1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Ќе се научи да не јаде трева и камчиња, ние секој ден кога е убаво сме надвор и одамна се научи. Ако, она се оддалечува ти одиш по неа, нека истражува а ти ќе ја пазиш. Мислам дека сме слична возраст и баш како муви без глава се. Ама ќе се измори и дома ќе касне нешто, бањање и 8 во кревет и јас одмарам после.
    Земи нешто за ужинка па ќе седнете малку, па земи некоја играчка, ние носиме кофички лопатки за во песок, топка, сапуница за балончиња. Сѐ во количката ставам во гепек и ја паркираме па трчаме низ цел парк си играме додека се умори.
    Ама и татковците имаат одговорност, не ми е мислењево конкретно за тебе, туку општо. Кога ги гледам какви се заедно, или син ми кога "се јавува" од мојот телефон на тато да дојде.. мислам дека многу има да научи од него и сакам да си останат блиски.
     
    На Coco31, IRBBB, Skyler и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    7.262
    Пол:
    Женски
    Мм многу е близок со неа и многу ја шета и ја тинтари ,ама ете таков е периодот ,цело време е на работа
     
    На Carolin. и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.039
    Допаѓања:
    97.065
    Пол:
    Женски
    Провери си хемоглобин за ова и тироидна. Прво тоа, после дај си оддишка во смисол и да не е зготвено и да не е исчистено и да не е собрано, не е никаков проблем. Јас доаѓам од работа, имаме ручек или не одмарам малку, јадеме и пак одмарам па искачаме или не сеедно, собирам играчки, алишта, пуштам машини навечер после откако ќе заспие. Не си ставај преголеми таскови зошто уште толку ќе те утепа тоа. Искачај надвор, седни на клупа нека игра, јаде земја, нека јаде де, трева кине јаде, глеј само да не е отровна, лиже камења, не чини ама глеј да не го голтне... Колку повеќе им забрануваме толку повеќе го прават тоа што им е забрането. Некни мојот се налапа земја од саксија и тоа со шталско ѓубриво, сфати дека е бљак и не проба повеќе. Го измив, му здробив пола јаглен со малку банана, го голтна и раат. Се оддалечува и мојот во спротивен правец или застанува не мрда, ја чекам или одам по него, рутата не води до некаде по негово, од таму натака го враќам или одиме во друг правец. Деца се, не разбираат, можеш и на глава да застанеш, тоа е. Мојот вчера сакаше да стисне во раце маче, упорен, он да го земе и да го гушка, вика писка Гуш мате, нано мате, го земав мачето во раце, со мојата рака ја фатив неговата да го погалиме и откако сфати како го оставив сам, после дома на миење раце и толку. Ако сме надвор имам секогаш во ранче влажни антибактериски и обични, бришам детално ако немам услови да мијам и толку. Не си ја мачи главата со нервози зошто ништо не можеш да постигнеш со забрани, напротив тоа ќе го прави па колку год да му забрануваш. Моето вчера изеде еден тон цреши и на крај веќе зема сам да ги јаде сосе семки и црви барабар, немав начин да му забранам, ќе не слушавте по вести како се дерел, нека јаде, јас јадам цреши сосе семкии цел живот, му дадов вода, до вечерта се искака пуна пелена семки и тоа е. Некогаш твоето психичко здравје е поважно, не само за тебе, туку и за мирно дете. Мене големиот што има 8г па ме вади од такт, вчера му дале 500ден во школо да ми ги даде за екскурзија и мртов ладен не знаеше кај се, сабајлево одам да ги побараме и не знае, едноставно ги нема, му реков смирено, до крај на школска година нема гејмање, нема видеа на јутјуб колку сака нека се едукативни, малку да си го собере мозокот, па ќе размислиме. Јас парите ги најдов отпосле и му реков, казната останува за да се освести малку, не смее да дозволи да биде толку расеан не е веќе бебе. Мора да ги опаметиме малку, не можат да се до толку тралалајки, се сложивме со мајката на девојчето што му ги дало парите, бидејќи првично требало да не му ги даде нему туку мене, а она не ме почекала нему му ги дала. Не е криво девојчето, мојот е крив, ама ете за памет и двајцата ќе добијат казна малку.
     
    На hello-kitty.90, Coco31, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  4. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Женски
    Бравоо генерацијо.
    Едвај чекам да го видам и јас тоа. Дали претходно почна да стои самостојно без да се држи?
    Гледам овој мојов пробува да држи играчки во двете раце ама брзо му текнува и пак ќе се потпре со една рака на креветот.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    16.181
    Пол:
    Женски

    Он се крева на се што може да дофати и да се потпре, по кревет оди со една рака се држи што велиш и на пример ке се пушти да стои сам ама за кратко пак ке се потпре со едно раче, и ова го правеше во последниве 2 недели интензивно ваљда така вежба да е стабилен. Ама мноогу му се израдував, како патче одеше а јас во шок што се случува.
    Ептен му се радувам пошо ни сме го паткале ни сме го ставале да оди демек туку сам од себе почна да се крева прво на кревет после на земја и сега не седи на газ ни секунда освен ако нема нешто во близина да се поткрене па да почне оди до таа точка за да се крене на нозе
     
    На Giiirl23 и atz1995 им се допаѓа ова.
  6. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Женски
    Да исти е и мојот, можеби лазењето ќе му го "успори" проодувањето зошто кога сака некаде да отиде секундарно се спушта и многу брзо лази. Едвај чекам па ќе си пуштиме виртуелни колачиња за проодување :D
     
    На Mother of 2boys и Carolin. им се допаѓа ова.
  7. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    7.262
    Пол:
    Женски
    Додека сум на работа сум океј. Имам енергија ,работам ,се смеам.
    А дојде време за дома мене ме фаќа тој стрес и сум скроз уморна.
    Нез дали дека од мисла што ме чека.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.039
    Допаѓања:
    97.065
    Пол:
    Женски
    Не е убаво дома да се осеќаш дека ѕидовите те притискаат, мора да смениш нешто. Ако си ко мене опседната со чисто мора да се оладиш, да знаеш сега во каква гунгула извежбав, лом по подот, трошки, тањири, алишта, хаос, ама извежбав оти кога ќе си дојде дрвен господ (име за некој многу лош човек во мој крај) нема шанси. Сега ќе усисам, ќе пружам веш, ќе средам кујна па ќе одмарам. Едвај се натерав да вежбам, ама морам. Станувам секое сабајле во 6 да имам време са какам на раат и да се спремам, тешко ми е, многу, ама морам. Дај си оддишка, пешачи маж кога ќе си дојде или со неа со количка, било што, ама не дозволувај да ти ја енергијата домот. Домот се само ѕидови и мебел, тој ни служи нас, не ние него, среди колку можеш, другото маж или викни жена.
     
    На Dennings и Anturium им се допаѓа ова.
  9. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    7.262
    Пол:
    Женски
    Ма нека тоа и панични ме пукаат деновиве максимум.
    Што почнам да се издишувам и да се осеќам ко да немам воздух мислам срцев удар.
    Се прегревам.
    Еве сега дојдов дома ,мм ја зема да шетаат јас расчистив и пак седнав на лаптоп од дома да поработам.8-|:x
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.039
    Допаѓања:
    97.065
    Пол:
    Женски
    Не знам како да ти помогнам, јас не сум нешто сјајна, ама бар научив како да не ме тангира хаосот дома за да не полудувам. Е има моменти како прееска кога збеснав, ама само моменти се, не е секојдневние. Еве бебе заспива, јас ќе се истуширам, ќе си направам еден џин тоник, ќе му се пружам со книга пола саат и после ќе спијам. Утре од пред 6 јово наново.
     
  11. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    7.262
    Пол:
    Женски
    Веројатно ке се навикнам и со време ке ми стане сеедно. Не дека кај мене дома ружи цветаат :D
     
    На Трагедијаупмм и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.039
    Допаѓања:
    97.065
    Пол:
    Женски
    Чекте да ви кажам кој е мојот најголем страв моментално. Нели една недела веќе не цица мојава пијавица, е јас многу често знаев да го земам во сон, да му дадам да цица и да спијам, не се будев воопшто, махинално. Е се тоа супер, ама што ако стане и му дадам махинално? И еве цела недела спијам по долги со маица до врат и прслук да не случајно дадам или лудово сам да се послужи. Веќе не му текнува, не бара, само си легнува врз мене и вика нано нано, дури и сам почна да заспива и спие во креветче. Колку и да е добро цицањето и има бенефит и врската е неверојатна, престресен ми беше моментов со одбивање, ја би да цица и до 7г, ама нема смисла бре.

    Доста јадев гурабии, да приберам книгата и да прочитам некоја страна дур не стигнале фудбалерите мои.
     
  13. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    43.831
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, немам пишано нешто одамна.
    Периодов ни беше малку урнебес, бебе болно, цела недела бевме дома, враќањето во градинка беше прилично лошо, па јас се разболев и така.
    Но полека се враќаме во нормала мислам. (fingers)
    Бебе почна да лази од пред некој ден, се радувам баш. :inlove:
    Се мачиме малку со спиењето во последно време, како да сака да исфрли дремка, но ќе видиме.
    И полека се спремаме за првиот роденден, не ми се верува дека прцлето ми порасна. :inlove:

    Постов хаос, од се по нешто, но сакав само да ве поздравам и на кратко да споделам што ни е актуелно во последниве недели.:D

    Имајте убав викенд!:sun:
     
    На Coco31, IRBBB, Ceneva и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    И ние пополека се спремаме за роденден, торта веќе нарачав :inlove: Ама колку и да е клише - лелеее колку брзо помина времето!!! Само се присетувам на овој период лани колку бев среќна и возбудена, цело време како пеперутки да имав во стомак :D:l:

    Туку сакав да прашам колку дремки имате? Ние сме на две ама исто мака мачиме со спиењето веќе една недела. И дремки и вечерно. Не знам до што е дали до запчињата или што учи нови работи. Нема запче уште ама сите четири кецови веќе се гледаат и спремаат да излезат! Ќе биде интересно. :worried:

    Ах, само се надевам да поминеме најдобро што може на роденденот. (fingers) Планираме и крштевка истиот ден.
     
    На hello-kitty.90, Coco31, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  15. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    3.489
    Пол:
    Женски
    И ние се спремаме за 1 роденден.:sun: Оваа година дома ќе славиме имаме огромен двор, изнакупивме сите реквизити, трамболина, лизгалка, куќичка, љуљашки, и сандак со песок им направи мм, право уживање ни е во двор. Се надевам времето ќе не послужи. Јас храбро изнакупив реквизити за украсување имаме над 100 балони за дување ќе биде забавно. Единствено што одлучив овој пат кетеринг да нарачаме, да не се замарам со тој дел барем, да видиме и ние малку раат и уживање.

    Кај нас оддамна сме на 1 дремка можеби уште од 9 месеци, знам дека и беше многу рано ама едноставно така најдобро функциониравме. Една ама долга 2 3 часа и беше. Сега ако не спие многу во градинка знам да ја легнам пак од кај 15 часот ама има денови и не преспива дома зависи.

    Инаку мајка се врати на работа, користам пауза за доење па уште 3 недели имам барем порано си доаѓам дома. Е после 1 роденденден уште сега ми се плаче од 8ч до 16ч на работа додека дојдам 17ч, душа ме боли што премалку време ќе имам за нив ама тоа е. Без работа едноставно не е опција финансиски.

    Имаме барем некој напредок со градинката плаче пак ама не како порано ваљда, од 9ч до 14ч седи, се надевам дека кога ќе прооди ќе почне да и биде поинтересно и ќе седи повеќе и без плачки.

    Периодов е во фаза на проодување ама се плаши сама, не сака да лази единствено ме фаќа за рака и да оди. Трескање од земја ако не и дадам рака. Хаос нека прооди барем вака не се издржува, од дете што си ровареше по цела куќа сама сега не сака ич да е сама само до неа да си и да оди закачена за мене.:D

    Убав ден и викенд мајки!:)
     
    На mjay.yyy, hello-kitty.90, Coco31 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    43.831
    Пол:
    Женски
    Две дремки имаме, ама оваа недела воопшто не заспивал во градинка, па спиеше само дома попладнето.
    И јас веќе не знам на што да препишам, запчиња сеуште нема, дали дека паузираше цена недела од градинка па сега пак од ново како да почнува му е, кој знае.
    Ќе го пратам периодов како ќе е, па и ќе пробаме како ќе функционира со една дремка.
    Само наместо да ја скрати таа подоцната, тој ја крати правата што всушност треба да ја спие да речеме. Вака дома ќе заспие накај 17ч, и ако го оставам ќе си спие 3 саати, и легнување пак после 23ч.
    А наутро беше буден од 6:30 замисли, а дремката во 17ч, буден 10 часа, за греотка, тешка недела ни беше.
    Вчера среќа дремнал 1 час во градинка, па имам надеж дека ќе се врати во нормала. :?:
     
    На hello-kitty.90, јolene, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Женски
    До сите мајки што имаат проблем со деца нејадачи, би ве советувала да им нудите од вашата храна, која има сол, шеќер. Не се веќе бебиња и сакаат поинаква структура или вкус.
    И не им нудите постојано, оставете на маса и тоа нека земе само да проба, или јадете вие пред него, па само ќе посегне по храна од љубопитност.
    Тоа ви го кажува една мајка која има проблем со дете што постојано јаде, и јаде количински, и на две години има 15 кг.
    Утре му е роденден :party: и не ми се верува кога поминаа две години и стана детенце. Веќе зборува се, пее песнички и кога го гледа батко како се мочка и тој ја соблекува пелената. Ама мајка не е спремна се уште.
    По две недели во градинка, се разболе и од синоќа е со температура.:(

    Ме мачи нешто друго. Секој ден кога ќе го прашам што правеле во градинка или што јаделе, добивам одговор Тетка тепа дупот:rofl::x
    Не знам дали да му верувам и дали да реагирам во градинка?
     
    На Coco31, IRBBB, CareTee и 4 други им се допаѓа ова.
  18. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Мене секој ден ми вика торта дека јадела.. И не и верувам :D
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.910
    Допаѓања:
    34.352
    Пол:
    Женски
    Леле и ние спремаме прв роденден... кога ни пораснаа бебињава...
    Како марфи пред роденден денес го земав со гребаница од градинка... останав фрапирана,бидејќи не очекував искрено :sweat:
    Реакција секако,и ќе има да не се повтори, секако деца се и така растат но во јасли ли гребаници? :x
    Постов каша попара...(facepalm)
     
    На IRBBB, CareTee, Giiirl23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    3.899
    Пол:
    Женски
    И гребаници и искасани, и модрини, you name it, се сме имале во група.
     
    На јolene и princess5 им се допаѓа ова.