Мами,на 6ти направивме т.е наполни 1годинка.... како летна времето, периодов ми е фул тајм,не дека не беше досега но од дњн на ден се поинтересен е.... имаме и второ запче Уште не ми се верува како лета времево
Денес прави 10 месеци, 10 еј кога и како поминаа. Кога го држев првите денови гравче, во една рака го носев сега со две па не можам да го дрдржам мојот црвец кој денес сакаше да ме почасти па стана во 6ч. Го заспав пред малку да може вечер до кај 9:15-9ипол да издржи. Се бањаше у базен прееска, колку беше среќен пискаше од радост, после тоа исто толку пискаше кога го извадив. Многу ми е тежок периодов со бебо, потешко до сега не ми било искрено, знам допрва почнуваме. Ама сега се крева на се сака да оди само паѓа па знае и главата да си ја чукне. Спиењето крш ни е, се будеше и плачеше не туркаше и мене и мм, не знаев како да го смирам после он ке заспие јас не можев да се смирам. Извади горе двојки во 2 недели, сега гледам доле се спремаат. Турбо е мм на работа, свекрва ми утрчува кога е дома барем да јадам на раат, ама и она жената во 3 смени работи на нозе е по 8 саати. Го зема и го шета се тоа да не ме види ако ме види раце одма у мене пружа и јас сум коњче цел ден, кога спие не знам што попрво да фатам и така во круг. Имајте убав ден.
Како се справувате со чувствување вина? Три месеци денес полни. Приказната со доење ни беше неуспешна, се молзам, па и дохранувам бидејќи од молзење моето не му стига. Се чувствувсм ко најнемајка на свет. Не дека се опседнував за да цица, ама не знаев дека толку ќе ме боли што не цица. Исто, работам на место каде не сум постојано на работа и можам да го прекинам породилното, без многу да се одрази на бебето. Всушност ќе треба да ме нема на 4/5 саати во денот едно 15 дена, ама и за тоа чувствувам вина, а придобивката ќе биде голема и за него и за мене. Како се справувате со вакви чувства?
@Evangeliaa22 мислам дека од кога станав мајка, многу често го имам тоа чувство, буквално за ситници. Пример дали му дадов доволно да јаде, зошто не го однесов на прошетка, а најголема вина имав кога го пуштав во градинка, почна на 8м со адаптација. Ми беше мака, ама си се потсетував дека е за негово добро, а и за нас како семејство, ние да работиме, да сменам секојдневие, и со тек на време се навикнав. Мислам дека како мајки, грижа на совест секогаш ќе имаме за нешто, веројатно со времето се учиш да живееш и така. За некој период кога ќе погледнеш назад ќе видиш дека не било ништо страшно тоа со доењето. А работата, доколку сакаш и има кој да го чува бебето, воопшто да не се мислиш, сигурно супер ќе ти дојде малку како разонода.
Здраво мајки Дојдоа тие 10 минути во денот мир, ушите да ми одморат. Бебе заспа, големиот надвор со татко му да се изнатрча. Сплескав едни палачинки да изнендам маж кога ќе се вратат. Бебе се спрема за лазење. Дење ноќе само тоа повторува. Исправи се на 4 проклацкај се, падни. Пак од почеток. Сега ја допазуваме од брат и кога ќе го фатат напливи на љубов да ја гњави, ама кога ќе почне да се движи и она ќе биде жестоко по дома. Од други новости е што баткото ги фрли пелените. Сам, преку ноќ без ич форсирање. Стана сабајлето, рече не пелена и толку. Ме фати неспремна (како Македонија пат у сред зимо снегот неспремни што ги фаќа) па ајде у потрага по гаќи Честитки за мама по втор пат @Tea SK Голем да расте синко, добредојде во клубот на свекрви Ве поздравувам
Сега те читам ама мене ми се подобри состојбава откако ми дојде менструација. Не знам дали имаш уште добиено, јас добив после година и после месец дена осетив разлика на расположение, здравје и општа состојба. Уште имам моменти кога сакам да излезам низ кожа ама значително поретко од предходно.
@Evangeliaa22 Вината за цицањето најверојатно никогаш нема да помине. 10 мес е моето и уште си помислувам "добро толку ли ти беше тешко само да седиш и да му даваш кога и да посака". Јас неискусна мислев нон стоп е гладен.. успеав да цица само до пред да наполни 3мес, ми дојде менст. започна доенечката криза лактацијата веќе беше воспоставена на малку млеко зошто давав и АД. Секогаш кога помислувам на тоа ми паѓа криво.
Ne si sama majka, i mene ne mi uspea doenjeto. So se ne probav od pumpi racni elektricni silikonski. Se molzev edno vreme ama jas i sama doma so maz nikakva pomos pa ne uspevav cesto da se molzam i namali. Cesto zaspivav so pumpa na gradi i zasekogas ke mi ostani vo misla sto ne uspeav takva toplina i taa vrska da ja osetam. Ama pa i vaka sum majka, negovite oci koga me gledaat so ljubov koga mi se smeska koga mu vikam pa dusa mi e. Majki sme i nie sto davame adaptirano isto kolku i tie sto dojat. Vinovni ima barem kaj mene soprugot vlijaese no toa e veke dr muabet. Da sme blagodarni sto ni se zdravi zivi
Poveke faktori se tuka, prvo hormonite ni pravat turbulencii, malku uklucuvame razum poveke cuvstva, vtoro okolinata, jas koj sretnav prasuva:cicate? Daj bre sto im e na lugevo. Doenjeto e prekrasno ama nemajka ne si ako ne dois. Majka uzivajte
Ууф, одамна ме нема во темава, само читам а некако немам енергија да пишам. Беба конечно заспа, лежам во темно за да не го гледам хаосот во кујна, а емотивно испразнета -100. Периодов бебар е сè поинтересен, откако совлада вртење на меше, штом осети дека е на грб моментално се врти, вчера од нозе ќе ми паднеше по татко му да се сврти. Пелена и облекување стана екстремен спорт, лежи гол по 10мин зошто не можам да го залепам ни облечам легнат Уплативме за Грција 5 денови, се надевам ќе поминеме добро и мирно, некако ми фуфка ама најлошо сценарио е да се степаме со мм Деновиве често се фаќам во мисли дека би сакала да прашам на работа да ми сменат позиција, сакам да се пробам во тоа што го сакам, нешто на кое посветив ептен енергија и време а се стопираше поради бременоста, пак сум во иста компанија па и да не ја бива може да се вратам на своево. Па сега периодов ќе освежам мозок пред да се впуштам во разговорот. Имав и нешто плус да ви кажам ама ми избега некако. Мислам дека е доста за вечерва, ќе си легнам и јас до бебки чистењето ќе почека до утре Гушки мамасити
@Tea SK Честитки мајка, живи и здрави да сте, побрзо закрепнување Јас лежам во темница, не можам да заспијам. Таква дремка ми доаѓа накај 20h, таман ќе ги заспијам и ете ти го помалиот се буди со плачење. Се осеќам како проколната, трета вечер по ред иста песна. На одмор сме и презаспивањето малку тешко оди, додека се пресоблечам, па да го изнесам на улица во количка да не ги дигне сите гости во вис….После оди и заспиј. Кога одморот ќе биде одмор? Ги гледам и со поголеми деца околу нас не седнуваат родителите. Маж ми за украс служи тука, еве го уште дреме на лаптоп надвор, значи не можам. Сабајле уште во 6.30 се на нога, пауза нема Добра ви ноќ која ке успее рано да легне
Здраво чупиња Немам време и јас за ништо, на работа веќе 3та недела одам и турбо сме, неделава мм зеде 3 дена одмор за да го чува од сабајле бидејќи јас сум прва смена. Првата недела помагаше и свекор ми в пензија е само тој (од 48 год, полицаец) од 12 до 3 го чуваше, в количка, надвор и го заспиваше во 1ч в количка, никогаш не би помислила дека тој ќе го чува ама еве нека се учат ќе ми биди од помош многу, бабиве работат 2те па и иста смена се погодија (најлошата можна опција На работа не е како порано, ич не ми се оди, да не должам одам од што ми требаат пари, плата минимална ама ај условите ми се ок засега, а и во моево мало градче немаме избор. Многу ми е напорно, малово ноќе 100 пати се буди и само цица, уствари како цуцла ме служи, исто како брат му, како можеше копија, исти неспијачи, само ова што почна од 8 месеци, а брат му од 4 малово е запишано в градинка ама колку можиме да го почуваме дома, од септември бар да почни на годинка, сега на 16ти прави 10 месеци. Збеснато е, лази секаде, се исправи на сите 4ри па правилно лази, си седнува, се исправа по кревети, на хранилка сам, многу е пораснат, пелена тешко се менува, плачи, бега, никако да го залажиш. В количка седи ама на крај пред да стигниме дома често плачи ша в раце го носиме. Тежок е машала скоро 14кг. Големиот в градинка, утре имаат приредба Збогум градинке, од септември прваче кога порасна. Него помалку го гледам и многу ми е криво ми фали време за сонего Заедно се многу мили, почнаа да играат заеднички, големиот го заигрува, малово му се смее, многу го сака ама нејќи да го гњави Дома општ хаос, алишта насекаде, неможам да ги досредам, немам време, летни зимски не ми се сменети уште Постов хаос како и јас моментално.
Мајки какви активности имате со бебињава на овие температури? Поцркавме по дома. И. Како успевате да пратите прозори на будност во смисла да заспиваат 19:30-20:00 сега во лето? Дремнува на 2-3часа, по 40мин дремки ама навечер заспива кај 10/11и сабајле кај 8/9 е будна. Јас не знам како би се организирале да треба да ја заспијам во 19 па зарем цело лето нема да прошетате ич? Кај по цели денови сме по дома затворени баш кога ќе се залади ако не можеме да искочиме кога… Читам дека повеќето вака функционираат и се осеќам како немајка што немаме фатено ваков ред да не му правам лошо на детево… За една недела правиме 5м.
На 5м што активности ќе имаш да го држиш будно и зошто воопшто би го заспала во 19ч во лето кога ни реално не е уште ноќ. Одлично си спие, терај си така ако е задоволно. Време на меше, на под со играчиња, ќе подаваш топчиња, ќе играте со играчиња, на 5м што би правеле друго освен ова. Ич да не се осеќаш ко немајка. На дете му треба и прошетка и време на воздух и се, макар и да не прави ништо на под да си лежи. Не знам кој ти набил ваква грижа на совест ама се претера со тоа активности, активности, што треба да прави на одредена возраст, колку збора да знае, божем доктори на науки одгледуваме а не деца. Имам 2, едното е преинтелигентно, според наставничките негови и педагог комотно може 2 одделенија да скокне моментално, ама тоа не значи дека јас сум го учела нешто посебно. Исто и бебево, едноставно ги оставам да им е досадно и тоа е сосема во ред и потребно и здраво за бебе и дете. Кај нас дома песнички има по цел ден пуштено, тоа не значи дека он гледа тв, си игра со коцки, со колички, со шишиња, со играчиња и пак слуша во позадина.
Здраво мајки Постов осеќам дека ќе ми биде каша-попара, да ве предупредам на време. Имам толку многу измешани емоции што незнам веќе како да се однесувам и чувствувам. Овие денови сум пре емотивна и само плачам. Прво и основно незнам дали воопшто сакам да живеам во странство, осеќам дека имам страв, се мачам, се фаќам многу пати дека не се чувствувам среќно и слободно Во тој период сме кога уште немаме застанато цврсто на нозе, имаме преголеми давачки, а една е плата. Дете со свои секојдневни потреби и уште едно на пат...ама само тие да ми се живи и здрави! Си замислував дека подруго ќе биде, ама ме јаде црвот од внатре Да се вратиме во Мк сега, треба маж ми сам да доаѓа да работи тука сигурно уште година-две, а ние долу сами да бидеме. Тоа уште толку ме ужасува бидејќи знам со првото едвај сама издржував психички иако тој си доаѓаше на еден месец. Имаме посебен спрат, ама во истата куќа по спратови се неговите и брат му и снаата со децата. Да имавме само наша куќа може немаше волку да се мислам. Осеќам и јас вина, пола ден синчето е со мене. Неможам многу да движам се имам некои болки, ми е страв за бебе. Плус овој период имам алергија и неможам ни до надвор како човек да излезам Досадно му е сирото, додека да дојде татко му и да се шетаат и поиграат. Со пријателите што се дружиме децата ни се поголеми, нема со кого да се поигра и толку многу жал ме фаќа. Со градинка би почнал од догодина такви ни се условите. За три месеци здравје веќе ќе влезам во 9ти месец и ќе ја очекуваме бебка. Уште сега се мислам кој ќе го чува поголемото, не сакам да тагува додека сум во болница. Еднаш пишав и тука дека и спомнав на мајка ми и така само глупо ми одговори дека лош е периодот дека почнува со работа и јас си замолчев. Мислам и знам дека може да земе барем една недела, додека сум во болница да не го мислам толку многу. Можеше да рече не се секирај до тогаш ќе се договориме, па друго ќе се осеќав. Одсекогаш мислам дека сестра ми ни е фаворит, а јас сум онака засенета. Премногу сум мирна и бирам што ќе кажам да не ги навредам, и сега мислам зарем не сум заслужила барем тоа да не го мислам и нервирам. Самата гледа околу неа како баби и дедовци чуваат деца за родителите и во кафеана да отидат на раат, а јас тагувам бидејќи немам на кого да го оставам синот за да се породам Не барам помош за да ми чуваат деца, ниту со првото ниту со второто ќе барам. Татко ми барем е посвесен и ми дава надеж, се јави и сам ми вели абе ќере ти ќе имаш потреба од Септември па ете јас или мајка ти да дојдеме да ти помогнеме. Преска зборуваме на телефон и тој ми вели охоо после нема да знаеш кое попрво да го нахраниш, на тоа мајка ми одговара "па исто како баба му што ранеше, така и мајка му ќе прави" Таа си стои зад тоа дека она има исчувано 3 деца без помош, па дека многу се жалиме ние денешните Незнам ептен се осеќам потиштено и само плачам, верувам и хормоните ми влијаат доста. Ама дефинитивно не треба човек толку да биде добар и мирен сите те газат.. Се извинувам на долгиот пост девојки, на вас ви посакувам поубав ден од мојот.
Само да ти пратам позитива. Јас сум во странство исто и сега пред 4 месеци се породив. Ќе се снајдеш верувај, ќе имаш нормално и тешки денови ( да бидам искрена да не биде дека се ми е розево) ама и тоа поминува. Моментално сум во Македонија и убава ми е помошта што ја имам, иако најмногу дојдов поради што е претполо каде што живееме.