Јас лани бремена му кажував самата дека и тој така беше кај мене во мешето, дека го извадиле, му ја покажав раната од царскиот, после од ко се породив пак му објаснував, пак ја виде раната од ко ми оздрави, нејќев така да ја гледа неоздравена. Се му кажувам точно што и да ме праша. Пред година ме прашуваше оти сум мочала од газот, со мене во вц и ме гледаше, му кажав дека немам јас ку*е, женско сум, е добро што имаш? Му реков дун*е машките имаат тоа женските тоа. Сакам да знај се точно, не гледам срамота во тоа. Моментално е 5 год и 5 месеци, последно што ме праша и што ме растажи беше вака, пред спиење се обично овие прашања. Мамо јас ко ќе имам 100 години, ти колку ќе имаш? И мене солзи ми дојдоја, незнаев што да му речам, нејќам од сега за смрт да знае, не сум спремна и му реков 130 после имаше прашања Ко ќе умриме излегува чоече со крила и лета нагоре ова од цртани што има гледано. Па слични прашања, оти се вика Свети Никола, кај свети друго пресно Кај е Господ, кој е, оти на крст го закачиле, му објаснуваме ама како ќе кажиш, не сваќа, неможиш да објасниш.
Син ми,ќе полни 5. Насабајле кога станува му станува и тоа и го фаќа ми вика јас со ку*ето ли ќе сакам девојки? Му викам кој ти кажа така? Па никој,сам си знам. П.с ме фати неспремна,уште спиев.
Ме скокотка ку*ево Се правеше операција за спуштање на тестис и дека не го оставаме уште на некои нишалки и прашува на ова можи да се нишам? И му кажува на децата јас не треба на таа нишалка да седам оти ме праеја операција на мадето ми го спуштаја хахха од нас што не слуша. Децава прашалници
Леле ме пресмеа @Мариаа. Ние допрва ќе врвиме тоа време, искрено едвај чекам да си правам муабет со син ми А да се надоврзам. Внука ми, тете ти си женско? Велам да. А тетин машко, велам да. Значи тетин има ку*е, како тато, како деде? Велам да. Ама на деде е старо Децата се полни бисери, колку се невини души. Секогаш поставуваат такви оригинални прашања, да се чудиш од кај и идат идеите за тоа.
Добро утро добар ден, да мине денов да прекрши глупава недела. Пред сѐ, во моја одбрана, ич не сакам вакви балкан синдром муабети али денес мора да дојдам тука да се испукам од свекрвата. Не е ден, не е два, не е три, па да не ја напраам голема дома тука ќе истрескам по тастатура. Со сета почит, ама стварно не знам што не ѝ е јасно од “еве хип каша, во случај да не го сака готвеното“. И секогаш потенцирам „за ручек давај ако даваш, накај 13 часот“. Ок, Ок, Чао, Чао. Седнувам на работа, вклучувам компјутер, едвај саатипол минува, на месенџер слика ми се праќа “готовооо, ја изручкавмеее“ и слика од празна тегличка кашичка. А пред неполни два часа јадел овес со банана, просо со кајсија или ватевр. Еве, не знам што не и е јасно на жената, веќе денови денови вака ми прави. Шо не и е јасно од РУЧЕКОТ Е ОКОЛУ 13 ЧАСОТ. Таа му дава каша со месо во 10.30! Настрана тоа што го подлажува да отвора уста со смоки. Мајка ми да беше ќе спукав солидно, али тука не можам, а немам веќе пријатен и фин начин да кажам. Едвај чекам во градинка пак да го пратам! Ми нема поента муабетов, само како издувен вентил е постов.
И јас да се издувам. Куќата хаос, алишта насекаде, менував зимска со летна па за фрлање еден куп. Бебе спие мирно, заспа самиот кутриот немав мн време за него ама мило ми е што заспива сам во својот кревет. Времето никакво па денес за излегување тешко. Ај одам мајки да почнам со 300 на саат дур не се разбудил. Имајте убав ден
Ау за се ќе премолчам, ама за јадење и спиење не можам. Мојава вика дека не може да ги заспие никако и големиот го чуваше до доцна буден, ама малово само клапнува и сакала нејќела го успива. Инаку за јадење се држи строго, дури и ми се јавува ако нешто треба. Големиот е голем па знае да праша Што јадел да знам што да му дадам. Биди директна.
Не сфаќам зошто не можеш да и кажеш? Ако треба и ќе се скарам ама ќе се почитуваат мои правила за мое дете. Нека земе она нека јаде на секој пола саат. Ред што ти си се трудела да го ствараш со месеци, сега она ти се се*е врз него. Глупо звучи изразов ама баш е вака. Очигледно за неа твојот збор не важи и не се почитува и тоа е огромен проблем. Да си се испукаш врз неа, не на тастатура. Крај краева градинката си работи и носи си го. Дали денес или после 3 месеци пак ќе е болен, мрсулав итн. Поштеди си ги бар твоите нерви, жити се. Се изнервирав!
Не бараш совет ама ќе ти го дадам Ќе поврати, свесна е? Ако не е, објасни и го тоа ко на глупа. Баш буквално ко на глупа. Јас татко ми го имам отерано у к од тоа шо трча по нејзе цело време со храна. Разбирам дека не ти е тебе родител, ама тоа е твое дете.
Кажано е Бела, мал милион пати е кажано. Секој ден пред да заминам на работа истиот муабет го правам, се осеќам како во филмот Groundhog Day . Убаво се имам испукано, таа добро знае, мнооогу добро знае како јас знам да кажам. Ми мина лутината горедолу, барем за денес, решив да стиснам заби уште некое време па ќе праќам во градинка. И таму ќе имам нервози, не дека ќе нема, ама барем нема да ми се расклимуваат домашни односи, нема да се вперува прст кон некој од дома, ако има нешто недајбоже. И тоа го имам на ум, гледам да сум пообјективна околу сѐ оти утре и јас ќе бидам свекрва , па сакам да биде начисто со снашката дека сум со добра намера. Екстра директна сум. По директна не ни знам како да сум. Баш дури и маж ми го прашав денес, дај кажи ми дали лошо давам инструкции, кажувам ли нешто двосмислено. И така. Ич нејќам да се жалам вака. Крај краева не е лесно да се излезе на крај со 13 месечно бебе и сама да се грижи за него добри 9 саати, земајќи ги предвид и годините нејзини. И така. Како и да е, бев предупредена од другарки мајки дека сѐ што градат родители од рутини, бабите и дедовците рушат за поени, независно свои родители или на маж. Тој факт се заборава.
Значи колку шо сакам да можев да го доживеам тоа да запознаам барем свекрва, детето да ми има 2 пара баби и дедовци, толку од такт ме вадат вашите.
Абе нит без нив нит со нив е работата. Human relations е комплексна работа, а посебно односот снаа-свекрва.
@DaisyDoo Ако јаде сабајле доручек пробај да и оставиш ужинка и ручек. И да и кажеш во 10ипол дај ја ужинкава (пример шмукалка) а после тоа ручек. Ова чисто ко предлог може така ќе разбере
Мислам дека за 90% од бабите секое кенкање на бебето е од глад. И да остави оброци со таков распоред пак ќе го бута детето на кратки интервали. Мислам дека проблемот е што не почитува насоки и мисли дека има право сама да му одредува ред.
Апсолутно е тоа проблемот, ама Дејзи и самата кажа дека не сака да се расправа, па затоа ова ми текна како предлог што можеби ќе упали. Некогаш околностите и не дозволуваат баш да се каже се што се мисли, особено на дрзок начин ако сепак ти си таа на која и треба помош за чување дете и немаш друг избор.
Оставам на шанкот секако, дури еднаш напишав на стики ноутс пред секоја намирница која кога и која како бек ап ако не сака. Ни цртано не разбира или едноставно си тера нејзин терк намерно. Еве сега ми заѕвони, не ја сака леќата што да му давам, а пред еден саат ми праќа слика од скоро изедена кифличка. Ајде семоќниот трпение да ми дава уште малце.
Дејзи од искуство ти кажувам, не оставај, иста мака имав и јас и остана еве со дете што нон стоп нешто мкне бидејќи мајка ми така го научи, па некако јас балансирам, а да го оставам само ќе мкне да јаде бисквити, соленки, кроасани, не дека ќе ги јаде, ќе ги отвори и нема да ги помириса, туку едноставно навика. Некогаш грицка плазма, некогаш не, ама битно носи да јаде демек. Мајка ми до 3 му даваше по 8 оброци на малото, пред доручек, доручек, ужинки 2-3-4, ручек, ужинки, ужинки, ужинки... А кажано и беше, доручек, ужинка, ручек и толку. До кавги идело и не и не.