@RainBow ,ми фали спонтаноста од пред дете, во смисла на шетање, да се спакувам и во 15 минути да решам дека вечерва/утре заминувам некаде. Сега 3 пати размислувам, мерам, премерувам, дали и колку таквите работи ќе влијаат на дете, посебно на нејзиниот распоред. Од аспект на тоа не ми смета што побрзо врви времето, некако си мислам кога ќе е поголема, повеќе авантури ќе имаме. Инаку генерално, да. Во работен ден, додека дојдам од работа, буквално додека трепнам поминал денот. Ужина, вечера, бања, измеѓу играње и тие 4-5 часа од кога ќе се приберам неосетно поминале. И така секоја недела.
Мене и сега денови ноќи ми се кратки, само бројам во "аха ајде уште едно цицање и нека се разденува" зошто некогаш е премачно таман си заспала сака да помези. Ама лета времето, ете 6месеци неосетно отидоа. Премил е, пресладок. Само ползи(се влече) лево-десно по подлога, тргнал по една играчка, здогледал друга,па мене и трга во поход. Сега ма ма ма ба ба ба ња ња е на ред пресладок е. Еве сега открив дека за цицање плачењето му е драматично "њааањањањањања" додека не добие гушкалче е Срцево ми се кине што топку многу плаче од други луѓе од пред 10дена, скроз се смени во поглед на непознати, за него непознати де, 1 во недела не ги памти, а тие дабетер од деца му се лутат и само коментираат. 5дена со мм сме со главоболка од што само ни држат предавања и делат совети како ние сме криви требало секој ден да го носиме кај едни па кај други. А ден - минута, со мм не сме се ни виделе, куќа ќе полета, сè сама ама секој си се гледа себе.. Тоа е Само нека си расте бебче, луѓе секогаш ќе зборат
Првата година времето многу бавно ми поминуваше, од роденденот па навака лета времето. Вие што први имавте дете во фамилија/друштво, дали сте изолирани? Никој не не вика за никаде, ако викнеме ние имаат планови... Се осеќам изолирано, не се лутам, знам дека сите си имаат свој живот и обврски ама не очекував вака дека ќе биде
Ние искрено сега се дружиме повеќе со тие што немаат деца,тие што имаат деца некако како да не сакаат да се дружат се излагаат со фамилијата така да и ја не ги барам
Не е возможно колку многу ми фали бременоста, како еден дел од мене да го нема. А тука е, бебенце живо здраво право. Само две недели како се породив и толку брзо ми фалат тие моменти во бременоста, редовно ги читам труднички муабети ама не е тоа тоа.. се некако брзо ми проаѓа како да не се изнауживав 9месеци.. знам хормоните си работат, можам да се расплачам во било кое време од што сум емотивна ама тоа е, мора фокус сега на бебенце само
Ние имаме дете први и во друштво и во двете фамилии. Значи јас немам деца да викнам на роденден кај ќерка ми да не се од градинка. Со текот на време сфаќаш дека не можеш да се гледаш како пред. Зависи и од луѓето секако. Другар и другарка што пробуваат за дете сега се сколопуваме некако. Затоа пак со кумовите никако. Они се по искачања, диска, пиење. И ние бевме такви пред децава ама сега веќе надраснавме. Тоа е. Ги гледаме еднаш на 2 месеци.
Исто исто, двете друштва ни се по дупси дупси и пиење до 3 4 сабајле, ние со мм уште пред да ни се роди бебе веќе го надраснавме тоа, па сега ретко се гледаме со сите. Ептен ние треба да иницираме кафе па да се организираме 300перипетии, а најмногу нервира кога доцнат по 40 50мин, тоа со мало бебче ептен менува за цицање, спиење рутини ама тоа е не сфаќаат.. Јас тука пишував пред 2 3 месеци дека се осеќам отфрлено, осамено - ми пројде, веќе не си тераме со беба и тато наши филмови, уживаме П.с денес цел ден едни други луѓе - беба добро се снајде пресреќна сум сонце е, се смешкаше се кривеше гугаше
Точно, проаѓа тоа чувство. Сега ќерката е 3 години скоро и имаме нови пријатели стекнато, со дечиња, што родители од градинка, што од игралиште и супер функционираме. А тоа за каснењето ми е врв на нервоза, ти ги викаш во 2 на ручек они во 4 доаѓаат, цел ден ти го зезнуваат. Исто сфатив дека луѓето кои немаат деца се многу себични, можда и јас сум била, не викам не. Мојата најдобра другарка абер нема од дете, ни дечко нема. Сега кога се пораѓав со второто, муабетот околу тоа ни траеше 5 минути ама затоа за нејзината работа и новите понуди кои ги има, збореше саат време. Јас се изнервирав многу, како да немаше никаков интерес ама маж ме смири, вика не замерувај не е во тој мајндсет, и во право е.
Исто и мојата најдобра другарка како да ми го игнорира постоењето на бебево (добро, дете веќе ). Со неа се однесува сѐ како што треба, ја сака нормално ама со мене дали 1 минута ќе разговара во врска со тоа. Нема деца, не очекувам да разговараме каква боја и е каката ама може да праша не знам какви ми се ноќите, како ми се сменил животот, како се осеќам во врска со сѐ, па и понебитни работи од типот што сака да јаде и слично. Зошто да не? Околу мене скоро сите имале деца пред мене па јас сум разговарала и сум ги прашувала во врска со децата. Демек досадно е да се разговара за деца? А не е досадно да оговараме некои небитни фаци пола саат? Јас можам да слушам активно и да поставувам прашања кога ќе ми раскажува нешто во врска со работата или некој проблем со другарка/фамилија. Искрено не дека тоа е нешто поинтересно. Исто да, некои од другарите ми имаат речено не ве бараме, сега си сте со бебето. Па, пробај побарај ме де, може ќе дојдам. Или може ќе се најдеме на пола пат, па ќе правиме нешто трето. Ако не можеме да дојдеме да пиеме до сабајле, па ајде ќе седнеме преку ден на пиво. Или ќе те поканам дома на кафе. А најјакото е што сите во догледно време од нив ќе имаат деца (нека е и во наредни 5 години). Не знам зошто ама мислам дека баш нив темата на разговор ќе им е само деца и тогаш ќе ми поставуваат 100 прашања во врска со деца.
Здраво мајки На темата погоре со другарките што имаат деца, 99% од муабетите се за децата, со другите што немаат ни јас не терам муабет за деца. И мене ми е луфтирање на мозок да слушнам други работи освен градинки, вируси, осипи, заби итн. Ко прозорец кон светот ми доаѓаат Две деца со мала разлика, што во превод е малтене едно по друго породилно и се одалечува човек од многу работи што сум ги правела пред децата. Во некои ситуации не се препознавам ни сама. Ама се е тоа ваљда процес на созревање. Одмор бр.1 истеран. Вратени, распакувани и се уште во брак Се погоди и времето и децата беа расположени, ама Марфи рече чекајте другари нека не се залетуваат овие многу па почна да врти вирус. Прво јас, па бебе 2 дена, па маж. Секако дека на маж ми најлошо му беше. Изгоре со 37,6 тт Углавном дете се изнабања, бебе уживше покрај и во море. Ние поуморни се вративме ама тоа е стандард. Од утре сите во стариот бубањ. Градинка, работа, бебе во ред да се врати Да ве почастам, јули е наш месец. Годишнина од брак, мој и роденден на дечкото мој Преблагодарна за тоа што две мали усти ќе ги дуваат моите роденденски свеќи. Смислата на животот се Ве поздравувам
Heloo тантруми на најјако. Таа која се чудеше како може дете да се влечи по земја, и да се дери на цел глас - ги дочека и нив. Првото, освен што има енергија да не застане цел ден, било препослушно, премирно. Второто ми наплати за се. Или сум заборавила, или сум го преразгалила, или сум остарела... Или, или, или... Се преиспитувам, ја изначитав темата со тантруми, барам решение, ама го немаа... Ми остана да чекам да поминат Полека се спремаме за одмор, ама ќе да е умор. Оваа година ќе се опремам со некое шише вино, бар кога ќе заспијат да се опуштам. Си се пожалив пред спиење... Добра ноќ
Helllooo Nekolku dena navecer pravam planovi za nova kariera,nov pravec,ucenje na odreden zanaet za istata..a nasabajle koga ke stanat 2te decinja ne mozam ni da gledam ne pa drugo. Za 2m se vrakjam na rabota...ne znam kako ke me bide iako mi e vtor pat da se vratam po porodilno... Si mislam nekoe vreme podobro da udram edna forca nekolku godini ,edna, dve da se iznamacam za ucenje za nova rabota i sl nego vaka da prodolzam Mi se zdosadi prosecna plata i setanje po ulica tuka pa tuka. Ne sum neblagodarna se raduvam na decinjata i se toa. Ama sakam da bidat gordi a ne tuku taka kolku da se rece deka rabotkame po neshto ... Ke se izdrzi li da se spregneme za nesto novooooo
Исто ми е, веќе месец и пол на работа сум, демотивирана, мин плата, деца наваму натаму, кој стигни ги чува, јас сум преморена... Единствен проблем што живеам во мало место па никаков др избор немам засега...
Добра ви вечер. Одамна не сум ви шкртнала. Бебушко мој порасна, уште еден месец ќе полни цели три годинки, цел дечко е голем. Јас искрено психички од ден на ден пропаѓам, само голтам жаби, се стискам, се трудам да сум насмеана пред него, да му посветам внимание, ама ноќите ме надвасуваат. Ми идат солзи, ми иде да вриштам, а не можам. Не спијам ноќе, дење едвај главата си ја држам. Раздразлива сум. Во дадени моменти не знам како да реагирам. Си имам работа со премногу своеглаво и инаетливо дете. Кога е решен дека нешто ќе биде по негово апсолутно на ниеден начин не можеш да го разубедиш. Се трудам да сум смирена, премногу се трудам, никогаш во животот не сум реагирала толку сталожено, ама сѐ е џабе. Ќе вришти, ќе се треска, ќе ме куби, ќе ме штипе, ќе тропа со ноџињата и крај. После некое време ќе го скарам, ќе го плеснам по газе, него тоа само уште повеќе го лути. Не попушта и не се откажува. Дури и да е тоа опасно. Пред малку ситуацијата: со велосипедот убеден дека треба да вози по улица (знае дека му дозволувам само доколку нема коли т.е. по непрометна улица, штом наиде кола од далеку одма го тргам настрана), наидува кола во моментот, го тргам, а тој врти со воланот накај колата. Крвта ми зовре, помислив дека во секундата ќе го снема пред мои очи. Толку бев преплашена што почнав цела да се тресам. Му објаснувам, тој си вриштеше додека не стигнавме до дома и цел пат упорен да вози по сред главни улици кај што константно минат коли и одбива да вози по тротоар. Срцето во петици ми беше цело време. Збеснав во еден момент, му се развикав, само повеќе се налути. Немам душа веќе да ги минувам секој ден истите борби.
Мајка ако се сеќавам добро имаше проблеми во бракот порано нели? Или така нешто беше, извини ако не е така. Не сум те читнала одамна ама не е ни битно тоа. Сакав да ти дадам најдобронамерен совет, не се работи за инает или карактер, сака да има контрола над ситуацијата, веројатно растењето во првите години каде што ти си била под константен стрес кај него оставило некоја траума. Плескањети по газ и викањето нема ништо да смени, нема да слуша, ете гледаш и сама, знам дека е фрустрирачки и знам дека е тешко да постигнеш се, знам дека некогаш не можеш да се контролираш со викањето, плескањето по газ исто, мене не ми било никогаш нормално ниту едното ниту другото, сметам дека иако изгледаат наивно, сепак имаат последици. Може е паметно да посетите детски психолог, или некој тренинг за како посмирено да пристапуваш на ситуацијата. Веројатно чувствува дека и ти си нервозна, тажна и раздрзлива и не се осеќа сигурно и сака да воспостави контрола, а секако дека не може и дека е мал за тоа. Извини ако постот те навреди или повреди, вистина неам таква намера. Само скоро 99 посто сум сигурна дека не се работи за инает и карактер туку за траума или недоволно знаење како да се справиш со него, мора да работиш на тоа.
А како тоа си 99% сигурна дека не е карактер? Уште пред годинка бебињата покажуваат карактер, што им се свиѓа што не, некои се пофлексибилни некои помалку, смисла за хумор (се смеат на различни работи) итн. И не се сите деца исти, со некои полесно се справува со некои потешко. Не знам што би правела во оваа ситуација, дефинитивно не е лесно. Јас најверојатно би земала онакво седиште за мојот точак и ќе му објаснам дека додека не знае да почитува правила, во седиште ќе го возам. Мајка подобро тој да плаче отколку ти во ваква ситуација.
@nevermet18 , детето е мало за да разликува прометни, непрометни улици. Ако некаде го оставаш да вози по улица, за него тоа е место за возење. Нормално дека насекаде ќе бара после. Може преку сликовници да пробаш повеќе да објаснувате за сообраќајот и слично. Во мојов град, скоро и да нема велосипедски патеки, тротоарите се паркинзи буквално и претешко е со дете. Исто инаетливо дете ама кај мене од година и пол. Не знам колку пати ми дошло на мисла да ја исплескам на сред улица кога без причина се дери на цел глас. Кога сака да претрча преку улица, исто прометна. Махер станав во дишење длабоко и броење до не знам колку, само за јас да се смирам и попатно да ја држам неа подалеку од опасност. Не ми е начин да е постојано дома, во двор или во количка, сепак треба да истражува, да стане самостојно итн. А дека си имаат карактер, си имаат и тоа како. Колку и да ни се допаѓа или не. Често знам да кажам дека јас со карактерот на ќерка не знам да излезам на крај. Уште се расправаме со скокови, со 300чуда и уште е мала нели ама знае да е тешка за човек да се справи со неа.
Se soglasuvam, plus mislam deka genite igraat golema uloga. Dali @nevermet18 ti si bila potemperamentna ko mala, ili tatkoto bil "dzambaz" mozebi?
Добро утро мајки, бебе се буди рано а касно го заспивам дека ми е жал денски ич не излегваме ради жешкото па навечер се трудиме да го изнесеме. Ми се спие после цел ден поспана речиси и да не можам да функционирам. Среќна сум добро напредува научи да се врти и од грб на стомак па сега малце потешко оставање сам подолго време. Маж уште малку почнува со работа, мн ама мн ќе ми недостига па се трудиме и максимално да сме заедно. За одмор не знам годинава некако ми е страв надвор од државата а маж ми сакаше Турција. Ќе видиме има време.
Зошто кај членкава случајот е малце специфичен, со сопругот и начинот на растење, затоа мислам дека се одразува кај детето. Да веројатно е и карактер ама сите негативни карактеристики од карактерот се засилени ради секојдневните трауми кај мајката. Може грешам јас само дадов совет. Плус плескањето и викањето на детето дефинитивно не е паметен пат за воспитување, на сите некогаш ни доаѓа ама не, не е решение. Тоа само му покажува во иднина дека кога нешто нема да му се допаѓа или кога некој нема да постапи како што сака тој, дека изливи на бес, викање и тепање се прифатливи и се решение. Сега мозокот му е сунѓер се впива, има различни пристапи на решавање на вакви реакции со децата, ако е екстрем најдобро е да се побара стручен совет како најбезболно и мајката и детето да воспостават комуникација и да ја поминат фазава.