Мајка на бебињата на таа возраст нормално им е и покасно да запсиваат, значи 10-11 вечерта може да легнува без проблем. Јас со мм бев сама првите 4м во странство, да ти кажам од 2ри ден пуштени од болница дома не се свртувавме, едно што мора да завршиме ние се што треба, друго од што немаше што да правиме дома цело време. Моето бебе од мало сите дремки ги спие во количка, денски, ќе ги ставам ќе прошетам оно ќе заспие јас ќе си направам кафе ќе си цртам, оно си спие во количка. Друго секој ден апсолутно нема потреба да го бањаш, миј му газе на какање, бањање преку 2 дена е ок. Можеш и со топла вода и вата да го поминуваш. Вечетра комотно спремај го и излезете со мм, оно ќе заспие вие ќе си пијнете нешто, мезе, ќе се приберете за спиење. Мене искрено тие денови ми фалат кога спиеше повеќе и кога спиеше ви количка, цело време бевме излезени и шетавме. Сега ем што не спие, ем во количка не сака, ем кога сме надвор еден мора по него да трче па не се ни видеме ниту пиеме нешто на раат. Така да сега е момент да уживаш. И да за да не бидеш уморна толку битно е да спиеш со него, вистина. Знам дека има и други работи кои ќе паднеш во искушение да ги завршиш ама остави ги, одмори најпрво, после се друго.
Иста бев и со првото, дури и повеќе шетав со него, немав друго дете и само на него посветена. Ем не цицаше имав обврска да се молзам.
Цело време велев првата година е најлесна, во другата тема можи и ме прочита, уште така мислам И мојов побара да цица
Бањај претходно, а и ништо страшно ако рипнеш ден, нека спие во количка големото чудо. Чим имаш двор викни друштво ( еден пар,другарка) испиј кафе, мезе,опушти се . Убаво е бебе да има ред, ама ништо страшно ако се олабавиш малце и уживаш и ти. И ти си битна не заборавај
Тврдам дека дете не се размазува само од родители, туку од цел свет. Од кога е родена ќерка ми, каде и да идеме, што и да правиме, сите ја лигават и тинтраат. На гости идеме, ооо кој ни дојде, еве ти ова, еве ти она, па играње, па мазење. Во маалскиот маркет идеме, сите ја знаат, и' зборат, ја закачаат, ја галат. Во маало со децата, охохооо, дека е најмала од секогаш ја тинтраат не знаете како, ја држат за раче, и' носат играчки, ја пазат. И така си сфатив, па сите ја имаат размазено повеќе од мене! Као, среќна сум што го добива најдобриот третман од сите, меѓутоа кој знае како и' е во главчето, сигурно се осеќа ептен специјално и посебно. Знам дека сето тоа внимание и' влијае енормно и одмага околу послушност и почитување на авторитет. Сеа кога е со деца, некое и да е погрубо, почнав да не се мешам многу. Нормално нема да дозволам некое да ја повреди, туку само да осети дека и со грубост ќе се соочува понекогаш во животот, со надеж дека со тек на времето ќе научи да се снаоѓа и во такви ситуации. Него, приметив дека попримува и грубост од другите деца. Пример, еден од главните начини на кои се труди да се заигра со друго дете, иде и со рачето демек ги голицка, и вика гици гици, се смее и бега. Иако и' зборувам нонстоп дека не треба да фаќа други деца, не сите сакаат да ги закачаат, пак прави така. И ае не е толку страшно, сепак е игра, обично ја оставам, меѓутоа ако видам дека на некое дете му е незгодно, и' кажувам да престане бидејќи не сака детето така да го закача, и секогаш престанува. Е сеа, едно машко детенце, можда годинка постаро, напочетокот на играта ја закачаше назад така. Ама полека полека, место голицкање почна да ја бутка, ама не за да ја откачи, него така да си играат, ја подбутнуваше, бегаше и чекаше да го фати. Веднаш утредента наместо да голицка, почна да подбутнува деца. Аиии како попримуваат децава. Се решив друг пат нема да оставам да си игра на начин што не ми се допаѓа, макар и да е само игра и да и' е забавно. Од кај знам утре што ќе научи од друго дете. Иста ствар со делење свои нешта, поготово топка. Носи топка сегде, ама ретко ја подава. А деца доаѓаа да си подаваат, ја чекаат, се разочаруваат кога не ја дава, па и гласно вика "не може, моја е". И 50/50 ми успева да ја разубедам да ја подаде за да си играат. Ама па, и она се наоѓа на другата страна, нормално. Ќе се залепи за некое дете со топка, тоа не дава, ќе ме погледне мене и буквално во изразот и' се чита "зошто не дава? Нели треба да делиме?". И така си викам, е како да научи да дели ако други не делат? Истото важи за кога и' она не дели. Прогресот се уназадува кога ќе се соочи со тоа што не треба да го прави. Ама препишувам дека е до годините, обично баш овие од 1ипол до 4 години се такви, уште во фаза на учење. Мојава ко шо е ултра своеглава, стварно муки имаме за да и' објаснеме што е во ред, што не е. Абе мува не ја лази, као гледам дека зборувањето не помага скоро никогаш, зошто не се замара за ти што збориш или тебе како ти е. Ме има и удирано, сум зборувала дека ме боли, сум глумела дека плачам, абе џабе, не се замара, дури и се смее. Па сеа кога право беља, се смее и вика "не е смешно тоа". Од што толку и'имаме зборувано. Ама ко да ужива во правењето бељи, еве искрено понекад ме плаши. Што сака, тоа прави. Ако и' се ускрати, рика по саат време и ништо не ја смирува. Па ко ќе прочитам некаде демек добро било детето да е темпераментно, игриво, енергично, бла, бла. Па да си го оставал да биде тоа што е, на децата им била потребна слобода да бидат деца. Според сите психолошки совети за развој на децата, ја праам сè како што треба, а ќерка ми е тежок menace. Mischievous, ко мене? Може па гени се во прашање.
Здраво друштво, немав време да ве читам сите, деновиве хаосни малку. Дојдов да почастам торта, син ми направи 1 годинка. Другите муабети за друг пат, убав ден имајте
Ќерка го достигна врвот со нејзиното мама, мама... Утрово, плачеше оти татко и да ја извади од седиштето после пазарење, а не јас. После тоа, одвај излегов за на депилација, се изнавика мама, мама на врата. Попладнево, повторно плачки оти татко и ја однесе во бања, за бањање, а не јас. Е да е поинтересно сето, јас за првпат во година и пол имам закажано излегување со другарки кои го планираме да трае до рани утрински часови. Во градот сме ако е нешто итно ама кажав на маж и свекрва дека не планирам 100пати да се враќам дома. Нека сум немајка ама за една вечер можат да се снајдат со дете. Ќе видиме утре наутро кој како преживеал.
Во ниедно време мама дојде да си се искаже. Премногу сум емотивна последно време, како се наближува времето за на работа така ми е потешко. Си го гледам бебуш и си мислам како ќе го оставам, а тој како да сака да ми помогне почна да јаде поубаво, за да не го мислам дека ништо не јаде. Но сепак се уште некогаш знае да се нервира после оброк се додека не му дадам да поцица. Господ нека ни е на помош, се надевам дека нема да ме гледа нема да се жали толку. Инаку каков е направен, го држи татко му во раце и си молчи се додека не ме примети, кога ќе ме види одма почнува да се жали за да го земам. Не дај боже да не го земам туку да се оддалечам пример да заминам во друга соба, вриштење, тажење колку сакаш. Воопшто не ми се остава моето топче мало, се уште ми е многу малечко. А исто и поголемкото, преку ден се изборува и тоа за внимание, гледам да не се осети дека е запоставен, се гушкаме, му кажувам дека го сакам најмногу ама и со него ќе биде тешко, се навикна да сум дома, сега ќе биде што побрзо во тие 8 часа од денот кога ќе бидеме дома. А и плус домашната работа што нема крај изгледа 3та смена дома ќе работам. Само добро да се организираме, да не е стресно за сите нас секој ден.
Да се врати она време пред бебево кога се жалев дека сум многу уморна , за да си врзам два шамари Колку ги сакам викендите толку мислам дека ме уморуваат ,ем ми се шета ем не ми држи газот што би се рекло Вчера се исфорсиравме па не можев од умор да заспијам. Недела ден за одмор демек,маж приватно да поработел, а јас организирав баба за чување, генералка во најава Мојата бебушка уште малце прави 6м, мајкава купи топери,пола торта ќе сечеме мора една фотосесија да направам Мајкина дрдорка не престанува да пишти и брбори, пресмешна е
лежам преку ден сон не доаѓа никако за тоа ме нервира 40 денаоко преку ден не склопив. и бремена преку ден не можев да спијам
Одмор 2024 Ќерка со супер фенси 4 пара купачи решава дека само и само оди на плажа ГОЛИЧКА. Pure noodizam *Продавам купачи само возени до Талата
@Miss_S Кој како преживеа Јас некна сакав со мм да испијам едно кафе надвор. Таман стигнавме в центар, ете ги звонат, се одрал од плачење. Мајка ми да беше немаше да ме побара, ама тоа е др тема. Многу ми фали барем еднаш неделно да излезам сама со мм или со другарка. Да бидам најискрена, никој не ме разбира, имам чувство дека ни мм не ме разбира. Овие дена се чувствувам како да сум роб на сопственото дете, а не мајка. Хормони вријат изгледа дека добив, па малку повеќе сум надразлива. Ама морам да си дадам издишка и момент за мене, зошто гледам дека станувам баш нервозна и тоа не ми се допаѓа. Некогаш кога одам во вц си велам дај поседи си овде искулирај си до тој степен сум дојдена што ми се иди во вц да се кријам