1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.112
    Допаѓања:
    8.427
    Пол:
    Женски
    Јас мојата да доев 22 месеци и ми беше препреубав период и мене и нејзе.
    Уште кога немаше 9 месеци тргна во градинка,а јас на работа.После градинка кога си идевме дома,прво нешто што правевме беше цицање...така желно за мајка,за цице,мене ми беше прекрасно.
    И јас добивав коментари,па голема е,доста и е,па има заби си ручка таа се,нема потреба,па маме ви ј...м,јас ли знам дали има потреба или вие? Мое дете,мои цицки....едноставно уживав.
    Е сега кога ЈАС осетив дека сум подготвена да ја одбивам,ја одбив,таа одлука е на мајката.
    Така да @1209 не се замарај кој што кажал,дои си го синко ти до кога сакаш и уживај :inlove:
     
    На MeowMeow, Mnik, IRBBB и 16 други им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    Не и замерувај..не знае како е. А штом се во процес, знај дека е полна болка и горчина што уште не се оствариле како родители. Особено она како мајка. Голема болка е, и може не ни знае како да ја канализира, па ете и такви коментари ќе излезат.
    Ќе кажам и јас,и сум кажала додуша. 5те години чекање дете и сите клиники што ги поминав, толку многу психички ми влијаеле, што бев ептен токсична и недоделкана. Секој на различен начин се справува со својот товар.
    На крај морав јас малку да се средам самата себе си и оп чудо. Ни терапии ни глупости.
    И стварно откако добиеш дете, се раѓаш уште еднаш со емоции што никој пат не си можел да ги замислиш. Сега кога ќе помислам и јас некој пат сум била несоодветна. Впрочем како и секој од нас. Пробај да не и земаш за лошо, оти стварно толку знае. Или земи си малку пауза од неа. Може и на двете добро ќе ви дојде.

    Одлуката за доење си е твоја, и не се објаснувај на никој. Колку сакате, толку. Следен пат речи дека ти е интимна тема и не би сакала да збориш за тоа, или смени тема и тоа е тоа. Пробај да не ни правиш муабет со неа на тема деца.

    И мене мајка ми ме доела до скоро две години, не е ова нешто ново. Фала и за тоа.
     
    На IRBBB, LivingGlam, Coco31 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.319
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    На мене изгледа ми ѕиркаат роговите пошто никој не се дрзнал да ми се меша во тема доење. :D Кога почнав да кројам планови како да не се одбие кога ќе ме нема 5 дена во Август, имаше тук таму по некој суптилен коментар од блиските демек и да се одбие не е страшно не е мал веќе. Ама срипав и кажав дека нејќам да се одбие и ќе се потрудам да биде така, да не ми прават негативни вибрации. :D А таа другарка ти за жал од исфрустрираност така коментира. Многу луѓе немоќта да искусат нешто на своја кожа ги тера да го деградираат тој што го искусува. Лошо звучам може, се надевам ќе си се реализира како мајка, па тек тогаш ќе сфати што значи да доиш и која поврзаност и љубов е тоа. До тогаш попаметно и е да ќути. Па машко било, па психи, па чуда. Јао јао, што ли нема да слушнам веќе. 8-|
     
    Последна измена: 11 мај 2024
    На Coco31, kozuf, Isabel и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.319
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Ептен си во право. Баш секој канализира на различен начин и браво за големината да признаеш дека си била грешка што така реагираш во периодот кога си била во борба. Имав и јас таков период ама се повлеков за свое и добро на околината. Во период кога јас го изгубив моето, во друштвото ни се родија 4 други бебиња. Единствена опција за мене беше да се повлечам и дружењето да го сведам на минимум за да не дозволам болката од мене да извади зборови што не ги мислам, но во моментот ги чувствувам. Којзнае што си мислеа сите, не ме ни интересираше до душа, немав време да размислувам за тоа. Важно јас се поштедив делумно од болка, а ги поштедив и нив од мојата лоша енергија.
     
    На strelec231992, Mnik, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. TammiB5

    TammiB5 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    Ти си една од најхрабрите жени! :l:
     
    На Coco31, kozuf, Giiirl23 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    6.836
    Пол:
    Женски
    Обожавам да те читам!
     
    На Carolin. и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    Се повлеков и јас. Ептен дури.
    Едно од моите најубави пријателства настрада ради моето повлекување. Буквално без збор.
    Другарката остана трудна со милион перипетии, а јас во тој момент не знаев кај терам.
    Осеќав дека што и да кажев, ја повредував, што и она да кажеше мене ме повредуваше. Плус во тој момент имав и други кризи и едноставно морав да замолчам, оти не ни знаев како поинаку.
    Знам дека и така ја повредив, ама е многу помалку од она што евентуално можеше да се случи. Да и речев нешто недоделкано, па да и направев поголема болка.
    И знам по мене, кога останав трудна, најтешко ми беше да и соопштам на една колешка/пријателка што долго пробуваа, ама не бидна.

    За жал живот не е секогаш убав со нас. Си знаеш и по тебе. Едноставно луѓе сме и различно се носиме со препреките во животот.
    Ти си една храбра и силна жена. Жениште:bow:.
     
    Последна измена: 11 мај 2024
    На happygirl, LivingGlam, Coco31 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    6.836
    Пол:
    Женски
    Се што пишувате со @Bella_Stella толку познато. Јас успевав пред луѓето да се држам и да не кажам нешто недоделкано, ама затоа мм и мајка ми патеа со мене, колку тешко поднесував вести од типот бремена е. Другарка моја со резерва ми соопшти дека е бремена од што не сакаше да ме повреди. А во тој момент и јас дознав дека сум бремена. Тешки се тие моменти и вистина треба да се внимава како ќе се реагира.
    А за темата доење, до сега никој ми нема речено уште доиш? А и да ми рече, на ум нема да го ставам, мене ми е убаво на душата во тој интимен момент помеѓу мене и синко и баш ми е гајле кој што ќе каже. Сватив дека луѓето секогаш ќе има за што да коментираат и затоа не земам ништо здраво за готово
     
    На happygirl, Coco31, kozuf и 10 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.923
    Допаѓања:
    39.104
    Пол:
    Женски
    @Jolene @Bella_Stella не мислам дека го кажува тоа од горчина. Они веќе беа помирени дека нема да се деси, ова испадна шанса па решија да пробаат за последен пат.
    Едноставно такво мислење има.Не се слушаме често во странство е, ама баш ради тоа на секое слушање ме прашува и се нервирам. Нејсе не дека ме задега јас ќе дојам колку што сум наумила ама ме нервриа мешење во цицки.
     
    На Bella_Stella, LiquidLuna, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.086
    Допаѓања:
    97.207
    Пол:
    Женски
    Страшно колку си паметна, свесна и жена со убава мисла. Ти се давам.

    Инаку јас иако сум остварена како родител и се сум поминала, на блиска личност сега многу ми е тешко да и дадам совет бидејќи доби позитивен тест по потешкиот пат и некако не можам да и помогнам, иако се што ќе кажам она со позитива прифаќа. Едвај чекал среда да здивнеме сите, ќе оди на преглед. Фамилија ми е, најблиска, не можам да не ја мислам.
     
    На ALISA0000, kozuf, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    Не не. Не мислев дека го кажува од горчина само. Туку од сплет на околности.
    Повеќе ми беше во насока, дека додека да станеме мајки, стварно поинаку си го замислуваме мајчинството и многу лесно ни е да ги критикуваме другите мајки за нивните одлуки. А особено, ако има некоја таква болка, можам да ја разбрам што звучи како сурово и со дрзок став.
    Ама откако ќе добиеш дете, тогаш веќе јасно ти станува и се порано што си мислел дека не ок, отпосле со други очи, го гледаш. И одеднаш принципите и мислењата што си ги имал предходно, се менуваат со доаѓање на бебето.

    Тамам си е. И имаш право да те нервира. Ама пробај да не ставаш на срце, не вреди. Секако ти најдобро си знаеш.

    Јас не сум добро баш во последно време. Некако не ми е наштимано се како што треба. А не можам да се поделам и да завршам се. Болките и физички и психички ми се. Не очекував и не си замислував за некои нешта дека вака ќе биде и како малку разочарана сум.
    Веќе неколку викенди по ред се некои тотални глупости ми го расипуваат расположението, и после наместо да си завршам некоја работа или да се посветам за мене, јас пак целосно му влегувам на секојдневието и полека се гушам од се тоа па тоа. И не ми е убаво.
    Ако верувате некна бев готова да платам некој да ја почува три саати, а јас да одам во хотел.
    Да, има детево татко, ама и по се изгледа на татково не му текнува дека мене малку време на само ми треба.
    Кажав сто пати. Ама ко на ѕид. Се нешто по приоритетно има од мене.
    Еве сабота. Супер ден. Јас сум кај јадење број три за детево. Не сум излегла од кујната. Ми иде низ прозор да скокнам значи веќе :@.
     
    На Coco31, Zumbulche, Dennings и 10 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.923
    Допаѓања:
    39.104
    Пол:
    Женски
    @Jolene и јас се осеќам исто. Напорно ми е многу и физички и психички…има денови кога имам гнев во мене дека утре треба да станам и пак да го правам истото цел ден. Осеќам дека сум прегорена, вака сум се чувствувала и на работа кога веќе не можам да издржам и кога ми треба одмор ама така сум броела денови до одмор, а сега бројам денови ама не знам до што, ќе биде вака ушто многу години, одмор нема. Мм исто се труди ама се е некако на туркање, се е со молење, расправање, период на се е ок, па период кога се осеќам како самохрана мајка, на моменти го гледам со омраза дека излегува кога сака, спие кога сака, хоби кога сака, едноставно прави што сака нешто кое за мене сега е невозможно без планирање. Ми фали спонтано да излезам на кафе, спонтано да дремнам, спонтано да јадам сладолед или да читам книга. Растргната на сто страни а ништо не постигнувам. Не постигнувам некогаш ни ручек саглам да направам на детето за што осеќам најголема грижа на совест.
    Генерално ништо не постигнувам. Се осеќам како да неам никаква подршка од никој и дека тонам и тонам…
    Бизнисот кој го планирам со месеци веќе никако да го реализирам, а буквално два дена мир ми треба за да можам финално да реализирам, ама нема ни два саата мир, не два дена.
    Ни јас не замислував дека ќе биде вака, мислам замислував така некако ама не замислував дека мм на моменти ќе е толку себичен и дека ќе се става себе на прво место, а не нас, тоа ем ме нервира ем ме разочарува, помислувам на се, раат неам.
     
    На Mnik, Coco31, Zumbulche и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    22.484
    Пол:
    Женски
    Хах вистина е, само од тебе бараше внимание, приметив и јас :D:inlove:
     
    На AngelOfArh и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Trupko

    Trupko Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Ко за сама себе да читам. Полека но сигурно заморот ме стига, паѓам повремено. Чувствувам некогаш грижа на совест, но стварно ми треба ден пауза.
     
    На Mnik, Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  15. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    406
    Мајки гледам сте се распишале за доење и коментари од страна.
    Со првото скоро воопшто не се доевме, кога на цице кога се молзев и од шише давав додека имав млеко.
    Од неискуство и нервози бргу снемав млеко.
    За второто здравје сакам повеќе да се потрудам и да се доиме.
    Кај мене пак тие обвинивачки коментари ги имаше дека не сум го ставала нонстоп на града, ама нејсе.

    Сакам за друго да пишам еве од вчера наваму.
    Синчето е 2 ипол години и уште користиме памперс.
    Мојте беа премногу нападни уште пред да наполни годиника му купија нокшир, па само ме притискаа стави го стави го да се научи.
    Па вие уште од пред годинка користевте нокшир, тогаш ни враќав епа да затоа што пелени сте ни ставале и секако е било понапорно па сте не упорно учеле.
    Јас иако пробав да го ставам, дете не сакаше да седи воопшто.
    Јас си бев со мисла дека треба прво да почне да разбира што е мочкање и какање па да се учиме.
    Може и јас не сум во право.:mm:
    Се додека еднаш не ми пукна филм и ни реков престанете, кога ќе дојде време ќе се учиме.

    Тиа престанаа со коментари, сега иде другата страна од кај маж ми.:!:
    Свекрва ми е едно нападно створење морам така да ја кажам за се нешто знае и има решение:nod:
    Абе на секое јавување следува реченица...
    Ајде кажи на баба дали го фрли ти памперсот|(
    На што син ми одговара, Да во канта:rofl:
    Јас само се надоврзав со убаво ти кажа.
    Значи секој ден не промашува кога и да се јават мора тоа да го праша.
    Се мислам да и речам научи се подобро да се изразуваш, па може дете ќе те разбере што точно го прашуваш!
    Вчера го праша пак и после следуваше, ајде баба ќе дојде уште малку па ќе ми те научи да одиш на шоља:devil:
    Ми иде на живци искрено.
    Среќа што сме далеку од нив, ама за некој ден ни доаѓат на гости на поседок една недела и уште сега се спремам за нервози и глупи коменатри.
    Ќе морам да покажам заби да знае каде и е местотот!

    Зошто некој мисли дека баш тебе те чекаат да дојдеш па да го научиш на ред]:)
    Нели јас и маж ми сме неспособни, па бабичка ја чекаме.
    Некогаш помислувам да се откажеме од странство и да се вратиме во Мк.
    Па потоа кога ќе ми текне дека вакви нервози ќе имам секој ден, си велам ќути и трај тука каде си!

    Дали само моето дете на 2 ипол години е со памперс?
     
    На Mnik, Carolin., Zumbulche и 4 други им се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Не. И ние имавме неуспешен обид, па никому ништо. Не беше спремна, да е жива и здрава.
     
    На Mnik и Marsi* им се допаѓа ова.
  17. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    4.953
    Пол:
    Женски
    Ах ова родителиве (од двете страни) не знам дали лечат фрустрации или само токсичното го пренесуваат понатаму. Јас само знам дека сега е на ред спиењето на бебево, па ќе им пројде ова па ќе дојде лазење, одење, памперси,зборење,читање ..... нема крај сè додека ги толерираме ќе паметуваат и мудруваат а нема да речат браво бе деца како се снаоѓате, како издржувате, како добро го правите ова и ова. Не нее само за негативности очигледно кај 90% од нас.


    Туку, бебе веќе го тенчи 5тиот месец, 2 ноќи по ред се будам во 3 и си заплакувам колку не сум спремна да се вратам на работа од Октомври а морам, немам избор. :( толку го чекав ова бебе се молев деноноќно да издржи и 9месеци како минута проаѓаат и ќе бидам по 9ч без него, други ќе бидат поголем дел од неговиот живот кога уште не разбира, кога нема да му е јасно каде ме снемува толку долго од еднаш а пред тоа сме си биле сè 24/7 .;( можеби ќе ги пропуштам првите чекори, први зборови :u:

    И знам ќе ме направите може луда, има време, сите истото го проаѓаме нормален тек на животот но, некако не сум подготвена а мислам нема да бидам ни за 4.5месеци...

    Јас сум личност што се врзува премногу за луѓето па може да замислите што осеќам за ова мало душиче до мене што ме галка по лицето како да разбира сè.

    Отидов да го впијам секој момент со него, цело богатство ми е, цел магичен свет. :l::hug:
     
    На Mnik, Coco31, Carolin. и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.544
    Допаѓања:
    11.340
    Пол:
    Женски
    Ве читам така 2-3 недели, се пронаоѓам скоро во секој муабет ама некако немам сила и време да пишувам. Да се надоврзам на @1209 и @Jolene мислам дека беше, +1 уморна од животот и секојдневие. Спасот си го наоѓам во концентрирање на ситници што ме прават среќна, секој друг хаос околу мене моментално го занемарувам. Посебно овие неколку денови ме преморија болести, неработни денови, празници. Како се научиле сите, ќе се наближи некој празник и полека сите ми се најавуваат на гости да ми дојдат. Ги нема преку цела година ни за радување, ни за плачење, ни помош ама за празник знаат кој се потресува околу гости, ќе се дотераат, скоцкаат и оп кај мене на гости. Е оваа година сум отерала се кај што треба, закажав викенд само за нас четворица и одморивме колку што се успева со деца.

    Туку за друго дојдов да се пожалам, некако ептен ми тежи на душата. Колку боли кога најблиската фамилија не ти ги сака децата. Онака ни трошка љубов, грижа, ништо, 0. А посебно кога се фаворизираат внуци, дали дека ова го осетив на своја кожа како растев, па сега го преживувам пак, не знам. Маж вика ти си будала за што се нервираш ама ете.
    Дојдоа неговите после празниците на роденден кај моево и ако верувате од 4 саати колку беа тука буквално ниеднаш не ги допреа, не ги гушнаа, не им се обратија. Само за другото внуче што и како, цел муабет околу тоа. Значи јас викам ‘леле колку беа болни, пак на дежурен ги носев заради кашлицата’ и на тоа свеки ‘леле еве исто и Х многу беше настината’. Значи како две мајки да си седиме и да си збориме за децата. Два месеци ги немаа видено и доаѓаат и 0 заинтересираност. Нема сила што ќе ме натера да поверувам дека ги сакаат. На крај маж ми само им ја затвори вратата од дневната, не ги ни испрати. Само им кажа ако ви беше за ова доаѓањето можевте поклонот во плик на сметка да им го пуштите, се измачивте да дојдете. Ништо не рекоа. Многу лошо се осеќам, многу ми е жал за децата.
     
    На KuklickaSk, strelec231992, Mnik и 14 други им се допаѓа ова.
  19. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Леле мајки ве читам и сфаќам колку сум привилегирана и 'разгалена' уствари. Ниту коментари за доење сум слушнала ни за пелени ни зошто не оди, не збори од блискиве... Само љубов огромна и поддршка. Се надевам дека ќе сме способни живи и здрави да можеме и ние вакви баба и дедо да бидеме.
    На тема, сѐ поинтересно ми станува како што расте детево. Едвај чекам да си правиме муабет и да ми кажува што си размислува. Денес шетање во парк, домашни обврски и сега ќе се одмара со Евровизија и мезе. Најубави ми се вакви лабави саботи, ем квалитетно време ем ресет дома.
     
    На IRBBB, Coco31, Zumbulche и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    6.836
    Пол:
    Женски
    Бевме на роденден. Убаво поминавме, маскотата му беше атракција не можев да го одлепам.
    Ама затоа звучникот, а го видеше плачеше. Кој знае што му се вртеше во главата. Па кај се погодивме баш пред нас беше поставен. Поминав цел роденден пред музиката подалеку од звучникот или надвор во дворот на ресторантот.
    @1209 да ти кажам небо земја февруари тој роденден и сега. Беше и сега ок, ама звучници не сакаме :D
    Така да за нашиот роденден кога ќе се местат ќе му кажам подалеку звучникот од нашата маса :rofl:
     
    На Carolin., Leanne, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.