Добро утро, ајде нека е мирна неделата и брзо да мине Имам некоја мака, грижа на совест па да си се искажам тука, знам дека не е за совети темава, ама за утеха и tap on the shoulder можда е? Ама прво, Среќен прв роденден на Давид @Ceneva, да ви е жив, здрав прво и основно, другото само ќе си дојде. Преубави декорации, мајка и тортата прекрасна, алал да ви е мислам дека те прочитав сами сте си декорирале, браво. На грижата на совест да се вратам, може и ќе наидам на критики ама it is what it is. Пред месец дена плус минус запишав теретана. Полека, полека се ушемувам, приметувам и разлика кај себе психофизичка. Одам на работа од 9 до 5 и на теретана одам од 5, до кај 18.30 ме фаќа да сум дома. Сите тие саати мене син ми не ме гледа. Најпрвин лежев на тоа уво, среќна мама, среќно бебе, ама веќе почнав да се осеќам лошо. Не оди на градинка, го чуваат бабите. Пред некое време се случи една членка да пише за мислење овде, дали да запише аеробик чинам, баш од истата причина, грижа на совест, и јас бев првата што и реплицирав да оди и гајле да нема. Сега сум во слична ситуација, можеби и 'полоша' оти одам директно после работа. Ме нема повеќе од 10 часа дома. Во небрано сум, теретаната сфатив дека многу ми пријае и е можеби единствното нешто што го правам за себе за да се чувствувам убаво во своја кожа, значи буквално едвај чекам да идам, нешто што не ми се случило со ниедна друга физичка активност. Од друга страна се осеќам лошо и сум на раб да се откажам ради детето. Веќе е во фаза кога разбира дека го напуштаат, секое одење на работа наутро е стресно и за мене и за него, плаче, се треска, се џитка наназад, иде, се лепи за мене за нозете, ме гушка... Ми го крши срцето сето тоа... Си велам да не не поради тоа што ме гледа поретко, воедно и цица поретко? Уште кога ќе ја види баба му на врата почнува да вреска и знае дека ќе биде оставен. Бев ладнокрвна кога одев на работа и кога не правеше вака, лесно го поднесов и тргнувањето на работа и јас и тој, ама ова е веќе друго. Дали е фаза, дали јас сум крива, еве не знам... Постов хаос. У главава уште повеќе. Не знам што барам од вас, само барем на глас да си ја кажам маката. Ај наздравје
@DaisyDoo фала мила. Да да декорацијата со балони сами си ја правевме. Премногу пари бараат за тоа, а мене ме кошташе 20 евра А плус и меракот сама да декорирам за првиот роденден нема цена Инаку не знам како е да го оставиш толку време. Ама и на два саата кога го оставам ми е тешко. Набрзо и јас треба да почнам на работа и да оди синко во градинка. Ама едноставно мора така. Јас сакам да почнам, мислам дека ќе побудалам веќе дома. А од друга страна ми се стега душата за него. Ќе навикне со тек на време, мора да се помине и таа фаза, тоа е. Наздравје кафе и убав ден
Мајка, а зошто не смениш термин во теретана? Бебе сигурно заспива порано, запиши се во вечерен термин кога ќе спие и сите среќни.
Истото сакав да пишам. Или ако не работиш во викенд, размисли за опцијата да одиш тие два дена во тератана наместо два работни дена.
Не работи теретаната во недела, а за сабота не е проблем. Малото ми заспива околу 21 часот во последно време, некогаш и околу 20. Пробав да одам и откако ќе заспие, ама преизморена се чувствував, денот ме отепал, а јас треба да извежбам. Фијаско беше тренингот и првиот и вториот пат. Можда е ствар навика, не знам.
Ај и оваа мајка да се пофали тука. И кај мене бејби не цица еве веќе 3ти ден. Ноќта ми светна во глава, плус тоа се тргна сам од цице и си легна на креветче и така си заспа и си викам сега или никогаш. Топ тераме, првата вечер имаше мноогу малку плачки и стана само 3пати од кои само едниот плачеше за цице, а ноќеска стана дури 2 пати, ДВА ПАТИ (што не се случило од роџење, никогаш не бил испид 3-4пати), и без проблем еднаш со галење и еднаш во раце си презаспа. Колку и да се силеше мајкава, сега кога веќе завршив со доење засекогаш, толку сум емотивна и ми е жалче, па како ми се навраќаат моментите на галење на цице и гледање право во очи со тие најмили очиња… уште преку ден знае да дојде и да сака да го земам и да цица, ама одма стануваме и одвлекувам внимание со нешто и ќе заборави. И додека сме кај одбивање, што се правеше нешто друго, вчера нема мака ама денес ме болат многу, не можам ни да се наведнам од болка. Си направив чај од жалфија и тоа ќе мцкам цел ден
@DaisyDoo, јас пак со обратна приказна од тебе. Од старт бебе оди кај сите, седи со сите, додека бев дома генерално јас си ја чував поврзана со мене во главно. Кога тргнав на работа, почна и во градинка, почнаа разболувања, почна да седи дома со баби и дедовци и на крај на денот јас испаднав личност што ја носи во градинка, ја носи на доктор, прави инхалации, чисти нос и слично. Во тие 3-4 часа кога ќе си дојдам од работа што побрзо, ручек/вечера, бањање, малку да поиграме, успивање и слично. Додека баби и дедовци се тие што ја носат во парк, ја носат на шетање, во маркет и не знам каде не. Тие се тие што смислуваат игри... Е сега имаме ситуации каде што само ќе ме погледне или ќе ме гушне и плачи по баби за играње. Така да нова политика. За мене секако се простив од времето и задоволствата, ама максимум времето после работа посветено на неа. Ако треба за вечера земам или готов оброк, или кифличка, мафин, мало јогуртче што и да е, количката со нас и во парк. Неколку км ќе испешачам и јас плус 1,5-2 часа ќе поминеме со неа надвор. Ова кога дозволуваат условите. За дома одредив дел од кујната каде што може да бои, да игра со вода, да не прави лом, ако веќе не можеме да сме во двор. Кај мене веројатно е поголема од твоето така да и тоа има влијание веќе да разликува кој за што е ама верувај игнорирањето кон мене ме погоди баш.
Намали одење во теретана на 2 пати преку недела и 1 за викенд, тоа е. Јас немам ваков луксуз и затоа дома вежбам. Прееска заедно вежбавме, јас чучнувам он чучнува и така извежбавме 40мин. И јаре и паре нема.
Истото што и @AngelOfArh ти го пиша, сакав да го пишам. Јас немам ден вежбано во теретана, ама затоа дома вежбам 5 дена, не стално, некогаш и 3, ама се трудам. За да не го запоставам вежбам кога не сум преморена, навечер кога ќе заспие. Навика е. Пола саат, 20 мин, колку можеш толку. Битно си извежбала. Купи си тегчиња, ластици, ако немаш и пробај. Некогаш е доволно да направиш 3 серии од по 3/4 вежби.
Не знам колку често одиш, 3 пати е доволно, тоа се 3-4 саати неделно, проблем ти е работата од 9 до 5, не теретаната. Шала на страна. Јас одам од сабајле, легнувам кај 10, во 6 станувам, таму сум најкасно 6ипол, ако имам време се враќам дома се средувам, ако не се туширам таму и пред 8 сум на работа. Не си скратувај теретана, реорганизирај си го времето. Ај сега да прашам за "песничката" на прстите од раката, како одеше? Мислам на онаа, ова прсте вели ми се јаде, ова вели што ќе јадеме итн. Сум ја заборавила.
Палчето рекло "мене ми се јаде", тоа до него рекло "а што ќе јадеме?", средното прсте рекло "Што дал Господ", четвртото рекло "ќе крадеме и ќе јадеме", најмалото рекло "јас ќе ве кажам", сите му рекле "ќути прсте поткажувалче и тебе ќе ти дадеме". Јас вака ја знам од мала. Можда има и други верзии.
Гледам барем 3 пати да одам, иако искрено не знам каква разлика би правело толку ретко, барем во врска со мојата цел. Од сите опции ми останува да пробам откако синчето ќе заспие некаде околу 8-9 вечер да одам. Значи многу сакам, ваков интерес не сум пројавила и не ми се испушта приликата ама ич. @AngelOfArh @Mnik алал да ви е штом дома наоѓате мотивација. Тегчиња имам, ластици имам ама немам со кој да се такмичам. ќе ме замрзи, ќе нема кој да ме подбутни. Си треба посебен карактер ваљда. Како и да е, ќе го пробам секој начин, се осеќам како да си должам тајм фор мајселф, луѓе не сум си дала, едни нокти неам напраено добри 10 години. Немам отидено да се чупам во салон ниеднаш во живот, сега и ова ако не си го дадам, ако не успеам да се организирам, ќе си се пцујам. Настрана што веќе осеќам осудувачки погледи од тетки, стринки, нани за тоа колку сум немајка. @Miss_S ти ја сфаќам поентата, мајка. И мене би ме болело да му бидам втора опција ама и искрено очекувам да е така во иднина. Бабите, дедовците, чичковци прават сѐ за да привлечат внимание, да бидат интересни и дали на година, дали на три, ќе им упали. Неполни 14 месеци е моево, ама еве го гледам почнува да преферира ликови.
Дур не ти се пререкува и дур не осетиш дека некој/а дедо/баба сака да доминира и да те "замени" во животот на твоето бебе, терај. Јас твојов "луксуз" не можам да си го дозволам од посесивни и неизживеани баба и дедо. Затоа наоѓам мотивација дома. Башка потсмевањето демек "хах дома вежба, хах си мислиш така се слабее" од луѓе што не знаат дека баш така се слабее, ми се мотивација. Тоа ти е. Најди начин најдобар за тебе и терај. Кучиња што лаат, стално ќе има, што и да правиш.
Знам дека не побара совет, ама јас непобарано ќе ти речам да продолжиш во теретана и да не чувствуваш веќе грижа на совест кога нема за што. По еден час си одвојуваш за свое психофизичко здравје и зарем тоа е многу? Ако тргнеме така да си кратиме од себе до каде ќе стигнеме... Јас ова го зборувам како паталец, бидејќи до првиот роденден на ќерка ми јас бев хаос - од дома немав излезено, се имав запуштено физички, постојано бев уморна и исцрпена, немав време за ништо, посебно кога се вратив на работа ми беше пренапорно, што кога се разболев зимово си реков леле конечно успеав да полежам. И тоа малку слободно време што го имав јас плачев, затоа што животот ми беше хаос. А тоа дека јас бев хаос. Откако се фокусирав на себе и се средив самата тогаш и животот ми се нареди. Зошто како мајки имаме грижа на совест за нашите задоволства? Не ни следува? А не ми се допаѓа ни тоа дека мора од нешто самите да се лишуваме и најбазични работи да бидат луксуз. Јас направив најпаметна одлука што си запишав курс што со години сакав да го слушам, за тие часови два пати неделно мажот ми прави дополнителен напор и ми овозможува јас да ги слушам, иако сум дома пак не сум активно ангажирана околу детето тоа време. Јас за возврат му овозможувам на мажот ми да оди на пливање за и тој да може да се релаксира. Сами сме, имаме премногу работа ама мора и времето за себе да се најде на агенда, без разлика што подразбираме под тоа. И како мајки се што правиме, правиме за нашите деца, па дури и кога се грижиме за себе.
Ова е побитно од мислењето на другите, ти како се осеќаш. Обрати внимание на себе и своите чувства, без надворешните дистракции. Дали тебе ти е вака океј? Зошто се чувствуваш лошо? Поради тоа како другите те гледаат, или поради тоа што ти сама се чувствуваш дека не поминуваш доволно време со детето? Само ти си го знаеш одговорот на овие прашања и можеш да си одлучиш како понатаму.
Оваа мајка дојде да се исповеда. Јас немам сили !!!! Кажете ми од кај да најдам ве молам?! Не сум добра психички. Ке забегам жими се. Мм е од утро до мрак на работа . Сама со тодлер дома. Утепана од работа после 16 ,имам грижа на совест што не можам да и посветам внимание од што сум крш. Ми се плаче и вришти на цел глас. Како да си помогнам ? Вчера спиев од 7 до 7 . Џабе !!!! Пак сум преуморна.
Надвор во парк. Само тоа ме спасува кога сум крш. Среќа ептен ни е блиску па пеш одиме на околу пола саат пред спиење зашто и нема време повеќе додека да направам вечера и да јаде па излегуваме. Ем дете изморено заспива одма, ем јас сум подобра од воздухот па имам сила да спотерам обврските дома и да пивнам едно пивце со мм
Направи си кафе во термос искочете надвор и играјте си во парк.. и маж ти да посвети време, не може од утро до мрак работа, ќе најде начин за да посвети внимание на детето и крај.
Она е сега во некој таков период ,кај што сака надвор ама не знае да игра. Само глупости праи. Јаде трева,јаде лисја, се оддалечува од мене и не врти глава. Знам период е ,ама претешко е . Нека ги чува господ а и нас со нив. И нека ни дава сила малку повеќе. Маж ми,му кажав мора слободно да земе некој ден зашто вака не бива .
И ја траска главата од земја узпат. Мој бебо има 9++ месеци и потешко од сега не ми било искрено, се сака а ништо не може сам и само ржи и писка. Само трпение да помине овој период па ке биде полесно Дома сме, што се случи за недела дена во германија: - спиеше по цела ноќ со едно будење во 6 за цице и перодолжуваше до 8 - поубави дремки немал и тоа во КОЛА пошо секогаш темпиравме на прва дремка да тргнеме на шетање кај што сакаме, а и кога бевме дома пак си спиеше топ - кажа баба и сега само "бабабабаба" прави - направи 5 чекори САМ, еве шро се случи: јас местам алишта да го бањам он седнат на земја и на пет чекори од него кеса што сме купувале, се крена на нозе на креветот и се сврте на кај кесата на два пати се подаде и третиот тргна одеше ко патка стаса до кесата седна на газ и ја зема жив среќен. Јас у шок не верувам што видов, 5 пати после тоа му ја ставив на истото место не се обиде пак