Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.629
    Ако не се лажам некаде по Скандинавија си. Греота е да не го искористиш социјалниот систем таму и сите бенефити за дете. Прати го поголемото во градинка, и за него ќе е убаво, а ти ќе имаш време да се посветиш на второто.
    Сега е лето, убаво време, ќе дојде есен, зима, знаеш ваљда какво е времето тогаш, нема шанси да исчуваш дете цел ден дома, ќе мора да го ваѓаш сама надвор по дожд/ветер за да истроши енергија. Вака во градинка барем за тоа нема да се секираш.

    Тешко е странство, да не те лажам јас првите 3 години бев со една нога назад во МК, и тоа без деца.
    Сега од оваа гледна точка ми е многу мило што стегнав заби и го поминав тој период.
     
    На Mnik, Marsi*, hello-kitty.90 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.563
    Допаѓања:
    16.856
    Пол:
    Женски

    Искрено јас на 10месеци па не знам што активности да му дадам, што разбира ова дете мое знаеш? Ништо искрено, од сите играчки со коли вика "бууууу" 2 минути и толку, и едно куче кое оди и лае со него знае низ соба да се заврти максимум 5мин. Сака да оди да лази и он сам не знае што сака, ништо не му е интересно, да го шетам сака по жешково каде. Јас сама му го преправив редот, сега станува 8-8ипол, прва дремка од 11 до 12 му е, втора од 3 до 4ипол 5, јадеме и шибаме надвор со количка, 9 е во кревет. Сега кога затопли се израдував барем во базен се заигрува пола саат до 40минути. Знае некогаш со топчињата во игрална ама и тоа е ретко. Ич не си немајка, ко 90% од мајките си верувај. И јас не би легнувала бебе во 19-20 ова летно време.
     
    На hello-kitty.90, IRBBB, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Моево еве исто 10 мес моментално е во фаза сака да се качи на се'. Оваа недела сам се искачи на гарнитура, на количката, од гарнитура на трепезариска маса.
    Јас не знам колку пара очи треба да имам. Сака надвор може да се вози долго во количка, но преферира дома зошто може да достигнува нови врвови :D
     
    На hello-kitty.90, Dennings, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.563
    Допаѓања:
    16.856
    Пол:
    Женски

    Исто значи исто, прееска во хранилка на нозе ми се крена, како ли успеа не знам, само лажичка да земам се свртев. Нозе ми се пресекоа.
    Вчера лазејќи по скали како куфер ке отидешњ многу брз е станат, не дај боже подотворена врата да види одма шпринтот го фаќа (facepalm)
    Господ нека ги чува што да речам
     
    На atz1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Единствената личност која би ме сфатила не можам да и се јавам затоа што не е во место каде има мрежа затоа ке си поплачам тука. Беба а успав у 8ипол стана во 11 и измеѓу уште 3 пати, и после во 1 до сега се смируваме пошто како ја наранам и ја оставам одма почнуе да прета и да вриште, кај и да е пак ке стане додека допишам. Спиевме добро со будење на секои 2 3 часа едвај недела, почна пак да ми се буди мал милион пати, скок ли е заби ли се грчеви ли или се заедно незз. Денес додека се облекував, тоа е 5 сек колку што е потребно да наметнам фустан беба се раскина плачејќи плус додека е облекував и нејзе. Се симнавме, шетавме цело време си рже беебе и кенка. Знаев дека е тешко и си го сакам најмногу на свет бебето посебно дека толку многу ја чекав и ми се погоди да ги има најслатки плави очки кои се надевам нема да ги смене ама никој не ми верува колку ми е тешко и дека покрај тоа што су неспана, она кенка, ме нервираат и коментари од свекрвата- ами цела ден е нервозна кога и да се симнат , бебето како ја гледа као да го карала (дека ја остаив да плаче додека се облечам пошто она ми ја научи се в раце а малку закенка дека внука и е греота е детото да кенка) прво неку бебе у раци да држам незнам што им е навика на старите ко да не е понтересно да го стават в количка и така да си гугаат и да си играат и да им се смее оно така. Знам дека им е мила и нејзе и на мајка ми ама мене никој не ме слуша ко велам не ја држете в раце, ко на ѕидот да лафам. Среќа што маж ми знае и се му кажувам како сне си поминале во текот на денот, и ме поддржува во тоа да не биде цело време в раце и знае како пиште секунда ко ке биде ставена на кревет или на земја додека не и дадиме некој занимација па да се смире, дека од вакви коментари на било кој без јас да сум во присуство кој знае колку пати до сега би се скарале. Плус на сето тоа додади хормони од тоа што треба да ми дојде и сета су у хаос и еве си ја успав бееба и си плачам поштено додека сите спијат пошто нормално дента сите сакаат да го држат бебето ама никој не прашува како си ја минал нокта и дали си нишал цело време или си ја држел у раци пошто само така се смирува.Капак на се млеко мн тешко тече како и секој пат пред менструација. И така малку ми поолесна сега би можела да се смирам, да ја гушнам беба и спијам бар некое време. Текстот каша попара ама малку ми олесна
     
    На hello-kitty.90, Coco31, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    99.222
    Пол:
    Женски
    А замисли ти сега нервозна си и нема кој да те утеши, како ти е тебе? Ако ја земеш во раце додека е нервозна може ќе се научи во раце, ама тоа ќе трае година две макс, ништо повеќе, после ќе те откачи сакала ти нејќела. Утеши си го детето, подмири го, па после остај го да се занимава. Раце ми се паднати од рамена, не си ги осеќам, нон стоп е во раце кога е болен, ама не го оставам додека плаче. Мојот па таков плачко се погоди, аууу, лимон табиет, за се да се плачело, и така си се гушкаме си се тешиме редовно. И големото исти беше, до 2ипол години и после ме откачи. Малово може да поседи во раце некој месец плус, дека ептен е мајкин, ама ќе се смири кад тад и ќе го барам после јас да го држам во раце.
     
    На Dennings, Carolin., lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа ко плаче до зајдување дека не ја смирувам не ни можам да ја слушам како плаче од жал ама ја смирувам и ја враќам назас да си играе. Едноставно не сакм да кенка за да ја држам в раци тоа според мене е разгалување и термозење сега плус надвор пекол и она и јас се вариме, плус ни до вц ни алишта да закачам ни ништо не можам по дома да си средам а ако го чекам сопругот да си дојде до 6 ке треба да си кратам и тој малку сон и од времето кое го имаме заедно маллу сами. Не сакам да ја учам на работи од кои за 1-2 месеци ќе треба да ја одвикнувам, ќе и биде уште потешко дека в градинка нема никој да ја носи под раце, ке ја оставаат па нека вриска па после нема да ми сака в градинка и еден куп др проблеми. Да никогаш нема да ми биде волку мала и најверојатно за 1-2 год нема да ме ферма ама според мене вака подобро функционираме со неа. Нешто што најмногу ме нервирало кај деца од околина што сум ги гледала е тоа тегнење за да бидат земени в раце и не дека им треба утеха некоја него чисто од навика
     
  8. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    6.859
    Пол:
    Женски
    Здраво пишувам во оваа тема бидејќи има доста мајки што претставував може да ми одговорат на прашањето. Ми треба потврда дека сум вакцинирана против морбили. Ама вакциналниот картон го немам, а книшката е со шкртаници и тоа не се прифаќа (ми треба за во странство). Дали има начин да земам потврда некоја? Од некој здравствен дом? Нешто?
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.423
    Допаѓања:
    22.214
    Пол:
    Женски
    За утеха, почнав на работа пред 3 недели, цела ноќ плачи и цица, на 1 на 2 сати станува, еве сум на работа и денес, дома ми е општ хаос, одам и се правам дека не ги гледам купојте со алишта :tmi: едноставно немам време да ги средам. Нека стојат, побитни се децата, јас па само еднаш спукав досега, добро се држам психички, се поминува, втор пат истово го поминувам, до 2 и пол год не спиеше големиот па еве го на 5 и пол сака со баба му да спие.
    Друго нз шо да речам, кај нас колку можат помагаат ама за ноќе нит сум побарала помош нит ќе побарам, единствено што е должен да помага е сопругот, кој досега супер се покажа, чува бебе до 1, 2 па и 3ч ноќе ако спие, го презапива тој ако стани, а станува и плачи ама го презаспива. Друг никој не е должен да бидам реална, бабите си поминале исто вака со нас, нив му треба исто сон, тие се постари и неможат да функционираат поинаку. Со притисоци се со апчиња, ова општо зборам.
    Мој совет вклучи маж што побрзо, не е само твое детето. Кај мене од 3, 4 месеци е вака, прво тој чува јас спијам после јас преземам. А на работа оди од 7ч. За првото само јас го чував и многу ми беше потешко, не се издржува без сон, мене ми направи тешка инсомнија првото дете, многу тешко ми беше, дури од ко се роди второво ми помина инсомнијата, можам да презаспијам, иначе од 1 до 6ч ноќе неможев да спиајм ич никако.
     
    На Carolin. и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.272
    Допаѓања:
    33.441
    Пол:
    Женски
    Ќе појдиш во пунктот каде што си вакцинирана, се плаќа нешто ситно, ќе ти направат препис на примени вакцини според дневници за евиденција порано што водеа.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    783
    Допаѓања:
    4.328
    Пол:
    Женски
    Бебе секогаш ќе сака во раце кај својата мајка. Тоа не е никако поврзано со разгалување. Не значи дека те искористува, но поврзи го тоа со твојата комфорт зона, колку ти е тешко да излезеш и замисли на бебе како му е, после девет месеци во телото на мајката одеднаш доаѓа во средина за него непозната. Без срцебиењето на мама, без движењето на мама, без било кој звук што го создава телото, на мама. Научно е докажано дека бебињата до одредена возраст не ни знаат дека се засебни индивидуи, туку дел од телото на мајката.

    Тоа што свекрва ти ти кажува, не е старинско сфаќање, баш напротив, старинско сфаќање е да не го земеш бебето во раце, бидејќи така ќе се научело, разгалело, што и да е.

    Верувам дека е тешко, јас исто така имав бебе кое беше залепено за мене, практично повеќе беше на мене, него било каде. Како расте желбата за да истражува и нема да бара да се држи во раце постојано. Но, и да побара, не го гледај тоа нешто трагично. Тоа значи дека гледа заштита во тебе, те сака и ја сака твојата близина и мирис.

    За градинка никогаш немавме проблем, а бевме премногу поврзани. Дури сега плаче, зошто одиме дома, а не седи во градинка. Уживај во овие моменти, никогаш нема да се вратат, никогаш нема да биде повеќе бебе. Воспитувањето и учењето подготви го за подоцна, не сега, кога највеќе е зависно од мајка. Дури и едни животни, кога се толку мали нивните младенчиња оставаат да ги јаваат:) Ќе порасне, ќе има многу други поинтересни работи од прегратката на мама. Сега остави го да биде бебе.
    Последен пат не се ни сеќавам кога бев во wc без публика или сама да јадам на раат освен затворена во некој ќош и пак ќе дојде да ти ја руши вратата. Но, знам дека брзо ќе помине се, а ќе барам барем уште еднаш да искусам да ме лигави наместо баци, да ме гушка силно како да не ме видело цел месец, а не 2 минути. Едноставно, не биди строга кон себе и на маж ти после после 6, покажи му го патот до тањирите, алиштата, нередот. Тоа е живот со деца, тешко е со нив, уште потешко без нив.
     
    На Zumbulche, Coco31, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :f:

    Во темата не сум пишала од кога бев на породилно со првото пред 3г, еве ме сега со второ :drunk:

    Измешани емоции, вина најмногу што поголемото го осеќам како отфрлено дека нели, постојано сум со бебка :( се ужаснувам што не можам исто време да и посветам некако како детето да си го испуштив. Тој mom-guilt ми се вртка низ глава постојано. Но се тешам, не сум единствена и дека за месец-два ќе може да си шетаме заедно и да и посветувам повеќе време.. За хормоните да не зборувам - ужас. За се нешто само цркам ко луда, после плачам дека ми е криво што така сум изреагирала. Мм сиромавиот, постојано е на работа јас со старите дома :drunk: едвај чекам одмор да си земе за некој ден.
    А сега за доењето. Со првото ппд и мастит, од месец и пол беше на АД овој пат бев решена за доење. Но бебка не качува на килажа па ми рекоа да воведам и ад. И така си плачам и за тоа си чувствувам вина. Само чекам уште барем месец да помине да си шетаме по ладот, да се дружам со луѓенца и да си посветам време на мене :rock:
    Инаку, за тие што немате време преку апликацијата мој психолог има доста што се достапни за разговор по телефон, така правев до пред да се породам.
     
    На Coco31, Carolin. и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.423
    Допаѓања:
    22.214
    Пол:
    Женски
    Кај мене мам гилт уште не поминува, 10 месеци е бебето...
    Осеќам дека му фалам на големиот, мене ми фали исто време повеќе со него :|
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    99.222
    Пол:
    Женски
    Мајка спреми деца сабајле и фаќај патот, каков месец, какви бакрачи, на ова убаво време ваљда не чекаш 40 дена да поминат.

    Мајка извежба, дете стана, не почести со 4ч сон,најчесто кога вака чести всушност е оздравен и се смирува полека. Се надевам и овој пат сонот на тоа се должи. Чекаме макарони да се сварат, да се направив сосчето и да јаде бебе, па после за нас. Баба ни беше на кафе па ни се оддолжи се некако. Спонтано договоривме утре скара во село, шубаво, мераци. Тате може ќе успее некое чајче да набере, ние ќе прошетаме, па кога ќе засвежи ќе се прибереме.

    Убав ден мајки, имајте на ум, се што проаѓаме ние сега некоја претходно го искусиле и останала здрава и права, нема мајка што не поминала низ кризи, низ тешки периоди, мешање свекрви, правење жртви и така натаму, само треба да бидеме издржливи и ќе помине се, има за кого. Гушкам силно и бидете ми здрави и живи!
     
    На hello-kitty.90, CareTee, Dennings и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Женски
    Нее, никакви 40 дена туку бебка е само една недела малку ми е шубе дека кај нас има доста стомачен вирус..

    Си велам барем две и пол/три недели да направи па ќе шетнуваме по ладовинка :inlove:
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    99.222
    Пол:
    Женски
    На отворено и немаш гајле. Родив на 29ти декември, на 12 јануари отидов сама со бебе и батко по извод за бебе и шопингче мало. Стомачен ќе има цело лето, избегавај гужви и шетај сабајле рано и попладне.
     
    На Giiirl23, Carolin. и Inana123 им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    40.306
    Пол:
    Женски
    Мразам лето!
    Почнав да го мразам кога веќе немав распуст, сега кога иам дете со кое морам цел ден да сум затворена дома, го мразам уште повеќе.
    Таман ќе залади вечерта он ќе
    заспие и не можам да мрднам оти се буди на 45мин и не презаспива без цицање. Мм е на терапија за МС во болница цела недела, планот да оди за Лондон ќе се одложи малце дека мора да продолжи со терапијата оти симптомите му се изразија, веројатно пак последица на летово и топлово.
    Сама сум со детето, не ми е толку тешко ама очајна сум за 5мин без него.Стварно.
    Морам да почнам и со ентериери да работам пак, единствен приход ќе ми биде тоа, пред преселбата таму го работев тоа, имам и факс и 3 курса поврзани со работата завршено, си ја знам работата и имав доста клиенти, ама сега некако сум исплашена дали ќе можам да се вратам пак на тоа, дали ќе се сеќавам на програмите, дали ќе имам клиенти…
    Ауу главава тапан ми е неделава, мисли еден тон. Многу ми е страв како ќе биде мм натаму со здравјето, млад е и превземаме се што можеме во врска со болеста, ама пак ми е страв.
    Толку години поминаа ние уште не можеме да се стабилизираме во животов, цело време сме натаму наваму.

    На светла страна добив документи за стален престој во Англија, здравје следна година ќе аплицирам за државјанство.Барем тоа од глава го тргнав.

    И пак ќе кажам, лето само за тие што живеат на море. Сакам куќа на море или евентуално езеро, ама многу сакам изгледа.

    Постов онака, попара.
     
    На Bozica1980, macka91, Mnik и 15 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    99.222
    Пол:
    Женски
    Абе златна нели си кај твоите, однеси го на едно попладне бар или кај мајка или кај свекрва. Знам дека му се тресеш, ама верувај дека ќе ти биде подобро. Ако не друго бар да одмориш малку. А за доењето само одбивање му е мајката, верувај, нема друго чаре. Не знам планот каков ти е, ама ако можеш на еден викенд да го оставиш бар ноќното доење да го намалиш или пак сведеш на 1 подој би ти било супер. Знам дека совети не бараше, само да се искажеш, ама си велам да ти кажам дека те разбирам нема да ти помогне знам, ама бар не си сама, знаеш. Сопруг нека се опоравува побргу, а за работата почни онлајн нешто, на платформите, да се уходаш полека.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    40.306
    Пол:
    Женски
    Леле те верувам, се наканувам цело време и никако да го одбијам, тоа радости е кога ќе рече цице и толку ми треба. Кај моите сум да ама мајка ми моментално не може да го чува работи викенди и само недела е слободна, ете денес енос успеа да среди од свадбата, а плус и кучето таму имаше срцев удар и е под постојана грижа.
    Свекрвата го причувува малце викендов, колку да средам нешто ама не ми се остава на неа за да излезам или да правам нешто за себе, некако не осеќам дека сака да го чува така, ретко се нуди.

    Ќе почнам може пак Упворк, таму бев топрејтед, само плаќањето ме нервира таму…тоа е што е.
    Многу безвеза период не фати, ептен се надолу оди моментално.
     
    На Mnik, hello-kitty.90, Zumbulche и 2 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    99.222
    Пол:
    Женски
    Ќе помине! Ако можеш Бејби дај го во градинка на некое време, колку да имаш време да подработуваш од сабајле, па попладне ќе уживате повеќе. Знам како ти е бидејќи со првото бев дома и јас, мислам дека паднав многу психички и се навлеков на фб групи тогаш, ептен забегав и сега сум сеуште ама не до толку. И на форумот, ама групите дабетер. И тогаш најмногу килажа качив бидејќи јас кога сум под стрес и депре се дебелеам.
     
    На Carolin., mal.ecka и 1209 им се допаѓа ова.