1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    97.149
    Пол:
    Женски
    Да, да, тоа сакав и јас да кажам, не сум напишала, ќе беше насилник, бегај подалеку од него, еднаш удрил ќе те тепа стално... Ете колку кај нас работите се гледаат од призма на едниот само и само како еден ќе изјави. Не кријам јас дека погрешно постапив, не сум безобразна, свесна сум и сакам да се сменат работите. Ние имаме и друг проблем, он е опседнат со мојот физички изглед, а се поправам се понаша многу лошо и мене тоа ме иритира искрено, не може се да гледаш ни таа призма, не е дека он е топ модел па сеа не си парираме. Се трудам битно и ќе ослабам и пак ќе бидам истата од пред бременоста. Не смееме така да се понашаме и двајцата, не е само до мене или само до него.
     
    На H.VAGA, macka91, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    4.904
    Пол:
    Женски
    @Isabel фала ти мајка ми требаа зборовиве да си го соберам егото, да спастрам мисли и да му се извинам на мм за вчерашниот излив и навредни зборови... :l:
    Туку дали вашите маженца кога ќе видат нешто дома што треба да се среди/исчисти ве викаат и ви велат еј ова треба да го исчистиме ќе замириса на изгорено од прашината? (Штеќерот на тераса позади жардињерата) :x епа мојов кажува па јас ќе збеснам и ќе речам е арно де исчисти го и на крај пак јас го чистам нели зошто веќе ми го ставил во глава а него му требаат 3год да фати нешто, плус си научил има кој. Сама сум си крива. Му се изнакажав сè живо па после он како наврнето кутре цел ден седи па мене ми е криво па его не дава да се извинам за тоа што сум била и повеќе лоша од што треба, не дека не заслужува да го искарам ко да ми е втор син и така во круг.

    Човек сум што дава 2000% за другите па кога ќе осетам непочит станувам оган лоша.

    Мали спие, ноќиве е тежок се буди пречесто жива ненаспана сум ама чудо не осеќам веќе замор, фатив да чистам цел стан, преместувам трпезарија за да сфатам дека протекло во кујна лавабото од сифон и сè е жива вода поплавено (facepalm)

    Иде сега водоинсталатерката Феникс син на татко да го среди и тоа додека спие бебе зошто господинчо мој не сака да седи сам и да му е досадно (poolparty)
     
    На macka91, 1209, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.911
    Допаѓања:
    65.981
    Пол:
    Женски
    Сум те читала и за изгледот. Не знам како да ти кажам,а да не ми се налутиш или да не ме сфатиш погрешно, ама тоа е страшно не во ред. Да ти создава притисок, ти сама на себе си создаваш притисок, тоа плус ти придонесува за сите останати чувства. Тоа е условна љубов, ако се поправиш не си ми привлечна и не те сакам. И за мене лично е крајно токсично. Сум осетила на своја кожа како е да се живее со таква личност, едноставно те јаде одвнатре. Имаш многу работи да си размислиш, ама и ова е една од работите која треба да ја земеш во предвид. Сите заслужуваме да сме сакани и кога не сме во најобро издание, и во тешкото, и во лошото, а не само кога блистаме, изгледаме супер и сме насмеани.
    И сакам да ти кажам дека заслужуваш некој безусловно да те сака и поддржува и тоа да не го занемаруваш.
    И те читам, знам дека си доволно силна да се избориш за себе.:hug:
     
    На H.VAGA, Erika.greeneyes, mal.ecka и 23 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    97.149
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на зборовите за охрабрување, ми значат. Затоа ќе си посетиме психолог/брачен советник и тоа е тоа.
     
    На mal.ecka, RainBow, kozuf и 2 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    97.149
    Пол:
    Женски
    И јас сум ќерка татин син, се можам јас, така вчера преместив кревети и плакари, комоди, бироа, се направив џам од една на друга страна и тоа сама дома со 2 деца од кои едното лепенка за мене. И на крај пукнав и им се изнадрав, а не беа децата криви нормално.
     
    На H.VAGA, mal.ecka, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.322
    Мајки ве читам сте се жалеле за сопрузите...обично ќе се придружев и јас, ама еве да кажам кај мене ситуацијата е подобрена ( не драстично, но има напредок ). Се повторува низ темата, ама еве и да потврдам, дека за се сме самите криви, сами си земаме одговорности бидејќи сметаме дека МОРА, мора да е чисто, мора да е испрано, мора сите да се најадени, мора и да се излезе, и да се пазари, и да се планираат одмори, и за дете константно што треба да се купи.
    Они се поинакви, мозокот не им размислува на таков начин. Не знаат паралелно да тераат 2 работи, а нас мозокот константно ни брмчи. Маж ми ама без промашај секое излегување или го заборава клучот од колата дома, па се враќа со трчање горе од гаражата, или обратното, ќе стигнеме пред станот, клучот од станот е во кола. Се нервирав, ама веќе не. И знам дека ќе заборави, ама веќе не го ни потсеќам. Нека му текне бе. Ако не му е мака нека трча горе-доле цело време.

    И знам дека не сите се во состојба да го применат мојот "експеримент", ама еве ние тука ја имаме таа можност и таткото да е на породилно. Еве веќе 2,5 месеци е на породилно, па искуси и тој малце на негова кожа што значи навистина да се грижиш за дете. Па нервозен, по цели денови бил во кујна, па само чистел низ станот, а секогаш било расфрлано, па немал време да излезе, не можел да оди во вц на раат...амм, што очекуваше? Дека ќе си шетка по цел ден надвор, а друг ќе го бери гајлето? Јас бев одлучна дека нема да му се мешам и да му помагам, заборави еднаш да зготви за бебуш, заборави два пати, третиот пат си намести аларм на телефонот и еве го од тогаш нема заборавено. ( Иако не ми е сфатливо како може да заборавиш дека сопственото дете треба да јаде, значи до толку се исклучени со мозокот ).
    И се жали тешко било, а еве за пример, облека за детево никогаш нема купено, ваљда си мисли дека магично се полни плакарот, за роденденот организацијата буквално ја направив сама, ме праша на 2 дена пред роденденот дали сме купиле украси и балони (facepalm) Значи овие day-to-day активности знае да ги заврши, за повеќе едноставно мозокот не му работи.

    А кога сме тука си средува се без проблем, готви, чисти, пушта машини, ама кога доаѓаме МК на посета, се става во лер, тогаш е тука мама. До толку ме изнервира за роденденот од синко, вечерта пред роденденот балоните ги дував со мајка му, тој и татко му седнале и гледаат филм. Имаше 100+ балони за дување, они двајцата седнати со пивото во раце и се смеат. Па седнав и јас. Му викам очигледно не ти е срам шо јас и мајка ти дуваме балони, а ти се смееш ко зелен, ај да видам дали ќе ти е срам ако само мајка ти ги дува, а ние тројца седиме и гледаме филм. Па го исклучија филмот и се фатија и тие за работа.

    Факт е дека доколку има некој шо ќе им брка работи, они се програмирани да се опуштат. Ама ако нема никој, си бркаат и сами работа, и без да им речеш. Ама ние жените сме такви, некогаш си викам наместо да се нервирам и него сто пати да му кажам да заврши нешто, поубаво јас самата ќе си го завршам. И тука грешиме многу како жени, не се глупави, не се прости, не се неспособни.
    Оставил чорапи на сред соба? Нека седат. Немал чисти маици? А каде се гнасните? Во корпата за перење? Не? До корпата? Во столот на спалната? Епа за да имаш чисти, следен пат остави ги во корпата, иначе ќе шеташ со гнасни.
    Кога тие не можат да бидат Superman, не морам ни јас да изигравам Wonderwoman.
     
    На Panovic, joana18, hello-kitty.90 и 37 други им се допаѓа ова.
  7. OctoberG

    OctoberG Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2023
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски

    Тоа е рационалното, да се седне и да се разговара. Теоретски најправилно, но практично неизводливо.
    Ретки се мажите со емоционална интелигенција, способни да бидат самокритични. Им преовладува егото и тие секогаш се во право. Ти можеш милион пати да ја отвориш душата, да пробаш да постигнеш некаков компромис, да дадеш се од себе да успеете како пар за пак на крајот да се умориш само од зборување.
    Кај нас преовладува балкански менталитет, сакале да признаеме или не. Мажите се задоени со идејата дека постојат машки и женски обврски, а не дека постои брак и живот и дека тоа не е бреме со кое ти треба да се бориш, туку живот во кој треба да уживаш. Тоа се твои деца, тоа е мало делче од тебе за кое треба да ти е радост да му спремиш храна, да му промениш пелена, тоа е твоја жена, убавина која си ја скротил, за баш тебе да ти го краси домот. ТАА е жената која била и твојата мајка, лудост е да ја повредиш и навредиш кога го троши своето здравје за да постигне ама баш се, и на крајот да рече, ма.. не е тоа ништо, така во круг секој ден.
    Од таму и фрустрациите, кои за жал ги истураме на оние кои најмалку заслужуваат, ама се нашле помеѓу два огна.
    Кога мажите би можеле да разберат колку ни се привлечни и сакани во моментот кога даваат 100% од себе во родителството и бракот, би живееле сосема различен свет.
     
    На Erika.greeneyes, Besbes24, Mother of 2boys и 17 други им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.233
    Допаѓања:
    33.298
    Пол:
    Женски
    Поздрав од една мајка на дете со стомачен вирус и бебе со затнат нос и конјуктивит.

    Некако како да се дистанцирав од форумов, се вклучувам редовно ама на кратко. И отворам сношти Фемина, гледам пола сте со нови аватари (бројче и феникс) и сто пати препроверив дали вие сте вие или се нови членови со сличен никнејм (facepalm)

    Многу теми сте начнале изминатиов период, сакам да пишам за сите по нешто, ама дур напишам бебево на училиште ќе почни да оди :D

    Да се пофалам дека бев вредна во периодов што ме немаше- положив завршен испит, стекнав титула со која сум задоволна за да бидам професионално остварена на тоа поле. И мислам дека е доволно, барем следниве 10-15 години, не сакам книга да видам (не буквално).
    Дотогаш ќе си творам паралелно нешто за душа, шо ме опушта и исполнува.

    Прославивме трет роденден на синот мајкин. Луѓе ми порасна детето, многу ми е голем, дури не ми се верува кога летна времето. Го обожавам и засекогаш ќе ми биде моја прва љубов ❤️ Еве ви тортичка, почестете си се
    13254560_514396908754377_8379272443132290376_n_zk5kqb.jpg

    Бебешко ми е сонце. Премил, премирен, предуша. Да го гледаш и да му тониш во очите дури ти се смее, пресладок е. Нека остани забележано тука, за сите моменти кога се прашував дали ќе можам некого да сакам како Јован, да, можам. Во мене имам безусловна љубов шо расте секојдневно и никогаш нема да престане.

    Ме јади тоа што породилното ми завршува за неполн месец и ниедна комбинација не е доволно добра за да оставам бебар и да се вратам на работа, а исто така не постои опција да не се вратам на работа. Мислам, постои, ама не ја гледам како решение, ни како нешто шо можи добро да ми донеси во животов. Да не го тупам, можеби во следна прилика ќе побарам совет и мислење од други мајки што го поминале ова, иако горе-долу ги знам мислењата, баш пред некоја страна имавте пишувано за ова.

    Софи на @LiquidLuna ни беше на гости. Прекрасна е :l: битолска снаа ќе ја правам, многу ја сакала Титола :D

    Се пробудија двајцата, ќе продолжам во следна прилика, се надевам во блиска иднина. :)

    Гушкајте љубови најголеми :l:
     
    На mjay.yyy, hello-kitty.90, lovely91 и 34 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    3.909
    Пол:
    Женски
    Ќе измешам и мајчински и домаќински и свекрвински муабети, се по список.

    За маж, колку што е лабав и се чудам како може најпрости работи да ги заборава, толку знае и да помогне. Ако чистиме, чисти подобро и од мене. Е додека да дојдеме до тоа да чистиме заедно е маката.
    Кај нас многу влијае и близината на свекорите така да ако јас му кажам пред нив, утре земи дете од градинка, да не е последно или пред мене имаме коментар како бил измачен на работа, за после тоа да се грижи уште час/два за дете, зошто била тука свекрвата. Или пак без мое знаење ќе појди свекрвата да ја земи, нели повторно синот да не се мачи. Тоа што јас уште не влезена дома сум со дете во раце е друга приказна. Мајката е нели семоќна.
    Инаку да, сами си сме виновни, јас еве уште на разглас што не викам, одам да се бањам чувај дете, или ќе седнам да јадам чувај дете, или ќе пеглам алишта. Буквално за работи што се подразбираат напоменувам, дали од навика, дали до толку немам доверба во сопругот околу детето.

    За враќање на работа, непобарано ќе пишам. Колку што уживам во тоа што излегувам од дома, толку и чувствувам вина затоа што дете е често настинато, повеќе дома од во градинка. Пак јас земам боледување, или се чуваат со баби. Колку што се трудам да воспоставам некој ред и воспитување,толку тоа преку ноќ паѓа во вода. Ама некако тераме.
     
    На hello-kitty.90, Mnik, Isabel и 9 други им се допаѓа ова.
  10. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека паѓам во депресија. Како да не уживам во ништо. Само работам, на пауза готви и чисти. После трчам во градинка, го земам син ми, 20 мин тантрум за менување пелена, па не сака да јаде тоа што му зготвив, па пробувам да намалам подои ама неуспешно, плаче додека не попуштам. Порано едвај чекав да искочиме во парк сега си викам што да искочиме, пак ќе се вратиме со плачење. Пуштив песнички и седам во кујна и чекам да ми помине.. не знам што ми стана денес и вчера
     
    На Erika.greeneyes, Coco31, Marsi* и 7 други им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    16.288
    Пол:
    Женски
    Ти само дај ни го бебето да не доаѓам до Титола од Копије со кола да го зимам. :rofl::rofl:
    Ме отру да ти го киднапираме Л :P

    Период може да е, ќе помине :hug:
    Ако не, ќе најдеш решение :inlove:
     
    На јolene, IRBBB, LizzyGrant и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    16.185
    Пол:
    Женски
    Бебе спие 3та дремка, вечер журкаа :party:
    На толку мислење купив количка најмалку место што ми фаќа у багаж и ке ја користам за шетање па макар и летово само пошо беше баш евтина, таа што ја сакав пак ми го фаќа пола и повеќе багаж ко сеа оваа што ја имам, со тие пари што остана, а беа планирани за количката бебо доби патичиња :D економична сум 2у1.

    Јас имам навика кога сум лута на мм не зборам со него, заминувам во соба, го земам бебо шетаме, готвам, чистам било што само да го оладам мозокот да премислам 100 пати и после бебо ке заспие и ние збориме. Не дека и во тоа зборење не се караме ама во тој момент на бес не сме заедно зошо многу сме инаетливи двајцата и само бебо ке слуша кавги безпотребно стрес за него. Зошо ни јас ни мм не знаеме да се контролираме со гласните жици, а кога ке падне малку лутината и се размислува потрезвено е многу подобро за нас двајца.
    Јас ден пред свадба мм го избањав со туш во купатило, сега и да ме прашате појма немам зошто сигурно било нешто за свадбата, јас се налутив и сеа место да се караме влегов да се бањам он по мене упорен да сме збореле 3 пати го опоменав да излезе и да ме остави на мира, ми стоеше ко стуб во вц и си доби бесплатно туширање и замина :lol: сега ми е смешно тогаш којзнае колку сум била нервозна.
    Ме фаќаат мене бубачки за не средно, хаос натаму наваму, алишта на сите страни и само зборам јас после сама си средувам ко попче. Арно имаше пишано една феминка остај го со прљави мајци и гаќи па ке научи да ги става во корпа, мене што ме нервира намногу кај мм е кога оди да се бања и сеа има корпа за алишта он алиштата на сред вц или до корпата па крени капак бе човек и стај внатре леле и кога пишувам се нервира за ова аууу.. ама он си е научен друг да крева, мајка му цел живот не работела никаде и се дома било под конец, и друг кревал за него. Јас и он кога почнавме да живееме заедно не знаеше гаќи кај има, одеше со пешкирот од вц до спална по алишта пошо пазете сеа на 27годишен маж мајка му алишта во вц му оставала пред туширање. 5години подоцна уште оди со пешкирот ама сеа барем знае кај да ги бара :rofl:


    И така, имајте убав ден :sun:
     
    На hello-kitty.90, LivingGlam, Cherry blossom89 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    2.937
    Пол:
    Женски
    Моментот дека моето слободно време го рачуна кога се бањам,јадам или готвам,а он чува дете е се што треба да знаете на тема таткото на ќерка ми. Потребно е голема самоконтрола за да не урлам секој ден.
     
    На joana18, Luminary, Erika.greeneyes и 18 други им се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    16.288
    Пол:
    Женски
    Урлав и за тебе вчера. Ми дојдоа у веце да ме гледаат како се бањам у 25те минути кај шо ми беше онака тешко и искрено сакав да си поплачам. И не издржав, ги избркав да се исплачам и исфенирам раат...
    Само пола саат сама барав.
     
    На hello-kitty.90, Luminary, Erika.greeneyes и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.656
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh срце ми се стегна кога те прочитав. Имавме и ние со мм една таква ситуација и сеуште често ја помислувам. Затоа толку добро те разбирам како се чувствуваш. Ние како исти маж да имаме. Кај ги најдовме жити се. Исти е и мојот, комплекси за физички изглед и за облека колку сакаш, само разликата е што јас не го рецкам веќе на таа тема. Тој се кара јас си кутам и си свирам, е од кога ќе се смири седнувам и отварам душа, и замисли тогаш “сум во право”. Ми требаше време да дојдам до оваа ладна точка, и точно дека ни носи и други последици во бракот, ама тоа е… тој така сакаше…
    Нема да ти давам совети, до душа ти не ни бараше. Сакам само да ти кажам дека тоа чувство што го имаш, а се плашеш да си го признаеш, е тоа вистинското. Поминува период, па пак се појавува. Затоа ескалираш, оти молчиш и голташ кога треба да зборуваш. Сите ќе ти кажеме да разговараш со мт, ама знаејќи по мм со каков човек имаш работа само акција е решение, промена во твоите постапки и реакции. Кај мене само тоа беше крајната точка што го промени правецот. Уште не е сјајно, има уште мноогу “негов карактер” во нашето секојдневие ама барем не сум веќе само јас таа што се трудам за нашето мало семејство. Син ми има двајца родители и овој дом има двајца домаќини, и тоа е тоа што треба да се сфати и прифати од дабовата машка глава
     
    На hello-kitty.90, Luminary, Skyler81 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.233
    Допаѓања:
    33.298
    Пол:
    Женски
    Еве ме пак :hai:

    На тема сопруг, маж ми е чоек шо ќе направи сѐ, само шо треба да му кажам.
    На пример кога пазари (само од претходно направен список) речиси и никогаш да не купува нешто плус од списокот. Ќе речи се мислев да земам омекнувач, знам дека е при крај, ама немаше пишано во списокот. Или нема повеќе капсули, пиши ми смс да купам.
    СМС конверзација некој да ни чита, вака изгледа:
    АПТЕКА:
    физиолошки
    Кетонал
    Прашај дали има нешто ефикасно против комарци на природна база

    КАМ:
    крофни
    Леб

    ПИЉАРА:
    Домати
    Зелка.......

    Ако не е вака скоцкано, сто пати ќе си дојди дома и ќе се врати да допазари.

    Мислам дека никогаш да не одбил за да сработи нешто низ дома или било шо околу децата, само претходно треба да му речам. И искрена да бидам, ама ич не ми е тешко и сто пати да преречам, некако се навикнав. Не се лути ако му најдам забелешка (воглавно се правам на 3.5 и му викам следен пат ова вака пробај...), иако 90% пак по негово ќе го направи.
    Мноооогу ме нервира шо брисачот в кујна го троши за глупости-пример прави кајгана и кини 4-5 листа од брисачот за лушпите, ко да не можи да ги фрли директно в канта и никогаш не сменува водена со чиста сува крпа.
    Ама, нека е жив и здрав, мој си е.

    @Skyler многу добро те разбирам, потполно ист пример имав. Нема полошо чувство, ништо не допира повеќе до тебе од било каква неправда кон своето дете. За жал мојата почина и гледајќи сега, од оваа перспектива во право бил мм кога ми велел да не се замарам. Ни на моето дете му зафали нешто, ниту пак на другото му зафали таа што ја нема.

    @AngelOfArh не оправдувам насилство, ама мислам дека во афект и јас би му шлапнала една ако ми речи дека одам да се онадам со некого. Незрело е да, ама ако сум решила еднаш да излезам сама, него баш тогаш му текна дека одам со некого? Какви се тие тинејџерски испади на љубомора? Иако очигледно постои подлабок проблем, за кој нема да коментирам оти јас не сум многу фина спрема искомплексирани мажи.
    Сакам само да дадам поддршка, силна и паметна си и верувам дека ќе најдеш начин да разговараш и да донесете заеднички одлуки.
     
    На Skyler, Tea SK, Skyler81 и 18 други им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    2.985
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите мажи, една мајка ги раѓа.
    Не знам што е со списокот за во продавница. Ако не направиш, ништо нема да земе, ако направиш, пола ќе земе. Ако прашаш, зошто тоа и тоа не зема, одговорот е не си пишала, а пишав и на глас читав или заборавив. И најчесто си се враќа назад да допазари. Или нешто најхитно од се ми треба, баш тоа од 3 работи, ќе заборави.
    Тоа и две работи само да напишеш, како блокада во мозокот да имаат, едната ќе ја видат, другата ќе ја заборават.

    Иначе за останатото не смеам ништо да кажам. Колку што правам јас, прави и тој. Ни повеќе, ни помалку. Прекрасен човек е и грижлив татко. Никогаш не сме дозволиле двајцата да се навредуваме. Не ми доаѓа ни во афект да го навредам. Караниците ни се најчесто, затоа што сме хронично ненаспани и престимулирани. Но, ми се допаѓа што кога ќе ги изладиме главите, си разговараме како да го подобриме односот и што да смениме. Најчесто менуваме, тоа што не можеш да смениш се прифаќа. Мислам дека животот би го дала за него. И слободно можам да се изразам, дека тој ми е нештото најдобро што ми се случило, покрај детето. Сакам да изградам атмосфера во домот која што ќе служи како пример за децата да следат. Да бараат повеќе во партнерот, да бараат совршеност во несовршенството и да градат нормални и стабилни односи. Најбитното, да знае да почитува и да наметне почит од другите. Затоа што се што правиме ние како мајка и татко, се се врежува во детето и неговите понатамошни постапки и начин на живот. Нека ми се здрави и живи двајцата, премногу ги сакам.
     
    На Luminary, Skyler81, Leanne и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.972
    Допаѓања:
    6.802
    Пол:
    Женски
    Да ве насмеам малку. Братучед мој ми кажа пун стомак празни јајца ( извинете на изразот ) ама тоа добив за одговор како функционира машки мозок. Ако е вистина така би сакала еден ден да го имам да се одморам.
    Мојот пак маж сака да пазари. Кога одиме заедно само му велам ајде да си одиме, тој чекај ма да видам што има интересно. Во маркет со саати ќе седи да го пуштиш (facepalm):rofl:
    А тоа за физичкиот изглед и нивните коментари, дур се забавувавме еднаш добив таков коментар во стилот дебела си. Јас искрено тоа така го искулирав и само му реков да најубава на свет слатка како мед. И од тогаш крај на таквите коментари. Немам јас психа за нивните фрустрации искрено и не ме ни допре. Аааа лажам и уште еднаш добив коментар за стомакот. И на тоа само му реков, дааа магарето на зајакот му вика големи уши имаш.
    Сакаат да велат еее види го овој каква жена има :rofl: тоа гарантирам и потпишувам кај сакате.
    Нека ни се живи здрави, ние сме си ги избрале, ама и да бирам пак ми се чини со ист резултат ќе бидам. Само треба да се изнаоѓа компромис, да се премолчува тоа што може, да се разговара за тоа што не може да се премолчи. Никој не е совршен, тоа е ;)
     
    Последна измена: 14 мај 2024
    На Isabel, hello-kitty.90, Zumbulche и 8 други им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    16.288
    Пол:
    Женски
    Јас со маж ми обратниот "проблем" го имав и уште знае некогаш да пројаде трици. Ние двајцата заедно не тежиме 100кг, ама јас сум метро и жилет и со 48-50кг се осеќам прекрасно. Ама психички ме оптеретува со "јади, јади, јади, јади". И еднаш ко ми кажа "види на шо личеш" ууууууууууух партал го направив. Од тогаш му нема текнато да ми каже слаба си, ваква си, онаква си, пошо тој метро и 80 со 60кг мене нашол да ми збори (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)

    Е сеа чекам уште да престане да ме "поканува" на јадење или да ми дава дозвола. Жими се така звучи некогаш неговото "ај сеа седни да јадеш" :whew:
     
    На Isabel, hello-kitty.90, Tea SK и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Мене најчудно ми беше, во кратки црти ќе објаснам, видов едно видео, една жена објаснува како се возела со маж и', овој си гледал така во далечина, она му рекла "што размислуваш?" тој и рекол "ништо" и она пак упорна демек "кога ќе затворам уста, мозокот уште повеќе ми мисли, кажи ми што ти се врти во глава" и овој и рекол "вистина баш ништо, изгасен ми е мозокот", она шокирана, појма немам како изгледа тоа, мене мозокот нонстоп ми работи. :rofl::rofl:
    Му кажувам на мм, овој ми вика "па, да, кога не сакам да мислам ништо, можам да гледам во ѕидов и ништо да не мислам". Како е можно?
    Затоа им е полесно од нас и не можат да не' разберат.
    Кај мене мм знае се да фати да прави (не често) знае и дете да земе да чува, кога оди негде да работи си го зема со него, пример јас на работа, тој дома, не им го остава стално на "мама и тато", туку си го зема со него. На фризер си одат заедно обавезно секој месец. Е што свекрва ми еве веќе после 5 години сеуште не го смета син и' за способен да си гледа дете и тоа и е смешно, чудно и неправилно, тоа е друга работа. Отрпнав веќе од таа затупеност и некои размислувања од пред 2 века.
    За расправии, ние имаме редовни. За се и сешто. Скоро секој втор ден си урламе за нешто. Ама не можам да ги наречам баш она расправии, по два три збора ќе си префрлиме, после 5 минути на старо. Е кога имаме големи расправии, јас знам и со денови да не му зборам, да сфати дека ми згрешил. И тогаш се труди и да ми збори и да е нежен и мил.:rofl:
    За пазарења, ние имаме 2 пати месечно одприлика големи пазарења кај што си одиме сите 3ца заедно, друго ситници купуваме, кој како стигне. Инаку скоро сегде кај што можеме, сегде одиме заедно, уште во вц не сме биле сите 3ца истовремено.(facepalm)
    За физички изглед и јас сум била доста во плус, од стално имам меше и спојлерче, исто и тој. Е последнава година сме си двајцата во фит форма, не ептен, ама најзгодни до сега сме. Не ми коментира негативно физички изглед, ни јас него, ама не дека не ми е мило што е доста ослабен и се грижи за себе.
    Меѓудругото многу си го сакам (не дека одсабајле не ме напна, ама помина) :inlove:
     
    На Isabel, Skyler81, Leanne и 13 други им се допаѓа ова.