Здраво мајки Овде една мајка што има две машини за пружање и една што пере, куп садови и дневна за чистење ама лежи до бебо што спие и скрола на телефон, кој ке ми изработи еве не знам Времево ме убива не знам што со бебо веќе да правам, ризик ми е да излеземе да не се вратиме дома како квачки двајцата, а не се доседува веќе внатре, не можам да го возам сама нешто протестира во седиште позади пишти плаче од сред пат сме се вратиле пред 2 недели, а јас да сум позади со него ке си седи, па мм ми вели да го ставиме седиштето напред на предно ама мене ми е страв некако не знам, како се вози кај нас ич нема да ми се трга никаде, колку и јас да пазам има будали што не пазат. Вчера сме биле во маркет и сме се вртеле 40мин колку да изгубиме време а купивме 3 работи Ни стасаа лизгалката и игралната, нишалка имаме, стојат монтиранј во дневна, чекам сонце и да се преселат во двор За 2 недели летаме прв пат со бебо, ке биде весело и како ке го пренесам успан од дома во 3 сабајле не знам тоа ми е најголемата мака, секогаш сме станувале редот негова да се запази и кога е време за спиење прва дремка сме тргале, да не се разбуди само во 3ч. па после нека стане, да спие по пат барем. Ајде или ке се фалам или ке се жалам ке видиме Имајте убав ден отидов да спружам алишта
Малку офф топик ќе сум, ама мислам дека оваа е најактивна тема па тука да пишам. Ако сметате дека треба во некоја друга тема , тргнете ме ќе го префрлам таму коментаров. Имам за донирање 2 вреќи женски алишта, летни и зимски. Ги поделив од 4-5г. и од 6-8г. Ако ви треба или знаете на некој кој му треба пишете ми. До сега донирав по организации, ама мислам дека директно е најдобро. Убав ден мајки.
За напред ставање бебе, само да немаш перниче на совозачко седиште, или ако имаш да се изгаси. Иначе безбедно е, убаво ќе го фиксираш со каишот. Не е исто како изофикс на задно седиште, ама мала е разликата статистички. Јас лично ги оставам позади за да си се навикнуваат. Ако ептен зајде со плачење, ќе застанам, ќе ставам цуцла, ќе почекам да се смири па ќе продолжам. За низ градов функционира, трпам малце плачки ама ништо страшно. Ако ептен ти плаче многу да не можеш да возиш, подобро напред стави го отколку да се врзеш дома дека не можеш да искочиш сама со бебе во кола.
Знам за перничето, се тоа ми е јасно. Ама кај нас див запад не не викаат за џабе, ке пробам пак деновиве. Малку удел во стравов има и тоа што на мм братучед жена ја удреа сега пред 2 недели со двете деца во кола и триста мисли и сценарија имам
Стави си ретровизор, ќе се гледате на огледало преку твојот ретровизор и готово. Само кога ќе биде паркирана и на сонце ќе го покриваш бидејќи може од отсјај да ти се запали. Моево многу е терсене на возење, само музика го спасува, да ечи песнички детски.
Јас не би го ставила до мене зошто мислам дека многу внимание ќе ми привлекува и така не дај боже ќе се загледам во него. Вака поретко ми доаѓа да се свртам назад. Во мојот град секаде се стигнува за 10 мин така да што и да прави ќе се издржи
Јас не би ставала бебе на предно седиште. Не е забрането ако се деактивирани воздушните перничиња, ама препораката секогаш е дека најдобро е да биде на задно.
Е да, ако користиш транспортер смени во седиште, страшна разлика им прави. Транспортерот им е позатворен за разлика од седиштето и подруго е, седиштето е покренато, поотворено и поудобно им е. Бар кај моето направи голема разлика.
Во седиште е од 6 месеци. Он не правел проблем никогаш за возење сегде одиме заедно, ке си гледа ке врти играчка низ раце, и заспивал сам во кола без помош никаква, ке го видам затворил очи, сега не знам што му стана овие 2-3 недели. Сам никако не можам да го оставам, не само за во кола било каде, одма вришти и спремен е да трга по мене. Друг да го земе освен дедовците боже сачувај мислиш го краде некој. Период е ваљда ке помине, како и се друго. Фала ви за советите, договорив кафе после, држте среќа да стасаме без плачки барем
Јас имав дете што повраќаше на 2км возење. Ако тргнев на кафе со неа, тоа значеше комплетно пресоблакање плус перење на седиштето. Ова да те тешам да не се нервираш ако пројдеш само со плачки, има и полошо
Ние се возевме од Скопје до Битола еве. До Велес ечеше Теа Таирович, балерината позади креваше раце уште некоја пијачка да екснеше само и топ таман ќе беше погодена Од Велес до Прилеп МАМАМАМАМАМАМАМАММАМАМАМАМАМАМАМАМАМАМАМАМАММАМАМА, ќе се свртам и ќе се насмее. Ме заебава дури, добро У Прилеп заспа
Која е потребата луѓето да коментираат околу одбивање од доењето на туѓо дете? Многу ме нервираат со коментарите зар уште цица? Ауу одбивај голем е, ауу машко е не треба толку. Мислам втф? Голем е енос една година наполни, мислиш 5 год е и цица. Особено една особа која ми е блиска ама не толку блисла за да и кажам, на секое видување и зборење, а уште цица. Она е со став дека и една година е многу доење, штетело на психа посебно кај машки деца, мислам која психа кои експерти неповикани. Да и јас сакам да го одбијам ама не сме спремни уште и двајцата и кога ќе бидеме ќе се деси и тоа, не знам како да реагирам веќе на вакви коментари.
Ај боже ме сачувај од такви луѓе. У секоја манџа сол да се дотура, и јас добивам коментари за ова зошо јадел па цицал, затоа немало убаво да јаде детето, затоа ноќе ми се будел место да се најадел со храна он знаел дека навечер ке надокнади со млеко, кој знае како ке сум го одбиела, бебо е страствен цицач јаде и цица си се познава по него, 9 месеци утре прави не ни мислам скоро да го одбивам. А кога ке ги прашам, а што ке пие ако не цица ми викаат па млеко тетрапак, јас млеко имам бебе сака да цуца и да му давам тетрапакај најди им нзс. А не знаат 3 цисти имам на лева града, па ми рекоа колку може подолго да цица. Дали има врска дека со цицањево може да исчезнат кој знае, не планирам да се оправам и објаснувам, само свртиим муабет и ај чао
Реално на жената треба да и се каже дека таа има проблем со психата. Психата на детето му вели дека тоа му е храна, утеха, сигурност, гушкање со мама, љубов. Што има врска машко/женско дали е. Господ да чува.
Абе мене родена мајка ми рече дека е многу на 7м да го одбивам, она кога дошла на 8м требало веќе одбиен да бил, касно било. За инат го дојам уште и ќе дојам. Иначе и праќам цело време линкови од СЗО да пукне од нервоза. Еднаш ми рече дека сум се плашела детево да не не ме сакало, оти ако не ми биле цицкиве немало да ме погледнува, тогаш кога не ја избркав не знам кога. Мој мој ама преку мој. Ко они да дојат. Мојава па убедена е дека рак ќе фатам оти многу сум доела, и викам ти од простотилак ќе фатиш рак на јазик, од што трескаш зелени. Криво ми беше после, мајка е, ама многу ме навреди. Иначе да ви кажам мислам дека малата на @Bubish26 (не го утнав тагот ваљда) ме бендиса за свекрва, еве не знам, нека каже она. Очи не тргна од мене и синко на роденден прееска па каква е медена, ич не ми е криво. А големата, тоа е една таква мала дама, госпоѓица на ниво. Лепотици исти ко во темата.
Не знам некои верувања, демек син го приврзуваш многу за мајката. Мислам лудости. Баш сега се обидуваат за бебе со инвитро, од се срце и пожелувам да осети како е на своја кожа доењето и дека не е по план, на дугме и лесно за одбивање.
Арно има пишано Балашевиќ во една песна: Ne volem zatucane, gratis, kravatase hipohondre sto se plase da dobiju rak od razmisljanja Опасно е да размислиш со мозокот. Ене со една се опраам за едно сирење што не е ни сирење, палмина маст во тетрапак, вкусно и било, највкусно, ма дајјјј... Абе вклучи мозок, кој ти дава за 100ден пола кило сирење од млеко, мислам не е тешко да размислиш. Па уште ќе дава на 8м бебе... Знам дека не треба да ме дираат вакви муабети, ама ме иритира, а јас сум нешто премногу изиритирана денес, наелектризирана просто.
Втф, штетело на психа оти е машко? Не знам дали да плачам или да се смеам На такви би им кажала планирам до 3 години минимум @AngelOfArh многу боли од мајка кога не добиваш разбирање и емпатија, многу ми е жал оти имам слично осетено знам како е... А далеку сме од Америка ама некако такви сфаќања имаме околу доењето, ептен дури е мало доста му е, и нема свесност колку е битно и добро за малите.. И моето е 8+, планирам и до 2 години ако сака да цица, сега не ни помислувам, убаво ни е