Не ти треба форма запче, срце сечеш и доле шпицот го делиш на пола и ги разделуваш и добиваш форма на запче. Е после одозгора цртањето е тешкото уствари, ама јас и на тоа најдов решение, си купувам фондан, си го бојам со бои и си сечам фондан од истите форми и си лепам само со вода обична мачкам на фонданот.
Valjda ke gi pogodam. Mislev samo beli da gi pravam so ajsing sum pravela domasen, ama arno vikas ke si zemam fondan. Mada ke prasam uste na nekoe mesto moze ke najdam za porano.
https://www.instagram.com/mini.cookie.skopje?igsh=MTdxY2w2cGRxaG56YQ== Јас од тука порачував ама гледам дека немаат објави подолго време..
Прашај ја девојкава мн е фина и услужлива јас други слатки сум земала ама имам гледано и путер колачиња https://www.instagram.com/sweets.cakery_and_bakery/?hl=en
Во Ла крем прашај. Многу се вкусни и слатки ги прават. https://www.instagram.com/lacreme.skopje?igsh=ZTF2MGo5c2trdWNw
Надвор од темата, ама каде купуваш фондан и боја за него? Пред некоја недела барав за торта на маж ми да направам и не најдов. Чисто да знам за следна прилика.
Купувам во прав на Долчела од големиве маркети и го месам, додавам боја за колачи, прехрамбена, која исто ја купувам од поголемите маркети.
Здраво мајки ТРИ вечери бебе спие од 9 до 6 сабајле, а погодете НЕ сме дома, во 6 цица и продолжува до 8 а јас седам и се чудам што се случува. Тера дремка во моментов, јас пијам кафе. Прв лет со авион - светлосни години подобар од тоа што замислував, бадијала се плашев, заспа уште не полетани, стана кога слетавме мајка пресреќна. Сега го шетаме, бебе е радосно и радознало узпат малку кенкаво зошо едната двојка излезе а другата кај и да е ке излезе, па дома ке се врати со 2 нови заба. Тестот за летово положен се надевам вака ке остане. Потешко јас се прилагодувам неголи он, воопшто не можам да функциониеам со времево што е променливо и врнежливо ама кафето ме држи во живот. Се изнакупував работи како ке се донесеме не знам Имајте убав ден
Добро неделно утро ♥️ Четвртиот скок ни е при крај се гледа светлина на крајот на тунелот Имаше многу лоши ноќи плачливи денови фала богу што некако почнува да се средува. Малата е се поинтересна,нови работи учи,почнува да се врти на меше па тоа е цел процес се мачи,не се дава,ќе одмори па пак од ново дете мое,како вчера да се роди Тешка пијавица е за мене не смеам да не бидам во иста просторија тоа се плачки тажења мислиш сум ја оставила на улица,само со мене еветуално некое време со татко и може да помине. Се топам кога ги гледам како се гушкаат, тој тргнува да ја баци таа отвара уста, затвара очи се мести за моментот Животот не е совршен,бракот не е , ни тој ни јас не сме, ама на крајот на денот сум пресреќна што создадовме во овие 4зида и за тоа вреди да се живее. Се полесно се надминува со љубов. Откако се роди малата физички можеби се одалечивме има денови кога не успеваме да се гушнеме,ама на некое повисоко ниво подлабоко емотивно се разбираме и надополнуваме. За неа вреди да се живее. Една друга убава вест за мене: Вратена килажа и форма на тело после пораѓај на стартна позиција пред бременост. Тоа е предноста на носење деноноќно на бебе во раце
Ехх Dennings додека стигнам јас да пишам ти си ме претркала. Исто прави и бебар со бацувањето, те чека со затворени оченца и најубава насмевка па после се врти и за образ "аааа" вика и те лигави Завчера успеа да се сврти на меше, треба вежбање сеуште, усовршување ама во живот не сум била погорда на некоја ситница Вчера цел ден на гости во дворче бебе уживање од едни на други раце го шетаа го смееја (се зареди 3 4 денови гости и оп дома господинот не сака да лежии сааам ) аааа мајмунче мало му се уарни, со мене пред тоа кревет, земја,количка, раце само за цицање и кратко гушкање па сега ржиме по дома додека не го земе некој и така веќе да си одиме јас застанувам до него викам ајде мама дојди (нели очекувам само да ме погледне и едното раче да го крене како секогаш) а тој кревање двете раце кон мене и цело тело го фрли inlove: леле топење. Си растат брзо, аххх лета време ама секој ден е сè побогат поубав со него.
Што пие кафана?! Цицо мој се одби конечно! 17м беше и повеќе од доволно, доби од мене многу време поминато на цице, многу љубов и многу посветено време само на нас двајца. Ми недостига тоа ужасно, ама мора да се одвикнеме додека не станала зависноста и поголема. Сега спиењето ни е малку мачно, потешко оди, ама ќе видиме, има надеж дека ќе успееме да се доведеме до континуиран сон без будење за мазо мазо, тоа реално и не беше цицање. Мајка ми да е жива и здрава, колку и да беше лоша, терсене, напорна, тврдоглава, за еден викенд го одбивам благодарение на неа, го оставив да преспива со неа. Е денес дојде редот да го заспијам и сама, еве го спие скоро 2 часа и не мрда, инаку досега ќе станеше најмалку еднаш да цицне, и синоќа не станал. Што се тиче ноќите дур бебе се успива и спие со баба, мајкава и татково ги исправаат грешките што ги правеа, се посветивме малку на себе овие 2 вечери, искачанки како во старите времиња, пивце, музиче и фин ѕенѕ, не сме знаеле дека толку ни е на душа Џајковски електронска музика, се изнаигравме синоќа. Останавме надвор до 2, дома до 3ипол ноќни спортови на бели чаршафи и кома до сабајле, не мрднав. Ете така, кога се има желба се може. Туку сам свој мајстор бојата на косата ми е благо ужасна, сок од морков боја, ама фризерот ми е на боледување и се зезнав. Сега ќе се оправаме до сабота, ќе ја мијам, ќе прскам нешто, што ќе праам ќе видиме, само да падне малку бојата, во сабота свадба со фин народ имам, додуша мислам дека ќе ми стои со јака шминка и фустанот, ама ќе видиме. Се фино со овој продолжен викенд, ама зошто трае толку малку, буквално дур трепнеш поминува. Убав остаток од денов недела мајки!
И мојов 20 м. Сам се одби,иде друго бебе па барем летово да бидам малце раат А за спиење од кога престана да цица ја преспива цела ноќ иначе стануваше само за на цицка А да прашам млекото само ќе снема ? Од едната немам ич,од другата по некоја капка
Јас немав таква среќа да се одбие сам, морав малку по агресивно, налост. Инаку намаливме скроз подои, на почеток цицаше сабајле пред градинка и за спиење, па после само за спиење и еве и тоа решивме. Е како намалив подои така и млекото изгледа се намали и сега чекам да престане скроз, не пијам ништо, не се стегам, едноставно не цица веќе полни 48 саата и немам проблем. Со првото откако престанав да молзам уште неколку месеци имаше по некоја капка.
Леле браво и ти успеа да го одбиеш. Само јас се плашам Ама мојава наместо да намалува почна да бара се повеќе и повеќе. За се нешто тснтруми прави, како во џеб да и се солзите. А како ќе биде кога нема млеко да добие, никако да се решам ама не плаши заспивањето и сега многу тешко заспива а без цицање како ли ќе биде ..
Ако не отидев кај мајка викендов и јас немаше да го одбијам. Едноставно не гледав начин. Исто и мојов, мислиш на криво ако го погледнеш и толку.
Добро утро мамасити. Овој викенд беше бурен и весел. Во саботата правевме крштевка и прв роденден на синко. Инаку по датум му беше вчера. Готово наполнивме годинка, прелета цела годинка како ништо. Како брзо си тече времето тоа е чудо, а се уште се сеќавам на се кога се породив, како да беше вчера, а не пред една година. Декорацијата си ја правевме сами и ни беше успешна, ама беше се во трчење, зошто нормално мора некој да закасни од домашните помагачи. Ама добро се среди и стигнавме на време в црква. Давид беше супер, малку закенка во моментот попот кога почна со кандилото, кој знај што си помисли дете, што ли прави овој па мавта со ова . После поспа малку, па ајде во ресторант. Имавме 50 гости плус деца. Музиче рок бенд кој направи преубава атмосфера, сите задоволни, се изнагравме. Децата се изнатрчаа и ја растурија декорацијата и се изнаигра со балоните. Ама ако успеавме да се сликаме. Давид и тука беше супер, кај сите одеше, мама со полно срце и уживаше и играше и си ги испочитува сите гости. Дојде момент торта, синко одушевен од огнометите, и изненадување имавме маскота слонче. Тоа беа радости. Имавме и детско шампањско, и како тато држи чаша, синко брцање цела рака внатре , пресладок Значи сега си ги сумирам импресиите пишувајќи овде. Ништо не би менувала. Се помина поубаво и од очекуваното. Бебето не ми е повеќе бебе Душа мајкина, фала што ме одбра мене и тато за родители и што ни го разубави животот. Ајде повелете на торта, преубава и превкусна. П.с. еве сличе од декорацијата ( може да развивам бизнис а )