Ич да не си набиваш вина. Ти си најдобра мајка за своето дете. Дали детето ќе порасне на Ад или мајчино е скроз небитно. И јас така се осеќав еден период за доењето бидејќи имав млеко нецели 20 дена, ама не толку од себе, колку од околина. Посебно мајка и свекрва. Бар знам на второ што нема да толерирам.
Кај мене татко ми е ваков. Пред некој ден додека ја закопчував на кенгур ја штипнав со тоа што се закопчува, а вчера истото мм го направи на другото раче, па одма коментари: сирото дете, штом правите Само оди по неа, не ја остава сама да оди, му викам: не ми е јасно како ние сме прооделе ако не чувал како неа. И јас се нервирам ама тоа е со стари луѓе...
Па кога треба јас тројца да пакувам и да испазарам хигиена нема да чисти, ќе помогне со децата за да се спакувам и средам се на раат, а не видел некоја точка на шпоретот (што бај д вј редовно го средувам после готвење) и да гланца со арис де грас, да корне се на киселина, нешто што може да почека до понеделник, или кога ќе заспијат децата, а не јас да се пакувам во 12 на полноќ, туку ај му текнало сега, само за да не нишка или шета деца. Епа мало морген
Добро утро од една мајка што ќе биде сингл мам следните 10 дена. Ко преживи причаче. Ко за сефте синко мал ме почести спиење до 8, замислете, детето што стануваше во 6. За награда гледа Биби и јаде од омилената мусли каша со малини. Љуби га мајка. Мене ме чека средување дневна бидејќи вчера го пакувам сопруг за на пат, добро он се пакуваше јас пеглав, ама искористив прилика да испеглам се што беше заостанато од летна гардероба. Официјално немам ништо за пеглање и перење, кој е ко мене. Знаете кога последен пат сум немала за перење и пеглање, пред да останам трудна со џивџи мал. Сега да се најаде па ќе удрам форца да средам под, ќе средам кујна и ќе пијам кафе паралелно, па ќе одмарам кога ќе заспие. Уствари нема да одмарам, ќе вежбам, ама ќе вежбам бар на чисто, мразам да вежбам и трошки да ми се лепат за мене. Прилично сум ентузијастички расположена ко за сама дома, планирам и плакар да реорганизирам и постелнини да сменам и купатило да исчистам... ако успеам ова се денес ќе ми остане викенд пред мене.
Слаба точка, исто прават сите 4ца стари кај нас, да се живи и здрави. До тресење дали ќе допре нешто од земја, па комарец ја каснал, па се гребнала со нокте на лице, па не дај боже кога ќе падне и да има расчукано или модро малку. Или кога јаде ако се јави гаг рефлекс, ау страшно. Не ја чуваш коментари одма Како они повеќе да ја сакаат и пазат од мене А ние сами сме израснале, они гледале да е чисто дома и ручек да има пред се, сами си кажуваат. Ама за внуче друго било. Немам решение само сочувство до тебе
Свекор ми Не трпам му велам, кај нас е следново, на големиот му викат нон стоп пази ќе го удриш брат ти, значи 100 пати денот, а му се доближи детево одма пази пази, тоа е обично во двор ко ќе сме надвор... Или па на големиот, немој таму ќе се удриш, немој ваму, од мало така и ден денес самодоверба му јачам од така што се му бранеа да не се удрел, јас се го оставам да прави, кај мајка ми се му е дозволено, со надзор нормално за некои работи како на пр сечење овошје со нож и слично, ама дома во двор ќе се отепа ебаго како не. А малово секаде лази и го оставам, оди во маса, во цигли (имаме дома) и се стварно опасни ама од што го пазевме првото дете порасна без доволно самодоверба, па се мава и стои не плачи, продолжува, се научи кај можи кај неможи да мава, ама ако е тука дедо му, пази пази пази, ме скренува, среќа ретко е горе... Нека си зборуваат не замерувајте. Сега не се нервирам оти се му велам на сите, за првото поќе ќутев и се нервирав @kozuf имам еден прст ама толку било нормално велат... Сега поспоро процесов со второво оди, за вежбање сакам ама нема шанса, сега па од ко почнав на работа воопшто време нема.
Нормално дека сите ги игнорираме коментарите и правиме како што мислиме дека е најправилно. Само некогаш дури сама на себе си се лутам кога давам објаснување зошто правам одредена работа така како што ја правам. Како да се правдам. За мое дете. Како мајка ми да е мајката, па сега јас и објаснувам. Проблемот е што не почнуваат да не гледаат како мајки, за нив сме деца и тие знаат подобро од нас.
Баш така. Ама игнорирај ова, трпи она, цел ден 300 на саат, обврски микион и се собира. Па и ние сме луѓе ама никој како да нема емпатија за нас. Мајки сме што мислевме, така? Некогаш не можам да испроцесирам се, кога ќе заспие навечер седам зјапам во темно ко мрдната.
Исчистив и си ги средив пола од зададените таскови па сега да чкртнам пред да се пружам да вежбам. За коментари сте збореле. Ако ја прашаш мајка ми јас сум најлошата мајка за моите деца, се она подобро од мене прави, повеќе ги сака моите деца од мене и тд... Ако се прашувам јас нејзината грижа е глума, за да се покаже пред зетот. И тврдам дека е така. Ако се сеќавате зимоска имав многу мака од неа, за се ми пререкуваше и се понашаше повеќе домаќинка од мене дома, па дури и си зимаше за право да коментира. Мајка ми е, душа ме боли, ама нема исаф па повеќе такво малтретирање подолго од викенд не трпам. Еве ме преживувам и без неа и пак ми е се потаман, и деца спастрени и испрани и дом исчистен и сега ќе извежбам. Со неа 3 пати не извежбав раат, за неа тоа е губење време, а само ми млатеше за килажата, ама да јадам посебно за мене храна да готвам или да јадам јас стек а децата и мм манџа, беше грев. Премногу си зимаше за право, премногу. Со мм за тие 7м цело време бевме во војна, сега се немаме 2 пати скарано откако си замина. Многу лоша енергија ми даваше. И многу ме боли, ама полесно свекрва ми ќе ја истрпам отколку мајка ми. Не знам за вас ама јас многу сакам кога ми е дома тип топ средено и да си седам со нозе пружена и да одмарам. Додуша ќе станам сега да вежбам, и за денес и за вчера, а ако ми тргне и за утре ќе извежбам, ќе видиме како Бејби ќе дозволи.
Они за нас не се потресуваа, сега за внуците. Моите не знаеја кај сум, во какви гадни места си игравме, дали не виделе дали сме паднале или не, ептен ако некој беше за на итна и за шиење. Па сега глумат лудило леле паднало коленцата ги изгребало. Одвратна ми беше таа хипокризија и не пропуштав прилика да им го кажам тоа. Моите посебно, не смеат а да речат, нити ме интересира што мислат за мене како мајка, нити смеат да изразат мислење на темата. Немаат на што да го основаат тоа мислење за да им држи вода. Така што знаат кај им е местото и тоа е тоа. Гледаме Bluey деновиве, толку е забавно цртанчето, и секогаш има нешто поучно, има нешто и за возрасните и за децата. Го гледавме Brave, е тука се утепавме од плачење и се испогушкавме, па си поразговаравме. Посебно ѝ беше трогателно зошто е филмот за односот на Мерида со мајка ѝ, па некако ептен се стави на нејзино место. Обожавам што конечно имам дете да си гледаме заедно цртани, да не ми вика маж ми дека не сум дете, па да си гледам. Не дека тоа ме спречуваше.
Се вративме од шетња, бебо е со тато, јас малку пауза. Е сега долго се мислам да пишам да ми излезе од душа, на кого и да спомнам од постара женска популација истите коментари: што мислеше ти, така мајка ли се бидува? Мене не ме тепа синдромот на немајка, туку на нежена. Знам и гледам по ситуацијава дома со бебо, давам и вложувам 300% од себе за таа да биде задоволна, сакана, гушкана, да не пропуштам еден момент со неа пошо ми расте бебо душа ми се кине. Да, чувстувам вина што ќе ја носам во градинка и нема да ја гледам од септември вака ко сега, но луѓе јас повеќе се жалам себе си. Се жалам пошо се запуштив. Станав каква што велев дека нема да бидам. Немам време буквално за себе. Мм мн ми помага, буквално и по дома и со неа. Ама јас сум очај за себе. Наоѓам време да си депилирам, фарбам, шишам ама и тоа со милион премислувања. За себе немам време да си купам ништо. Нокти не налакирани, ниту маникир ниту педикир. Немам сенс за себе и на себе дрка треба да поработам. Дали си поставувам мн огдговорности за домот, детето и мажот, па се запушѕам себе. Навечер кога заспива, делиме обврски со мм, јас кујна он алишта или обратно. Едино имам сила да се избањам само. Дали е нормално да се обвинувам себе дека немам време ни за себе, ни за ниедна активност поврзана со мене?
@1209 Јас одлучив да не ги слушам. И мајка ми и свекрва ми. Тропаат глупости во врска со децата. Дури се чудам пни така со нас не биле ама еве сега внуци, помили од деца.
Еднаш бев на маникир и ги оставив децата. Кога се вратив дома лом ме направи. Како сум можела да ги оставам децата за нокти да правам. Направи толку лошо да се чувствувам како човек да сум убила. Од тогаш децата секаде со мене ги носам кога дозволуваат условите. Еден период доаѓаше жена и ми помагаше по некој час во текот на денот. Да завршам некои обврски или ако не друго кафе да испијам со пријателка. Ама веќе немам потреба така да сама се снаоѓам.
Абе чинеш они толку жртви направиле за што реално? Да немаат никаков социјален живот и надвор од деца и маж ништо да не ги интересира, барем мојата е таква. Она за такви работи не ми набива вина ама за ова и нејадењето ме изеде, преку она ми е од тие муабети.
Јас и од мајка ми и од свекрвами коментари тон и пол, од мама ама како без капа (ко си дојдовме од болница ),после мало е замотај го во ќебе( дома над 25 степени,), мн ме нервира и ден денешен и викам јас ке си ја успијам неку да ми ја успиваш во раце и она на тоа : мајкати бебе многу знае дојди баба да те успие, или тоа нејзиното а тебе така те научиле ( ни уште од мала подипсравена ја шетавме по дома или на перничка си лежеше да си глетка). А од свекрвата почнувајќи од првите саати после пороѓај каде ме боле раната дека со царски бебе ниеднаш уште немав видено она ка завикала а млеко имаш ли на секое едно јавување, неможев да објаснам дека малку покасно може да дојде млеко со царски ко си башка па дека дури наредна ден беше со мене. После ко си дојдов со трески и температура оти имав мн млеко беба фаќаше ама мн малку одма пушташе и ја слушам му вика на сопругот ама мора да цица, и ред др глупости повторување со тоа цицаце за на крај да дознаам дека она ни 40 дена не ги доела нејзините. И најновото: ама рано е од септември в градинка да оде нека седе дома јас ке ја гледам, а не сфака дека и у јули да ја пуштам беба пак ке се разболе мора тоа да го помине за да стекне имунитет плус и деца што не одат в градинка болни се скоро цело време ама неможам да докажам. Мн ме нервираат и двете ама некако научив да викам добро и да си терам по мое, не дека не ги почитувам ама претеруваат. Што и вели сопругот за нас дали вака викаше или сега дека она ти е внука поболе Погоре баш кажував како ми набиваше вина свекрвата дека морам да ја дојам и ставтно ми беше мн грдо дека неможам една работа да направам како што треба и затоа почнав да молзам реков колку има толку на крај и на ад нека е само да е се во ред па фала богу растиме битно да е живо и здрабо
Леле сега те читам, исто значи исто. Свеки на мм му плачеше "ама сакам да цица". А и она исто немала млеко ни 40 дена. Исто, све исто. За греота.
Во врска со коментари од старт им имам кажано на двете баби да не ми се мешаат и да не кажуваат што и како, знаат понекогаш да кажат ама "ги сечам" и молк е. Највеќе се нервирам што им даваат благо во тонови кога се со нив, џабе зборам, или телефонот на големиот му го даваат за да не плачел, абе ајде не може да се најде занимација божем, ама не така е најлесно. Сега со климата како била пуштрна цело време ќе се разболеле, што сум мислела Земи облечи ги, облечи им маички доле а може и чорапчиња по домане им облакам секако, само им кажувам дека нема да ги облечам и крај. Денеска сум со гости, вчера се живо исчистив дома, денес се зготвив, во кујна се заглавив, и од 16ч до 21ч со гости бевме, вака сум преморена, жити неработниот ден, боље на работа да сум, ми се смачи само одам и чистам нешто, раскревам, и нема крај..... најдобро утре да си одам кај моите раат глава ми е, барем ќе си одморам како што треба. Само што средив сега се после нередот од гости, деца избањав и заспав уште прееска, беа клапнати и уморни, заспаа за 10 минути. Одам јас под еден туш и да легнувам, зошто сум преморена. Убав сон мајки.