Не ми е океј да кажеш така од ракав дека детето имало траума (малку треба да внимаваме со такви изрази) од разводот на родителите, немаш диплома за детска психологија сепак. На место ти беше советот да се побара помош од стручно лице. Иако мислам дека е нормален дел од развојот, би помогнало на мајката полесно да се справи и да не избувнува.
А ти знаеш дали имам јас диплома за нешто? Не може да нема траума кај децата од развод на родители, во мала или голема мера и траумите не треба да се табу тема, траумите се лечат. И на крај не реков дека детето има трауми, реков дека детето реагира соодветно глеедаајќи ги траумите кај мајката, начинот на нејзиното однесување, тоа што е тажна и раздрзлива, придонесува за последици кај него и неговото однесување. Немав никаква намера да ја вреѓам мајката, ниту да ја обвинувам, верувам дека прави се што е во нејзина моќ да го заштити детето, ама нормален процес е во ваква ситуација, проблем има очигледно и и дадов најдобронамерен совет што да биде следен чекор. На крај ако на мајката и пречеше советот и сметаше дека мојот коментар не е на место ќе ми пишеше, не мора да бидете адвокати на сите.
Дојдов само да се пожалам Уморна сум ептен...Ноќно време си станувам по 4 ти пати..по два пати од дете за цицање и пропратено со грчеви МаШ помага колку може секако,ама јас се чувстувам исцрпено ептен. После 15 часот кога ќере си доаѓа од градинка почнува земјотрес .. Уживам во чувањето,си ги сакам децата далеку од тоа дека не,ама како во круг ми се врти се..доење,пелени,едно бебе,друго бебе,едно "лудо" дете. Знам фаза е,период е ќе помине се' само да имам челични нерви ми треба. Кажете дека ќе помине,за полесно да го пребродам овај период.
Рече дека стресот на мајката оставил кај детето траума. Така ти стои во мислењето. Тебе како ќе ти биде ако се пожалиш тука и некој ти пише такво нешто. Ова е форум ако сакам и ќе бидам адвокат и ќе пишам. И јас сум раздразлива кога син ми сака да трча накај улица не само членката, треба да се најде начин да се справи. На пример со симптоми како температура, јас не знам да дадам дијагноза вирус/настинка/бактерија, носам на педијатар. Затоа не би давала ни такви изјави како траума зашто не сум стручна. Не дискутирам повеќе за да не се полни волку убава тема со негативност. Топлотниов бран како да се издржи тие што не сме на одмор? Освен базенче, играње со вода предлози што правите со дечињата? Надвор не можеме да излеземе покасно зашто сме спанковци и си легнуваме рано а и стануваме рано.
Ова е форум и јас какво мислење сакам ќе дадам. Мислев на траума кај мајката не кај детето инаку, не знам зошто така сфати, а и да зборувам за траума кај детето не знам што е срамно и страшно. Да бев на местото на мајката прва ќе бев што ќе помислеше на истото, искрено. Не знам зошто толку е страшно да се спомене зборот траума или да се зборува за тоа како развод и проблематичен брак влијае на децата. Побогу не реков дека намерно му наштетила на детето. И не е ова негативности, барем јас не се карам, а ти ако така гледаш на дискусијава, тоа не е мој проблем.
Тогаш надвор од сабајле една подолга прошетка. Заспива мојата околу 10 дури, па имаме две прошетки. Инаку немам ни јас идеи. Најголемиот дел од денот сме дома и дневната ја имаме претворено во игротека. И сите играчки на под. Мојата сака во вода ама само во тоа коритцето што ја бањаме, во базен не влегува. И треба очигледно време да се навикне. А и ставаме играчки во базенчето и игра, прска со водата ама не сака да влезе. Се зафркаваме дека ќе мора коритцето да го земеме за на одмор.
Додека не ми е поминалата позитивата да шкртнам нешто, тука со депресивното време кратко ми трае Значи ја обожавам оваа држава со 25+ степени. Имаме преубав базен со огромни природни сенки и тревници. Има еден олимписки, друг помал детски и уште едно “ѓолче” за џипиндари како мојот, со парк до него и активности во песок, и тоа се за само 3ипол евра по 17 часот. Ма совршенство. Имаме и голема тераса со базен, водена фонтана за дете, сепаре. Верувате ли овие 3 дена се осеќам ко на одмор, а работам до 5 и пак ми е убаво. И син ми е пресреќен со еден куп активности надвор за само 3 часа. Сега си пиеме пивце со мм и си лежиме на сепарето надвор. Убаини. Штета што кратко ни трае, од утре пак почнуват дождовите Истеравме еден одмор во мк, и свадба и се. Друг крај на август здравје Турција се одлучивме. Ако продолжам да пишам ќе почнам да пцујам за периодот тука што го миниме, па ќе сечам тука, нека ми остане некаде ова летно чувство запамтено за да се потсетам дека не е секогаш тмирно Убава вечер мамс
Добро вечер и од мене! Долго време не сум пишала, сега додека го заспивам бебуш да си кажам што ми лежи на душата. Дојдов на одмор тука да одморам ама сфатив дека без рутина на децата, не знам да функционирам. Девојките ми заспиваат во 8 часот кога сме дома, ама овде во 8 се уште е ден и ми е жал да ја легнам во 8 кога се уште си играа со дечињата и кога ја гледам колку е среќна, па си се тешам дека уште месец дена пак ќе се вратиме назад и на рутините, а ова што го поминува тука ќе и остане во сеќавање. Со бебушот сите скокови ги поминавме супер, не можам да се пожалам освен овој скок каде ми го помести легнувањето за покасно. Периодов барам дестинација за одмор и одбрав 10 дестинации уште само да се решиме каде, за да можам јас да истражувам повеќе за местото, тоа ми е одмор на мозокот. Големата ја пуштив кај тетка и да спие вечерва, па се мислам дали да гледам филм некој или да читнам нешто. Денеска бевме да ги сликам за пасош, и секојпат се разочарувам се повеќе и повеќе. Празни кабините ама не примаат да сликаат, случајно да не им се очади кафето. После саат ипол конечно завршивме со сликање и за да биде денот уште покрш пајак ни ја дигнал колата, па на најголемите вруќини моравме да бркаме такси и да одиме по колата. За ништо 6000ден отиднаа, и што е најинтересни на плацот некои просечни коли, нормално овие со јаки коли можат каде сакаат да паркираат, само по сиромавиот се удира. Мисливе ми се како постов измешани.
Ај да пишам нешто додека имам некоја слободна минута на работа. Лабаво периодов, сите на одмор и стивнува тензијата и ми одговара атмосферава. Не е турбо. Нека потрае. Пишав и јас одмор, за Грција ќе одиме. Се силам дека ќе издржам некои си 12-13 дена со тодлер 15 месеци (комај 16). Страв ме фаќа како ќе биде искрено. Одиме во апартман на пријатели, плажата не е блиску баш, т.е. е некои 5 минути со кола, а мене идеално би ми било 5 секунди пеш. Кажете ми како се снаоѓате и справувате со бебе/дете од таа возраст подолг период на плажа? Поточно, колку време издржуваат, со што ги анимирате, како ги штитите од сонце? Нема да видам јас сончање, нели? Да бидеме реални. Со милион стравови и прашања сум во глава околу овој одмор. Да не ми е голем залак две недели? Еве моментално пишувам околу одморов и во глава имам тон мисли “да му купам купачи со фактор, има ли потреба?; Добар ли е Chicco факторот или друг да земам?; Да купам Лоратадин, Блокмакс за недајбоже;..“ и уште милион ситнурии што дури прават да ми одмили и одмор и сѐ. Прво искуство одмор со бебе ќе ми е, барем од толку денови. Сме оделе викенд 2,3,4 дена. Лани одложивме поради итна операција на блиска особа и убаво не олупи агенцијата на сета немаштија. Ама ајде барем сѐ помина во добар ред. Викендов договорив жена да ми помогне во чистење дома. И тоа ми е прво искуство. На верувам на никој освен на своја рака, ама шанси нема да постасам цела куќа во исто време да ми е чиста. Ќе потфати таа прозори, врати, тераси, јас нешто друго ќе чепнам. Ваљда нема да се пишманам и со оваа одлука. Буквално се истресов овде да ме потапшате по рамо и да ми кажете дека ќе виде сѐ во ред на одморот и дека жената стварно ќе ми заврши работа. И така... Ајде среда среќен ден, прекршува неделата, се гледа петок со голо око. Ај наздравје.
@DaisyDoo со жената ќе биде се ок, ќе среди што може да се среди и ќе се осетиш барем на ден два средено, после знаеш пак иста песна Со одморот веројатно ќе биде повеќе замор, ама убаво е да се смени локација барем на кратко и плус детето ќе биде многу радосно, сигурно повеќе занимација ќе има таму отколку во двор во кој е секој ден, а плус не сте сами, ќе има и помош и ќе можеш да испиеш кафе и да се пробањаш, за сончање не верувам, ама што ти треба сончање штетно е Ние годинава нема на одмор, мм не може со болеста на топло, а септрмври веќе ќе работи активно и нема да можеме, ама здравје ако де има финансии и ако се е во ред планирам зимата од Лондон да скокнеме на некоја тропска дестинација. Јас месецов сум ужасно тажна, не можам да ја преболам смртта на кучето, не можам да соберам храброст да одам кај мајка ми…денес се наканувам ама знам дека ќе биде многу тешко, една недела го нема, а како цела вечност да го немам видено. Знаев дека ќе биде тешко кога ќе го изгубиме ама не очекував дека ќе биде волки тешко. Немам желба за ништо и мислев дека предходно сум на дното, ама дефинитивно не сум била, сега сум. Буквално немам воља за ништо, запуштена сум и во блага депресија. Осеќам како се да ми оди надолу, ги преиспитува. сите одлуки кои досега ги донесовме и се што сме направиле ми изгледа погрешно во моментов. Сакам да идам некаде и да се изнаплачам цел ден, ама немам можност и за тоа… Размислувам пак да ја скратам косата во пикси, може малце подолга, одамна ја носев така, секако цело време ми е соберена моментално и немам сила да се грижам за неа, ама сега сум пак подебела во лицето не знам дали би ми личело…
@DaisyDoo од мое искуство да ти кажам ми беше напорно, од причина што одевме рано на плажа и моравме да се прибереме околу 11 ипол. Кога ќе се средевме во хотел, после тоа не ми се одеше пак на плажа па денот го поминувавме во шетање. Ние тогаш бевме на Малта па и плажите не беа многу блиску. Затоа сега со бебе и со големата сакаме да одиме на некое шетање, а и следната година знам дека ќе биде така. @1209 кога одите за Лондон вие? Може да се најде евтини понуди за тропските краишта да не му ја мислиш.
Маж ми ќе оди скоро, чека само терапија да му аплицираат тука, јас со малиот ќе останам уште некое време, не знам колку, додека не се среди тој таму и додека не најдеме решение за чување на мали.
Ич не се секирај толку бевме и ние прв пат. Пократок период, ама да најдевме престој ќе останевме уште. Исто уморна како дома со тодлер ама на море Си седевме на плажа, си шетавме навечер, ќе заспие дете, пивце на тераса. Ништо страшно, ништо поразлично од дома. 4 забчиња извади таму, не сетивме. Лекови ќе си носиш се, иди во аптека ќе ти дадат список што како ти треба. А и Грција не е пустина, има лекари, има аптеки за не дај боже. Опушти се и пакувајте се.
Ние сега понеделник одиме, јас само од патот стравувам, друго ништо. Нејќе да се вози баш баш, плачко е и затоа, иначе не ми е ништо мака. Таму исто ко и дома, до 11ипо-12 надвор, се прибираме, туш, јадење и спаванац 2-3 саата, па пак плажа. Малтене и дома исто го правам со тоа што таму нема да готвам и чистам а дома тоа ми е плус. Стај си така во главата и готово. Не ни мислам јас дека ќе ми биде таму тешко, само да стигнеме. Од дома секако ќе ми е поубаво, бањање, играње со песок, и дома е исто, базенче и песок надвор и дома ни е тоа секојдневие, па поарно вака бар не мора да мкнам кофи вода од дома и да собирам после.
Ај и јас да си кажам што ми лежи. Бебуш 7 недели. Со мм супер се снаоѓаме и организирани сме за домашни обврски и обврски околу бебето. Живееме во Скопје па нашите доаѓаат на ден, два да го видат и да се подружат. Јас едвај чекам да дојде некој да ја земе пошто последниве денови само залепена сака да седи на мене и мм и не спие никако сама, си бара топлина, близина. Кога доаѓаат моите ќе ја почуваат јас ќе излезам до продавница, ќе си завршам дома некоја работа. Кога доаѓа свекрва ми исто сака да помогне одма доаѓа ја зема, ја чува ама јас неможам да се помирам дека бебуш не е во мене. Откако ќе ја земе после некое време се нервирам зошто не е кај мене, чудно чуство што не се опишува. Се осеќам како да сака да ми ја земе, а таа дошла еднаш неделно неколку саати. Значи свекрва ми е океј личност разбирлива, секогаш гледа да ни помогне, за се ме прашува. Од каде вакво чуство се прашувам. Едвај чекам да дојде некој да му ја дадам да ја почува и кога ќе дојдат моите или другарките го немам тоа чуство слободно им ја давам и си уживам додека ја чуваат ама кај свеки кога е нервоза ми врие. Се прашувам дали може од некои муабети што ми ги зборела како "ако ви требам викнете ме ќе поседам подолго ќе ви помогнам", "немојте одма на 9 месеци да го праќате во градинка душа е мало е, јас ќе купам имот во скопје ќе ви го чувам, ако не сакате да ви сметам да живеам со вас","дојдете кај нас дома на поседок полесно ќе ви биде јас ќе го чувам вие ќе бидете послободни". Знам дека ќе речете ее супер штом се нуди и штом е океј личност зошто да не искористам ама ете неможам да ги контролирам чуствата. Кога излегов од болница таа дојде првата недела на помош и пошто сите бевме ненаспани таа ми викаше дај јас ќе го земам преку ноќ во дневната нека спие во гнездо одморете вие или дај префрлете го креветчето во дневна да ви го чувам за да поспиете. Јас целата ситуација ја имам сфатено погрешно како да сака да ми го земе со тоа што вика дај јас ќе го чувам. Исто додека беше тука ми викаше да излезам малце, воздух да ме фати, да си купам или завршам ако имам нешто за да не сум дома цело време после порајѓај. Сите овие муабети ми влијаат лошо и се осеќам како да сака таа да си седи само со бебуш, како така да си планирала дека јас ќе сакам да шетам. Пак ке кажам долго години сме заедно со мм и не сме имале проблем, не ни се мешале освен понекогаш да си го кажат нивното ама пак се завршувало со реченица вие како ќе одлучите, така. Дали и вас ви се случувало така да се осеќате? Да сакате помош ама уствари кога ќе дојде помошта сфаќате дека не сакате да се одвоите од бебуш? Како да си помогнам и да сменам размислување? Не сакам да правам проблем кај што нема, сепак е баба и треба да се дружи со внуката
Прво бебе претпоставувам ви е затоа што и јас истото го помислував доста често. Со свекрва ми имам значи најдругарски, најдобар однос баш како своја ќерка ме гледа, во овие 11 години што сме заедно со сопругот никогаш не сум се замерила нешто, а во врска со децата го почитува секое мое мислење и одлука, а сепак кој се роди првата ќерка мислев дека сака да ми ја земе ќе се средиш со тек на време ни се случило на сите. Сега кога се роди втората ќерка воопшто не гледам така на тоа, знам дека сака да ми помогне. Со оглед на тоа што не живеам во Македонија можам како совет да ти кажам ако може некој да ти помогне за нешто прифати, посебно ако имаш добар однос со жената.
Иста бев. Веќе на 15 месеци без проблем го давам ако ти е утеха. Чувството што го опишуваш го имаше и маж ми замисли, не само јас, веројатно е бил некој родителски (животински) инстинкт. Се сеќавам пишував тогаш во темава и знам не бев единствена, па ме утеши тоа. Некое чувство на лутина, бес, љубомора. Ме лутеше кога некој ќе го земеше без да праша, нервозна станував. Мајка, па ти си скоро породена, 7 недели е доста пресно, месеципол е тоа. Имај на ум дека хормони се сериозна работа, прават сериозен твист во глава, си треба период додека се нормализираш. Еве јас лично, мене ем ми дојде циклус на 7-8 месеци постпартум, ем еве дури после година дена почнав да се осеќам како старата јас. Ќе помине чувството, дај си време. Не заборавај дека секој ви мисли добро и на тебе и на бебето.
Се пронаоѓам во напишаното значи иста ситуација....ќе си дадам време да се навикнам, битно ми кажавте дека е период и дека поминува. Фала ви ми олесни
@снежана2023 прво дете, нормални чувства, дај си време на самата себе, нит може некој да ти земи дете, нит да те замени... Слично со првото ми беше, сега со второво од прв ден дома го оставив да се средам, кафе да се напијам... Еве од ко сум на работа па свекор ми го заспива в количка надвор под сенка сакам да кажам скроз поинкау ми беше од почеток. Користам помош колку што можам и колку што сакаат тие. Големиот (5и пол год) прв пат спиеше долу со свеки пред 2 месеци, од тогаш кога ќе посака спие со неа, како помал ко ќе речеше дај ми го да спие со мене немаше шанса да и го дадам од истите причини што ги наброи. Јас сеуште немам менструација, бебе 11 месеци ќе прави, да имав почесто секс ќе се плашев трудна да не сум бебе уште цица, периодов па ко новороденче е, заби ваѓа и помалку јади, а повеќе цица, па и затоа не иди теткава а сакам веќе да ми дојди да се вратам и јас во нормала. Браќава почнаа да си играат заедно, се бркаат под маса, одат в детска, двајцата со лазење души се преубо за гледање, срце да ти наполнат, само снимам да си имам спомени Малото скроз различно од брат му, од ништо нема страв, секаде оди, се прави што не правеше брат му. Одмор здравје 2- 3 дена Охрид, за подалеку прво финансиски неможиме годинава, 2ро малово ни 30 мин не седи в кола, никако во седиште не сака, Охрид ни е 1 сат возење па за таму ајде некако ќе помниме. Пред 10тина дена Сливница бевме на Преспанско и многу напорно ни беше, плус мајка ми ја носевме никако не седеше под сенка, само во вода сакаше, па плачки, па не спиеше..... мм вели ни Охрид нема да издржиме 3 дена. Едит. Со првото на 8 месеци бевме Охрид 3 дена и супер поминавме ама мн беше помирен тој, си седеше в место, не лазеше, многу беше мирен, овај малиов за 2та наплаќа сега
Поздрав од мајка што веројатно настина во сред лето Бебо тера дремка, јас шмркам со нос и кивам до него. Ама си легнав со климата пуштена а јас мокра коса и бањата вчера, еве резултат. Роденден спремаме веќе жустро станува, не можеме да се одлучиме за ресторан поточно јас не можам гледам да има за децата каде да играат, па за возрасните, па да не е топло, па да не е внатре само нешто ново ми текнува. Тема одбрана, торта нарачана, декорација исто така, јас се облеков сосем случајно најдов ленен сет каков што барав и си го купив, останува ресторан, мм и бебо. Уште месец има, ама ресторанов морам во овие 2-3 дена да го одберам, мислам дека и веќе знам каде имам фаворит. Битно ми беше да е во природа и надвор за децата да има каде да се заиграат, најискрено најблиските најблиските и пак 60души се собраа - заклучок добив од рестораниве дека се скренале со цени најискрено, да беа помалку луѓе или малку поголем двор да имавме ке си викнев кетеринг и дома роденден ке чекавме. Бебо брбља по негово, денес и одеше сам со шише кечап во раце најново му е тоа ако му речеш на пр "ајде дај на мама шишето" зема доаѓа да го донесе и чека браво да му кажеме и си плеска сам со рачињата Поздрав мајки, кријте се од топлово.