парацетамол и тоа ќе е нормално. Ако тоа родителот не го почитува ќе му виси работното место над глава. И тоа ќе е нормално.
    За жал. Мислам, можеме до утре да си реплицираме, ама тоа е што е, секако резултатите натаму ќе се видат од нашево воспитување и од нашево време.
     
    На azelea, 1209, Carolin. и 7 други им се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    21.898
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам како е нормално дете со температура да оди во градинка, далеку од нормално е.
    Немате друг избор веројатно па тешете се дека е ок да оди во градинка со сипаница или температура.

    И сами знаете што е најдобро за детето кога е болно, а тоа сигурно не е да биде пола ден присутно во градинка, па макар и една негувателка да има на едно дете таму кај вас во странство.
     
    На AngelOfArh, azelea, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    3.955
    Пол:
    Женски
    Претходно имам пишано, како генерација која што ретко пропушташе часови на училиште било основно или средно, така сме биле и од родители и наставници воспитувани, сме оделе и со кашлање на училиште и со температура на тест и со скршеници на раце/нозе. Не викам дека е правилно тоа ама така било времето или така размислувале нашите родители. Што се вика глава ми "паѓала" од премор ама тест решавав.

    Години нанапред, сега кога сум родител не се осудувам да однесам дете во градинка со температура. Со растечен нос сум носела, со слаба кашлица сум носела, ама повеќе од тоа не.
    Не ми влегува еве во глава и да се носат деца во градинка/училиште по секоја цена. Прво јас нема да сум раат и раат да седам на работа, кога ќе мислам дали плаче цело време (моето при висока температура плаче без прекин), дали не дај боже добило конвулзии, дали јадело, дали пие течности. Факт е дека ако има температура ќе има и дома и во градинка ама уште поголем факт е дека дома било родителите или баба/дедо ќе се над него цело време, а во градинка се 10-15 деца и прашање е колку ќе имаат време да го нудат вода во најмала рака, а не пак повеќе.
     
    На azelea, Carolin., Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Женски
    И тоа и тоа дете ќе порасне. Кои последици ќе ги има? Јас разбирам дека е чудно, можеби ненормално, ама и разбирам дека не е толку чудно уште помалку ненормално.

    Имам друг избор. Да користам боледување, да земам одмор. Ако не јас, маж ми. Ако толку е хитно, ќе платам карти, ќе дојде некоја баба. Но, сите функционираат така. Во Македонија функционираат, како што пишуваш ти. Кога веќе решив да се отселам, ќе се водам по туѓите принципи и начин на живот. Ниту јас, ниту ти сме помалку мајки на своите деца. Знам колку љубов имам во мене и колку ми треба и јас да се адаптирам на новиот начин на живот.

    Не знам зошто мора да се реплицира на начин што мене ќе ме окарактеризираш како мајка која не си го сака детето и би си го оставила во градинка без разлика на се. Напишав, полесни заболувања. Сигурно нема детето да не може да функционира, јас да го однесам во градинка. Затоа и не работам на полно работно време, да имам можност за такви ситуации да бидам тука, а воедно и да не правам Х период отсутност од работа.
     
    На Luminary, DaisyDream, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    619
    Дете со висока температура сигурно нема да однесам во градинка.
    И јас сум во странство ама среќа па имам опција да одам попладне ако детево има температура.
    А со настинки и ратечен нос се речиси сите деца овде во градинка ама пак одат, така да и овде нема проблем да се однесе настинато дете и не треба да однесеш чисти брисови како кај нас што според мене е too much.
     
    На јolene, SanelaS и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.