Ај нешто да чкртнам. Уште сме во мк на гости. Убаво, ама и уморно. Мислев мајка кога ќе остане на одмор ќе пододморам, ама ништо. Слабо бизнисов. Ама некако како повеќе да влегов во шемата да се снаоѓам сама, и тоа ме радува, од аспект кога ќе се иселат свекрвата и свекорот, дека сепак ќе можам Дете расте, се повеќе имитира, се качува кај ќе стигне. Оди по цела куќа држејќи се те за маса, те за зид, врата. Никако да се пушти да оди. Почна нешто да прави со главата на долу и крева газ, ко да колут напред ќе прави. Си измислува свои зборови, пресмешен е. На банана вика бонана . Кога го прашувам како вика мачето, наместо мау, тој вика маааа ама важно гласовно супер имитира . Кога ќе слезе внука ми, само по неа оди и сака да прави се што прави таа, па збеснува. Многу и се радува, баш ја обожава. А внук ми помал 6 месеци од синко, кога ќе го донесат, е тоа е прав циркуз. Мојов сака за нозе да го зграби и да го гризни, ама овој се плаши и само рита со нозете. Се брани златно дете. И само го тргам синко, за ова малово да не почне да плаче. Па куќа весела до 101 и назад Ама овие три недели овде само ми направи да увидам дека навистина не сум спремна за второ дете. Сите ајде сега второ, заедно да растат, ама јас прво психички, а потоа и физички согледувам дека не сум способна. Нека дава господ кај што нема, ама јас не знам дали ќе се одлучам некогаш за второ, ова нека ми е живо здраво па како ќе биде понатаму не знаеме. Изнапишав од се по нешто, доста е Добра ви ноќ мамасити
Добро утро! Викендов мислам дека само трепнав и ми помина. Е до толку! Вчера отидовме до Шара да отвориме малку куќа, да проветриме, да се исчисти малку, да напраиме скара и да одмориме демек, како па да не, се вративме поуморни три пати. Прво отспав ама многу лошо отспав со синко на чардак, некако ко на пола сон, страв ми беше нешто да не ми влезе да не ме уплаши, врие планинана од змии и животинки, благата зима си го направи своето, за инсекти па да не зборам. Комарци колку врапчиња што би рекол Џамбазов, гарант се крстени со нив. И страв ми е некако да не ни пренесат нешто, сепак во дивина сме, од кај знаеш. Синко мајкин е таква лигавица станат, лепенка ама од тие со најјак лепак, не попушта никако. Раце ме болеа синоќа од држење цело време во раце, ко да сум вежбала 3 тренинга за раце едно по друго. Се надевам дека ќе олабави малку сега. Братов е толку расеан, денес облече кошулче наопачки, ете до толку, наопачки со копчињата назад. Како бре синко успеа. Некад стварно ќе го оставам така да оди, не го враќам, па нека му се смеат нека се научи на ред. Што им е на децава што се вакви расеани бре не ми е јасно. Мада кој му е татко, бетер е од нив. Да удрам форца да доработам, да земам после да средам биро, зошто у хаос сум. Сама сум еве трета недела, не знам како функционирам искрено. Колешката уште 2 недела ќе биде на одмор, јас гинам. Ама затоа на 15ти Јадранче ќе ме лади, правам планови да земам само 2 недели сега за да чувам денови, ама ќе видиме. Мм е цар, не ни знае колку има одмор, му се јавиле да му кажат дека ако земе сега 10 дена ќе му останат 4, да земе од денес фактички одмор за да не му пропаднат, еј го молат да земе денови, а јас се чудев како со децава болни ќе излезам на крај, тој да ти имал денови. Му дадов една песна убава, се надевам дека нема да ми праи веќе вака. Мажи...
Добро утро! Бебе стана во 5 а заспа во 1, со будење на секој саат да цица,еве ја уштее не спие а јас кај и да сум ќе паднам од умор .Татко и отиде на работа нема помош,уште малку ќе дојде свеки да ја гледа а јас да се спремам за работа. Мајки како функционирате на работа вака ненаспани? Деновиве толку ми се смени бебе што не ми се верува.Едвај заспива навечер,ја шетаме на воздух наместо да спие тоа уште и се расонува. Се мислам како ќе биде на "одмор" тоа ќе биде умор повеќе.Резервиравме во Грчка као демек посвежо јуни,ние го фативме најтоплиот бран ,ме фаќа паника како ќе биде.
Сега се пожалив во др тема 10 месеци е моето, цела ноќ на цицка е, на работа сум сама 2 недели, колешката користи одмор, јас сум преморена а само трет ден ми е сама. Со луѓе, со пари работам, концентрација слабо, си велам после месец или 2 ќе си влезам во колосек, засега уште е хаотично. Посакувам да можев да не работам, да не зависев од платичкава моја За на одмор можи скроз друго дете да имаш, бар така се покажуваше кај нас низ годините. Малово некни на свадба го носевме, морав немаше кој да го чува, од 10 до 1 спиеше на таа музика гласна, тапани лупаа тој си спие, а дома станува мочконо
Добро утро! Иако сме станаати од 7 ипол. Едвај чекав овие денови да сум ао децата дома, дека земав одмор, кога станувам со болки во желудник, аман си велам, и кафе не можам да пијам сега, како да ми кркори цел стомак! Се изнервирав стандард, а сакав да ја чистам терасата, лом ми е. Ама ќе одмарам до пладне, па ако сум подобро се фаќам за работа. А сакав убаво да ги поминеме овие денови, затоа и слободни ги земав, тоа е што е, ваљда ќе помине за брзо. После на ручек кај свеки сме, денеска сум спасена од правење ручек барем. Имам еден тон работа, ама ќе почекам да сум подобро. И ова жешково ме убива, ми прави да ми е уште повеќе лошо Убав ден, мајки.
Мајка и ние исто, одиме од петок 6 денови. Ама среќа гледам таму времето макс 26 степени,овде 40 така што мислам добро ќе поминеме Или ќе се фалиме или ќе се жалиме тука. Ви посакувам убав одмор без секирации и кавги Одам да дочистам стан, да подспремам алишта, пак ќе се затрупаме во 3000 работи на тргање, пак нервозни со мажето секое тргање некаде ритуал, па први 70км не збориме Баш сум возбудена, се надевам ќе ужива и бебо па нема да треба да сме 24/6 во соба
Да имам пиено многу пати досега, и во бременост имам пиено, можеш и нолпаза, ама спаземекс е баш за болки, ако имаш и 2 бедоксини или Б6 вит. Заедно во комбинација ги пијам.
Добар ден со моето изладено кафе Нели како ќе знам дека сум мајка? Ние мислам дека почнуваме со запчиња вадење толку е нервозна чеша непца се пика во уста, дремките и се прекратки презаспиваме по 100пати во текот на ноќта, по цел ден во раце си се гушкаме ако е 40 степени само пушта некои звуци, пискави крици, се смее под брк Не можам да си поверувам како можев да родам дете копија на татко и. Дури и гримасите им се исти и спиењето позите и погледот им е ист Едвај чекам да одиме на одмор . Летово ни е со многу планови за шетање што ќе се реализира не знам, со господ напред само да сме добри Како функционирате со клима по дома? Јас нејќев да пуштам ама ова не се издржува,пуштам во друга соба на ниска темп а ние во дневна по цел ден.
Секоја вечер на цицка,добро нели им е топло Се гушка во мене и двете се потиме а само по боди спие. Фала ,исто и на вас
Јас ја пуштив денес на 25степени ми е и нa sleeepmode, горе во спална, долу ладно е. Конечно се наспа дете, прееска стана после саатипол расположен, весел. Покриен со тетра, не мрдна.
Мајки ,дали е нормално година и пол после царски ,да имам стомак ??? Повеќе ми е како подуен цело време . Почнува да ми прави нервоза,не можам да се погледнам. Ми делува на психата реално. Немам качено килажа ,можеби кило или две ,ама стомакот подуен ,дури некни ми искоментираа да не сум трудна .... Нормално е ? Ќе се среди ? Или некоја болест е у прашање ? Да напоменам ,извадена ми е жолчка после пораѓај. И да, не вежбам.... .
Мене тек сега по 10 месеци од втор царски ми се подврати малку стомакот, измеѓу бремености извадена жолчка... После 2риов царски многу ми остана стомакот, за вежбање немам воопшто време. И кожа имам, килажа иста како пред бременост
Убав квалитетен ден, ми започна летото. Станавме рано со дечињава од савќбајле по дома,по двор. Топлото го преспавме и отидовме на плажа. Големото играше во песок а малото си спиеше. Мајка релакс наочара рејбан и телефон. Татко кафе и цигари.
и јас дојдов да по дискутирам на темата како да се функционира ненаспан. Значи моиве па се поголеми (11 и 5 год) ама пак со деца не знам како човек би се наспал или општо па барем да одмори. Навечер легнувам касно а наутро треба во 5 да станам ко ќе сум прва смена и после цел ден сум како умрена. А да легнам да преспијам нема шанси со деца
Ај добро утро, накај добар ден Ден пред продолжен викенд, а не се осеќам некако релаксирано оти знам дека сум на свадба викендов. Знам, може звучам лошо, ама едвај го чекав овој продлжен викенд да идеме до Грчка, ама ете се сецнаа плановите. Ајт за арно нека е. Во однос на мајчинство, тоа па тоа. Кај нејадач, па на жешково уште толку не ми јади. Али кога има леб, шпагета, макарона вака отприлика сме. Домат, пиперка ни под точка разно. Ама ме радува што вака знае да си апне праска, кајсија, црешка, лубеница, диња. Како мајка на дете што слабо јаде, кога ќе го видам дека за нешто отвора усте, па и продолжува да отвора, абе како јас да го вкусувам јадењето. Обожавам да го гледам како си грицнува со тоа клунчето, како си џвака, како си голта. Ноќеска имав една ситуација, малку во мисла ме стави. Се раплака сред ноќ, накај 2:30 беше. Го зедов, му дадов да цица, цицаше и го вратив да спие. Пак продолжи да плака исто толку силно, ни цице го смируваше ни гушкање, па му го дадов шишето вода. Се наголта бааги, така многу ретко му се случува. Се смири и со шишето во раче заспа. Се обвинив детево жедна сум го оставила на жешково и плус се насекирав нем млеко да снемувам... Не дека е нешто страшно, ама да издржевме барем летово да ги минеме горештиниве. Ајде уште еден црв во главата не е на одмет.
Да шкртнам и јас нешто во темава. Деновиве ми е пекол, синко 2м наназад става раце во уста ама последниве 3-4 дена до грклан ке ги пикне ако може. Нервозен е, урла, не може да го легнам 2 минути, значи урлање у мозок да те мавне. Ни кафе ни мочање ни јадење ми се гледа, не знам што му стана. До кај 2-3 ноќе ќе спие, после ми станува на секој саат, не е за цицање туку си кенка така. Се врти на стомак и знае ноќе да се врти па да се заглави во решетките од креветчето, оа тоа дерење, плачење, ау ау. Денес не ме остави 2 мин да седнам а овој татко му за украс е, гледа дека сакам да излезам до маркет и наместо да го земе му текна сега да чисти шпорет од кујна. Абе по непотребно створење од маж дома, има ли. Битно утре сака да одиме на викенд , ама нема да му пројде. Немам време ни желба да пакувам милион партали за 3 дена па после да преперувам. Не знам овие скокови до кога ќе траат, буквално одсабајле го имам моментот дал да се убијам или убијам во последно време. И така, депресија почна да удира
Значи мајка ми ме пукна жената, детево е многу темпераментно и стварно колку и да го пазам ќе падне ќе се удари, два дена по ред паѓа за секунда се работи и се расчукува, е сега јас не се грижам многу, дере е ќе паѓа Господ да го чува. Ама затоа мајка ми ми набива таква грижа на совест што кај и да ќе се скараме. Цело време е со тоа не пазете, многу паѓа мал е, не го гледате, држете го, со икање и паничење кога ќе падне, значи аман. Вакви се и вашите или?