Хаха кај нас е обратно. Прави список ( физички, на ливче ) за маркет, и секогаш го заборава. Абе добро викам како еднаш не ти текна да направиш дигитален, на телефонот. Ама и тогаш знам дека ќе заборави да го отвори списокот кога ќе стигне во продавница. И кога оди во продавница, купува глупости, ќе купи се освен тоа што треба. Ќе го пратам по банани и јајца, ќе дојде со средство за чистење ( бидејќи било на акција ) и батерии.
На Велигден бевме излезени и нормално се дотерав тесен комбилизон од Сарита штикла, нашминкана испеглана косата добив коментар од мм вечерта дека некои помали чупиња (мислеше на тие што немале родено) можеле вода да ми носат (нели така се вели) мислеше на физички изглед, многу убаво ми дојде коментарот. Искрено и јас си се бендисав, дома само по хеланки и стари, широки блузи добро ми дојде промена. Иначе за само критики, ми смета стомак, сакам да си вратам и газ кој замина со доењево, се надевам ќе си се врати понатаму оти ова не сум јас не дека немам ама не е тоа што беше после второво дете. Ама жена како жена, никош не сме задоволни со себе, па на крај велам само да сме здрави и живи, физички изглед се менува само здравјето да не служи... Кај нас исто маж пазари, се со список, некој пиша погоре, ако заборави нешто се враќа, не се буни Вклучен е во се, чување, преслекување, капење деца, буквално се, не можам да се пожалам за ништо моментално. Вчера прваче запишавме, кога ни порасна за на школо да оди како лета времево. Ќе биди јако септември, тој прваче, малото годиначе кое што ќе учи да оди хахаха страв ме фаќа ама здравје само се ќе си дојди само
Здравоо! Да ви кажам прегорена сум. Ни остана уште 4 тури да однесеме и да се преселиме, а намештајот останува во четврток. Следна недела одиме за Македонија и ќе одморам два месеци. Знам дека нема ништо да правам, ќе читам, ќе учам и со децава ќе се занимавам. Кога идам кај свекрва една чаша не ми дозволува да дигнам, исто и кај мајка ми така да знам дека ќе одморам фино. Читав што сте пишувале и имам многу разбирање од страна на сопругот. Патува секој ден по два саати за на работа, саат на идење, саат на враќање. Кога ќе дојде дома, ќе се пресоблече и одма со големата си игра, па и става вечера и ја бања. Потоа ја легнува да спие и се што треба да се среди по дома што останало дали во кујна, играчки или слично се тоа средува. Спрема доручекот за во градинка дали палачинки, мафини, пити ќе и направи и после тоа седнува да одмори. Кога ми е тешко, до самото тоа што сум дома затворена, секогаш разговараме и ме тера да одам да се запишам нешто, да идам со пријателки на кафе и многу голема поддршка ми е. Ми фали многу да работам, да излезам од дома. Ама си ветив себе си како што се посветив на првото, такс и на второто ќе се посветам да порасне малце и после ќе мислам за работа. Сега на ова што го учам и сум фокусирана ќе ми овозможи и од дома да работам што ептем ме радува и едвај чекам да завршам.
@macka91 , твојов dream husband спрема нашиве Не дека не знае да изненади мојов ама ретко е тоа. Туку, дали чувате документи од бременоста, од прегледи од дете. Цели папки и фиоки имам од позитивен тест, па наваму, што ми давала матичната, па од Цтг, па од чуда. Па од бебе, крвни слики, прегледи од ортопед, педијатар и веќе пренатрупано ми е со глупости буквално. Нели освен стандардните изводи, пасоши, здравствени легитимации.
Другарките стално ме зезаја дека сум го зела последниот добар дечко на планетава. Многу е внимателен и некогаш ме нервира што во сите гледа да најде добро. На другото што си пишала само основото чувам, тоа што е потребно друго се фрлам. Опседната сум со организација па се што е вишок се фрла и се мора да биде по папки.
Предложи му да биде husband material couch и вие екстра парички и ние среќни да си ги фалиме мажите ко тебе, на обуки ќе ги запишеме кај твојот Се пресмеав за списокот погоре, мојов еден список што го има напишано во живот, го нема однесено во маркет со него Душичка ми е, среќа па 10+ години се помирив каков трактор е па веќе не се потресувам многу. Освен за детето кога не реагира и мора да му нацртам. А прејако е што во мајчински муабети си оправаме за мажите, да не речам за најголемите деца наши
Е, се заборавив за пазарењето. Мојов купува се што ќе види и тоа што треба и сите 472992 акции во маркет. Претплатен е на Фб на сите страни од маркетите и секој ден чека понуда и анализира што има. Што бо се рекло главните разговори по дома ни се акциите во маркет.
Свекрва ми ми го прати пред некој ден. Му давам идеи разни и за деца за занимавање да снима видеа ама не сака да ме слуша. Има другар што доби дете, мојов беше запрепастен што не знаел деугар му да менува пелени и што не правел ништо за детето. За пазарење сака да иде сам, затоа што ја застанувам пред се што треба и не треба по пола саат. Знае горе доле што купуваме за дома и само список треба да направам што фали дома, а секогаш се враќа со нешто плус.
Поднесов документи за големото за нижо музичко.... И сеа ми се плаче ми се рика. Тој што требаше не е тука да го поддржи и да му се радува. Куцам и рикам, е до толку. А на работа сум. Ми порасна тој премногу. Е сеа имам нова тема, доста ги ругавме, не дека не заслужиле туку дај кажете кога им ги објаснивте опа цупа муабетите на децава? Вчера бате го прашал тате како сме се пареле ние за да се родат они?! 8 наполни пред 1м. Гледаше емисија за животни и они се пареа, јас го успивав брат му и не можев да следам што гледа, си мислев Нет Гео Вајлд гледа што може да е опасно и оп, му го поставил прашањето на тате. И како да му објаснам? Му реков дека мора да размислам за да му објаснам најубаво. Мислам дека не ја утнав.
Гледам сте пишувале за мажите, сите ве прочитав некои ме насмејаа Мојот луѓе е поголема домаќинка од мене, ама само тука на форумот признавам на него уште не сум Сака нонстоп дома да е средено, се нервира што е расфрлано. Ако има 2 чинии во судопер одма ги мие, нонстоп сипува пресипува во соларчињата да бидат полни. Додека јас трошам додека има од сите Зема вклучува машина за алишта, ги закачува, мести кревет. Сега како што сум бремена не ми дава ништо потешко да сработам. Претходно јас го бањав детето, сега и тоа е на него. Прави јадење за дете за нас кога јас не сум постигннала или можела. Смука со правосмукалка, чисти купатило подобро и од мене Да напоменам оди на работа и се враќа и полн е со енергија, никогаш го немам слушнато дека се чувствува уморно од работа дека му треба одмор. Го зема синот и цело време или шетаат, возат велосипед, играат топка и сите активности што му ги задава малото ѕвере. Кое патем е исто како него и само сакаат да лутаат, да не се дома. Скроз сме различни, некогаш велам ти си син на мајка ми која исто е опседната цел живот се' дома да биде на место. Дури едно време ме нервираше премногу бидејќи сака се да е цакум-пакум. Му велев ти имаш проблем, сакаш куќата да изгледа како никој да не живее во неа. Во маркет е секој ден, на враќање оди обавезно. Ако требаат две работи, тој ќе купи десет. Што треба и што не треба, ќе се најде нели. Една познаничка ми велеше браво, јас мојот ќе го пратам за леб и тој стрикно само леб зема и си излегува. Некогаш се прашувам како го заслужив овој маж Само нека ми биде жив и здрав
Мојава е пиле уште, ама вујна ми баш директно им објасни јас кога бев трудна. Тогаш ги заинтересира како јас имам бебе во меше и како се прават бебињата. И ги седна и двајцата, бебиња се прават со сексуални односи за кои шо вие сте мали сеуште ама кога ќе почнете да излегувате со девојки, ќе го направиме пак муабетот. И тука имаше подпрашања на кои шо вујна не заобиколуваше со одговори. И им објасни дека надвор не се збори за тоа гласно, се што ги интересира си прашуваат дома и така. 13 години се сега инаку, тоа беше на 10. Јас ко ја слушав мислев на децава трауми ќе им створи ама не, арни се.
Мојот не пазари. Јас цел живот пазарам ама оти сакам, тоа ми е хоби Мислам не дека не пазари воопшто ако го пратам по нешто ќе купи, некогаш знае да изненади со пазар ама у глобала јас пазарам. Во Лондон сама пазарев, туку со бебе пазарам, ако сум многу натоварена го викам да дојде да помогне и така. Од помош обично попладне го зема бебе и некогаш знае и 4-5 саата да се загуби со него некаде. Бањање, некогаш го храни се прави ако му се каже, а мене ме нервира да кажувам па си терам се сама и на крај друг ми е крив што го научив дека за се сум способна сама.
Не сме дошле уште во таква ситуација ама мислам да се објасни како што е процесот без многу детали. Знам не сум од помош.
Хехе,јако прашање. Мојата е 3 год и 3 месеци,пред некој ден ме праша: Мама,бебињата кај тебе во меше како никнаа?
Мојот маж не пазари затоа што јас сум болна по продавници и мислам дека ако не отидам по сите да видам што како е не сум пазарела добро додека бев бремена ептен при крај наредував на тие што работат по супермаркетите да ми товарат пакети вода во кола, да ми носат торби и ќе купев се оставав во кола во гаража мм да качи до горе. По дома знае да биде многу попедантен од мене, алишта никогаш не остава на кревет или соба. Секогаш се соблекува, дипли, дига или фрла за перење. Она што ми фали некогаш како помош од него е во кујната зошто освен да свари јајца и да прави тост не знае ништо друго, но па и јас сум доста гурман и сакам да си готвам, па така да речеме и во тоа не му наоѓам многу маана. Е некогаш ми смета е што знае да ми пререче си можела ова да средиш, или си можела ова да зачистиш, а јас тој ден хаос сум била и тогаш се потскаруваме. За изглед никогаш не ми наоѓал маани иако сум била +- 5 кг во овие години додека сме заедно, ама исто и тој воглавно кога ќе не погледнеш изгледаме фит зошто сме високи и се е распоредено хахха. Сега како бебе оди кај баба му, а јас работам од дома сакам и ќе се трудам се да е средено додека сум на работа и да зготвам и ручек
Немам идеа како да му објасниш и јас се прашувам како би кога ќе дојде моментот со таквите прашања. Нас тетин ни ни велеше од пластелин дека сме правени а брат ми и братучед ми го бркаа да му ги соблечат гаќите да видат кај се криел тој пластелин зошто од друга страна тетка ми отворено ни кажуваше за се како лекар во фамилијата. А мали деца ко мали деца, испомешано се во главата од две различни приказни и тоа беше резултатот
Истово прашање го добив на таа возраст одприлика. Ако некому му е од помош јас му го кажав следново: Тато и даде апче на мама и од тоа апче расте бебе во мешето. И не му објаснив точно од каде излегува, туку му ја покажав лузната од царскиот, му кажав докторот ме успа со инекција и ми го исече мешето, после те извади тебе и ме соши пак. И добив прашање дали боли? Му реков дека малце ме болело мешето и помина. И сега така си знае и така си има сфатено. Сеуште е мал, 5 годишен, ама ми е смешно кога ќе му викаат "мајка ти да ти купи бебе треба" и стално им одговара "бебе се раѓа, не се купува", последно на една жена што го пикаше носот кај што не и' е место, го напна буквално "мајка ти има пари да ти купи бебе? Кај ги чува мајка ти парите за бебе?" и малиов и' вика "не е тоа леб и зејтин, па да го купи". Гракнав да се смеам.
@LiquidLuna жено пробам да ти пишсм порака не бива, имаш забрана дај пиши ми да завршиме тој муабетот Еве кога сме кај мажите мојов денес ме извади од кожа. Значи отсабајле оазарев, чистев, усисав, алишта прострев, собрав, готвев, успат бебе хранење, пресоблакање носење у раце оти цело време се тегне по мене, јадевме јас набрзање и он стана од маса не ни раздигна и се оптегна на кревет, јас му викам сериозно? Вика е добро де не ми рече ќе ја раскренев масата Му велам ај пази го малце да мочам и го слушам плаче, си тресна глава во маса оти овој уште леже и го пази гледаајки у телефон. Е стварно значи од каде го најдов.