Какво време дојде ние не можеме да функционираме без две коли. Всушност едната си беше моја купена пред брак, потоа во брак ја обновивме колата на мм. Две седишта за бебе купивме зошто мм го разнесува кај баба му, јас го шетам навечер... мене лично кола е нешто што ме прави среќна иако сум жена Сметам дека ако постои желба треба да се купи, но да се размислува паметно во однос на староста, практичноста итн. Баш ме радува што ние жените стануваме понезависни во однос на тоа. Кога сме кај бебо тој е срце. Од будење до кај 10 30 го чуваме заедно со мм, па тој го носи кај свекрвата. Од таму јас го земам кога завршувам со работа обично 17 30. Мајка ми обавезно е нацртана кај мене околу 19 30 до спиење.. бебе е многу навикнато со двете баби и воопшто не прави проблем. Се пушта 2 чекори и веднаш клекнува лази со најголемата брзина. Имаме опасен лазач и каскадер дома. Спремаме роденден ..планови и идеи колку сакаш... кога помина годината?
Годините не се битни, и спремна да си била и 30 да си имала исто ќе беше. Мало е уште бебето, нема воспоставено ред, не знае што е ден што ноќ, исплашено е, до вчера било во друга средина, сега не знае каде се наоѓа. Помош барај, баби, дедовци, маж, другарка некоја нека дојде само да го држи, дур да одмориш. Ќе научиш да функционираш со помалце сон, телото се адаптира на промените. Сум рекла 100 пати, за мене првите 2 г се најтешки, после тоа разбира колку толку детето, но верувај, прелетува времето, преку ноќ ќе порасне и ова ќе го оставиш зад себе. Не си млада, супер си, јас на 25 родив и викав лелеел мала сум, леле неспремни, сеа си викам што не родив уште на 22, на 30 ќе имав 2 деца во школо, енергија фул и ќе уживав хахах. Не дека јас родив постара, ама енергијата и трпението ми се поинакви. Немој да се јадеш за годините, браво што си решила да го родиш, за 3м кога ќе го држиш во раце и кога ќе ти се насмее, ќе бидеш пресреќна што на тоа мало неискварено човече, ти си му се на светот.
Доаѓам тука да ве прочитам дека стварно низ исто поминуваат и другите мајки. Навистина луѓето од авион на авион шетаат со деца и бебиња, не пропуштаат ниту еден настан, голем дел и свадби прават со дете, продолжуваат активно со работа/кариера па и нови проекти, а мене еден одмор ми звучи застрашувачки за организација, и замор.
@Konstrakta , пред некој ден гледам слика од роднини околу 40годишни на плажа, си уживаат сами, заљубено делуваат, како сите коцки веќе да се на место. Деца близнаци, 18 годишни, си функционираат сами. Факт е дека поминаа низ сито и решето додека стасаа до овој момент ама таква смиреност и топлина ми даде сликата во моментот. Е реалноста е дека јас на 40, во најмала рака ќе се бркам со прваче и ќе се учиме на обврските, здравје до тогаш само. Може од еден аспект ќе е полесно, од друг потешко.
А на 40 да се бркаш со тодлер . Секој со неговата судбина, јас се тешам со тоа што барем имав шанса колку толку да го прошетам светот, да се изнаизлегувам кога ми беше време, да си работам и уживам во мои пари. Некако се мислам дека, дури и поинаку не би сакала да е. Мене вака ми е ок. Само да ме поживее Бог, бар да ја истерам на прав пат. Друго, мама носи на вакцина, мама брише газ и блуцки, мама носи на ортопед, мама готви по 4 пати на ден, мама ја боли грб од кревање и носење по цели денови, мама мисли што да облече да не настине, мама организира градинка, мама шета секој ден и успива и на крај на денот, кога се враќа татко и од работа, ко ќе вресне ТАТИИИИ . Жими се детево не знае дека јас исто можам да се одделам од неа. Ама ќе научи. Од ноември во градинка . Што пие кафана .
Се си има свое, се сеќавам моите многу се караа кога бевме мали, зошто деца нели, захтевни и се. Мислев кај и да е ќе се разведат и они буквално поминаа низ сито и решето, и проблеми и болести и све. Пораснавме, почнавме да си заработуваме за џепарац, им дадовме раат и на нив, па како тинејџери се утепаа од шетање о одмори, и се неразделни луѓето што очи си вадеа. Мајка ми нон стоп ми зборуваше со едно кога бев, дека е период, дека ќе помине, дека ми треба време да се навикнам на ситуацијата и дека сега сум мајка и дека и да отидам на одмор сама со мажот, цело време ќе си го барам и мислам детето, зошто е мало нели, нон стоп ми зборува за жртвите што како родители ги правиме, ете и училиште ќе дојде на ред, повеќе обврски, учење со нив па нервози. Сега вака гледајќи, мислам дека со мали деца (3-6г) периодот можеби е најлесен. Барем мене сега со 4г дете ми е лесно, зошто порасна, а дур порасна јас нервно попуштив. Сега тоа си го препишувам на неискуството, прво дете, не знаеш ништо нели. Споредуваш со др деца, па како др деца спиеле моето не, како др деца се мирни и питоми а ја иам струја дете дома што не ми дава да издишам 3 минути, па како луѓе летаат до Бали со мало дете а ја до Охрид не можам да се извозам и така. На крај сфатив дека секое дете е засебно, како и секој родител, брак, карактер. Во животот полесно ќе си пројдеме ако побрзо се помириме со ситуацијата и ако гледаме максимумот да го извлечеме од истата со мали деца. Не се вечно мали се ќе си дојде на своето. Со второ ми е полесно, повеќе нерви имам, само обврските ми се поголеми, ама некако со второ полесно менаџирам отколку само со едно кога бев. Ми беше претешко првите 2м, ама се помирив и сеа ми е по ок.
И тоа и тоа си има убавина. Во ред е и да се прошета да се ужива, зошто да не, после тоа времето и финансиите се други, тоа е факт. Некогаш посакувам да се изнашетав изнажуркав прво, ама за 2 мин мо проаѓа тоа и сум среќна што вака излезе Нема па и ништо лошо на 40 да се бркаш со тодлер, не може на секого се да му е според план и погодено. Важно е да сме живи и здрави, на прав пат да ги изнесеме децата. И да не се повтори ковидов што не поремети на најјако. Амин
Неповрзана тема, ама ме погоди ова. Колку ми фали некој да ми каже дека тешкото е период и дека ќе помине настрана помагање чување деца, имате ли ваква поддршка од мајка, свекрва, маж? Ако нешто се пожалам само ќе добијам "не е лесно да си мајка ти што мислеше". Затоа се можам и се знам сама навидум, ама длабоко...
Оффф кога читам вака ми се олеснува дека сите сме тука некаде во мајчинскиов живот. Прееска ме фатија бубачките колку сум сменета, колку сум под стрес за дете, колку мозоков ми мисли 300 на саат, колку пати ќе се развикам пред неа на мм зошто е спор како желка или лабав или не му текнува да стане да направи нешто и после ми е криво за неа, не сакам да слуша дерење, не сакам да гледа како се караме. Прееска си викам: добро дали вистински сум среќна? А што сакам за среќа? Што ме прави среќна? Дали би сменила нешто? Не. Што ми фали? Ми фали да сум поопуштена и да имам повеќе време за мене. А не си го давам тоа време. Едноставно сум под стрес. И кога проаѓа ова?
Bas se mislev da se pozalam za ova, majka zivee daleku nekoi 3 saati vozenje od kaj mene ama svekrva 10 min so kola no tolku ama pa ne idi iskreno. Vaka dobra e me razbira ama pomos ic, sfakam na rabota e ama po 4 5 saati odi vikendi slobodni. Za povojnica soprugot go cuvase go izbanja deka se iskaka go oblece dur pojdov jas na frizer a taa direkt vo restoran. Ami prasaj da ne ti treba pomos, ke reci znam jas kakva snaa imam znam deka mozi se da postigne. Nekni pojdovme sin mi placese ko go zede ne ja imase videno 10 dena mozi. Epa ke placi, koli site imaat vozi ela na 10 min. Nie 1 kola jas ne vozam ne mozime vezden kaj niv. Ako si velam, mozam jas sama se da postignam.
Во најтешките моменти колку ми фали мајка ми, само еден збор да ми каже, да ме утеши. Да ја видам како се радува со ќерка ми. Да видам како ќерка ми се радува со неа, како со другата баба. Ама нема. Прерано напушти. Од свекрва ми имам максимална поддршка за се', и физичка и емоционална. И кога не знаев кај терам како тазе мајка, а и сега како малку поискусна. Од маж имам поддршка, ама знае и на живци да ми шета, како секој маж што не знае како е да си жена.
Мајка ми е во друг град, физичка помош амин. Ама затоа емоционална, АМИН луѓе. Шо и да кажам - нема зборови за утеха. Баш е таква " Шо да ти кажам , Луна, тоа е, период " А јас ѕвонам на раб на нервен слом, и до крај на муабетот веќе и нејзе ја ставам во причините за нервен слом За детето не дава лош збор да се каже, дури ни јас да се пожалам. Одма е " Де, не збори така, шо сакаш ти од детето, малку е бесна само " Свекрва и свекор немам. Маж во последно време е уарнет Одиме на викеееееенд, се надевам дека ќерка ќе ужива во еден комплекс тука блиску до Ск, според слики има лулашки и трамболини Ако издржува до 50кг таа трамболината, останав јас со нејзе, маж нека се враќа сам
А јас па те чекам да пишеш некој пост како ќере ти се смирило поминале бесните години пошто бебе А тотално ја следи истава траекторија на Софи од што сум те читала. Тагни ме кога ќе се деси тоа за да имам на што да се надевам
Јас едно ќе ви кажам-баш оти сте ЖЕНИ МОЖЕТЕ СЕ и не заборавајте.Факт е дека е полесно ако имаш помош,и н дека идат моменти на очај, идат.ама можете се. Само здравје да не служи.Ко ќе ми текни се што поминав со второто ( околу пораѓајот ) , знам дека можам се.И сама! и без маж, абе ич не ми е гајле-ќе си ги израснам двете ангелчиња во луѓе сигурна сум.и вие бидете,само во себе оти сте жени и мајки !
Хахах ова ме потсети кога еднаш во животот решив да и се пожалам на мајка ми кога бев ужас 2месеци пост партум, бебе не запира со плачење јас сама цели денови нишкај спие на раце, не јадена не бањата ни до вц отидена дур не се врати мм и она вика, цитирам: "Абе знаеш како викаат, мајка ко што урочува дете никој, а ти само го закачаш,дотеруваш,сликаш, затоа плаче" Не знаев дали да се упукам или да се фрлам од 3ти Тоа беше последно мое "жалење" на некој надвор од мм Ние уште 2 дена сме во Охрид, убаво врзавме, се погоди и време и бебе уживање надвор, со мм се зближија многу, му се радува кога ќе го здогледа и кога ќе му речам каде е Тато го лоцира и се топи Од понеделник назад во реалност, пеколно Скопје. Ама тоа е За сега, убаво е
Да ви ја пратам јас мојта свекрва да видите што е емоционална тортура а не подршка Кога и да се пожалеВ( веќе не се осмелувам,научив) дека е захтевна и не стигам и уморна сум одма имаш 1001 црно сценарио како се ќе биде полошо, ехеее, допрва ќе немаш време, ехееее тек кога ќе ти качи температура, па вируси( тука имаш набројување вируси и бактерии и најлошите последици од истите), ехееее колку ќе паѓаааа глава ќе крши, ехеее до кога нема да спиеешш одма ти иде да се фрлиш од тераса. За мајка немам збор, и емоционална и физичка помош во секое време можам и да си поплачам и да се посмееме.
@le.soleil се надевам на 3тиот роденден ко магично на 3ти декември мислиш ќе се смени детево, ако не се шекнам јас повеќе од што сум до тогаш Иначе, кафана ќе те частам какво тагирање, тоа треба да се слави @Fenix05 мајка ми со цел памет ко се породив му држеше предавање на маж ми за постпартум хормоните, а не го применуваше тоа кај нејзе. Како да кажам, го учеше маж ми како треба ама она ко да заборавила како нејзе и било. Па добро, и јас може за 25 години ќе заборавам како ми било Хев фан во Охрид @Dennings наредниот што ќе ми каже "што се ме чека" ќе го тепам Какви сценарија не се изнаслушав овие 3 години... А од тоа ништо не се оствари освен на мајка ми пророштвото "Да ти даде господ дете исто како тебе" Мада сама си кажува дека детево е бетер од мене и брат ми заедно
Aj majka ako ne e tajna kade odite, barame i nie mesto malku od zeskoto da se oddalecime ama nikako da najdime soodvetno.
Здраво мајки Да шкртнам и јас нешто додека спие мојот тодлер Захтевни се да, ама велам среќа некако и доста ме разбира детево дека неможам сите активности сега со него да ги поминувам. Па кога се играме и тој е "мајка" па како само ме имитира сама се смејам. Опасни се!!! Јас незнам зошто ептен сум таква и сакам се сама или сами со маж ми да го поминеме. Од како е роден синко сами без ничива помош функционираме. Ама исто како што имаше пишано членката, најомразената реченица од мајка ми ми е "Вие како ќе знаете како се станува родител" Омг...неможам кога ќе го слушнам тоа од неа. Таа цело време зборува цел живот се секираш за деца, како раснат и проблемите се поголеми. Како таа нас тројца сама не има исчувано, плус во време кога немале машини за перење и триста помагала Не велам дека не е точно, ама некогаш може да каже знам дека ти е тешко, ама има и подобри денови. Многу повеќе ќе ми значи да го слушнам тоа. Затоа сега ми вели знам дека ти немаш гајле и со второто ќе се снајдеш Во врска со кола оф болна тема ми е. Решивме старата да ја продадеме дека беше тесна, а здравје за 2 месеци ќе имаме и нов член. Незнам како ама маж го преварија и останавме без кола, а и без пари Едноставно ни ја украдоа и тоа е, два месеци со нервози и на крај велам на маж бидна што бидна памет за другпат ќе ти биде ова. Земавме друга исто постара и пак и таа нешто не штима, само по мајстори и повеќе трошкови ни излегуваат. Маж запнал да земеме нова и да знаеме дека имаме навистина кола, без која тука секако неможеме да функционираме. Ама толку финансиски се истрошивме што се нервирам... Во Странство сме, а уште неможеме да се оправиме. Некогаш велам може подобро во Мк да сум исто ќе ми е, ама незнам што е попаметно. Тука се навикнавме скроз сами и сега неможам да се замислам да се вратам во куќата каде што делиме спратови со свекрва и етрва Тоа лудница