1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    16.185
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, како сте?

    Јас дојдов да се жалам. Бебе настинато со затнат нос и шлајм, му излегува друг заб, се бориме со инхалатор да седи, по дома хаос сите алишта на куп ми се на земја немам сила еве ги гледам ама не можам раце ми паѓаат од што нон стоп го држам, мм е турбо деновиве одкако се вративме од шетање од ден до ноќ, и бадијала кога ке дојде бебо е жален само во мене раце пружа прееска свекрва ми го зема во количка да го прошета да јадам, искрено не можам веќе ке паднам мислам некаде, спие со мене му се слева шлајм и се закашлува ке се удави и само виси на града мачно му е знам, не сака ни да јаде, кашла го боли грло душава па прави "ауу" и плаче, ни сок ни чај пие вода колку толку ке го залажам да испие се друго е млеко, нека му помине само да се наспиеме ко луѓе :drunk:
    И така ке шизнам ако потрае ова:tmi:
     
    На Marsi*, Sunrise!!!, MinnieM и 5 други им се допаѓа ова.
  2. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си ја кажам маката. Мм замина во саботата на патување. Читајте патување. Не службен пат, туку патување. Да си ја исполнел долгогодишната желба зошто сега имал прилика, ќе се врати во недела. 8 дена сама. Еве веќе трети ден мислам дека бебата конечно сфати дека некој фали дома. Залепен ми е за нозе, среќа што не сака во раце ич, но каде и да мрднам тргнува по мене се дига на мојте нозе и не можам да мрднам. Инаку сум на одмор од работа лански неискористен и не знам дали е полошо или подобро што сум на одмор во ваква ситуација. Сепак и кажав на свекрвата утре ќе го однесам барем 4 часа да не заборави како е таму :D среќа што овие 3 вечери не се будеше ич .. сега ја чекам мајка ми да дојде да испазарувам зошто шизнав од сабајле :whew:
     
    На 1209, Marsi* и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.972
    Допаѓања:
    6.802
    Пол:
    Женски
    Па што и вие не тргнавте со него на патување кога си на одмор.... Ќе сменеше рутина така.
     
    На MinnieM и јolene им се допаѓа ова.
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    6.131
    Ами ај ако не и ние сите што имаме желба да одиме во некоја метропола, да запалиме колите и да одиме.. И нас ни е долгогодишна желба, што? Што има везе дека мало бебе имаме дома, дека сам го оставаме партнерот сите обврски на него да се? Извинете жени, ама јас не можам да разберам. Не го оправдувам ич.
    Пишувавме тука доста за посветување време за себе, и тоа е во ред до одредени граници. Во ред е да сакаме еден саат во денот да вежбаме или да одиме на кафе без деца, се е ок. Разбирам да сака да оди една вечер или 2 колку да се релаксира - ама 8 дена да седам сама, па нема да ми биде сеедно. Не знам како е тој ок со ова.
     
    На Erika.greeneyes, 1209, Marsi* и 15 други им се допаѓа ова.
  5. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Едно знам сигурно: убаво ќе се оддолжи остатокот од летото хаха:D . Сега нека му се направи ќеф. Физички беше невозможно да одиме и ние зошто патувањето е со мотор. Двајцата многу сме се возеле пред да забременам, тоа ни е како хоби од пред неколку години.

    Во секој случај животот никогаш нема да биде 50-50 за мажите и жените... |(
     
    На Zumbulche, Carolin., Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    43.860
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    Сакав да ве прашам, како се чувствувате психички, ама навистина? Имате ли некогаш dark моменти, чувство дека ништо не оди како што треба и слично?
    Јас на прв поглед изгледам како се да ми е наредено, и навистина немам од што да се пожалам, имам помош за бебо, разбран маж кој ме поддржува, срцка од детенце, ама некогаш имам некои моменти каде што се осеќам како да сум на дното, и најсериозно, немам претстава што е проблемот и од каде потекнува тоа.
    Во неколку наврати изгубив осет и јако се искарав со мајка ми, брат ми, маж ми...знам дека немам трпение како порано, но во последно време ова е нешто друго, претерувам, без некоја јака причина најчесто, и најстрашно од се, се губам во моментот, а не сум ни свесна дека преминувам граница. Ама неколку блиски личности ми го посочија тоа, и верувам дека е така, се чувствувам чудно.
    Дали е ова нормален дел од процесот? Хормони? Можеби тироидната треба да ја проверам пак? Или сепак треба да барам стручна помош?
    Не смеам да дозволам да ги повредувам луѓето што ги сакам и ме сакаат. Мора да дознаам од каде излегува се ова. :(
     
    На Erika.greeneyes, 1209, Mari_em и 8 други им се допаѓа ова.
  7. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    2.638
    И јас би дозволила да оди на патување ако му е мерак. Потешко е неколку дена, ама па партнерите треба меѓусебно да се поддржуваат. Ако е ок човек ќе го цени тоа и тоа ќе се одрази позитивно на семејството и на врската.
     
    На 1209, unearthlysarah, Sunrise!!! и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    11.260
    Пол:
    Женски
    Апсолутно поминав низ ова, за мене за среќа релативно кратко траеше. Скроз без свесна дека се случува и дека е сосема заради хормони, ама немав контрола на чувствата и однесувањето, и искрено не се ни обидував да сменам. Од внатре кога ми доаѓа, што и да правам чувството не се менува. Пробував да излегувам, да се дружам, да си посветам време на себе, џабе се. Ќе си речам еве сега ќе искочам и супер ќе си поминам, и до нервоза и солзи ќе стигнам уште пред да влезам во лифт. Кај мене беше во прашање baby blues, комбинација со породилна траума. Уште не сум 100% ко што сум била, и не знам дали и некогаш ќе бидам, ама е значително подобро, и тоа преку ноќ се подобри кога стигнав до едно цицање ноќе на бебето, значи имам 8+ саати секој ден кај што не цица. Плус заради обврските со поголемото дете, повеќето денови се случува бебе да добие и шише место да цица. Колку ми делуваа негативно хормоните заради доењето на психата беше неверојатно. Размислував и да престанам да дојам комплетно. Не знам колкаво ти е бебето и дали причината е слична кај тебе, ама дефинитивно би ти препорачала некакви испитувања на хормони да си провериш. Немам искуство со тироидна, ама не би ме чудело, имам другарка што разви проблем после раѓањето на првото дете.
    Првиот чекор си го направила, сама на себе да си признаеш дека имаш мака. И се надевам брзо ќе ја решиш.
     
    На 1209, Marsi*, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  9. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Ау како да се читам, 2 и пол месеци постпартум сум. Не бев толку нервозна и избувлива никогаш. Може стварно нешто хормону се, мислев до сега ќе се среди. А шо викаш не сум комплетно сама секој ден, и маж ми и свекрва го гледат детето ама нормално повеќе време е со мене и не ми смета.
     
    На Carolin. и Luminary им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    97.149
    Пол:
    Женски
    Исти сме сите верувај! Едноставно премногу се обврски на нас а премалку е време а кај мене богами и помош. Вчера за тоа се карав со мм, Абе викам бар прибирајте по вас да не мора и тоа, не кошта многу дур вариш кафе да собереш машина, да напуниш, да прибереш дневна. Малото ми поврати и го собрав големиот тепих, малиот стои и мува не го лази него. Дај му викам бар земи извади го тој да можам да ги пратам на перење да не стојат дома така, ма јок бре, не му сметало него... Се е хаос дома, паднало останато, кај остана тоа што јас исчистив и средив таму е, нема мрдање, нема довршување, нема ништо. Да земам неделава една форца да удрам да довршам зошто после нема, остануваме 10 дена дома сами, мм иде на пат јас со деците сама, нема да можам.

    Што се тиче време за себе и време за него, јас го оставам, 2 пати неделно иде на фудбал, 1 на планина, ама имам право кога и да ми затреба да одам кај сакам зошто така нема лице да каже не. Е да го пуштам 10 дена да си остварува сонови а јас дома со 2 деца, нема шанси, а и он не би побарал. Може да иде на викенд, слободно, ама повеќе не. И јас имам сонови неостварени, ама имам и деца кои баш и не можам да ги оставам за да си ги остварувам. Факт дека не може да бидеме рамноправни, како во физичката сила, така и во посветеноста на домот, чест на исклучоци, ама факт и дека треба за се разбирачка.
     
    На Erika.greeneyes, 1209, Dennings и 10 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.134
    Допаѓања:
    56.448
    Пол:
    Женски
    Иста сум, иста скроз... Јас решив да си побарам стручна помош, ама и тоа е уште една од многуте работи што ги одлагам. Не знам до кога, дур да полудам скроз изгледа.
     
    На 1209 и Luminary им се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    3.909
    Пол:
    Женски
    @Luminary
    Година и пол скоро после пораѓај и хормони и се ми е наопаку. Мислам тие си се во ред, редовно и крвни слики и тироидни хормони и се испитувам ама сепак куп работи наоколу ме нервираат. Трпение нула, едвај се воздржувам одредени луѓе да не ги пратам упм.

    Ги игнорирам, не дека не. Еве пример од последните неколку дена, забелешки од комшилук - баби 80+ години:
    - ааа денес вие трет пат излегувате
    - се прибирам со дете за да ја избањам добивам коментар ами многу е рано за да ја бањаш
    - многу рано/доцна излегувате за во градинка
    - многу рано/доцна земате дете од градинка итн итн
    Навидум не се за внимание, не пак да се нервирам, потсвесно се собира.

    Дополнително стресот на работа, стресот со дете, настинки, бактерии чуда и кога и да не очекуваш следува избувнување.

    Пријателка моја вика, навечер од кога сите ќе заспијат најубаво ми е да се исплачам, е јас не можам така. Знам дека на моменти "пукам", се случува и да подвикнам по дете, очекувам да сме сфати се што кажувам, а на година и пол не е возможно тоа ама се надевам на еден или друг начин ќе се средиме.
     
    На Erika.greeneyes, Leanne, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    43.860
    Пол:
    Женски
    Да не ве означувам сите посебно, се надоврзувам.
    И јас скоро година од пораѓај, мислев ќе се среди до сега, ама сеуште имам еден дел што не можам да го контролирам. Се надевам дека нема да остане како дел од мене, дека ќе избледе.
    Јас почнувам со проверка на тироидната, па ќе видиме.

    Туку, бебо пак болен, со температура повторно, се живо закачуваме од градинка, а богами и јас со него.
    Нека поминува само. Работата ќе почека, обврските, луѓето..Ништо не е поважно од здравјето. :)
     
    На Dennings, CareTee, warrior и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    5.841
    Пол:
    Женски
    И јас да се надоврзам.10м после пораѓај уште се ме нервира.Кога ќе престанат овие хормони веќе (facepalm)
    Се ми смета,а за одредени луѓе да не правам муабет :rofl: ,многу сум нервозна.Само сакам да сум со бебе сама дома друго ништо.А кога одам сабајлето на работа срце ми се кини што ја оставам :u: ;(
    Мене тироидната ми е малку покачена (5) а вредноста нормална е до 4.
     
    На Luminary и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Јас некако успеав нервозата да си ја контролирам и да бидам смирена. Денес пример работев од дома и го чував тодлерот, па си станав порано да поработам, направив доручек и го разбудив во 7, искочивме надвор во парк да доручкуваме. Си наоѓам некои ситни убави работи секој ден. Сега дома катастрофа е, како бомба да паднало, ама битно сработив и успеав внимание да му посветам и еден ручек да направам.
    Е ама не останува време за ништо за мене, вака кога ќе дојде мм ги оставам саат време и не можам ни да мрднам.. па после излегуваме и се раздвижувам и после уште 7473 работи се прават до вечер. Премногу е. Поминува ли заморот некогаш или треба и јас хормони да испитам?
     
    На Coco31, Zumbulche, Luminary и 5 други им се допаѓа ова.
  16. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.527
    Допаѓања:
    1.449
    Групава е само да се пожалиме и ќе ни олесни... бебе 2 недели..големовп 4 год ќе правиме на 18ти.. тррба роденден да спремам.. он болен секрет течи две нед ..вчера брис земавме да виидме што е... згора на се и парво вирус фати со осип уште минатипт петок..веќе мине.. страв вкоски за бебе имам.. пишав и во други групи.. дома хаос тоа е веќе друга приказна....само живи здрави да можеме да се гушнеме друго се мине ....
     
    На Speechless, Mother of 2boys, TammiB5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    7.270
    Пол:
    Женски
    Иста сум
    Не знам дали поминува заморот некогаш или станува хроничен.
    Еве ме дојдовме дома ,јас сум утепана скроз.
    Некогаш имам грижа на совест што и пуштам Биби и боби и остали ама морам ,тоа е пола саат дур да земам здив .
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  18. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Мене ми е криво што ме осеќа дека сум нервозна и претопло ми е дека го нишкам пола саат некогаш. И он се препотува и јас, и он станува нервозен. Знам не разбира се преморува не знам од шо. Последните три вечери саат време се успиваме. У татко му не се тегли како у мене. Преку ден ајде минува ама вечерното успивање... Изгледа порано влезе у скок, гледам си гуга некако различно се повтара, учи нови работи, не му е лесно. А јас нервозна наместо да го смирам...
    Гледам да излеземе, додека спие да се истуширам или да јадам или да средам нешто. Ама што попрво.. и неговите дремки се кратки па станува кенкав..
    Заспа врз гради сега, ќе пробам да го спуштам.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.972
    Допаѓања:
    6.802
    Пол:
    Женски
    Мамасити, тераме гости кај мајка. Најубаво било :D
    Синко си е весел, си игра со дада му. Јас само по него одам оти се качува кај ќе стигне. На клуб масичe, на дубакот од горе, кој само за тоа служи и евентуално само кога готвам, за да не ми се мота во нозете го ставам. И вришти дур не го извадам хаха. Немам овде онаква оградица за играње. Па немам каде да го спуштам дур да му направам јадење.
    Добро е што брзо завршувам, само сецкам и ставам во готвачот и толку.
    Првите денови го немав ни монтирано дубакот од внука ми, не го одобрувам тој реквизит, ама кога видов дека не бива, се качува и оди кај што не треба и немам баш друга опција. Во креветче го оставам кога одам во вц. И нормално се вракам тој целиот во солзи плачи и мама мама мама.
    Лепенка ми е. До кога ќе трае ова лудило ќе видиме.... Дур не почне тоа што иде на ред изгледа :D
    На поручек количката и шетаме. Успевам уште да го подлажам да се вози со муабетот одиме куче да бараме, добро е што сака кучиња инаку маф ми е планот. Се враќаме во 8 се бањаме,цице и нанаме.
    Е навечер ми се буди многу често во последните два месеци. Тоа е прав хорор. Искрено не знам како издржувам. Фала богу сега почна до мене да презаспива инаку нишање на секое беше. Грбот целиот ме боли, почна и ногата да ме боли во стопалото доле. Мајка ми вели се ти е од кичмата. Не знам дали на доктор да појдам или на масажи. Насабајле едвај станувам од кревет, а ниту имам килажа плус на мене за да речам ајде и тоа е. Баш си имам проблем.
    Доста беше за сега пишување се занесов :lol:. Поздрав
     
    На Coco31, DaisyDream, Giiirl23 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    И јас сум исто. Решив да побарам стручна помош, но за жал немам време кога. Сите обврски околу домот и децата се на мене. 2 мали деца, маж и свекор. Единствено женско. Некогаш мислам дека ќе одлепам.